Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
По реакциите во јавноста откако вчера беше обелоденето дека ТВ водителот Миро Кацаров е назначен за вршител на должност директор на Универзалната сала, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за изјава за Курир вели дека Кацаров е привремено решение и дека оглас за избор на директор ќе биде објавен следната недела. – Кога станува збор за тоа кадровско решение, јас морам да истакнам во јавноста, лицето Миро Кацаров е вработен во таа ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара од Советот на јавните обвинители да изврши надзор над работата на обвинителите во Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) и да истражи како била донесена, како што велат од партијата, контроверзната одлука за запирање на постапката за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Барањата до Советот денеска на прес-конференција ги упати пратеникот и член на Извршниот ...
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) лоцираше двајца Македонци, Горан Спиридонов (25) и Кристина Јанева (39) кои пљачкале постари Американци, на начин што преку интернет им продавале лажни финансиски инструменти на кои стоело името и ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп. „Слободен печат“ дознава дека обвинетите се од Велес, градот што во 2016 година се богатеше од империја на лажни вести за време на американската претседателска ...
Јелисавета Благојевиќ Постои една реченица во серијата Ангели во Америка (Angels in America) што ги руши речиси сите вкоренети претстави за идентитетот. „Хомосексуалци“, вели Рој Кон кого во серијата го игра Ал Пачино, „не се мажи кои спијат со мажи. Хомосексуалци се оние кои за петнаесет години не успејаа да протнат ниту еден закон за антидискриминација.“ Таа реченица, колку и да е цинична, воведува една радикална инверзија: идентитетот не е ...
Жените треба да прават превентивни гинеколошки прегледи, бидејќи навременото откривање болест значи и нејзино полесно излекување, истакнаа денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, на одбележувањето на „Неделата на женско здравје 2026“. Проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и претседател на МАГО, рече дека ако болеста се открие доцна дури и најсовремените ...
По неколкуте инциденти со булинг, ножеви, тепчаки и насилство во училиштата опозициската СДСМ бара одговорност од министерката за образование Весна Јаневска, но и од директорите на училиштата. Меѓудругото, тие бараат смена на директорите кои прикривале вакви случаи или оние кои не презеле соодветни мерки. Се бара изратока на национална стратегија за булинг, унифицирани правила за справување со овие појави, вражање на безбедноста во ...
Еден од аргументите на обвинителката Катерина Коларевиќ за запирање на истрагата за „Мазутот во ТЕЦ Неготино“, случај тежок 167 милиони евра, е дека ЕСМ не пријавило штета. -ЕСМ не пријавиле штета. Сме немале никаква штета, сме имале единствена корист. Во спротивно ќе сме имале големи рестрикции, рече обвинителката. Но, по запирањето на истрагата од ЕСМ најавија дека ќе ја обжалат жалбата пред Вишото јавно обвинителство, што создава ...
Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...
Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска, упати критики кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека се фали со проекти кои не се резултат на неговата сопствена работа, туку се започнати од претходни градски администрации. Јовановска реагираше на изјавите на Ѓорѓиевски дека актуелниот период е „најуспешниот квартал“ за градот Скопје, прашувајќи кои капитални проекти реално се започнати и завршени во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши дводневната посета на Кина посветена на надминување на отворените прашања меѓу двете најголеми светски економии, пренесува Си-ен-ен. Претседателскиот авион „Ер форс уан“ полета од меѓународниот аеродром во Пекинг по официјалната церемонија за испраќање на Трамп. Пред да влезе во авионот, Трамп ја крена раката стегната во тупаница поздравувајќи ги присутните на аеродромот што мавтаа со ...
Началникот на полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, е лишен од слобода во рамки на полициската операција поврзана со исчезнувањето на Александар Нешовиќ Баја, соопштија српските надлежни служби. Апсењето е извршено по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а во акцијата учествувале припадници на неколку клучни сектори на српското МВР. „Во продолжение на операцијата за разјаснување на околностите под кои исчезна Александар ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека бројните фишинг пораки за наводни казни од системот „Сејф сити“ се испраќаат од странски броеви и дека граѓаните лесно можат да ги препознаат. „Сите фишинг напади се од странски броеви. Лесно се препознава“, рече Тошковски. Тој посочи дека официјалните пораки од МВР имаат препознатлива ознака. „На официјалниот број на МВР има официјална кратенка и се препознава“, кажа министерот. Според ...
Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции. Ова денеска го потврди министерката за образование, Весна Јаневска. – Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во Собрание , за да ги до оформат тие предлози и веќе е донесена таа одлука, тие измени ќе се направат и останува ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор По падот на режимот на Орбан, новиот премиер Питер Маѓар презема акции и ја ослободува земјата од корупција и од орбановата пропагдандна машинерија. Додека орбановите пропагдни телевизии, меѓу кои и ТВ2 признаваат јавно дека објавувале лажни вести за опозицијата се највува одговорност за криминалните шеми во медиумите и укинување на фрекфенциите. Падот на ...
