Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
– Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието. – Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ. Депонијата ...
Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71) е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на неговата кампања. За возврат, ...
Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %). Помеѓу 2016 и ...
На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на ...
Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ. Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, ...
Претседателот на ВЛЕН, Билал Касами во вчерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека има одредени сигнали дека Зијадин Села би можел да стане дел од Владата, но тоа би било под одредени услови. „Постојат сигнали дека Зијадин Села би бил спремен да биде дел од Владата под одредени услови“, рече Билал Касами, претседателот на ВЛЕН, за Зијадин Села, додавајќи дека го ценат неговиот интерес да се приклучи на мнозинствотo. Но, Касами рече ...
Репрезентативецот на Црна Гора во подводен риболов, Душан Вукчевиќ, по драматична 18-минутна борба со туна тешка 82 килограми, успеа да ја извлече огромната риба. Туната е уловена на отворено море,во близина на Бар, пренесе РТЦГ. – Ова е улов на животот, како што милуваме да кажеме ние риболовците. Станува збор за голема и опасна риба, т.е исклучително е тешка за лов бидејќи поседува огромна сила. Тоа се суштества кои во текот на целиот свој ...
Здравствената состојба на иранската нобеловка за мир, Наргес Мохамади, значително се влошила поради прогресијата на васкуларната болест, објави синоќа нејзината фондација. Мохамади, која затворската казна ја издржува во иранскиот град Занџан, во неделата беше префрлена во болница во Техеран. Медицинскиот тим што ја лекува Мохамади објави дека „делот од централниот нервен систем во мозокот одговорен за автономна контрола и прецизна регулација ...
Во пресрет на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, американскиот државен секретар Марко Рубио бил снимен како со воодушевување го набљудува таванот во Големата сала на народот во Пекинг. Marco Rubio was very impressed with the ceiling and light fixatures inside the Great Hall of the People. pic.twitter.com/0ojbKaJoxD — Zhao DaShuai 东北进修🇨🇳 Commentary (@zhao_dashuai) May 14, 2026 Видео-снимката ...
Стотици демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе населби во Хавана, блокирајќи патишта со запалени купови ѓубре, удирајќи во шерпи и извикувајќи пароли поради честите прекини на струја и недостигот од гориво. 🇨🇺 🇺🇸 Cuba just completely ran out of diesel and fuel oil amid the U.S. blockade. Havana neighborhoods are facing 20-22 hour blackouts. The confirmation came from Cuba’s Minister of Energy and Mines. An entire country running ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници. Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ...
Најновото истражување на Европска комисија за патувања покажува рекордно ниво на интерес за патувања, при што дури 82 проценти од Европејците планираат летен одмор оваа година. Сепак, за патниците кои планираат патувања надвор од Европа, особено кон Азија, следува непријатно изненадување. Консултантската компанија Тенео предупредува на значително зголемување на цените на авионските билети. Според анализата, просечните економски тарифи на ...
Русија го нападна украинскиот главен град Киев и неколку други региони во масовен воздушен напад, соопштија официјални лица утрово, при што загинаа најмалку едно лице, а десетици беа ранети. Првиот комбиниран ракетен и беспилотен напад од крајот на краткиот прекин на огнот, постигнат со посредство на САД, се случи неколку часа откако Москва испушти стотици беспилотни летала во дневен напад во кој загинаа шест лица. Официјални лица од областа ...
„И по повеќе од три месеци инсистирање договорите помеѓу ЈСП и „Маратон“ не ми се доставени. Не барам приватни преписки, воени тајни или шифри од трезор. Буквално зборуваме за договори кои се стотици милиони денари пропуштен јавен приход за претпријатието“, истакна советничката од Левица, Дарја Мустафаоглу, на последната седница на Советот на Град Скопје. Мустафаоглу истакна дека со тоа што повеќе од три месеци не и се доставуваат договорите ...
Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА. Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM). Станува збор за војници што требаше да бидат распоредени во Полска во рамки на планирана ...
Во бистрото Комедија денеска ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката ќе го промовира Олгица Крстеска. Романот ја преиспитува идејата за „другиот“ не само како политички конструкт, туку и како интимна реалност во семејствата и заедниците. „Јета“ испитува како стереотипите и предрасудите произлегуваат од стравот и незнаењето и како помирувањето, и лично и колективно, бара разбирање, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг на почетокот на средбата со својот американски колега Доналд Трамп во Пекинг изјави дека очекува тековната 2026 година да биде „историска, значајна година“ за односите меѓу Кина и САД, пренесе во живо Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ). Според Шји, кинеско-американските економски и трговски односи се „заемно корисни“. Тој го поздрави напредокот на оваа линија на врските со Вашингтон на средбата која, ...
