Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на лице место во с. Копаница, скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. ...
Наместо дебата за унапредување на индустријата, која и сега е меѓу најстрого контролираните во земјата, со новиот предлог-закон за игрите на среќа се отвораат вратите за прераспределба на моќта. Се поставува прашањето дали зад нетранспарентното носење на нов закон, построг кон легалната индустрија, се кријат бизнис интереси подготвени да жртвуваат десетици илјади работни места за креирање на нов државен монопол. Претставувањето на новиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја нарече „скандалозна“ одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, откривајќи дека ЕСМ веќе поднело жалба. „ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на ОЈО-ГОКК. Очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа во жалбата. Да почекаме, па да коментираме“, рече ...
Секојдневно гледаме како владата на Христијан Мицкоски ја турка земјата во должничко ропство. Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе постоечки сомнежи во нашиот кредитен рејтинг. Имено, конзорциум на банки дозволи кредит од само 260 милиони евра, со ужасно голема каматна стапка од близу 4,5%. Првото прашање што се поставува е: каде одат овие пари? Нема редовна ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферција, најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши. Кривинчната пријава и интерпелацијата, како што кажа Филипче е поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотребата на функцијата од страна на Гаши. Филипче посочи дека станува збор за уште еден скандалозен пример на непочитување на ...
Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис. Филипче и Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, што секако не го добија, за сега повторно доколку имаат можност да направат нова отстапка на штета на Македонија, а тоа е внесување на Бугари во Уставот, со што би се отвориле нови блокади или вета од бугарските ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ситуацијата со Иран може брзо да ескалира доколку Техеран не одговори позитивно на најновиот американски предлог. Трамп изјави дека САД се подготвени да почекаат уште неколку дена за одговор од иранските власти, но нагласи дека Вашингтон е подготвен и за нова ескалација ако преговорите пропаднат. „Ако не ги добиеме вистинските одговори, сè оди многу брзо. Сите сме подготвени“, изјави ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според медиумски извештаи, во разговор се судриле во врска со натамошниот пристап кон Иран. Причината биле различните ставови за тоа како да се постапи со нов предлог за завршување на војната со Иран, пренесуваат порталот „Aксиос“ и „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Еден од изворите за „Аксиос“ изјавил дека Нетанјаху бил вознемирен по ...
Европската интеграција на Македонија зависи од спроведувањето на европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите на Македонија да ги заобиколи или повторно да ги преговара, објави бугарското МНР, пренесе БГНЕС. Министерството за надворешни работи на Бугарија, преку мрежата на бугарски мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопје, вложува активни напори за да спречи какво било ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, предлага за Западен Балкан и Молдавија, ЕУ да „разгледа иновативни решенија“ додека за Украина – што е можно поскоро да добие место во институционалниот систем на ЕУ, како „придружна членка“, но без право на глас. Според тој предлог, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Молдавија нема да добијат статус на придружни членки, (како предлогот за Украина), туку понизок ...
Случаите на бактериски сексуално преносливи заболувања нагло се зголемија во Европа – соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ). Пријавените случаи на гонореја и сифилис достигнаа највисоко ниво за повеќе од една деценија во 2024 година, според здравствената агенција на Европската Унија со седиште во Солна, Шведска. Официјално, во 14-те земји што обезбедија податоци регистриран е 106.331 случај на ...
Европската интеграција на Украина не може да биде на товар на тековниот процес на проширување со Западен Балкан, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на гостувањето во поткастот со Гидеон Рахман од „Фајненшл тајмс“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, објасни дека постои процес на проширување со многу јасни насоки, изрази желба сите земји кандидати да се приклучат што е можно побрзо, но додаде дека сепак, „процесот ...
Од политичката партија Левица денеска соопштија дека државниот јавен обвинител Ненад Савески не презема активности во врска со случајот „Мазут“, и покрај законските механизми што му стојат на располагање. Оттаму посочуваат дека додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по затворањето на случајот, иако претходно лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, тоа јавно го правел за постапување по ...
Студентите од Албанија најавија протест во Тирана на 26 мај во поддршка на студентите Албанци од Македонија кои студираат на албански јазик за време на студиите и бараат нивниот испит по право да биде исто така на албански јазик, објавија дел од медиумите во Тирана. Протестот ќе се одржи во 17 часот по локално време на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана. Барањето на студентите Албанци по право на неколку универзитети во земјава, ...
