Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија во вечерашната Топ Тема зборуваше за притисоците кои вработените ги добивале се со цел да не излезат на протестот за повисоки плати. „Во текот на вчерашниот ден до нас доаѓаа огромен број на информации за притисоци за вработени кои сакаа да дојдат на протестот. Можеби ќе беше двојно. Имавме штрајк брејкери помеѓу родовите на синдикатите. Прво тие се највиновни и најмногу ги разочаруваат ...
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека веќе соработува со американската компанија „Спејс Икс“ за решавање на прашањето за користењето на сателитскиот систем „Старлинк“ од страна на Русија при напади со дронови. Според изјавата на украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров, неколку часа по појавата на руски дронови поврзани со „Старлинк“ над неколку украински градови, тим на Министерството стапил во контакт со „Спејс Икс“ и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин се согласил со неговото барање Русија да не го напаѓа главниот град Киев и другите градови во Украина. Зборувајќи на состанокот на неговиот кабинет, Трамп објасни дека го замолил Путин да го стори тоа поради рекордно студеното време. Температурата во Киев е под нулата, а следната недела се очекува студен бран, како резултат на што термометрите во ...
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија донесоа одлука да го прогласат иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, информира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по завршувањето на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ). – Ова ја става Гардата на исто рамниште со Исламската држава, Хамас, Хезболах и Ал Каеда. Оние кои ...
На денешното судење за случајот ,,Талир 1″ односно за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, обвинителката Ленче Ристоска истакна дека самата се обратила до републичкото обвинителство за завземање на правен став дали е потребно обвинител да се изземе во ситуација како нејзината, односно е цел на напад од обвинетото правно лице, во случајот ВМРО-ДПМНЕ, а таа превзема мерки за заштита. Претходно нејзино изземање побараа и обвинетите. -Не ме ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе се направат напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно Законот за јазици, за да не може да се користи проектот за собирање политички поени со националистички призвук. -За да не го злоупотребувате ова во националистики призвук, веднаш ви кажувам ќе сторам се со МВР казните, опомените или информациите да бидат согласно Законот за јазици со МВР, за да немате таков аргумент, за ...
Советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, која е член на Мандатната комисија, посочи дека е точно дека биографиите на новите 117 членови на управните и надзорнитр членови им биле поделени на членовите на Комисијата, но требало да ги добијат сите советници за да видат дека се работи за партиски кадри и дека местата се пополнуваат со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и од другите коалициски партнери. „Кандидати за советници на ...
На денешната седница, градските советници дискутираа, а потоа и разрешија и именуваа в.д. членови на надзорни и управни одбори на јавни претпријатија и установи, и тоа без да располагаат со какви било информации за нив. Станува збор за 117 лица, од кои околу дваесетина веќе биле дел од одборите во претходниот мандат. Советниците требаше да гласаат единствено за имињата, бидејќи не им беа доставени биографии со кои би можеле да ја проценат ...
Професорката Тања Каракамишева е нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото. Веста за својот нов професионален ангажман ја сподели самата Каракамишева, истакнувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот и претставува голема чест, но и одговорност. Во својата објава, Каракамишева посочува дека човековите права и владеењето на ...
Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, на денешната прес конференција изјави дека ги потпишала измените на Кривичниот законик и објасни зошто сметала дека истиот треба да се потпише. Прво, она што ни е важно во моментот, а тоа е безбеден град, нема да може да функционира ако не е пропратено и со решенија, што значат санкционирање на сите повреди на она што во Законот за прекршоци беше воведено. Значи, овде гледаме дека има ...
Русија нема информации за тоа какви безбедносни гаранции договориле САД и Украина, изјави за новинарите рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС. – Не знаеме за какви гаранции се договориле, но, судејќи по сè, станува збор за гаранции за истиот украински режим кој води русофобна, неонацистичка политика, истакна министерот. Лавров додаде дека Москва ќе ги разгледува „реалните предлози за Украина и нема да се ...
Претседателот на иранскиот Парламент Мохамад Багер Галибаф го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп на последиците за американските војници во регионот доколку Вашингтон одлучи да го нападне Иран. – Можеби господинот Трамп може да започне војна, но нема контрола врз тоа како ќе заврши, изјави Галибаф за американската телевизија Си-Ен-Ен. Тој додаде дека илјадници американски војници, стационирани илјадници километри од својата ...
Македонските превозници вечер во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Aсоцијацијата Макам-транс“, откако Европската комисија донесе одлука за носење нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена во шенген-зоната. Со тоа, по речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на ...
Постапките за одземање на лиценца за било која дејност и за било кој сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање. На истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании, не само во делот на секторот за нафтени деривати, туку истото го правиме и во секторот за електрична ...
