Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, поднесе оставка од таа позиција по речиси пет години на чело на Канцеларијата на високиот претставник, беше потврдено за Н1 Сараево. Германскиот дипломат веќе го информирал Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (PIC) за својата намера, од кој побарал да се започне постапката за избор на нов висок претставник. Шмит ќе продолжи да ги извршува сите редовни должности со ...
Адвокатот Шкодран Алили, кој на последните локални избори беше независен кандидат за градоначалник на Кичево, присуствуваше на вчерашниот Конгрес за трансформација на коалицијата ВЛЕН во единствена политичка партија, во чии редови немаше место за се уште актуелниот министер Фатмир Лимани. Независниот кандидат за градоначалник на Кичево на ланските локални избори, адвокатот Шкодран Алили, присуствуваше на вчерашниот Конгрес за обединување ...
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави дека ќе бидат поставени камери и засилени контроли, а сите што фрлаат шут и отпад на недозволени локации ќе бидат санкционирани и казнети согласно со законските прописи. Како што истакна тој, во рамките на акцијата се расчистувале диви депонии и големи количини отпад, кои повторно се создаваат поради несовесното однесување на поединци и на компании. Според Јорданов, механизацијата и во ...
Почетокот на пролетта во зоолошката градина во Орегон беше одбележан со сцени полни со радост, откако две спасени младенчиња црна мечка за првпат оваа сезона уживаа во капење во базен. Мечињата, кои ги добиле имињата Тимбер и Торн, весело трчале околу базенот, скокале во водата и си играле, а снимката брзо стана хит на социјалните мрежи. Тимбер и Торн биле пронајдени како сирачиња во дивината на Алјаска, по што биле спасени и пренесени во ...
Техеран официјално им испрати на пакистанските медијатори одговор на најновиот американски предлог, кој има за цел да стави крај на, како што се наведува, воената агресија против Иран. Според предложениот план, како што е потврдено за иранската агенција ИРНА, сегашната фаза на преговорите е насочена исклучиво кон прекин на непријателствата во регионот. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи претходно изјави дека ставовите ...
Драмскиот театар и КПУ Затвор Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел отворање нови можности за ресоцијализација на осудените лица преку културата и уметноста. Како што информира Управата за извршување санкции, меморандумот го потпишале директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, и директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски. Според институцијата, соработката има за цел преку театарски претстави и културни активности да ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на Шид се осврна на, како што рече, навредите и нападите што со години ги трпат тој и неговото семејство од дел од медиумите и корисниците на социјалните мрежи. Посебно реагираше на коментарите насочени кон неговиот најмлад син, кого ретко го прикажува во јавноста, а дел од критичарите на интернет го нарекуваат „холограм“. „Сè најлошо што можевте ми кажавте за татко ми, мајка ми, за ...
Адвокатот Жарко Стеваноски јавно упати остри критики до претседателот на СОНК, Јаким Неделков, обвинувајќи го за антисиндикално однесување и обид за дискриминација на вработените во детските градинки. Поводот за реакцијата е успехот на вработените во ЈОУДГ „Наша Иднина“ од Прилеп, кои со поддршка на синдикатот НСОН, успеаја да го остварат правото на додаток на плата за работа со зголемен број деца. Стеваноски реагира на ставот на Неделков ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата влада е „десетгодишен проект“, откако Лабуристичката партија доживеа тежок пораз на локалните избори и се соочи со нови повици за негова смена. Лабуристите на изборите минатиот четврток го забележаа најлошиот резултат за една владејачка партија на локални избори во последните три децении, што дополнително го зголеми незадоволството во редовите на партијата. Поранешната владина функционерка ...
Голема толпа се собра пред зградата на унгарскиот парламент за да ја прослават официјалната инаугурација на Петер Маѓар за премиер. Меѓу присутните беше и новиот министер за здравство Жолт Хегедуш, кој стана вирален по своето танцување ноќта на априлските избори во земјата. Номинираниот унгарски министер за здравство, Жолт Хегедуш, танцуваше пред зградата на Парламентот по инаугурацијата на новото национално собрание на земјата и Петер Маѓар ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан испрати порака до новата власт во Унгарија, предупредувајќи дека земјата не смее да се откаже од својот „патриотски став“ и националниот суверенитет во односите со Брисел. „Новите луѓе мора многу јасно да разберат една работа: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет поради пари или ...
Харис Качапор, газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“ чиј камион беше фатен при обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче, е добро познат на обвинителството и полицијата. На Качапор во моментов му се суди за смртоносното прегазување на поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука. Тој е обвинет за тешки дела во сообраќајот за кое е предвидена казна од четири до 20 години затвор. Сообраќајката се случи на 3 ноември ...
Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија. Доколку РКЕ донесе ваква скандалозна одлука тогаш директно ќе удри по ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со македонското малцинство во соседна Албанија, посетувајќи ги Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. Преку објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, тој упати силни пораки за национално обединување и континуирана поддршка од матичната држава. Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека на Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување околу вистинските ...
„Дури 66 милиони евра беа внесени во „Алта банка“ минатата година: Со нов капитал, раст на банката и донесе работењето со државата“; „Кој стои зад капиталот од 66 милиони евра внесен во „Алта банка“; „Профитот на „Алта банка за 4 години пораснал 29 пати“… Ова се само дел од насловите што деновиве излегоа во дел од српските медиуми, кои редовно ја следат и анализираат работата на најбрзорастечката српска банка „Алта банка“, која неодамна ја ...
