Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не брза со постигнување договор со Иран и порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ќе направи сè што ќе се побара од него“ кога станува збор за евентуални воени потези кон Иран. Одговарајќи на прашања на новинарите, Трамп рече дека има добар однос со Нетанјаху и дека очекува целосна усогласеност на ставовите. – Тој ќе направи сè што сакам. Тој е многу добар човек, и не ...
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна мајка била убедена дека има врска со Барон Трамп, синот на Доналд и Меланија Трамп, откако ја контактирал корисник на социјалните мрежи кој се претставувал како него. Нејзината мајка ѝ кажала дека излегува со некого, а она што ѝ го кажала потоа ја оставило без зборови. Нејзината мајка тврдела дека Барон ја контактирал преку социјалните мрежи и дека сега се во врска. Таа тврдела дека не ...
АД ЕСМ денеска поднесе Приговор до Вишото јавно обвинителство, откако обвинителката Катерина Коларевиќ, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ја запре истрагата за ,,Мазутот во ТЕЦ Неготино”. Исто така, како што потврдуваат од ЕСМ за ,,Фокус” поднеле и барање за контрола до Републичкото јавно обвинителство. Од ЕСМ пред неколку дена обвинија дека предметната обвинителка постапила непрофесионално, давајќи објаснување ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека, според анкетите што ги добива, би можел да се кандидира за премиер на Израел врз основа на својата популарност, со порака дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, е „добар човек“, а дека кон него не се постапува коректно. – Во моментов сум на 99 отсто во Израел. Би можел да се кандидирам за премиер. Можеби по ова ќе заминам во Израел и ќе се кандидирам. Утрово имав анкета, 99 отсто. ...
Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова засега нема реакција за предистрагата за наводна шпионска афера во нејзиниот кабинет. Предистрагата е отворена по кривична пријава лани во декември, кога Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) добило известување од МВР дека информатички техничар вработен во кабинетот копирал и прибирал информации од компјутерскиот систем. Обвинителството тврди дека ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Врховната команда ги разгледала сите пет руски сценарија за ширење на војната преку северот на Украина и оти за секое можно сценарио подготвува одговор. Како што напиша на социјалните мрежи, анализирани се податоците на украинските разузнавачки служби за можните планови на Русија за напади во правец Чернигов-Киев. – Детално ги анализиравме достапните информации од нашите ...
– Американскиот државен секретар Марко Рубио по повод Денот на независност на Куба, преку видеопорака им се обрати на Кубанците, нудејќи има 100 милиони долари помош, а при тоа ја обвини кубанската власт за недостигот на електрична енергија, храна и вода. – САД ви нуди помош не само за ублажување на моменталната криза, туку и за изградба на подобра иднина. Вистинската причина зошто немата струја, гориво и храна е затоа што оние што ја ...
Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење, велат во објава на социјалните мрежи од политичката партија Левица. – Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари“, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, предупреди дека власта ја турка државата во должничко ропство, се случува сериозно задолжување без реален економски прогрес. Говорејќи за алармантната состојба со јавниот долг, Филипче нагласи дека без европската интеграција нема да има вистински реформи, развој и финансиска стабилност. Реформа ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не поддржува никакво надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија, коментирајќи го најавениот собир во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. На новинарско прашање дали собирот го смета за мешање во внатрешните работи на државата, како што обвинува опозицијата, Мицкоски одговори: „Апсолутно. Не поддржувам било какво надворешно мешање врз внатрешните политики во ...
Претседателот на Градската организација на СДСМ во Скопје, Александар Давчевски, денес на прес-конференција упати јавна критика за работата на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски. Според Давчевски, градот е запоставен и не се реализира ветеното мото „72 часа чисто Скопје“, најавено од градоначалникот Ѓоргиевски. -Поминаа над 172 дена од таа наводна „нова ера“, а Скопје е повторно затрупано во ѓубре и претворено во еколошка ...
Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи. Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, порача дека Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат и нагласи дека проширувањето на Европската Унија денес е јасна геостратешка цел и за самата Унија. Филипче истакна дека скептицизмот кон проширувањето е надминат и ...
Синот на норвешката престолонаследничка принцеза, Мариус Борг Хеиби, мора да го одлежи остатокот од својот притвор зад решетки, пренесе ДПА. Весникот „Нетависен“ денеска објави дека Највисокиот суд на Норвешка ја одбил жалбата на 29-годишникот против одлуката со која му се ускратува дозволата да ја чека пресудата дома под електронски надзор. Пресудата од судењето се очекува на 15 јуни. Хеиби, кој е обвинет за низа сериозни кривични дела ...
