Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Дисциплинската комисијата на ФФМ донесе одлука да се поведе дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот. Комисијата во куќата на фудбалот уште одлучи ФК Вардар да се казни со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, како и со уште една парична казна од ...
Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата. Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета. Очевидци на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар навеле ...
Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката. Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека Конгресот, а ...
Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДС и ДУИ врз обвинителството. За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Семејните и личните интереси на ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг наводно за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг минатата недела изјавил дека Владимир Путин еден ден можеби ќе зажали за инвазијата врз Украина. Новите трендови на бојното поле сугерираат дека Си е во право, што отвора нова можност за дипломатијата на Трамп да ја заврши војната, но со поинаков пристап од оној што го проба досега, пишува CNN – – Путин се надеваше дека 2026 ...
Левица преку соопштение остро реагираше на, како што велат, неодговорното однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, обвинувајќи го дека со месеци не се појавува на работа, не присуствува на владините седници и не одговара пред Собранието, а продолжува да ја користи функцијата и бенефициите. Од партијата наведуваат дека додека Владата зборува за недостиг на средства за плати, здравство и социјални мерки, истовремено дозволува функционер кој, ...
Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...
Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката. Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека Конгресот, а ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе ...
Незадоволството и поплаките од ВРЕДИ и од ВМРО-ДПМНЕ му го кратат мандатот на амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мејдани, тврди албанската телевизија А2. „Денион Мејдани повеќе нема да биде амбасадор на Албанија во Република Северна Македонија. Извори од Скопје и од Министерството за надворешни работи информираат за А2 Си-Ен-Ен дека Мејдани предвреме ќе ја заврши својата функција во Скопје. Неофицијално, се вели дека причините за ...
Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ управува со државата, имаме сериозни проблеми од безбедносен аспект, вели поранешниот прв полицаец Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го коментираше последниот скандал со наводното истекување на информации од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Ова, како што изјави Спасовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, ...
Гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски децидно истакна дека во овој момент фокусот на сите социјалдемократи мора да биде насочен кон враќање на единството, а не кон персонални кадровски решенија. Запрашан дали се гледа себеси како иден предводник на партијата, Спасовски одговори дека таквите разговори во моментов се претерани и ненавремени бидејќи партијата веќе има легитимно раководство. „Ниту е време да разговараме за ...
„Наместо јасно и недвосмислено да ја потврди европската обврска и да каже дека внесувањето на малцинствата во Уставот е патот за заштита на македонскиот идентитет и јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Словенија продолжува со празна реторика со која само ја слабее позицијата на Македонија. Прво ќе беше посоодветно да каже, исто како што кажа и за Преспанскиот договор, дека преговарачката рамка за влез во ЕУ – од која е дел и ...
Словенечките пратеници го предложија националистот Јанез Јанша за нов премиер, иако неговата партија тесно ги изгуби изборите во март. Јанша веќе беше премиер на Словенија во три наврати. Тој потврди дека сака да ја води следната влада откако раководството на неговата Словенечка демократска партија (СДП) го одобри коалицискиот договор со неколку партии од десниот центар. „Со ова се исполнуваат условите за поднесување кандидатура за премиер“, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно неговата земја повторно воено да го нападне Иран. Пред новинарите во Белата куќа, Трамп уверуваше дека Техеран „моли“ за постигнување договор. Ваквата изјава доаѓа откако претходно денеска Иран се закани со „отворање нови фронтови“ доколку САД ги обноват воените напади по прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот месец. Од друга страна, Катар коментираше дека на ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, отфрли секаква идеја за предавање, велејќи дека Исламската Република Иран е обединета и решително подготвена да се соочи со секаква воена агресија. „САД велат дека „привремено“ ги суспендирале нападите врз Иран за да им дадат шанса на преговорите, но во исто време зборуваат за подготвеност за масовна офанзива во секој момент. Ова значи да се нарече „закана“ за мировна ...
Возрасни сме, секој одговара за своите постапки што ги прави, меѓутоа познавајќи го спортскиот дух на секој еден спортист, ако најавил прес-конференција, очекувам да излезе и да се извини на јавноста, рече Борко Ристовски, министер за спорт и млади, во денешната дебата во „Директно“ на ТВ Телма за тренерот на Вардар, Гоце Седлоски. Седлоски е тренер на Вардар и селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Ова не е прв случај, ова не ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата ...
