Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Пратеникот Петар Ристески тврди дека функционерите од неговата партија не дошле на власт поради ветувањето за укинување на Преспанскиот договор. Тој тврди дека никој во ВМРО-ДПМНЕ не ветил дека ќе го поништи Договорот со Грција и дека ќе го врати старото уставно име. -Никој никогаш пред граѓаните не го кажал тоа…Една изјава најдете од било кој функционер на ВМРО-ДПМНЕ каде што ова ќе го потврди. Една изјава најдете и јас ќе ви се извинам, ...
ДУИ преку соопштение реагира дека нов случај во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за можни неправилности при доделување јавни набавки и за, како што наведуваат, партиско влијание и фаворизирање во корист на блиски структури. Според партијата, компанија формирана непосредно пред распишување на тендер добила договор за услуги поврзани со одржување на коридори под далноводи, иако, како што се наведува, нема претходно искуство ниту докажан капацитет ...
Аргентинското Министерство за здравство соопшти дека во Ушуаја ќе бидат испратени стручни тимови за спроведување истрага и анализа на глодари поради можно присуство на хантавирус, откако беа регистрирани случаи поврзани со крузерот „МВ Хондиус“. Тимовите ќе вршат фаќање и испитување глодари во подрачјата низ кои се движеле патниците, со цел да се утврди дали хантавирусот е присутен во природните резервоари, соопшти ресорното министерство, ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претстави план во пет точки за идниот развој на државата, најавувајќи реформи во економијата, образованието, енергетиката и јавната администрација, како и борба против ароганцијата и злоупотребата на моќта. Вучиќ оцени дека светот се менува побрзо од кога било и дека Србија мора да се приспособи на новите глобални околности, особено во услови на силна конкуренција меѓу САД и Кина и променетата ...
Поранешниот командант на Корпусот на чување на исламската револуција, Мохсен Резаи, денес член на иранскиот Совет за целисходност, изјави дека Иран нема да преговара со никого за нуклеарното прашање и дека контролата врз Ормускиот теснец мора да остане во ирански раце. Во изјава пренесена од иранската агенција ISNA, тој предупреди дека губењето на контролата врз Ормускиот теснец би значело негово користење како „оружје против Иран“, ...
Контролори на ЈСП казнуваат граѓани поради доцнење на СМС-пораките за платен билет, обвини денеска политичката партија Левица преку соопштение, тврдејќи дека патниците уредно плаќале превоз преку телефон, но потврдата за успешно плаќање пристигнувала дури по 20 до 30 минути. Од партијата велат дека во меѓувреме контролорите им изрекувале казни на патниците, иако, според нив, станува збор за очигледен технички проблем во системот на ЈСП. „Во ...
Федерален судија од Њујорк објави документ опишан како проштална белешка, за која се тврди дека ја напишал Џефри Епштајн и во која се наведува: „Убаво е да можеш сам да го избереш моментот кога ќе кажеш збогум“. Епштајн, дискредитираниот финансиски инвеститор обвинет за сексуална трговија со малолетнички, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Менхетен во август 2019 година, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство. Рачно ...
Земјите-членки на ЕУ и преговарачите на Европскиот парламент постигнаа договор во четврток за забрана на апликациите за вештачка интелигенција што се користат за креирање сексуализирани „длабоки фејкови“ без согласност на вклучените лица. Договорот е дел од поширок законски пакет насочен кон поедноставување на дигиталната законска рамка на ЕУ и воведување хармонизирани правила за вештачка интелигенција, објавува Анадолу. Марилена Рауна, ...
Државното обвинителство прими околу 1.500 пријави за можни кривични дела поврзани со неуспешната полска берза за криптовалути Zondacrypto, потврдија официјални лица во текот на истрагата за сомнителна измама на некогаш популарната платформа. Се истражуваат сомневања за измама и перење пари, а проценетите штети достигнуваат најмалку 350 милиони злоти, или 82 милиони евра, објавува TWP World. Во меѓувреме, директорот на компанијата, Пжемислав ...
Лабуристичката партија на британскиot премиер Кир Стармер денеска би можела да биде казнета од гласачите на локалните избори, на кои милиони граѓани се очекува да се насочат кон крајнодесничарската партија „Реформирај го Обединетото Кралство“ или кон радикално левата Зелена партија, оценуваат локални медиуми. Откако се врати на власт во јули 2024 година по 14 години во опозиција, Лабуристичката партија се соочува со тешкотии во исполнувањето ...