Лидерот на опозициската Алијанса на Албанците Арбен Тараваи реагираше на фејсбук по денешната изјава на премиерот Христијан Мицковски дека нема уставни промени за старт на преговорите со еу сè додека не бидат, како што рече, исполнети најмалку два услова – загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека тоа ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови ...
Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари. „Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар”, рече Герасимовски. Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката ...
Новинарот Драган Павловиќ-Латас денеска преку јавна реакција соопшти дека ќе поднесе тужба за клевета против јавната обвинителка Ленче Ристоска, поради, како што тврди, неточни наводи изнесени на судското рочиште по нејзината тужба за клевета против него. Според Латас, Ристоска во судница спомнала членови на неговото семејство, при што тој тврди дека изнесеното не било точно и дека тоа лесно може да се докаже. Поради тоа, најави дека ќе ...
Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево на состанок ќе одлучува за следните чекори на транспортните превозници во земјава кои заедно со колегите од Западен Балкан четврти ден по ред го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини кон Шенген-зоната. Најавениот состанок следува откако министерот за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе Стратегија за визи со која ќе се реши проблемот со кој се соочија професионалните ...
Загриженоста што ја иницираа транспортните оператори од Западен Балкан е значајна и свесни сме за тешкотиите со кои се соочуваат превозниците, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, при презентацијата на стратегијата за визи на ЕУ и на европската стратегија за управување со азил и миграција, усвоени на денешната седница на Колеџот на комесарите. – Со оваа ...
Од утре се очекува да се нормализира процесот на регистрација на моторните возила во државава. Откако во текот на речиси цел јануари процесот беше практично „закочен“, поради тоа што станиците за технички преглед има недостаток на нови регистерски таблички. Па, ниту едно моторно возило, купено како ново или половно во некој од салоните на овластените импортери или увезено од странство, без оглед на поминатите критериуми за регистрирање, ...
Речиси воопшто нема реакции од судството и од Обвинителството во однос на дивоградбите. Јас до денес не сум слушнал дека некое лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градање, а знам многу добро дека МВР ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават ваков случај, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Николоски рече дека МВР излегува на терен, ...
Русија и предаде на Украина повеќе од илјада тела на загинати украински војници во замена за 38 тела на загинати руски војници, јавија руски медиуми. Украина денеска потврди дека од Русија ги примила посмртните останки на уште илјада лица, пријавени како тела на загинати украински војници во борба- На Украина и беа вратени илјада тела кои според руската страна се на украински војници, соопшти на „Телеграм“ украинскиот центар одговорен за ...
Проекција на грчкиот филм „Што ако“ (What If), во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе се одржи в сабота во 20:00 часот, во Кинотека. Настанот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има за цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија. Филмот What If, е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата Netflix серија ...
Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и си го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник што сака повисока плата треба да се поддржи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, нагласи дека Владата е таа што посредува во оној бипартитен ...
Егзодус на германските компании: BMW, Henkel и ZF се селат во Унгарија и Србија е насловот на Берлинер Цајтунг во кој медиумот објаснува дека голем број на германски компании ќе отворат производствени погони во Србија и во Унгарија. Германските компании се селат таму каде што политиката ги слуша, се наведува во текстот. Германски концерни и светски брендови масовно го префрлаат своето производство во Унгарија и Србија – од автоделови до ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот. „Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат ...
Поддржуваме одржлива, разумна и долгорочна иницијатива за заштита на здравјето на граѓаните од штетните последици од пушењето , особено кога станува збор за заштита на младите и превентивна борба против зголемениот број на малолетни уживатели на електронски и обични цигари. Но, подеднакво важен е начинот на кој се носат и се спроведуваат законите, пишува во својата последна колумна, Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи ...
Таа посочи дека во текот на четвртата недела од оваа сезона продолжува трендот на намалување на бројот на заболени и инциденцата на заболувања слични на грип. Според податоците, во моментот во Македонија има среден интензитет на активност на вирусот. – Во текот на четвртата недела од годината во период од 19 јануари до 25 јануари во Македонија се пријавени 1.708, случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е ...
Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, информира предмалку на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. „Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната ...
Сообраќајниот хаос во Клинички центар „Мајка Тереза“ годинава ќе биде решен не со две монтажни катни гаражи како што првично беше најавено, туку ќе бидат изградени три, дознава „Слободен печат“ од високопозиционирани извори во Министерството за здравство. Според нив, капацитетот на обезбедени паркинг-места на ваков начин ќе биде до 1.000 возила наместо досега најавените 500. … Повеќе Сообраќајниот хаос во Клинички центар „Мајка Тереза“ ...