Иако институциите меѓусебно ја префрлаат одговорноста, корисниците остануваат без неопходната помош што секојдневно ја добивале во своите домови. Дел од нив зависат од негуватели за основни активности, како хигиена, подготовка на храна, движење и набавка на лекови, пишува Potralix.mk Над 200 корисници на услугата „Помош и нега во домот“ во Скопје и Струмица останаа без поддршка откако на 12 мај годинава истече лиценцата на Црвениот крст за ...
Во Аеродром бил пријавен физички напад врз 18-годишно момче, кое, според пријавата, подолг период било вознемирувано од врсници во средното училиште каде што учело. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека неговиот син К.Т.(18) на 14 мај околу 11:10 часот бил физички нападнат од Р.А.(18) од Трубарево и уште еден 17-годишник. Момчето подолг временски период било вознемирувано од истите лица во ...
Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во трагедијата во дискотеката „Пулс“, остро реагираше на однесувањето во судницата, откако родител кој реагирал на изјава на адвокат бил исклучен од рочиштето, додека, како што рече, адвокатите на обвинетите не биле санкционирани иако дофрлале и зборувале без дозвола на судијката. Наунов посочи дека еден од адвокатите на обвинетите дал коментар за снимка која е презентирана како доказ, на ...
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија. – Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби скандинавските држави, Австрија, Хрватска, ...
Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев ...
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за естонскиот медиум „Postimees“, меѓу другото ја критикува стратегијата на Европската Унија во надворешните работи и безбедноста на глобалните интереси. Тој нагласува дека било грешка што Европа им дозволила на САД да ги водат преговорите со Русија. – Не беше само обична грешка. Според мене, ова е став што не е соодветен за голема сила како Европа, бидејќи историјата на Европа е секако историја на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Во полицискиот билтен се наведува дека пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на ...
Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна ...
Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА објави дека „писателот и публицист Ким Мехмети, преку објава на општествените мрежи реагираше на институционалното отфрлање на албанскиот јазик од страна на македонската јавност“ и потоа под наслов „ Да не го учиме и да не го зборуваме македонскиот јазик!?“ го пренесува ставот на Мехмети преку општествените мрежи: „Дали постои многу „практичен“ начин да се изедначи албанскиот јазик со ...
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од селото Макреш, откако во својот кокошарник усмртил куче со тврд предмет. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 мај околу 23:00 часот. Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода ...
Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата пред присутните образложи дека доказниот материјал не се наоѓа во судската сала, ниту е директно достапен за судечкиот совет, судиите и судиите-поротници, туку е сместен во друга зграда, од безбедносни причини. Ова, според одбраната, ја ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го поддржува правото на протест како демократска вредност, но дека на завчерашниот протест на студентите Албанци, на кој побараа да им се овозможи правосудниот испит да го полагаат на албански јазик се прекршени законите и Уставот. „Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право и тука немам дилема“ кажа Мицкоски, одговарајчи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ ...
ЕK стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Северна Македонија како дел од Планот за раст за Западен Балкан. Трансакциите се извршуваат по третото барање за плаќање и позитивната оценка на Комисијата за спроведените реформски чекори во областите на конкурентноста на претпријатијата и иновациите во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Северна ...
Соопштение на СДСМ Не сте поканети, ниту ќе ве поканиме. Фронтот на вистина и правда не е за приврзоци на ВМРО и сателити од типот на ЗНАМ и Левица – ЗНАМ верзија 2.0. Знаеме дека ве ангажира Мицкоски сега кога се распадна ЗНАМ и нивниот предводник, бугарскиот стопанственик Максим Димитриевски. Нема да му помогнете на ВМРО, бидејќи останаа уште само 11 дена до неисполнување на Реформската агенда – уште еден доказ за лагите на Мицкоски. Може ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го поддржува правото на протест како демократска вредност, но дека на завчерашниот протест на студентите Албанци, на кој побараа да им се овозможи правосудниот испит да го полагаат на албански јазик се прекршени законите и Уставот. „Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право и тука немам дилема“ кажа Мицкоски, одговарајчи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ ...
Премиерот Христијан Мицкоски со остри зборови ја коментираше аферата поврзана со сомнежите за шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно, оценувајќи дека станува збор за „шпионски талог на општеството“ и „структури од минатото“. Одговарајќи на новинарско прашање дали има сознанија за случајот и дали може да сподели детали, Мицкоски рече: „Па, видете, тоа се шпионски талог на општеството, структури од ...