Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
САД и сојузничките држави од Заливот подготвија нацрт-резолуција на Обединетите нации насочена кон заштита на пловидбата во Ормуската Теснина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Нацртот го повикува Техеран да престане со нападите врз пловилата, поставувањето морски мини и наплатата на такси за транзит низ тесниот воден пат, според Рубио. Во подготовката на предлогот учествуваа Бахреин, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Проектот Слобода“ (Project Freedom), иницијативата за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина, ќе биде паузирана „на краток временски период“ за да се види дали може да се финализира и потпише договор со Иран. Од почетокот на судирите меѓу САД, Израел и Иран на крајот на февруари, Техеран практично ја запре пловидбата низ Ормуската Теснина преку закани и напади, додека Вашингтон ...
Денеска се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци. Бројни делегации денеска ќе му оддадат почит со положување на цвеќе. – Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. ...
Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“. Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени. Од ...
ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ ја боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, се вели во соопштението на „Вреди“ Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава ...
Изет Меџити, промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Албанците. Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината: неговата политичка структура функционира по истата логика како мафијашките кланови семејна лојалност, крвна поврзаност, лични интереси и контрола преку неговите најблиски луѓе, се вели во реакцијата на ДУИ на денешното соопштение на ...
Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на вешто лице, којшто посочи дека главна причина за смртта кај починатите лица, ...
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во гостување на 4ТВ порача дека неговиот политички пат останува цврсто врзан за СДСМ, потсетувајќи на тешките периоди низ кои поминало членството за да се донесат промени во државата. Иако признава дека разочарувањето кај граѓаните е големо, тој смета дека решението не е во напуштање на партијата, туку во нејзино суштинско зајакнување и реформирање. Одговарајќи на прашањата за својата ...
Во врска со најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека набрзо ќе има избори, лидерот на ЗНАМ вели дека за ова прашање не е разговарано внатре во коалицијата и дека лично не очекува дека ќе има избори годинава Тој ја донесе оваа одлука и слободен му е патот. Во политиката е секој со свој крст, но ако имате минимум политичка и морална одговорност, сепак треба да го вратите мандатот на тие што ви го дале, а тоа се граѓаните. Ова во интервју ...
Ракометарите на ГРК Охрид триумфираа вечерва на гостински терен над Алкалоид со 27-26 во рамки на 29. коло и се искачија на второто место на табелата македонската Супер лига. Гостите од Охрид од самиот почеток беше во водство кое на полувреме изнесуваше 17-12, но ракометарите на Алкалоид успеаја да дојдат до гол негатива во самиот финиш, но немаа сили да го избегнат седмиот пораз оваа сезона по кој останаа на четвртото место на табелата. ...
Британскиот бенд „Ролинг стоунс“ објавија нова песна, уште еднаш најавувајќи го својот нов албум. Песната е наречена „Во ѕвездите (In the Stars)“. А пак, aлбумот, насловен „Странски јазици (Foreign Tongues)“ излегува на 10 јули. – Обожавам кога ги правам овие снимања во Лондон, во Метрополис. Тоа беа многу интензивни неколку недели снимање на албумот. Имавме 14 одлични песни и работевме најбрзо што можеме, рече фронтменот на рок-составот, ...
Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормуска Теснина, јавија иранските медиуми. За новиот механизам формирано е ново тело наречено Управа на Персиски Залив (Persian Gulf Strait Authority). Сите пловни објекти кои планираат да поминат низ Ормуска Теснина ќе добијат електронска порака од Управата на Персиски Залив, во која ќе бидат наведени новите правила и прописи. Предвидено е бродовите пред влегување во ...
Студентите во блокада во Србија најавија нов студентски митинг на 23 мај на плоштадот Славија во Белград. „Ова е град каде што нема причина да бидете сами во него на 23 мај“, е пораката на видеото во кое граѓаните се повикани на митингот. Тоа е само првиот од серијата што го промовираат како дел од кампањата „Студентите победуваат“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека одлука за избори ќе биде донесена за 10-на ...
Пратеникот Миле Цеков во емисијата Ноќно студио на 4ТВ изнесе обвинувања дека лице поврзано со ЗНАМ добило вреден тендер во државна институција, објави 4news.mk Според Цеков, станува збор за тендер во вредност од околу 1,2 милиони евра за одржување во Македонски пошти. „Што знае за реалниот сектор советник од ЗНАМ кој доби тендер од 1,2 милиони евра? Дали тоа беа идеалите и принципите за кои се боревме?“, изјави Цеков, доведувајќи ја во ...
Воената команда на Иран „Хатам ал Анбија“ соопшти дека изминатите денови не извршила напади врз Обединетите Арапски Емирати, но предупреди на „жесток одговор“ доколку ОАЕ преземе какви било мерки против Иран. ОАЕ претходно соопштија дека втор ден се цел на напади од Иран, по четиринеделното релативно примирје помеѓу САД и Иран. ОАЕ тврди дека вчера пресретнала 12 балистички ракети, три крстосувачки ракети и четири дронови лансирани од Иран. ...
