Израелската влада ја чека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Се вели дека има сè повеќе индикации дека Трамп заклучил дека Техеран не е подготвен да ги прифати неговите услови за прекин на војната. Њујорк Тајмс во петокот објави дека Пентагон се подготвува за продолжување на војната бидејќи првичните цели на Вашингтон не се исполнети, особено во врска со нуклеарната програма на Техеран. Според Тајмс, кој се повикува на ...

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото. Постои основано сомнение дека кривичното дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од ...

Соопштение за јавност Фронтот за вистина и правда најавува целосно нов систем за борба против корупцијата, базиран на европски модели, дигитална транспарентност и вештачка интелигенција по промена на власта во Македонија. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција порача дека корупцијата и криминалот се најголема закана за иднината на државата и објавувајќи широк Фронт за вистина и правда. Тој најави дека еден од ...

САД поставија пет главни услови во својот одговор на предлогот на Иран, поврзани со нуклеарната програма на Иран и замрзнатите средства, објави денеска иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извори. Според агенцијата, американската страна го отфрлила барањето за исплата на какви било компензации кон Иран и побарала предавање на залихите со високо збогатен ураниум. Вашингтон, исто така, барал само една нуклеарна централа да ...

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, дозволи да заврши контроверзното ослободување од санкциите врз руската нафта што се испорачува по море, што привремено им дозволи на земјите како Индија да продолжат да купуваат руска сурова нафта и покрај напорите на Западот да ги намалат приходите на Москва од воениот период, објави денеска Радио Слободна Европа. Овој потег, кој стапи на сила вчера откако Министерството за ...

Јасер Абас, најстариот син на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, е избран за член во Централниот комитет на партија Фатах. Изборот на членовите на новиот централен комитет се одржа вчера на Осмиот генерален конгрес на националистичкото движење, а гласањето систовремено се одвиваше во Рамала, Газа, Каиро и Бејрут. Јасер Абас (64) е директор на неколку компании во Палестинската самоуправа, поголемиот дел од времето живее во ...

Две лица од Индија, вработени во градежна компанија биле повредени при извршување на работни задачи. „На 15.05.2026 година во Медицинскиот центар во Гостивар била укажана лекарска помош на двајца државјани на Република Индија, вработени во градежна компанија. Лицата се здобиле со тешки повреди при извршување на работни задачи на трасата во с. Бајница. На 14.05.2026 година околу 13:00 часот, работникот Д.Б.(36), поради невнимание со градежна ...

МВР информира дека синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.И.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.И., констатирани во Ургентен центар при комплекс ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го осудува навредливото и недолично однесување на Фудбалскиот клуб Вардар, при прославата на победата и обезбедувањето на шампионската титула. Како што се наведува во реакцијата од ФФМ, неприфатливо е да се извикуваат навредливи содржини и да се пеат вулгарни песни од страна на фудбалерите. „Ваквото однесување е недолично без разлика кон кого е насочено, без разлика дали станува збор за јавни ...

Барањето на една третина од советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров за одржување на вонредна седница, со единствена точка на дневен ред, „Превенција на врсничко насилство во Ѓорче Петров со посебен осврт на настанот со малолетничко насилство случен во реонскиот парк Ѓорче Петров“ наместо да биде разгледано на посебна седница, е вметнато како точка на дневен на редовната седница на Советот, закажана за 21 мај во 9:30 часот, се вели во ...

На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријави дека три лица- државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според пријавителот, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата. На 16.05.2026 во 11:50 часот во ...

Соопштение на ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА: САКАМ ДА РАБОТАМ Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во замката на дежурните критичари на игрите на среќа кои многу долг период водат офанзивна битка против легалните игри на среќа. Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување и обид за нивно дефинирање како најголеми ...

Со новиот закон за игри на среќа се става ред и дисциплина, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој ги негираше критиките дека се остава простор за нелегално организирање на игри на среќа , како и дека ќе се изгубат работни места. Според Мицкоски власта е свесна за последиците и фискалниот ефект, но не остапува од предложеното законско решение. „Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор ...

Владината коалиција ВЛЕН упати нови сериозни обвинувања до Демократската унија за интеграција (ДУИ), тврдејќи дека протестите на дел од студентите воопшто не се автентични, туку се директно диригирани од партиското седиште во Мала Речица. Според ВЛЕН, опозициската партија користи семејни и партиски врски за да ги инструментализира младите во обид за дестабилизација на политичките процеси. Во соопштението се нагласува дека ДУИ намерно го ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека од македонска страна целосно се завршени сите подготовки за граничниот премин Клепало, во координација со надлежните институции, додека одложувањата ги лоцира на бугарската страна. „Во однос на ГП Клепало, од наша страна целосно се завршени работите во координација со релевантните институции, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и останатите институции ...

На вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски му беше поставено прашање дали постои можност за влез на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ на македонскиот пазар, на што тој одговори дека не смета оти условите што ги бара компанијата се добри или одржливи за државата и домашниот авио-сектор. „Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите кои ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме ...

На 16.05.2026 во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода С.С.(40) од Велес. Од страна на полициските службеници било сопрено патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С. и при преглед кај него и во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола. Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...

Полицијата објави фотографија од Кристијан Алексиќ, роден 1976 година, по кого во Хрватска интензивно се трага од синоќа. Тој е осомничен за убиство на 19-годишен доставувач на пица вчера околу 23:05 часот во градот Дрниш. Полицијата ги предупредува граѓаните да не му се приближуваат ако го видат. „Ги предупредуваме граѓаните, доколку наидат на Кристијан Алексиќ, да не му се приближуваат бидејќи е опасно лице и веројатно е вооружен со огнено ...

Владата на ВМРО катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека состојбата во буџетот е алармантна, снемува пари, нема пари за повисоки плати, за мерки на граѓаните, а власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери. „Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, и сето тоа се должи ...

Имиграциската служба на Венецуела соопшти дека во САД е екстрадиран бизнисменот Алекс Саб, близок соработник на поранешниот претседател Николас Мадуро. Саб е уапсен во февруари во Каракас во рамките на заедничка операција на на венецуелските и американските власти. Саб би можел да им обезбеди на американските власти информации поврзани со обвиненијата против Мадуро. Поранешниот венецуелски претседател и неговата сопруга Силија Флорес во ...

Грција, Италија, Кипар и Малта предупредија на евентуална нова мигрантска криза поради конфликтот на Блиски Исток и побараа координирани мерки на европско ниво. Во заедничката декларација, објавена на „Форумот Европа – Персиски Залив“, што се одржува на Пелопонез од 15 мај до денеска, се потенцира неопходноста од акција за ограничување на зголемениот миграциски притисок врз Европската Унија. Четирите медитерански земји се согласија да ја ...

Стотици илјади Тунижани вчера протестираа во главниот град изразувајќи го незадоволството од претседателот Каис Сајед, кого го обвинуваат за ограничување на слободите и лошо владеење, што довело до економска и социјална криза. Протестот се одржа под мотото „Луѓето се гладни, затворите се полни“. Демонстрантите тврдат дека Сајед не успева да се справи со економската криза и ги користи судството и полицијата за да ги замолчи своите критичари. ...

Светска здравствена организација (СЗО) прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и во Уганда за „јавна здравствена криза од меѓународен интерес“. Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус, процени дека епидемијата на ебола предизвикана од вирусот бундибугио претставува „вонредна состојба во јавното здравје со меѓународна значење“ (ПХЕИЦ), иако сè уште не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба. ...

Москва и Подмосковље беа нападнати од украински беспилотни летала. Според податоците на руските власти, три лица загинаа, додека 16 се повредени. Нападот не заврши со еден бран. Беспилотните летала продолжија да пристигнуваат кон главниот град во текот на ноќта и утрото, а воздушната одбрана беше активна над неколку делови од Московскиот регион. Експлозии се слушнаа во близина на Шереметјево, Химки, Раменски и Жуковски, додека аеродромите ...

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, ќе ја напушти својата позиција затоа што самостојно донел таква одлука, според британскиот „Дејли меил“, повикувајќи се на неименувани извори во британската влада. „Кир Стармер им кажал на блиски пријатели дека има намера да се повлече од функцијата премиер“, се вели во статијата на „Дејли меил“ Според неименуваниот соговорник на британскиот дневен весник, премиерот ја разбира политичката ...

Верувам дека изјавата “северномакедонски” на новата министерка Чамова е логична грешка која претходно ја имаме чуено од стотина меѓународни дипломати и аналитичари и ќе биде поправена. Ова го напиша на својот Фејсбук профил, Љубчо Георгиевски, Претседател на ВМРО Народна партија, кој изнесе и свој став каде лежат проблемите меѓу нашите две држави и нации. „Вистинскиот проблем е во тоа што го читам на бугарските социјални мрежи и дел на ...

Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Овој коалициски тандем, ...

Лишен од слобода 19-годишник од Бојане кој завчера убил 18-годишник од истото село, ќе биде поднесена кривична пријава. На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал ...

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го пренасочи летот кон САД поради проблематичен патник, а локалните медиуми објавија дека човекот гризнал член на екипажот. Авионот од Мелбурн беше на пат кон Далас во петокот кога мораше да слета во Папете, главниот град на Француска Полинезија, поради инцидент со патник. Човекот беше совладан од другите патници, а локалните медиуми, вклучувајќи го и националниот радиодифузер ABC, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
0.45
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.21
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.74
72%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
86%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.61
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
58%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.87
97%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28