Националниот хрватски авиопревозник „Кроација ерлајнс“ откажува околу 900 летови во следниот квартал, односно пет проценти од вкупно планираните 27.000 операции, поради драстичното зголемување на цените на млазното гориво што предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај, пренесе регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Поради кризата предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот откажаа 13 илјади летови само во мај, ...
Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки. На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на ...
Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која почина од зараза со хантавирус на бродот, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. ...
Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот. Обвинителството, во завршен збор, ...
Поради изведување технички зафати утре од 05:00 часот, па до нивното завршување, без водоснабдување или со намален притисок на вода можено е да останат делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара, во Општина Бутел. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради изведување на технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН. Поради изведување технички зафати утре од 05:00 ...
Поради дефект во шахта и монтажа на водомер за паркови без водоснабдување денеска од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во Општина Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради поради дефект во шахта Ф 6/4“ и монтажа на водомер за паркови ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан Мијалковиќ“ и дел од улица „Кавалска“, во Општина Кисела Вода. Во Општина Студеничани, ...
УНИБанка со нова понуда за штедење во евра. Изберете рочност која ви одговара и започнете да заработувате од вашите слободни средства. Депозит Фикс во евра со кратки рочности од 3, 6 или 12 месеци и атрактивна каматна стапка до 2,10%. На овој начин добивате поголема слобода во располагањето со сопствените средства, но и поголема добивка. Оваа можност е поволна за сите оние физички лица кои имаат пасивни средства на своите платежни сметки, а ...
Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување. ПСЖ поведе со голот на Усама Дембеле во 3.минута и потоа со одлична дефанзивна игра не му ...
Eкс министерот за финансии, Кирил Миноски на социјалните мрежи сподели анализа за суштината на политиката, нејзината историска улога и начинот на кој денес се перципира во општеството. Миноски смета дека политиката во современи услови најчесто се поврзува со лични, фамилијарни и клановски интереси, наместо со визија за државата и општото добро. „Политиката денес најчесто ја спомнуваме во негативен контекст како синоним за остварување на ...
Во следниот квартал, Кроација ерлајнс откажува околу 900 летови, односно пет проценти од вкупно планираните 27.000 операции, поради драстичното зголемување на цените на горивото што предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај. Поради кризата предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот откажаа 13 илјади летови само во мај, што значи дека два милиони седишта беа избришани од распоредот. Цените на горивата се ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Унгарија ги врати парите и златото на украинската „Ошадбанка“, што унгарските тајни служби ги запленија во март. Во операцијата беа запленети околу 82 милиони долари и злато под сомнение за перење пари, а беа приведени и седум Украинци. Киев тоа го оцени како рекетирање. Сите средства и злато се целосно вратени во Украина, наведе Зеленски, истакнувајќи дека тоа е „конструктивен ...
Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот на Левица за целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, лица ангажирани со договор на дело, како и за невработени граѓани и нивните семејства. Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, преку објава на социјалните мрежи, повика на широка поддршка од сите парламентарни партии, нагласувајќи дека уставната определба на Македонија како социјална држава подразбира еднаква ...
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) објави дека американските сили отвориле оган врз танкер во Омански Залив и го онеспособиле. Танкерот M/T Хасна, што пловел под иранско знаме се обидел да вплови во иранско пристаниште, со што ја прекршил блокадата на САД. ЦЕНТКОМ наведе дека американските сили пред да отворат оган повеќепати го предупредиле танкерот. – Хасна повеќе не плови кон Иран. Блокадата на САД врз бродовите што се обидуваат да ...
Унгарската полиција отвори истрага за злоупотреба на средства и перење пари поврзана со компании на еден од највлијателните медиумски бизнисмени во земјата, кој со години добивал профитабилни договори од владата на Виктор Орбан. Истрагата е покрената врз основа на информации од даночната служба, а засега се води против непознат сторител. Полицијата соопшти дека се проверуваат финансиски трансакции, како и договори за кои постои сомнеж дека ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху разговара со претставници на американската администрација за да има подобар увид во најновите случувања во преговорите помеѓу САД и Иран, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори. Наводно Нетанјаху се обидува да дојде до најновите информации за текот на преговорите и кои опции се на маса. Израел изразува загриженост поради евентуалните американски отстапки за постигнување на договор за ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица и тоа за две лица за кривични дела „криумчарење“ и „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, како и за една осомничена за кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“. Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека тројца патници со сомнителна инфекција со хантавирус се евакуирани од крузерот „MV Hondius“ и префрлени во Холандија, и дека во оваа фаза вкупниот ризик за јавното здравје останува низок. „Три патници со сомнителна инфекција со хантавирус се евакуирани од крузерот и префрлени во Холандија за медицинска нега, во координација со ...