Народната банка информира дека со приклучувањето на Република Србија кон системот СЕПА (Single Euro Payments Area), граѓаните и компаниите од Македонија отсега можат да вршат плаќања во евра кон Србија. Овој чекор се очекува сериозно да ја олесни економската размена меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е континуирано меѓу петте најзначајни трговски партнери на нашата земја. Оваа новина, како што соопшти Народната банка на РСМ, во ...
Адвокатката на газда Деко од ,,Пулс” вели дека присуството на малолетници во објектот не е кривично дело, туку прекршочно. „Дејан неколку пати плаќал казни за присуство на малолетници во објектот”, вели адвокатката Ивана Коцевска. Ги обвини новинарите за необјективност и заземање страна. — реклама — „Вие, новинарите, треба да го почитувате Кодексот за однесување на новинарите”, е поуката од адвокатката. — реклама — Таа го спори тврдењето дека ...
По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа (иако ВМРО не сакаше да гласа за тоа), сега и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Преспанскиот договор го потврдува македонскиот национален идентитет! Дали е ова доволен доказ дека СДСМ е нај државотворната партија? Дали сега е јасно кој се предавниците?“ – напиша вечерва на социјалната мрежа X лидерот на СДСМ – Венко Филипче. По вчерашната изјава на Тимчо ...
Русија го вклучи поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас на листата на барани лица во врска со неодредена кривична истрага, објавија денеска руските државни медиуми, повикувајќи се на базата на податоци на Министерството за внатрешни работи. Валас ја извршуваше функцијата министер за одбрана на Велика Британија до август 2023 година. Оттогаш, тој продолжи гласно да се залага за зајакнување на воената поддршка за Киев и ја осудува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва пристигна во Пекинг, каде што беше пречекан со високи државни почести пред самитот со неговиот кинески колега Си Џинпинг, на кој се очекува да се решаваат клучни прашања за глобалната економија и безбедност. За време на дводневната посета, лидерите на светските суперсили ќе разговараат за трговските тарифи, технолошката конкуренција, војната во Иран и односите на Америка со Тајван. Трамп се враќа ...
🛣Регионалните и селските патишта низ Македонија сѐ почесто се претвораат во индустриски коридори за тешки и претоварени камиони, особено во близина на каменоломи и РУДНИЦИ. По патиштата кои некогаш биле проектирани за локален сообраќај и земјоделска механизација, денес секојдневно се движат камиони и шлепери натоварени над дозволената маса. 🚨Такви примери, а за кои алармираше и #Левица, се регионалниот пат меѓу селата Пагаруша и Вртекица, ...
Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска објави дека презентирал работен план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во наредните месеци на одделни состаноци со главните преговарачи. Средбите се одржаа во Брисел, на ниво на главните преговарачи Агрон Бајрами и Петар Петковиќ, објави Соренсен на X. Соренсен додаде дека оваа недела во Брисел одржал одделни и детални ...
Копнената војска на САД се соочува со ненадеен буџетски дефицит и спроведува итно намалување на трошоците за обука во своите единици, што доведе до откажување курсеви и засилена финансиска контрола, објави денеска „АБЦ њуз“, повикувајќи се на интерни документи и на официјални лица. Според тие наводи, дефицитот се проценува на околу четири до шест милијарди американски долари, а настанал поради зголемените оперативни ангажмани во земјата и во ...
Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми… сите со црвени пасоши на ЕУ. Затоа и имате ...
Словачка, денеска околу 15 часот, од безбедносни причини ги затвори сите гранични премини со Украина, соопшти Финансиската управа на Словачка. Финансиската управа ѝ препорачува на јавноста да ги следи актуелните информации и да ги почитува упатствата на Финансиската управа и на полициските сили, се наведува во соопштението што го пренесе словачкиот портал „Актуалити“. Мирослав Билецки, началник на Регионалната воена управа на Закарпатската ...
На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за ...
Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот се закотви во југозападниот француски град Бордо по појавата на бран гастроинтестинални заболувања на бродот, соопштија денеска локалните власти. На лицата на бродот не им е дозволено да се симнат на копно, соопштија локалните здравствени власти и префектурата. Капетанот навел дека околу 50 патници се разболеле, додека локалниот весник „Суд уест“ и други француски медиуми објавија дека ...