Израелската војска моментално контролира 68 локации во јужен Либан, потврди либанскиот премиер Наваф Салам денеска за ДПА. Пред неодамнешната војна, имаше само пет локации окупирани од Израел, рече Салам. – Израел сега контролира 68 села – изјави тој. Ова изнесува речиси половина од територијата јужно од реката Литани, која се наоѓа на приближно 30 километри северно од израелската граница. Израелската војска ги оправда своите акции ...

Дел од инаетот е состав на повеќе политички субјекти во државата и тоа е лошо. Не видов дека има конкретна понуда, освен гневот и револтот да се победи ривалот. Луѓето не ги интересира кој ќе победи, кој ќе загуби. Нив ги интересира како до подобро и пофункционално општество, изјави за „Локално“ аналитичарот Мерсел Биљали Не гледам ништо ново, ниту понуда која ќе го подбри животот на граѓаните, вака аналитичарот Мерсел Биљали ја коментира ...

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на гостувањето во „Топ тема“ на Телма ја обвини власта дека наместо со реформи и решенија на проблемите во економијата, се занимава со лажен пиар, клевети на опозицијата и манипулации, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. -Освен со лаги и манипулации, со друго ништо ВМРО не се занимава како политичка партија. Не испорачуваат никакви реформи во државата, она што го ...

Поканата на рускиот претседател Владимир Путин до американскиот колега Доналд Трамп да ја посети Русија сè уште важи, соопшти денеска Кремљ. – Сигурен сум дека рускиот претседател би бил воодушевен да го дочека својот американски колега во Москва. Тој постојано му го кажува тоа за време на нивните телефонски разговори – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во август 2025 година беше одржан самит Путин-Трамп во воена база во близина на ...

Воведното обраќање на премиерот на Косово, Албин Курти, на основачкиот конгрес на партијата Влен, кое воедно беше и прв настап на овој настан, според копретседателот на партијата, Биљал Касами, не треба да се гледа како патернализам од Приштина, туку единствено како нормална соработка помеѓу партии. Касами вели дека ова е нормална пракса бидејќи и на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржа кон крајот на минатата година, присутни биле ...

Новоформираната партија Влен е подготвена за ротација на ресори во владината реконструкција и за тоа го известивме премиерот, вели копретседателот Биљал Касами во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. За тоа кои позиции ќе бидат опфатени, тој вели дека е рано да се каже бидејќи конгресот на Влен беше пред само два дена и за позициите допрва ќе дискутираат. На прашањето дали може да се очекуваат нови партнери во Владата, Касами вели – во ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ денеска го потпишаа новиот Меморандум за соработка меѓу двете институции во следните три години. Како клучен дел од документот се активностите за развивање, унапредување и имплементација на системот на интегритет во Јавното обвинителство, што се спроведува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. За ...

При назначувањето на новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова – Чамова, еден значаен факт од нејзината политичка биографија беше изоставен. Таа игра клучна улога во воспоставувањето на преговарачката рамка предложена од француското претседателство со Советот на ЕУ во јуни 2022 година, што му го отвори патот на Скопјe кон членство во ЕУ, објави БГНЕС. Како заменик-министерка за надворешни работи во кабинетот на ...

Прекинот на огнот меѓу Иран и САД се чини загрозен денеска откако американскиот претседател Доналд Трамп го осуди „глупавиот предлог“ од Техеран, пренесе ДПА. Трамп го нарече иранскиот предлог „парче ѓубре“ и предупреди дека прекинот на борбите е на „апарати за дишење“. Дипломатските напори за постигнување мировен договор меѓу Техеран и Вашингтон се во застој во последните недели, и покрај прекинот на огнот кој трае повеќе од еден месец. ...

Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. ...

Српските власти од Брисел испратија силна порака до Европската унија, барајќи побрза интеграција на Западен Балкан и отворање на Шенген зоната за земјите од регионот. Александар Вучиќ порача дека тврдите граници го кочат економскиот развој, туризмот и движењето на луѓето, оценувајќи дека Балканот мора побрзо да биде вклучен во европските процеси. Според српските претставници, отворањето на Шенген за регионот би донело огромен економски ...

Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата ...

Најмалку 2.869 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан од 2 март, соопшти либанското Министерство за здравство. Во истиот период повредени се 8.730 луѓе, пренесе Ал Џезира. Хезболах и Израел се напаѓаат едни со други и покрај прекинот на огнот што беше постигнат како дел од израелско-американското примирје со Иран. Најмалку 2.869 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан од 2 март, соопшти либанското Министерство за здравство. ...

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, во интервју за Н1 вели дека иако изгледа дека Александар Вучиќ не бира зборови за Тонино Пицула, известувач на ЕП за Србија, сепак, Пицула е негов најголем поддржувач. Не бира ниту Вучиќ, ниту Тонино Пицула. Значи, Тонино Пицула му помага на Вучиќ, а Вучиќ му помага на политичката кариера на Тонино Пицула, кој мислам дека ја гради својата политичка кариера и евентуалните амбиции за артикулација ...

Уште еден сателит во одбрана на криминалната група ВМРО-ОКГ, во момент кога Мицкоски повеќе не може да одговори на граѓаните на ниту едно прашање, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува итегрално. Кога ВМРО нема аргументи, кога нема резултати, кога нема одговор за економијата, инфлацијата, криминалот и неисполнетите ветувања, ги активира своите сателити како Левица. Кога на ВМРО му се распадна системот на лаги дека ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати појаснување во врска со наводите на неговата бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, за наводна билатерална средба. Муцунски демантира дека се одржал официјален состанок, посочувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан. „Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме ...

