Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
. · Во јули минатата година директно ѝ се обратив на Претседателката разочаран од нејзин настап во врска со Преспанскиот договор (линк во коментар). Објаснувајќи ѝ каде греши, советував дека токму Преспанскиот договор е едно од најсилните оружја што ги имаме во битката за идентитетот и дека наместо да биде напаѓан, тој треба максимално да се искористи. Година дена подоцна во свој нов настап Претседателката тоа го потврдува. Јас сум меѓу ...
Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која го ...
Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик, информираше обвинителот Љубомир Лапе. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена за две кривични дела ...
Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години. ВМРО ги доби изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите ние сме предавници на македонскиот идентитет. Дека Преспанскиот договор е предавство. Дека ќе го поништат договорот. Дека ќе го вратат старото име и дека никогаш нема да кажат „Северна Македонија”. Гордана ...
Русија воспоставува „целосно партнерство“ со Авганистан предводен од талибанците и ги охрабрува и другите земји во регионот да ја прошират соработката со Кабул – изјави денеска секретарот на Рускиот совет за безбедност и поранешен министер за одбрана, Сергеј Шојгу, кој наведува дека соработката со Кабул е важна за безбедноста и развојот на регионот. Русија минатата година стана првата земја што официјално ја призна исламистичката влада на ...
Пораки меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и иранската филмска ѕвезда Голшифтех Фарахани наводно довеле до инцидент во кој првата дама Брижит Макрон го удрила својот сопруг, се тврди нова книга. Во тоа време, Макрон го опиша како шега настанот што се случи минатиот мај кога претседателскиот авион слета во Ханој. Но, новата книга нуди многу поинакво објаснување за инцидентот што го снимила камерата на Асошиејтед Прес, пишува The Times. ...
Засега немало директни контакти меѓу двете страни, уште помалку конкретна понуда Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села да стане нов владин партнер. Се се сведува на неформални разговори од типот „зошто не се приклучите со нас“во кои се испитува теренот од владејачката коалиција , првенствено од ВРЕДИ, колку има простор таа да се прошири со нов сојузник застапен во парламентот. Ова за „Фокус’ го брифираат извори од Алијанса на Села ...
Германија повлече од продажба замрзнато овошје произведено во Србија, откако во пратката бил откриен вирус на хепатитис А, објави Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF). Според известувањето, станува збор за мешавина од замрзнати бобинки што содржела малини и капини од Србија, како и јагоди, црвени и црни рибизли и диви боровинки од Полска. Ризикот за здравјето на потрошувачите е означен како „сериозен“. ...
По денешниот брифинг на обвинителството за серискиот убиец од Куманово, кој е осомничен дека убил четири жени, а две се обидел да убие, и МВР излегоа со соопштение. -СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено ...
Околу 18 рудари се блокирани во рудникот „Трепча“ во северниот дел на Косово. Претседателот на синдикатот на рударите Ибрахим Јонизи изјави дека претходно во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но еден дел од нив успеал да излезе над земја. Тој додаде дека состојбата на заглавените рудари е добра. – Одржуваме контакт со нив, но колку повеќе време поминуваат внатре, толку потешка станува ситуацијата. Тие треба да бидат снабдени со храна и вода, ...
Пратеничката Дафина Стојаноска денеска на прес-конференцијата обвини дека затворањето на предметот „Мазут“, тежок 167 милиони евра, е резултат на политичко влијание врз обвинителството. Пратеничката Дафина Стојаноска изјави дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, постапувал под влијание на Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев. Според Стојаноска, обвинителството пред една година барало притвор за четири лица во предметот поради опасност од ...
Денко Малески Читателите ќе се сетат дека, кога, на почетокот од војната, моќната американска армада почна да се движи кон Персискиот залив, опишав еден историски настан од 1588. Таа година, време на доминација на Шпанија со светската политика, непобедивата шпанска армада, недалеку од бреговите на Англија, беше поразена во битката со малите и брзи англиски бродови и се прашав дали Америка нема да доживее истата судбина во Иран. Деновиве, ...
Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека во пелагониското село Добрушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Полициски службеници од СВР ...
Правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДСМ и ДУИ. Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот, тие носат одлуки во корист на поединци од СДСМ и ДУИ, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, ...
Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се и потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, пратеникот Миле Лефков и генералниот секретар Марина Димовска, одржаа работни сесии во Берн од 12 до 14 мај во рамките на програмата „Планински дискусии за парламентарната ...
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...
За помалку од две години, владејачката Лабуристичка партија во Велика Британија го мина патот од убедлива изборна победа до историски пораз на локалните и регионалните избори минатата недела, што сериозно ја доведе во прашање позицијата на премиерот Кир Стармер, анализира Дојче Веле. Иако владејачките партии ширум Европа се соочуваат со слични предизвици, британската политичка сцена станува сè понапната во деценијата по одлуката за напуштање ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот, велат од ОЈО Битола. „Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја ...
Соопштение на СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага Мицкоски нарачува а Савевски испорачува. Слушнавме како Мицкоски дели задачи од собраниска говорница, со неговите чувства, слушнавме како елиминира независни обвинители од постапка на телевизија, сега и по телефон дека дели задачи. Ете така изгледа партизираното судство и обвинителство во Македонија. Така изгледаат „реформите” на ...
Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот претседател Едгарс ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова сама ги пофали своите две години како шефица на државата, велејќи дека „нејзиниот мандат досега бил успешен“. Според неа тоа било особено во зајакнување на меѓународната видливост на државата, унапредување на интегритетот на претседателската функција и подобрување на директната комуникација со граѓаните. Во интервју за Македонското радио таа рече дека „многу работи се придвижиле“ откако таа стапи на ...
Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот. – Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР. Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. ...
ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата околу набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции, ДКСК и Обвинителството. – Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со ...
Деновиве жители на Пештани до активистите на Граѓанската иницијатива Охрид SOS, приложиле фотографиите „со цел да постигнеме правно решавање на случајот и постапување по издадено решение без да се штитат поединци.“ Се работи за објектот на хотелот „Десарет“. Причината за реакција на жителите е кровот над салата за ручек, мензата, ресторантскиот дел, кој е пред распаѓање што претстaвува потенцијална опасност по животите на гостите (кои често ...
Истрагата за осомничениот убиец од Старо Нагоричане, кој според обвинителството се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Ова денеска на брифинг го соопшти обвинителот Љубомир Лапе, кој посочи дека случајот има елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и нападите биле мотивирани од нивниот пол. „Се работи за прв случај на сериски убиец со ...
На 13. 05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По документирање ...
– Во однос на овие случаи, комсијата оценува, цитирам: „дека одредени аспекти од третманот и водењето на пациентите биле под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолно влијаело врз клиничкиот исход врз нив“. Пациентите се на возраст од 45 до 78 години, кои беа предмет на анализа. Анализираните случаи се однесуваат на интервенции и постапки реализирани во јавните и во приватните здравствени установи. Станува збор за случаи од ...
Федерален судија привремено ги блокираше санкциите на САД против Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за палестинските територии. Во вчера донесената пресуда судијата наведе дека администрацијата на Трамп веројатно ги прекршила нејзините права за слобода на говор кога ги вовела мерките по нејзината критика кон Израел, сојузник на САД, и неговата војна во Газа, пишува Гардијан. Санкциите ѝ забрануваат на оваа италијанска ...
Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка – притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни – објави „Укринформ“ повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски. Судијата Ногачевски, пренесува ДПА, денеска пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 дена, со можност за ...
Утринава околу 6:40 часот осомничениот со нож ја нападнал својата сопруга со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на самото место Триесет и тригодишен битолчанец А.Р. рано утринава со нож ја убил својата сопруга. Од здобиените повреди, 31-годишната А.В. од Битола починала на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. „Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р. (33) од ...