Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Вечерва почна 79. Кански филмски фестивал каде во следните 12 дена ќе има премиери и натпревар за престижната награда „Златна палма“, која ќе биде доделена на 23 мај. На отворањето на фестивалот на Француската ривиера, почесната „Златна палма“ му беше доделена на новозеландскиот режисер Питер Џексон, автор на трилогијата „Господарот на прстените“. Наградата му ја врачи актерот Елајџа Вуд, кој го толкуваше ликот на Фродо Багинс во филмовите. ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски пред неколку дена, поточно на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор, потврдија од МВР за „Фокус“. „Лицето на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје-Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, посочија од МВР ...
Велика Британија ќе распореди автономна опрема за лов на мини, најсовремени анти-дрон системи и борбени авиони од типот „Тајфун“ во рамки на мисијата во Ормуската Теснина, најави британскиот министер за одбрана Џон Хили. Тој ја објави одлуката за време на состанокот во Лондон, на кој заедно со Франција беа домаќини на 40 министри за одбрана, фокусирани на плановите за заштита на сообраќајот во овој критичен воден пат по евентуалниот прекин ...
Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во гостувањето на „4ТВ“ упати серија забелешки за начинот на кој се управува со главниот град по промената на локалната власт, објави 4news.mk Според него, Скопје сè уште страда од нефункционалност на јавните претпријатија, додека реалните проблеми се покриваат со висок степен на популизам. Јакимовски смета дека споредбите на новиот градоначалник со Данела Арсовска се погрешни и дека вистинскиот репер за ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на СДСМ и ДУИ Љупчо Николовски, викан Путерот е повикан во СВР Скопје на службен разговор, дознава Пресс24. Според информациите на порталот , Николовски се сомничи за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ...
Русија ќе ја распореди својата нова стратешка нуклеарна ракета „Сармат“ до крајот на оваа година, изјави претседателот Владимир Путин, опишувајќи ја како „најмоќната во светот“. Планираното распоредување на ракетата – дизајнирана да носи нуклеарни бојни глави за погодување цели на илјадници километри во САД или Европа – се очекува по неколку години неуспеси и одложувања. Путин во телевизиски говор изјави дека моќноста на бојната глава е ...
Гласачите бараа да не видат како една партија и голем чекор е од петмина лидери партијата да има двајца копретседатели. Вреди сега е единствена републичка партија од Липково до Струга, ДУИ има само три општини, АА само две општини, изјави вечерва Изет Меџити, копретседател на Вреди и градоначалник на Чаир. Меџити во интервјуто за Топ Тема рече дека многу луѓе им се приклучуваат, но дека тој не треба да објаснува зошто Арбен Фетаи и Фатмир ...
Професорката Симона Груевска-Маџоска денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Професорката Симона Груевска-Маџоска / Фото: Фејсбук Во објавата таа не ги наведува причините поради кои ја донела одлуката, ...
Поранешниот прв човек на Карпош, Стевче Јакимовски, во гостувањето во Ноќно студио на „4ТВ“ даде своја анализа за предизвиците на локалната власт, посочувајќи дека многумина влегуваат во градоначалничката трка без да бидат свесни за жртвата што ја бара таа позиција. Коментирајќи го боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски, Јакимовски откри дека таквиот потег бил најавуван подолго време меѓу упатените, објави 4news.mk Според ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска ги отфрли обвинувањата дека војната против Иран ги исцрпила резервите на ракети и муниција на САД, по тврдењата на Демократската партија дека земјата е ранлива на напади, пренесе ДПА. – Знаеме точно со што располагаме. Имаме повеќе од доволно од она што ни е потребно – изјави Хегсет за време на сослушувањето пред поткомитетот на Претставничкиот дом на Конгресот, задолжен за трошоците за ...
Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ...
Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието. Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, ...
Повеќе од 100 британски пратеници од Лабуристичката партија потпишаа писмо со поддршка за премиерот Кир Стармер, додека над 80 негови колеги побараа тој да поднесе оставка, објавија британски медиуми. „Минатата недела добивме исклучително тешки изборни резултати. Тоа покажува дека мораме да работиме за да ја вратиме довербата кај гласачите“, се наведува во писмото на поддржувачите на премиерот. Групата пратеници кои застанаа зад Стармер ...
Предметот го затворив јас како надлежен обвинител на истрагата, рече на брифинг со новинарите, обвинителката во ОЈОГОКК, Катерина Коларевиќ која со тврдење дека немало доволно докази ја затвори истрагата за РКМ, Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, Васко Ковачевски и уште 11 други лица во истрагатз спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино. Претходно, државниот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврдил дека од републичкото обвинителство не било ...
Висок украински советник за одбрана објави снимка од дрон на која наводно се гледа неидентификуван летачки објект (НЛО) со сферична форма со шест зашилени конуси и топлинска трага. Објектот е забележан минатиот мај за време на борбени операции на надморска височина од 800 метри, а на видеото е прикажано како лебди бавно, без да реагира на присуството на дронот, пишува Киев Пост. Серхиј Бескрестнов, виш советник за технологија и војување со ...
Француската министерка за здравство Стефани Рист денеска изјави дека сè уште не се познати сите детали за хантавирусот откриен на крузерот „Хондиус“, вклучително и тоа дали тој мутирал, иако официјалните лица во моментот се „релативно спокојни“. – Постојат нешта што не ги знаеме за овој вирус. Сè уште ја немаме целосната секвенца на вирусот што би ни овозможила со сигурност да кажеме дека тој не мутирал – истакна Рист пред Националното ...