Приходите во период од една година, во конкретниот случај за 2024 година, недвижниот имот, евентуални кредити, акции, депозити и/или учества во компании, се вклучени во декларациите за имотната состојба на грчките политичари, што денеска јавно беа објавени на официјалната веб-страница на парламентот на Грција, како што предвидува законската обврска – јави дописничката на МИА од Атина. Декларациите доставени лани се однесуваат на имотната ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека премиерот Мицкоски додека беше во опозиција, лажеше и обвинуваше за криминал за Коридорот 8, додека во фирмата за надзор е влезен кадар на ВМРО. Филипче посочи дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој неправедно беше политизиран и искористен за напади од страна на ВМРО додека беа во опозиција. „Коридорот е добар проект. Тоа беше Коридор ...

Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје, Г.К.(45) од Скопје пријави дека околу 20:50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.С.(53) од Скопје. Претходно, А.С. пријавил дека околу 20:00 часот, група на малолетници, со разни предмети фрлале кон неговиот угостителски објект, кој се наоѓал во трговскиот центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 21:50 ...

Најмалку две лица се убиени, а три се ранети денеска во пукање во францускиот град Ница, објави Фигаро. Пукањето се случило во западната населба Мулен, два дена по престрелката во истиот дел од градот во која немаше повредени. Според извештаите, две лица отвориле оган на централниот плоштад на населбата од моторно возило во движење, по што возилото избегало од местото на настанот. Градоначалникот на Ница, Ерик Сиоти, го осуди нападот. ...

Возач на приватен автобус на линија 63 денеска околу 13 час на пат од Транспортен центар кон селото Мралино, се пишманил и одлучил дека нема целосно да ја заврши рутата, по што ги оставил патниците на автобуската постојка во Илинден, во близина на кружниот тек кај маркетот „Тинекс“, а потоа се вратил назад кон Скопје, изјавија граѓани за „Слободен печат“. Како што велат патниците, возејќи кон Мралино, возачот постојано велел дека не го знае ...

Време е претставниците на британската влада да побараат психијатриска помош, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја одлуката на Лондон да воведе санкции врз психијатриска болница во Крим. „Кога владата на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, воведува санкции врз психијатриската болница, време е Лондон да побара помош од психијатриски медицински сестри“, рече Захарова. ...

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов со критики кон СДСМ поради нивното отсуство од работната група за измени на Изборниот законик, оценувајќи дека партијата го блокира процесот на изборни реформи, се вели во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. Крмов посочи дека работната група продолжила со работа и без присуството на СДСМ, а во фокусот ги стави и предлозите за една изборна единица и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. „Ајде баш ...

ГРОМ и коалицијата изминативе шест месеци беше конструктивен во Советот на Општина Карпош. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во претходниот мандат ја блокираше општината, ние не го опструиравме градоначалникот Сотир Лукровски, туку му дававме поддршка кога тоа беше во интерес на Карпош, изјави на прес-конференција Добрила Андоновска, член на Советот на Општина Карпош. Но, господинот Лукровски уште во првиот месец почна да се жали дека му било ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го усвои предлогот Катерина Зајковска да биде избрана за член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со што би дошла на местото на Цвета Ристовска, зад која се појави скандал со финансирањето на партиите на претседателските избори. Зајковска, како што појасни претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски, е дипломиран економист и магистер по ...

Македонската ракометна репрезентација од вчера ги стартуваше подготовките за бараж дуелите од Светското првенство против Словачка. Во претходниот бараж дуел Словачка ја елиминира Украина со победа (27:24) како гостин (натпреварот се играше во Германија) и пораз на домашен терен (31:32). Но, селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, покрај за противникот зборуваше и за нашиот последен бараж со Фарски острови. – Имаме почит кон ...

На денешното судско рочиште против родителите на момчето убиец Коста Кецмановиќ во Белград како што неофицијално дознава српски „Информер“, таткото на Коста – Владимир Кецмановиќ се изјаснил за невин пред судот. – Не сум виновен, обвинителството ме мести, немаат никакви докази против мене – рече Владимир Кецмановиќ. Судењето на родителите на Коста – Миљана и Владимир Кецмановиќ продолжи денес, а на него беа прикажани ужасни фотографии од ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира за појава на нестабилна облачна маса која веќе зафати делови од државата. Според последните мерења, на североистокот од Македонија е регистрирана нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР нагласуваат дека „нестабилната облачна маса се движи од запад према исток“. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира за појава ...

Околу две третини од жителите на Германија свесно ја намалиле потрошувачката на енергија поради растот на цените поврзан со војната со Иран, покажува анкета објавена денеска од порталот за споредба на цени Verivox. Репрезентативното истражување покажа дека 55 проценти од испитаниците се обидуваат да ги намалат трошоците за греење, додека 52 проценти посветуваат поголемо внимание на потрошувачката на електрична енергија. Дополнително, 56 ...

Нов предлог-кандидат за Европскиот суд за човекои права Ана Дангова Хуг е новиот предлог-кандидат за судија во Европскиот суд за човекои права (ЕСЧП) од Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена на денешната шеста седница на Комисијата за избор, откако претходно беше добиено мислење од Советодавниот панел на експерти во Стразбур. Станува збор за Ана Дангова-Хуг, која беше дел од кандидатите кои претходно, во текот на постапката ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.46

Платина

57324.78

Родиум

257205.97

Злато

139690.59

Калај

53.60

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2269.46

Паладиум

42535.44

Бакар

13.10

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39