Четиринаесет лица беа уапсени во Виена пред финалето на Евровизискиот натпревар поради учество во пропалестински протест во близина на местото на одржување, објави ДПА. Според полицијата, уапсените учествувале во нерегистрирани демонстрации против учеството на Израел на натпреварот. Демонстрантите се собраа на скалите од главната библиотека во Виена, скандирајќи и држејќи транспаренти. Според полицијата, додека полицајците ги отстранувале ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан оцени дека Унгарија влегла во период на политички промени по изборите и рече дека опозицијата и десницата ќе мора да се реорганизираат во силно политичко движење. Во интервју за унгарскиот „Немзет“, Орбан рече дека претходните 16 години од владеењето на неговата партија претставуваат „најуспешен период на унгарската изградба“, вклучувајќи економски раст, зголемување на платите и зајакнување на ...

Бугарија е победник на 70-годишниот јубилејен Евровизиски натпревар што се одржа вечерва во Виена. Во напнатото финале, 25 земји се бореа за победа, а победата ја однесе бугарската претставничка Дара со песната „Банагаранга“. Големото финале беше обележано со бројни импресивни настапи, и, како и обично, неизвесно гласање. Почетокот на спектаклот и настапите што ја одбележаа вечерта Емитувањето започна со Парада на знамињата, на која ...

Во Загреб, се трага по непознат возач кој удри во 22-годишна девојка на пешачки премин и избега синоќа околу 23:20 часот. Девојката почина на лице место, потврди загрепската полиција. Полицијата вели дека откако со непознато возило удрил во девојката, возачот го напуштил местото на настанот. За што побрзо да се пронајде сторителот и да се утврдат точните околности на сообраќајната несреќа, полицијата апелира до сите очевидци на несреќата да ...

Бугарската претставничка на изборот за Песна на Евровизија – Дара, чие вистинско име е Дарина Јотова, преку ноќ стана едно од најбараните имиња на европската музичка сцена по синоќешната победа. Заразната песна „Бангаранга“, впечатливата кореографија и енергичниот настап ѝ ја донесоа на Бугарија првата победа во историјата на натпреварувањето. Иако со години е голема ѕвезда во нејзината родна Бугарија, Евровизијата ја лансираше пред ...

Синоќа во хрватскиот град Дрниш е убиен 19-годишник, а полицијата интензивно трага по 50-годишен осомничен кој избегал по пукањето. Како што соопшти Полициската управа Шибеник-Книн, злосторството се случило околу 23:05 часот на терасата од семејна куќа во Дрниш. Според досега познатите информации, 50-годишниот К.А. со огнено оружје пукал во 19-годишен хрватски државјанин, кој починал на самото место од повредите. Како што дознава Јутарњи, ...

Променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди се очекува денеска низ Македонија. Според прогнозата, претежно во крајните западни и источни делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал ...

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (17 мај) без електрична енергија ќе останат делови од општина Чаир. Според најавата, прекин во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 08:00 до 15:00 часот кај корисниците од Старата чаршија, односно дел од улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“. Од компанијата апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности додека ...

Оваа земја последната епидемија на ебола ја имаше помеѓу август и декември 2024 година, кога во централниот дел на државата починаа најмалку 34 лица. Најсмртоносната епидемија во оваа централноафриканска земја со повеќе од 100 милиони жители се случи меѓу 2018 и 2020 година, кога починаа речиси 2.300 лица од околу 3.500 заразени. Еболата, која предизвикува многу заразна хеморагична треска, и натаму претставува сериозна закана и покрај ...

Властите од 15 земји разбија голема криминална група која измамувала жртви низ Европа и пошироко, продавајќи лажни додатоци во исхраната и лекови за сериозни болести, соопшти агенцијата на ЕУ „Евроџаст“. Заедничката операција на 12 мај резултирала со собирање важни докази, притворање на дел од клучните членови на групата и запленување големи количини додатоци во исхраната. Се сомнева дека групата остварила најмалку 240 милиони евра промет. ...

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, соопшти дека денеска во Скопје се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и премиер, Христијан Мицкоски, пренесува TВ21. Тој информираше дека со Мицкоски разговарале за зачувување на стабилноста во регионот и за зближување меѓу Северна Македонија и Србија. „Добар и конструктивен разговор во Скопје со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата ...

„Максо вели: „Погледнете во е-урбанизам“. Ние погледнавме. Нема ништо за кумовските односи. Нема договор како преку ноќ да се направат 350.000 евра. Но еве, на Максо и на граѓаните јасно им објаснуваме: Драган Митевски, кум на Максим Димитриевски, преку ноќ купил земјиште од Максим и неговото семејство за 250.000 евра. Само неколку дена подоцна, истото земјиште го продал на Лидл за 600.000 евра. Со нула инвестиција, заработил 350.000 евра ...

Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид ...

Аеродромот во Сплит во релативно краток рок повторно е отворен за редовен воздушен сообраќај, по инцидентот при полетување на авион на „Кроација ерлајнс“ кој излета од пистата на пат кон Франкфурт. Инцидентот се случил околу 13:10 часот, кога авионот Airbus A220-300 при полетување излетал од пистата и завршил на тревната површина покрај пистата. Во леталото се наоѓале 130 патници и петчлен екипаж, кои безбедно биле евакуирани. – – Поради ...

Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот Лимбургерхоф, југозападна Германија. Според досегашната истрага, во несреќата загинале две лица, а нема информации за повредени жители на Лимбургерхоф. Германските медиуми јавија дека авионот експлодирал во воздух, а остатоци од леталото паднале „на поголемо подрачје околу местото на несреќата“. Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот ...

Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид ...

Денеска во Виница се одржа 43-от „Марш на ангелите“. Почетокот беше од плоштадот „Ангел Винички“, од каде граѓаните маршираа низ градот во знак на почит кон 63-те згаснати животи и како поддршка за сите семејства што и денес се соочуваат со последиците од трагедијата во Кочани. Учесниците испратија порака дека сеќавањето на загинатите не смее да згасне, но и дека одговорноста за трагедијата не смее да остане само симболична. -Иако ...

Американскиот новинар Исак Саул, основач на почитуваниот независен политички билтен „Tangle“, ја објави најголемата медиумска истрага за корупцијата на Доналд Трамп досега, во која детално опишува како американскиот претседател и неговото семејство отворено тргуваат со влијание и услуги во американската администрација. Собрале до пет милијарди долари само во неговиот втор мандат Во својата анализа, Исак проценува дека семејството Трамп ...

Германскиот производител на автомобили Мерцедес размислува да произведува оружје. – Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да имаме позитивна улога во овој процес, изјави извршниот директор на Мерцедес Бенц, Ола Керлениус. Тој наведе дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е погодна и за производство ...

Државната иранска телевизија објави дека европски држави преговараат со Иран, за да добијат дозвола за минување низ Ормуска Теснина. – Откако бродови од источноазиските земји, меѓу кои Кина, Јапонија и Пакистан, поминаа низ Ормуска Теснина, денеска добивме информација дека Европејците започнале преговори со поморските сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за минување низ Ормуска Теснина, јави иранската државна телевизија, без ...

Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али Ндуме изјави дека денеска се киднапирани 42 ученици, од кои 32 деца биле одведени од училиштето, а другите 10 од нивните домови, кои се наоѓаат во близина на училиштето. Вооружени мажи вчера киднапираа непознат број на ученици од основно и средно училиште во локалната самоуправа Аскира-Уба за време на настава. Ниту една група нема преземено одговорност за вчерашното и денешното киднапирање на ...

Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...

Соопштение на СДСМ Малцинствата се Македонски граѓани! Ние преговараме со ЕУ. Мицкоски ве лаже! Малцинствата не се туѓинци. Малцинствата се наши комшии, наши пријатели, наши другари, колеги, роднини и брачни партнери, велат од СДСМ. „Малцинствата се Албанци, Срби, Роми, Хрвати, Бугари, Бошњаци, Турци, Власи… сите тие се македонски државјани. Прашањето за малцинствата не е бугарско прашање. Тоа е европско прашање. Ние преговараме со ...

Светските пазари бележат нов раст на цената на бакарот, кој сè повеќе се смета за клучен метал за глобалната економија и зелената транзиција. Поради зголемената побарувачка во Кина и можните нови царини во САД, бакарот достигна 14.000 долари за тон на Лондонската берза. Аналитичарите очекуваат трендот да продолжи и во наредните години. Во Македонија, пак, сè почесто се отвора дебата дали земјата треба да остане извозник на суровини или да ...

Фирмата „Мастеф“ во периодот од 2018 до 2021 година добивала тендери и од општини раководени од кадри на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ). Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наводите што денеска на прес-конференција ги изнесе Јон Фрчкоски, член на извршниот одбор на СДСМ дека фирмата „Мастеф“, блиска до власта, добила 93 тендери во вкупна вредност од 18,3 милиони евра од институции на централно и на општинско ниво. Од ...

Соопштение на „Сакам да работам“ Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа, со истото ограничување од 500 метри, кое додека беа во опозиција го нарекуваа „смешно” и недоволно, реагираат од патијата Левица. Токму сегашниот вицепремиер Изет Меџити во 2023 година јавно изјави дека растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти е „смешно” и најавуваше амандмани со кој сите казина ќе бидат најмалку 3 километри од населените ...

Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот Лимбургерхоф, југозападна Германија. Според досегашната истрага, во несреќата загинале две лица, а нема информации за повредени жители на Лимбургерхоф. Германските медиуми јавија дека авионот експлодирал во воздух, а остатоци од леталото паднале „на поголемо подрачје околу местото на несреќата Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот ...

Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Вчера ...

Нови вознемирувачки детали за случај што ја потресе јавноста доаѓаат од Прилеп, каде родител пријавил дека неговото малолетно дете било физички нападнато од соученици за време на час по физичко образование, додека еден од учениците целиот инцидент го снимал со мобилен телефон. Случајот бил пријавен во ОВР Прилеп на 14 мај околу 14:30 часот, а според полициските информации, настанот се случил пред околу две недели. Засега не се откриваат ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
0.45
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.21
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.74
72%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
86%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.61
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
58%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.87
97%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39