Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека пцовиса нилскиот коњ Берта, роден пред 40 години во Зоолошката градина во Виена. Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во зоолошките градини во Скопје и Белград. – Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И ...

За спорните измени на Кривичниот законик од 2023 година, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски смета дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа под истрага, „ќарија“ најмногу. Според него, тоа е клучната работа за која што, како што вели, најмногу се лутат и членовите и поддржувачите на СДСМ. Пратеникот во емисијата „Само интервју“ истакна дека измените од 2023 година беа „лоша и неразбирлива одлука“. – – -И ако ...

Судијата Садула Изаири од Основниот суд Тетово освои најмногу гласови на денешните непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. За Изаири гласале 179 судии од вкупно 390 кои го искористиле правото на глас. „Вкупно гласачи кои се запишани во Изборниот именик се 418 од кои вкупно гласале 390 гласачи, односно 93% од гласачите. Неважечки гласачки ливчиња вкупно ...

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ изјави дека во Министерството работат 2.250 лица, од кои речиси 97 проценти се Албанци, што според него ја отвора дилемата за почитување на принципот на правична застапеност и за присуството на помалите етнички заедници. Тој нагласи дека Министерството со години не ја исполнувало својата суштинска функција, посочувајќи дека во минатото имало вработени кои примале плата, а не ...

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. – – Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини ...

Али Акбар, 73-годишен човек по потекло од Пакистан, доби едно од најпрестижните одликувања во Франција За Албар се верува дека е последниот француски продавач на весници. На церемонија во Елисејската палата, претседателот на Франција, Емануел Макрон, го опиша Акбар како „најфранцузинот од Французите“, прогласувајќи го за витез од Националниот ред за заслуги во знак на признание за неговата истакната служба за Франција. „Вие сте акцентот на ...

Во 2019 година, градските власти во Стокхолм, Шведска започнаа експеримент, кој многумина го сметаа за луд. Избрале 50 и им дадоа по 100.000 шведски круни (околу 10.000 евра) без никакви услови или надзор. Тие можеле да ги трошат парите неодржливо и како што сакаат – пиејќи, коцкајќи или инвестирајќи во своите животи, пренесе Независен. Социолозите и хуманитарните организации предвидоа катастрофа. Се веруваше дека повеќето од учесниците ќе ...

Холандските лекари во последната година речиси двојно го зголемиле препишувањето лекови за слабеење, покажуваат податоците на Холандската фондација за фармацевтска статистика. Во моментов се проценува дека околу 80.000 лица во Холандија користат лекови на база на семаглутид, односно ГЛП-1 агонисти на рецепторите. „Употребата на лековите се зголемила откако стручните лица ги смениле официјалните медицински правила за лекување на дебелината, ...

енералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го критикуваше геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Држави под претседателство на Доналд Трамп, пренесе ДПА. – Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки, рече Гутереш, кој се повлекува од функцијата на крајот на годината, на својата последна новогодишна прес-конференција во Њујорк. – Ниту, пак, ќе се решат со тоа што две сили ќе го делат светот на ...

Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра, се вели во соопштението од СДСМ. Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се ...

Почитувани читатели, домашните миленичиња се омилените суштества со кои го разубавуваме нашиот дом, живот и секојдневие. Ги чуваме и сакаме заради нивната добра енергија, лојалност и љубов Посебено песовите и мачките се најчестите крзнени ангели во нашите опкружувања. Песот е најблизок до човековиот род и негов најверен другар, не случајно се вели ,,верен како пес”. Си зедов слобода, новинарот Миленко Неделковски да го идентификувам како ...

Демократите и републиканците во американскиот Сенат постигнаа договор за привремено финансирање на Министерството за внатрешна безбедност (ДХС) со цел да се избегне нова блокада на работата на владата. Договорот го поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп, јави Еуроњуз. Двете страни се согласија да го издвојат финансирањето на внатрешната безбедност од сеопфатниот закон за буџет и да обезбедат средства за работа на министерството во ...

Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф изјави дека е уверен дека палестинската милитантна група Хамас ќе се разоружа како дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. – Ги отстранивме терористите од таму и тие ќе се демилитаризираат. Ќе го направат тоа затоа што немаат избор. Така што, го очекуваме тоа, рече Виткоф на состанокот на американскиот Кабинет, конкретно споменувајќи дека организацијата ќе ги ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој треба да се повлече од функцијата на крајот на оваа година, уште еднаш даде јасна поддршка за тоа жена да го наследи на позицијата. – Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело, рече Гутереш синоќа на својата традиционална новогодишна прес-конференција во Њујорк. „Немам никаков сомнеж во тоа“, додаде тој. Гутереш е на чело на ОН од 2017 година, а вториот и ...

Колеџот на комесари на ЕУ донесе одлука да го раскине договорот за работа на високиот советник во Генералниот директорат за меѓународни партнерства (ДГ ИНТПА) на Европската комисија, Хенрик Хололеј врз основа на наодите од внатрешна истрага поврзана со наводни „административни прекршувања“. Според извори во ЕК, станува збор за истрага иницирана од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) во 2023 година врз основа на добиени ...

Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, додека превозниците во Црна Гора и Северна Македонија ги прекинаа блокадите откако ЕК објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со ...

Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до ...

Одлуката за генерален штрајк веќе е донесена, порачуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според нив, останува само да се активира доколку Владата и Собранието не одговорат на барањата за зголемување на платите. По масовниот протест во Скопје, синдикатите поставија јасни рокови. До петок пратениците да добијат предложени измени на Законот за плати а до крајот на идната недела да се изгласа зголемување на минималната плата. Во ...

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, потврди дека рускиот претседател Владимир Путин одговорил на нејзиното приватно писмо, во кое таа побарала ангажман за повторно обединување на украинските и руските деца со нивните семејства. Во ексклузивно интервју за „Фокс њуз“, Трамп откри дека дипломатскиот канал за ова хуманитарно прашање е активен и дека се прават напори за конкретни резултати. „Да, тој одговори. Добив писмо ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста да ја обезбеди безбедноста на Киев и другите украински градови за време на екстремниот зимски период. „Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери да ни помогнат да ги заштитиме животите. Ви благодарам, претседателе Трамп. Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите ...

Во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации вечерва во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“. Добитниците на наградите по категории се: Ален Рустемовски (бокс) – Спортист на годината. Тој освои 2 место, сребрен медал Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија Катерина Попева (боди билдинг и фитнес) е Спортистка на 2025 година – Светски шампион 1 ...

Генералштабот на иранските вооружени сили денеска предупреди дека одлуката на Европската Унија (ЕУ) да го прогласи Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација директно ќе влијае врз европските носители на одлуки. Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена под притисок од САД и Израел. „Ирационалната, неодговорна и злонамерна одлука на ЕУ несомнено е донесена во слепа послушност кон хегемонските и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска сугерираше дека Хамас ќе се разоружа. Зборувајќи на состанокот на кабинетот во Белата куќа, Трамп рече дека палестинското исламистичко движење се чини дека се разоружува, што е клучна точка во неговиот мировен план за ставање крај на двегодишната војна во Појасот Газа. „Многу луѓе велат дека никогаш нема да се разоружаат. Изгледа дека ќе се разоружаат“, рече тој за Хамас. Порано истиот ден, ...

Иран мора да биде подготвен за војна, изјави потпретседателот на земјата, Мохамед Реза Ареф, како одговор на заканите за американска воена интервенција. „Денес мора да бидеме подготвени за војна. Исламската Република Иран никогаш не започнала војна, но ако ѝ се наметне, ќе се брани со сила“, изјави потпретседателот. Во меѓувреме, поранешниот ирански премиер Мир Хосеин Мусави, централна фигура во протестното движење од 2009 година, денеска ги ...

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што истакна Муцунски, одлуката претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда ...

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека во денешната операција на Управата за криминалистичка полиција во околината на Крушевац се запленети околу пет тони марихуана. Тој нагласи дека станува збор за рекордна заплена на наркотици, чија вредност на нелегалниот пазар се проценува од седум до 10 милиони евра. Дачиќ изјави дека се запленети и четири автоматски пушки и еден рачен фрлач – зоља, соопшти Министерството за ...

Шефот на американските федерални гранични сили, Том Хоман, познат како „Граничен цар“, денеска им изјави на новинарите во Минеаполис, Минесота, дека ќе остане во градот „сè додека има проблеми“, но исто така дека им наредил на службениците за имиграција да развијат „план за повлекување“ на федералните агенти откако убија двајца американски државјани во Минеаполис, објавува Си-Ен-Ен. Хоман рече дека дошол во Минесота на барање на американскиот ...

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците. Проблемот може да се реши со оптимизација на училишната мрежа, воведување едносменска настава и продолжен престој во училиштата. Тоа ќе донесе и подобри резултати на нашите ученици на ...

Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, на седницата за пратенички прашања се обрати до министерот за култура Зоран Љутков, оценувајќи дека предупредувањата упатени уште во првите сто дена од неговиот мандат, дека ќе стане најлошиот министер за култура во историјата на државата, денес, на половина од мандатот целосно се оствариле. Според Исмаил ваквата оценка не е политичка квалификација, туку емпириски факт, поткрепен со состојбата во културата, ...

Германскиот прволигаш Хамбургер го суспендираше денеска својот фудбалер Жан-Лук Домп, поради возење под дејство на алкохол. Изречената казна значи дека Домп ќе го пропушти натпреварот против лидерот во Бундеслигата Баерн Минхен, в сабота. Домп бил запрен од полицијата во неделата и по извршениот алкотест било констататирано присуство на алкохол во организмот, а дополнително наодот од крвната слика го потврдил резултатот. Хамбургер сè уште не ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
57%
1029
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
8.23
55%
1027
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
57%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
6.17
53%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.65
73%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
64%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
76%
1033
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
59%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
74%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Бакар

11.57

Иридиум

231355.22

Злато

164352.04

Родиум

374556.20

Алуминиум

3.42

Кобалт

66.14

Сребро

2696.16

Калај

50.61

Платина

68931.20

Паладиум

52052.06

Цинк

3.24