Рускиот претседател Владимир Путин вечерва пристигна во Пекинг во државна посета на Кина, на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, јави кинеската државна агенција Синхуа. Ова е 25-та посета на Путин на Кина, а за време на престојот денеска и утре, двајцата претседатели ќе разменат мислења за билатералните односи, соработката во различни области, како и за меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес, соопшти кинеското ...
ВМРО-ОКГ не повикува на обединување на граѓаните, туку бара алиби за сопственото неисполнување на реформите, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. За што да се обединиме? За криминал и корупција? За блокада на патот кон ЕУ? За изолација на Македонија? Може да ги исполни реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, а ние од СДСМ ќе го поддржиме тоа. Тоа би било вистинско обединување – во ...
Државата доцни и со повратот на ДДВ, но и со исплатата на државната помош. На дел од странските компании, Владата треба да им врати десетици милиони евра. Кај некои износот за поврат на ДДВ, кои треба да го добијат, достигнува и до 12 милиони евра. Дел од инвеститорите се уште ја чекаат и државната помош за минатата година. Ова се само некои од предизвиците со кои се соочуваат, а кои ги посочија од германската комора и за кои се надеваат на ...
Тело на жена е пронајдено скриено во кревет во стан во југоисточна Москва. Нејзината сестра ја барала 10 дена, соопшти Истражниот комитет на Москва. На 18 мај, сестрата контактирала со полицијата, пријавувајќи дека долго време е исчезната и дека не е дома. Истражителите го пребарале станот на улицата Љублинскаја. Жртвата е пронајдена во мебелот. На телото се пронајдени повеќе знаци на насилна смрт. По прегледувањето на снимките од надзорните ...
Спасувачките екипи во Источна Германија денеска утринава трагаа по тројца кои исчезнале по уривање на зграда во градот Герлиц, во близина на границата со Полска, објави „Асошиејтед прес“. Полицијата соопшти дека можна причина за уривањето, кое се случило вчеравечер, е експлозија на гас. – – Спасувачите работеле со голема претпазливост на местото на несреќата поради можност од истекување гас. Откако обидите да ги лоцираат исчезнатите под ...
Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ставени во состојба на висока тревога за да обезбедат ...
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР синоќа во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка гевгелиско Смоквица, го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30), кој управувал возило со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. -При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 ...
Социјалдемократскиот сојуз продолжува со своите лаги и манипулации. Вака од Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги искоментираа обвинувањата од Социјалдемократската младина на Македонија дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се крати од стипендиите на студентите и се врши промена во критериумите за сместување во студентските домови. Од денешната прес-конференција на членот на ИК на Унијата на млади сили ...
Сан Антонио успеа да поведе со 1-0 во победи во финалето на Запад откако по две продолженија го совлада шампионот Оклахома Сити со 122:115. До победата стигнаа без помошта на „Ол-стар“ бекот Дерион Фокс, кој не беше во составот поради повреда на десниот скочен зглоб. Од клубот стигнуваат добри вести бидејќи Фокс можно е да се појави на вториот натпревар бидејќи неговото враќање сега е означено како „од ден до ден“. Тој проблемот со повредата ...
Италијанскиот тренер Антонио Конте не успеа со Наполи да ја одбрани титулата во италијанската лига, а тоа би можело да значи и негово заминување од клупата на клубот од Неапол. Оваа сезона мина турбулентно за екипата на нашиот Елиф Елмас, кој е дел од второпласираниот Наполи. Но, за тренерот Конте проблемите беа по есенскиот пораз од Болоња, како и недостатокот на авторитет при проблемот со Ромелу Лукаку. По состанокот со сопствениот на ...
На крајот на сезоната се сумираат резултатите, а најуспешните често организираат и прослава на титулите. Ракометниот клуб Вардар 1961 оваа сезона ја заврши со два трофеја во домашните натпревари – освоена е двојната круна (титула и куп), а клубот имаше и успешен настап во ЕХФ Лига Европа со пласманот во четвртфиналето. „Црвено-црните“ последниот домашен натпревар сезонава ќе го играат во петок со Бутел во СЦ „Јане Сандански“, а во последното ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно седум пријави за семејно насилство, додека шест лица се лишени од слобода. Вчера во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Полициски ...