Голем пожар во зоната на исклучување околу Чернобил, чија површина во последните 24 часа се зголемила речиси десетпати, засега не претставува радијациска закана за населението надвор од зоната, соопшти Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациска безбедност. Експертите постојано ја следат состојбата и ги анализираат можните сценарија за ширење на радиоактивни честички. „Го следиме движењето на облакот, метеоролошките услови во ...
Девет случаи на семејно насилство се регистрирани во последното деноноќие низ државата, а седум лица биле лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Куманово, полицијата привела двајца мажи. Во првиот случај, 49-годишен кумановец физички ја нападнал својата мајка, додека во вториот, 34-годишник ја нападнал сопругата. Во Скопје, полицијата привела 40-годишен маж кој, и покрај судска забрана за приближување и отстранување ...
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера лишиле од слобода 43-годишен велешанец кај кого била пронајдена марихуана, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 9 мај 2026 година околу 15:30 часот во Велес бил приведен Ѓ.К. (43) од Велес, откако при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. При преземените мерки и проверки било утврдено дека лицето издржува затворска казна во ...
Скопје повторно ја отвора приказната за луна-паркот, овојпат со договор вреден околу 10 милиони евра за изградба на нов современ забавен парк во Градскиот парк. Проектот му е доделен на „Мастеф“ ДООЕЛ Скопје, која ќе биде задолжена за проектирање, набавка и монтажа на реквизити, како и за партерно уредување и изградба на пропратни објекти. Вредноста на договорот изнесува 621 милион денари, односно нешто повеќе од 10 милиони евра. Новиот ...
Вчера попладне на скопската обиколница, кај клучката во населбата Радишани, целосно изгоре автомобил марка „порше“. На местото интервенирала Противпожарната бригада на Скопје, додека полицијата го регулирала сообраќајот, кој во тој период се одвивал забавено. Според информациите од терен, возилото се запалило додека било во движење. Жената која управувала со автомобилот не е повредена. Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот. ...
Во Хрватска во периодот 2013 – 2017 година е зголемен бројот на хоспитализации поради намерно самоповредување, односно намерно нанесување повреда на себеси без потребната желба за смрт, кога биле евидентирани повеќе од 7.500 случаи. Највисоки стапки се регистрирани кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години, според податоците на Хрватскиот завод за здравствена заштита. „Податоците за хоспитализациите поради намерно самоповредување во ...
Катерина Котеска-Стисниовска, која работи како адвокат од 2013 година, а е специјализирана за семејно право и семејно насилство, се огласи на својот Фејсбук откако во Пјаченца, Италија, Македонецот Хако Витанов си ја уби сопругата Милена, а потоа се јави во полиција да го признае убиството. Милена, според адвокатката Котеска-Стисниовска била жртва на семејно насилство, и таа пред неколку месеци пробала да стапи во контакт со Катерина. Иако ...
61-годишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил електричен тротинет на булеварот „Крсте Мисирков“, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 9 мај 2026 година во 14:45 часот во СВР Скопје. Од полицијата велат дека електричен тротинет удрил во пешакот Љ. М. (61) од Скопје, по што возачот го напуштил местото на несреќата. Во несреќата жената се здобила со тешки ...
Скопјанец пријавил во полиција дека друго лице му се заканувало со пиштол по претходно недоразбирање во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 9 мај 2026 година околу 20:40 часот, во Полициската станица Бит Пазар, 42-годишниот Е. М. од Скопје пријавил дека А. Н. од Скопје му се заканувал со пиштол. Според пријавата, инцидентот се случил по претходно недоразбирање. Од ...
Клучната работа е што ние немаме работа со Бугарија, имаме работа со Европа и треба да исполниме европски барања, да исполниме договори што ги изгласале сите земји членки на ЕУ, секако вклучувајќи ја и Бугарија. Ова на прес-конференција денеска го изјави лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, повторно обвинувајќи ја власта за неспроведување на уставните измени и за блокада на европскиот пат на земјава. „Ние немаме работа со Бугарија, ...
Лаекенски индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9% од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, со највисок ризик кај самохраните родители и децата. Овие податоци не се само социјален аларм туку и јасен показател за неуспехот на економските политики во државата. Кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а кај семејствата со три и повеќе деца сиромаштијата достигнува 55%, повеќе не ...
Две лица биле повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 9 мај 2026 година во 12:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Аугуст Цезарец“, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 51-годишниот Д. И. од Скопје, ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со емотивна порака се прости од поранешниот градоначалник и претседател на Советот на Општина Кавадарци, Иван Чулев, кој почина. Јанчев истакна дека со голема тага ја примил веста за смртта на Чулев, оценувајќи дека станува збор за човек кој оставил длабока трага во развојот и животот на градот. Во својата објава, тој го опиша Чулев како човек за почит, искрен пријател и посветен работник, кој со ...
Никој не се срамеше од својата професија. Во осмолетките се селектираа способностите и афинитетите на учениците до полуматурата. Не трчаа родителите да ургираат за “сите петки“ на своето дете за да го запишат во некоја од престижните гимназии, Корчагин, Орце, Ј.Б. Тито, или, ЕМУЦ. Секој ученик ученичка ги добиваше оние оценки за кои решаваа учителите и наставниците. Класните редовно ги посетуваа родителите во домовите за да поразговараат со ...
Иако веќе се приближуваме кон средината на мај, Балканот во наредните денови ќе биде погоден од нов продор на постуден воздух кој ќе се спушти од северозапад преку Алпите и значително ќе ги намали температурите. Според најавите, студениот бран ќе донесе нагло заладување, со пад на температурите од 10 до 15 степени, а локално и повеќе. Освен пониските температури, се очекуваат засилен ветер, врнежи од дожд, а на повисоките планински места ...