Дваесетгодишен возач од Скопје е лишен од слобода, поради тоа што со возило удрил во велосипед управуван од 13-годишник, соопшти МВР. Во СВР Скопје вчера во 16:10 часот било пријавено дека на ул. „Коце Металец“ патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата, како што соопшти МВР, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, ...
Левица вели дека до нив пристигнале вознемирувачки информации и фотографии од свиркачи од Ресен, кои според партијата, укажуваат на континуирана злоупотреба на службено возило во сопственост на ЈП Национален парк „Галичица“. Според наводите, посочуваат од Левица, службеното возило повеќе од една година секојдневно се користи за приватни цели од директорката Фросина Ѓорѓиевска, за патување на релација Ресен-Охрид-Ресен, наместо за потребите на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови ...
Мал авион се урнал врз куќа во Акрон во Охајо, при што загинале две лица кои се наоѓале во леталото. #BREAKING Small plane crashes into home in Canterbury Circle area of Akron, Ohio, triggering explosion and fire. Casualties unknown. pic.twitter.com/DRCnnR28xa — Fast News Network (@fastnewsnet) May 14, 2026 Според податоците на сервисот FlightAware, авионот полетал од аеродромот Акрон Fulton Airport во 14:03 часот по локално време. ...
Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...
Поранешниот претседател на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски влегува во приватниот сектор. На 6 јуни почна со работа Друштвото со ограничена одговорност со едноличен капитал Соне Енерџи 2025 ДООЕЛ Скопје која е регистрирана на адреса во скопската населба Карпош. Дејност на компанијата ќе биде „ советување во врска со работењето и останато управување“. Актуелен директор на компанијата е Марко Бислимоски кој по професија е дипломиран ...
Премиерот Христијан Мицкоски не престанува да ја изненадува јавноста со изборот на патишта и беспаќа за остварување на најголемиот државен интерес – членството на Македонија во ЕУ. Последниот визионерски бисер на премиерот е изборот да го изодиме боси по трње најтешкиот пат. Полесниот бил со понижување. Само еден месец пред тоа во Виена пред австрискиот канцелар Кристијан Штокер ни ја кажа генијалната определба: „На Македонија ѝ се брза, ...
Управата за јавни приходи ја отпочна исплатата на средствата од повратот на ДДВ за периодот јануари – март 2026 година. Исплатата, информираат од институцијата, се спроведува етапно, согласно динамиката на обработка на налозите и административните проверки. Со оваа исплата ќе бидат опфатени повеќе од половина милион корисници на системот „МојДДВ“, односно 528.447 граѓани, а вкупната сума што ќе биде вратена изнесува 836 милиони денари. Од ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тврди дека нема никакви знаци за притисок врз Јавното обвинителство, по објавите за телефонски разговор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески. Контроверзијата се отвори во јавноста откако разговорот бил поврзан со одлуката за запирање на постапката околу набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, предмет што веќе извесно време предизвикува политички ...
„Инстаграм“ го објави глобалното пуштање на новата функција наречена „Инстанти (Instants)“, која овозможува споделување автентични фотографии што исчезнуваат. Функцијата, по тестирањето со избрани корисници, овозможува споделување фотографии што ќе бидат достапни за преглед само еднаш и ќе останат видливи 24 часа. Апликацијата е инспирирана од социјалните платформи како „Снепчат“, „Локет“ и „Биријал“, нагласувајќи автентична и краткотрајна ...
Најбараниот Британец обвинет за шверц на големи количини кокаин е уапсен вчера во Шпанија, потврди денеска Националната агенција за криминал (НЦА). Сајмон Датон (49), кого полицијата во Голем Манчестер (метрополитенска грофовија во северозападна Англија, која ги опфаќа градот Манчестер и десет околни општини) го бараше за шверц на кокаин, перење пари, фалсификување пасоши и прекршување на наредбите за спречување тежок криминал, е уапсен во ...
Во Србија денеска започна реализацијата на проектот „WiFi4WB“, како и втората фаза од проектот „Rural Broadband Rollout“, со кои ќе се овозможи воведување брз интернет и бесплатен јавен Wi-Fi во руралните делови од земјата. Проектот симболично беше пуштен во работа со активирање бесплатни јавни Wi-Fi мрежи во општините Лајковац и Жабари. На промоцијата во Белград присуствуваа српскиот премиер Ѓуро Мацут, амбасадорот на Европска Унија во ...
Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донела одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во главниот град на земјата, Вилнус, соопштија денеска од ресорното Министерство. Во образложението на одлуката, оттаму наведуваат дека воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички ...
Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од еден отсто откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Ројтерс. Цената на суровата нафта од типот „брент“ се зголеми за 1,17 долари, или 1,11отсто, односно на 106,89 долари за барел. Цената на американската сурова нафта ВТИ, пак, се зголеми за 1,10 долари, или 1,09 отсто, односно на ...
Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, ...
Секторот за внатрешни работи Битола со јавен апел, предупредува граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи. Од СВР Битола посочуваат дека посебно внимателни треба да бидат повозрасните и да не наседнуваат на измами кои сторителите го прават по пат на телефонска комуникација. Измамниците ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како ...