Во есента 1992, со несреќниот „Кингер“ на Борис Трајковски, придружуван од мала делегација на МНР полетавме во посета на Балтичките земји – Латвија, Литванија и Естонија. Посетата беше во духот на соработката меѓу малите држави, иако, во тој момент, малите држави не „вршеа работа“ околу нашето признавање, туку Брисел и Вашингтон кои, пак, беа блокирани од својот незгоден партнер Грција. Балтичките држави тукушто прогласија неависност и ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го обвини Недим Рама, актуелен директор на државната компанија „Номагас“, тврдејќи дека тој повеќе од четири месеци одбива да поднесе анкетен лист за неговата имотна состојба до Антикорупциската комисија (ДКСК). Од партијата го означуваат Рама како „десна рака“ на Изет Меџити и бараат итен одговор од институциите за потеклото на неговиот имот. Според ДУИ, со криењето на анкетниот лист се ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа Х обвини дека Македонија изгубила над 200 милиони евра од Европска Унија поради, како што наведе, нереализираните реформи на Владата на Христијан Мицкоски. Филипче посочи дека Европска комисија одобрила само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија, иако за периодот од јуни до декември 2025 година биле предвидени 134,87 милиони евра. Според него, ...
Почна снимањето на четвртата сезона на хит-серијата „Белиот лотос“. Снимањето се одвива во Франција, за време на одржување на Филмскиот фестивал во Кан. „Според информациите што кружат на социјалните мрежи, веќе се појавиле снимки од фестивалот на кои наводно се гледаат членовите од актерската екипа, што дополнително ја зголемило возбудата меѓу обожавателите на серијата“, пренесе Индекс Снимањето се одвива во втората недела од фестивалот кој ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше на претставата „Мадам Батерфлај“ во Македонската опера и балет, додека јавноста и натаму чека официјален став од нејзиниот Кабинет за скандалот со сомнежи за шпионажа и недозволени активности во Вила Водно, за кој веќе пет месеци се води предмет во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Од Кабинетот на претседателката втор ден нема никаков одговор на прашањата поврзани со ...
Владејачката унгарска партија Тиса доцна синоќа во парламентот поднесе предлог за уставен амандман со кој премиерскиот мандат би се ограничил на најмногу осум години, што законски би го оневозможило враќањето на поранешниот претседател на владата, Виктор Орбан, на таа функција. Актуелниот премиер Петер Маѓар, кој на изборите во април го собори од власт Орбан по 16 години владеење, изјави дека ќе го искористи двотретинското мнозинство во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, но дека очекува тој да биде завршен и порано, додавајќи дека работите на терен се одвиваат добро. Во интервју за ТВ Сител, Николоски посочи дека досега е пуштена во употреба траса од 37 километри од вкупно 57 километри. -Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот ...
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски утре ќе има прва билатерална средба со својата бугарска колешка во маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска. Инаку за потсетување на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки ...
Довербата во правосудството е на историски минимум, а институциите штитат лица блиски до СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Советот на јавни обвинители на чие чело е Башким Бесими, стана штит на криминалот тежок 167 милиони евра за случајот „Мазут’’. Советот на јавни обвинители, предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот висок функционер на ДУИ, Фатмир Бесими, наместо да биде чувар на правдата, стана заштитник на политичко-криминалните ...
Соопштение на СДСМ Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра. Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот ...
Нова финансиска поддршка од Европската комисија пристигна за земјите од Западен Балкан, при што Македонија доби 65,7 милиони евра, Албанија 49 милиони евра, а Црна Гора 44,2 милиони евра во рамки на Инструментот за реформи и раст, познат како План за раст за Западен Балкан. Средствата се исплатени откако Европската комисија оценила дека трите земји спровеле клучни реформи во области како конкурентност, иновации, образование и дигитализација. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изјави дека Македонија продолжува со отворање нови авиолинии и покрај глобалната криза во авиоиндустријата, иако не бил постигнат договор со „Рајанер“. Тој истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати услови кои, според него, би биле на штета на другите превозници и државните интереси. „Даваме субвенција од 9 евра за секој странски ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја во минатото била „Северна Кореја на Европа“, но денес се движи по патот кон Европската Унија. Говорејќи на Азиската лидерска конференција во Сеул, Рама посочи дека Албанија покажува дека демократски институции можат да се изградат и покрај тешкото историско минато и долгогодишната изолација. „Албанија беше Северна Кореја на Европа, а денес оди по поинаков пат – пат на градење ...
Белгиското обвинителство потврди дека започнало истрага за учество на белгиски државјани во т.н. „човечки сафари“ за време на војната во Босна во 90-тите години од минатиот век. Според италијанско новинарско истражување, во текот на опсадата на Сараево таканаречени „воени туристи“ од повеќе земји им плаќале на босанските Срби за да пукаат врз цивили. Поранешниот италијански магистрат, Гвидо Салвини, кој учествувал во истражувањето, изјави ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги ...
Околу 30 лица, рибари и дрвосечачи, се убиени во два напади извршени од џихадистичката група Боко Харам во североисточната нигериска држава Борно. Нападите биле извршени во понеделникот. Во едниот напад биле убиени шест дрвосечачи, а во другиот 27 рибари. Според локални извори, напаѓачите пристигнале со мотоцикли и не поштедиле никого од групата. Државата Борно останува епицентар на конфликтот што однесе десетици илјади животи во Нигерија, ...