Фб објава на Левица ⚡️На денешната собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за членови на Антикорупциската комисија, откако #Левица разобличи низа скандали кои резултираа со оставка на “славната антикорупционерка” – Цвета Ристовска. ❗️Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, истакна сомнежи за работата на еден од пријавените кандидати за нов член на ДКСК. Имено, кандидатката КАТЕРИНА ЗАЈКОВСКА работи токму во Антикорупциска ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова соопшти дека ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата „Прогресивна Бугарија“ на поранешниот претседател Румен Радев, која оствари убедлива победа на парламентарните избори во април. Прогресивна Бугарија освои 44,7 проценти од гласовите и може да владее сама, иако не исклучи коалиција со проевропски блок и помала партија. Проевропската коалиција „Продолжување на промените – ...
Пратеникот Миле Цеков во емисијата Ноќно студио на 4ТВ изјави дека одлуката да се повлече од партијата ЗНАМ и да дејствува како независен пратеник е резултат на подолг процес и несогласувања околу клучни политики. „Одлуката не беше донесена врз основа на еден настан, туку е производ на повеќе состојби кои покажаа дека партијата суштински се разликува од она што го ветувавме пред изборите и она што се случува по две години власт“, рече Цеков. ...
Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа Фондот за здравствено осигурување да разгледа измени во правилникот. Директорот на Фондот, Сашо Клековски, вели дека контролите во институциите се значително засилени и двојно зголемени во споредба со минатата година, при што најголем број барања за контрола пристигнале од Министерството за одбрана. „Контролите за нас се и поука каде постојат слабости во системот. Продолжуваме и оваа година, ...
И покрај најавите за привремено или за трајно примирје продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Русија и Украина. Во денешните руски напади врз Украина вкупно загинаа 22 луѓе, што е еден од најсмртоносните денови оваа година. Додека во украинските напади врз Русија загинаа две лица. Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера еднострано прогласи дводневно примирје на 8 и 9 мај, на деновите кога се одбележува победата на Советскиот сојуз над ...
По најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека набрзо ќе има избори, стигнаа првите реакции. Една од нив е на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој преку социјалните мрежи сподели објава од профилот „Захир Пајазити“ на која има фотографија од премиерот Христијан Мицкоски, со наслов „Наскоро ќе има парламентарни избори“. Под фотографијата пишува: „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека Иран нема и никогаш немал никакви шанси. – Тие го знаат тоа. Ми го кажуваат тоа кога разговарам со нив, а потоа излегуваат на телевизија и тврдат колку одлично им оди, наведе Трамп. Тој повтори дека САД ги уништиле иранските воени капацитети, морнарицата, авијацијата и раководството. – Не можеме да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје … Тоа се болни луѓе и нема да дозволиме лудаци ...
Црногорски државјанин се наоѓал меѓу патниците на крузерот „Хондиус“, на кој е регистрирана појава на инфекција со хантавирус, при што има и смртни случаи. Светската здравствена организација (СЗО) ја следи ситуацијата и спроведува истрага за начинот на ширење на вирусот, додека бродот останува под здравствен надзор крај брегот на Африка. Според досегашните информации, на крузерот имало околу 150 патници и членови на екипажот од повеќе земји, ...
Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, ојваи на Фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. – Она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми, конечно добива решение. Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане ...
Рекордни 1,33 милиони луѓе се пријавиле за учество на Лондонскиот маратон во 2027 година, кој ќе се одржи на 25 април, со што е соборен претходниот рекорд поставен на овогодишното издание. Како што соопштија денеска организаторите, аплицирале вкупно 1.338.544 луѓе од целиот свет, во споредба со 1.133.813 минатата година, што е зголемување од 18%. „Овој неверојатен број на кандидати цврсто го утврдува Лондон како најбаран маратон во светот“, ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска го критикуваше продолжувањето на кривичната постапка против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека тоа го попречува донесувањето одлуки во областа на националната безбедност. Кац на Икс напиша дека за време на актуелната и чувствителна безбедносна ситуација, Нетанјаху морал да ги прекинува судските рочишта за да прима итни повици од него преку безбедна линија, што го опиша ...
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одобри извештајот за Албанија за 2025 година, подготвен од известувачот за Албанија во ЕП, Андреас Шидер. Извештајот, кој ќе биде доставен на пленарна седница за одобрување, доби 58 гласови, седум биле против и исто толку воздржани. Во истиот се нагласува дека сега од суштинско значење е спроведувањето на усвоените реформите. – Накратко, прво би сакал да им се заблагодарам на сите ...
Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани пет пријави за семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, информираат од МВР. Како што соопштија од Министерството, вчера во 15:30 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (31) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил ...
Обединети Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана „во моментот одговара на ракетна закана“ што доаѓа од Иран. Министерството за внатрешни работи на ОАЕ ги повика граѓаните да останат на сигурно место и да ги следат упатствата на надлежните служби. Сè уште не е познат обемот на нападот, што се случува еден ден откако Иран ги нападна ОАЕ со ракети и дронови. Тоа беше прв ирански напад од примирјето, постигнато на крајот на ...