Војната на САД во Иран досега чини 29 милијарди долари, што е за четири милијарди повеќе во споредба со проценките од минатиот месец, соопшти висок претставник на Пентагон. Џулс Херст, вршител на должноста главен финансиски директор на Пентагон, денеска пред законодавците соопшти дека новата сума вклучува ажурирани трошоци за поправка и замена на опремата, како и оперативни трошоци. Тој го изнесе овој извештај заедно со американскиот ...
Судскиот совет денеска спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје. Противкандидати се судијата Ивица Стефановски и Даниела Димовска, актуелна вршителка на должноста. Интервјуата ги спроведува тричлена комисија од Судскиот совет, како дел од административната рамка. Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред комисијата во Судскиот совет, а претседателот на комисијата Ивица Николовски соопшти ...
Владата на ТИСА ќе и служи на нацијата, а не на премиерот, а кабинетот е составен од министри кои веќе се докажале во своите области и се способни да носат одлуки од првиот ден, изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар во говорот со кој го претстави својот кабинет пред Парламентот, пренесе МТИ. Маѓар ги нарече постапките на претходната влада во однос на државата и јавните средства „срамни“ и ги повика пратениците од опозициската ФИДЕС и ...
Раководството на кошаркарскиот клуб Валенсија реши да ги зголеми мерките за безбедност во „Роџ Арена“ за единствената мајсторка од четвртфиналето во Евролигата. Големата загриженост е пред сè поради сопственикот на гостинската екипа Панатинаикос Димитрис Јанакопулос. На Јанакопулос нема да му биде дозволен влез во салата од причина што издржува суспензија од страна на Евролигата (три натпревари). Тој казната ја доби поради непримерно ...
Младиот напаѓач на Челзи, Естевао нема да настапи на Светското првенство. Неговото име го нема на списокот од 55 играчи кој ги објави селекторот на „Кариоките“ Карло Анчелоти, кој е доставен до ФИФА. Фудбалерот на Челзи ја повреди десната тетива на 18.април на дуелот против Манчестер Јунајтед и според медицинските екипи на бразилската репрезентација и на лондонскиот клуб Естевао нема да биде подготвен за Мундијалот. Пред повредата се сметаше ...
Повеќе од 110 добитници на Нобеловата награда ги повикаа иранските власти итно и безусловно да ја ослободат активистката Наргес Мохамади, откако поради сериозно нарушено здравје таа е префрлена во затворска болница во Техеран. Во заедничкото соопштение, 112-те нобеловци побараа на Мохамади да ѝ се овозможи континуирано медицинско лекување, предупредувајќи дека нејзиниот живот е во непосредна опасност. Мохамади, добитничка на Нобеловата ...
Терористичката група Исламска држава (ИД) презеде одговорност за нападот во Источна Сирија, во кој беа убиени двајца сириски војници. Ова е прва смртоносна операција на групата против сириските владини сили од февруари наваму. Нападот во источната провинција Хасака покажува дека Исламска држава и понатаму претставува безбедносна закана, во време кога сирискиот претседател Ахмед ал Шара се обидува да ја консолидира власта, речиси година и ...
Во својот статус, Апасиев со иронија прашува „каков е тој акт“, посочувајќи дека во правната теорија и пракса секој подзаконски правен документ мора да има јасна форма и назив. „Колку треба да си правно забеган – од нула до Дарко Костадиновски и Добрила Кацарска, да донесеш нешто што се вика АКТ на Судот!?“, напиша Апасиев. Тој преку саркастична споредба со медицинска дијагноза се обиде да ја долови, како што оценува, апсурдноста на ваквото ...
Македонската фудбалска репрезентација до 16 години загуби на пенали од Црна Гора на воведниот натпревар од турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија. Двете селекции одиграа 2:2 во регуларниот дел, а противникот се радуваше на победа по изведувањето пенали (2:4). Нашата надежна репрезентација уште во првата минута имаше одлична шанса за отворање на резултатот. Велески не успеа да реализира ситуација „еден на еден“ со противничкиот голман. Во 15. ...
Вториот носител на Мастерсот 1000 во Рим Германецот Александер Зверев е елиминиран откако загуби добиен меч во осминафиналето со домашниот тенисер Лучано Дардери со 2-1 во сетови (1:6; 7:6 (12:10) и 6:0). Во вториот сет Зверев пропушт четири меч топки. Првиот сет фавориот го доби со 6:1 во гемови, а во вториот имаше преднист од брејк, а потоа и меч топки, кои не ги искористи. Тај брејкот Дардери го доби со 12:10 на поени, а во решавачкиот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Куба побарала помош од Вашингтон и најави дека неговата администрација „ќе одржи разговори“ со Хавана, без да изнесе дополнителни детали. „Ниту еден републиканец никогаш не ми зборувал за Куба, која е пропадната држава и се движи само во една насока – надолу! Куба моли за помош и ние ќе одржиме разговори!!! Во меѓувреме, јас заминувам за Кина!“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Boris Pistorius) денеска изјави дека постојат јасни знаци за потенцијален пресврт во војната во Украина во полза на Киев, нагласувајќи дека украинските сили добиваат на „инерција“. – Сметам дека Украинците навистина добиваат на замав. Русија минува низ фаза на слабост, како на економски и внатрешнополитички план, така и на самото бојно поле – изјави Писториус за време на посетата на командните ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска им додели право на вето на четворица клучни министри во неговиот кабинет, откако неговата десноцентрична влада и официјално ја презеде власта по изборот во парламентот. Маѓар прецизираше дека министрите за здравство, за правда, за образование и за финансии ќе имаат право да ги блокираат владините одлуки. Според него, оваа одлука е донесена бидејќи овие ресори ги очекуваат најсложените задачи и ...
Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно е извршен службен разговор. Вкупно шест пријави има во последното деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека ...