Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
– Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот ...
На 11.05.2026 во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, ...
– Шест мажи и две жени се уапсени за вчерашниот вооружен грабеж во филијала на банка во градот Като Титотреа во централна Грција, од каде што одзеле 217.000 евра, а се членови на криминална организација што располагала со тешко оружје и стои зад десет други грабежи на банки и кражби на мотоцикли и автомобили, јави дописничката на МИА од Атина. Началникот на Дирекцијата за борба против организиран криминал Фотиос Дуицис и портпаролката на ...
Три британски министерки денеска поднесоа оставки, со што дополнително се засили притисокот врз британскиот премиер Кир Стармер да објави временска рамка за своето повлекување по лошите резултати на Лабуристичката партија на локалните избори. Британската министерка за децентрализација, верски прашања и заедници Мијата Фанбуле денеска поднесе оставка, станувајќи првата министерка во владата на Стармер што се повлекла од функцијата, ...
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од ...
14-годишен ученик се бори за живот во Клиничкиот центар откако вчера бил избоден од друг 15 годишник додека бил на училиште во Основното училиште „22 Ноември“, односно 25 Мај по старо, во скопската населба Ченто. Во Клиниката велат дека ученикот бил донесен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во стомакот и расекотина на главата. „Веднаш по приемот е направена компјутерска дијагностика, лабораториски анализи, при што е установено дека има ...
„Јас ни како обвинител, ни како виш, на ниеден обвинител не сум му сугерирал, ниту, пак, сум ја загрозил неговата самостојност. На ниеден јавен обвинител не сум вршел притисок или влијание да донесе некаква одлука“, изјави шефот на ОЈО ГОКК Првиот човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска ги демантираше обвинувањата за влијание по запирањето на постапката за предметот во ...
Војната на САД против Иран досега чинеше 29 милијарди долари, што е повеќе од проценката од 25 милијарди долари што високи функционери на Пентагон му ја дадоа на Конгресот пред две недели. „Во времето на сведочењето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, износот беше 25 милијарди долари, но Здружениот штаб на вооружените сили и Канцеларијата на контролорот постојано ги ревидираат проценките, па сега мислиме дека износот е ...
Силно невреме со поројни дождови, олуен ветер и град го зафати регионот, предизвикувајќи сообраќаен колапс на дел од патиштата во Србија, сериозни материјални штети во Хрватска и прекин на патните правци во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во трите држави издадоа итни предупредувања до граѓаните за заштита на имотот и висок степен на претпазливост. Во Србија, Секторот за вонредни ситуации при МВР прогласи аларм за олујно невреме, ...
Мерсел Биљали Алберт Ками е во право кога вели – премногу ја сакам својата нација за да бидам националист! На 6 октомври 1981 година се случи еден од најшокантните претседателски атентати во историјата. Анвар ел-Садат, тогашниот египетски претседател, мислел дека е дел од цермонијата кога група војници на парадата марширале кон сцената на Садат. Садат ги поздравил, не знаејќи дека ќе го убијат. Имено, пред тоа, египетскиот претседател, ...
На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции. „Со ова законско решение ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, десеткратно се поскапени. Денес да направите една шопска салата, што некогаш било евтина ...
Предметот за „ТЕЦ Неготино“, кој тежеше околу 167 милиони евра, а за кој Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ја запре истрагата, не бил рефериран во републичкото јавно обвинителство. Републичкиот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврди дека од републичкото обвинителство не било побарано мислење, што значи дека одлуката за запирање на истрагата била донесена во Обвинителството за гонење на организиран ...
Светски познатиот француски диџеј и продуцент Дејвид Гета ќе биде главната музичка ѕвезда на прославата по повод 35 години независност на Македонија. Настапот е закажан за 8 септември 2026 година во Национална арена „Тоше Проески“, а организацијата е во соработка меѓу Владата и Aвалон Продукција. Бобан Милошески од Авалон најави дека во Скопје ќе пристигне спектакуларното шоу на Дејвид Гета со продукцијата „Монолит“, кое според него ...
МВР информира дека вчера попладне во 13:00 во СВР Скопје, М.Д.(52) од Скопје пријави дека на 08. овој месец околу 12:00 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник. Известени биле стручните служби во училиштето, а по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни ...
Во првите три месеци од 2026 година, највисоката постигната цена за стан по квадратен метар изнесувала 2.888 евра, а станот бил продаден во Кисела Вода. Станува збор за стан од 45 квадратни метри, продаден за вкупно 130.000 евра. Податоците се наведени во Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, кој ги опфаќа месеците јануари, февруари и март годинава. Според извештајот, во првиот квартал биле ...
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција му забележа на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски дека првин ја премолчел средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, а кога информациите излегле во европските медиуми, рекол дека тоа било само кратка размена на зборови. – Повторно видовме како функционира дипломатијата на ВМРО. Прво, Тимчо Муцунски ...
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска соопшти дека досега се идентификувани вкупно 11 случаи по појавата на хантавирус на крузерот „Хондиус“, вклучувајќи и три смртни случаи. Гебрејесус во Мадрид изјави дека девет лица биле позитивни на вирусот, додека два дополнителни случаи се сметаат за веројатни инфекции. Сите засегнати поединци се изолирани и внимателно се следат за да се намали ризикот од ...
„Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција шеф на ОЈО ГОКК, и по насока на триото Филипче, Ахмети и Заев, донесе одлука да се запре судска постапка во која ...
МВР информира дека синоќа во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с. Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој ...
МВР информира дека утринава во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат ...
Денко Малески Прославата на 9 мај, денот на победата над фашизмот, нашето државно раководство ја прослави под паролата „Победа, принципи, вредности“. Ние како буквално да го сфаќаме светот како поле за културен натпрефвар меѓу народите, дури и кога грмат топовите во Украина и Иран а светот е на работ на нуклеарна катастрофа. Всушност, ние не правиме ништо што не го прават сите мали држави на кои им недостасува воена и економска моќ: се ...
На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“, адвокатите на двајцата обвинети изразија различни ставови околу начинот на изведување на обемните материјални докази. Додека одбраната на првообвинетиот Никола Васев побара од судот селекција и читање само на клучните докази за да се избегне неоправдано одолговлекување, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи инсистираше секој доказ да биде поединечно изведен во судницата. ...
Зборувајќи за регионална иницијатива за електрична енергија, премиерот Христијан Мицкоски на „Самитот на Македонија“ изјави дека по завршувањето на неговиот мандат како премиер планира да се врати на работата како универзитетски професор. „Јас не сум професионален политичар, како што кажавте вие. Јас сум инженер, претпоставувам дека на крајот од овој мандат ќе се вратам меѓу студентите на факултет, за разлика од голем број мои колеги, ...
15-годишник е лишен од слобода откако со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во општина Гази Баба, потврди Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во ООУ „25 Мај“ во Ченто. „На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д. (27) од Скопје. Според информациите, околу 16:20 часот на подрачјето на Аеродром, тој од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое било во движење, пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. бил извршен службен разговор, а од него бил одземен сигнален пиштол со рамка во која имало 11 парчиња муниција од ...
Новоотворената компанија „Рамбл клауд“, која е во сопственост на „Рамбл клауд инк“ на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, беше на чекор да добие прв тендер од Министерството за дигитална трансформација за изнајмување клауд платформа, односно, систем за чување и обработка на податоци преку надворешни сервери. Станува збор за фирма основана во јануари годинава, во која директори се самиот Павловски и Брандон ...
15-годишник е лишен од слобода откако со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во општина Гази Баба, потврди Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во ООУ „25 Мај“ во Ченто. „На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази ...
Грција официјално го зазеде второто место во светот според бројот на награди „сино знаме“ за 2026 година, со што уште еднаш се потврди како еден од глобалните лидери во управувањето со крајбрежните области и заштитата на животната средина“, пренесоа грчките медиуми. Со 657 наградени плажи (15 отсто од вкупниот број во светот), државата ја задржа силната позиција во меѓународната програма. „Сино знаме“ е доброволна еколошка ознака која им се ...
На премиерот Мицкоски и на ВМРО им одговара да ја држат државата изолирана од Европската Унија за да можат да продолжат да го крадат народот, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во гостувањето во „Студио 10″ на ТВ 24. Димитријевиќ посочи дека целата хистерија и спинови што ги пласира ВМРО околу идентитетските прашања е само за да продолжат со криминалот и корупцијата. Тој изјави дека СДСМ со месеци предупредува ...