Војната меѓу САД и Израел со Иран може да биде еден од мотивите што го натерале човекот обвинет за обид за атентат врз Доналд Трамп и високи функционери од неговата администрација да го изврши нападот, според разузнавачкиот извештај од Министерството за внатрешна безбедност (DHS). Нападот бил обиден минатиот месец на гала вечерата на дописниците од Белата куќа, а извештај бил испратен до државните и локалните полициски агенции и други ...

Обвинителката Енѓелуше Кадриу е назначена да го застапува предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денешното рочиште, кое е прво откако обвинителката Ленче Ристоска во март беше повлечена од случајот, се одложи поради отсуство на еден од адвокатите. Петар Димовски, кој е бранител на партијата, го известил Кривичниот суд дека не може да присуствува. Освен партијата, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, ...

Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека семејното насилство, поради кое негов телохранител е во 8-дневен притвор, претставува „мал престап“. Тие го потсетуваат премиерот, дека повеќе од 20 години, актите на семејно насилство се третираат како кривични дела. Само од јануари годинава, како последица на овој „мал престап“, животот го загубија четири ...

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир денеска изјави дека доколку е потребно војската е подготвена да почне нова офанзива против Иран. Тој во денешното обраќање пред војниците во градот Хиам, јужен Либан, каде што израелските напади продолжуваат и покрај прекинот на огнот, истакна дека израелската армија „нема ограничувања за употреба на сила“ и потврди дека од почетокот на војната со Иран, повеќе од 2.000 ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека доколку Иран се согласи да ги исполни договорените услови, конфликтот ќе заврши, а Ормуската Теснинац би била отворена за сите, додека во спротивно ќе следи поинтензивно бомбардирање од претходно. „Под претпоставка дека Иран ќе се согласи да го исполни договореното, што е можеби голема претпоставка, веќе легендарниот „Епски бес“ би завршил, а многу ефикасната блокада би овозможила ...

Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од владата на Мицкоски: Дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Поминат е цел еден месец откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и посебно го спомена Груевски. Од тогаш – тишина. Министерството за правда вели ...

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ се упати кон Црвено Море и Аденски Залив, како дел од подготовките на Франција и Велика Британија за идната мисија за обезбедување слободна пловидба низ Ормуска Теснина, соопшти денеска француската армија. Француското Министерство за одбрана наведе дека „Шарл де Гол“ денеска помина низ Суецки Канал и плови кон јужниот дел на Црвено Море. Носачот на авиони беше распореден во источниот дел на Средоземно Море ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес за ISNA изјави дека Иран го разгледува предлогот на САД за прекин на војната што трае повеќе од два месеци и дека ќе ги пренесе своите ставови на медијаторот, Пакистан. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска изјави дека Вашингтон ќе започне со бомбардирање на Иран на значително повисоко ниво и интензитет отколку пред прекинот на огнот доколку ...

Тед Тарнер, медиумскиот визионер и филантроп кој ја основа CNN, првата 24-часовна новинска мрежа која фундаментално ги промени телевизиските вести, почина денеска на 87-годишна возраст, соопшти Turner Enterprises. Тој изгради медиумска империја која вклучуваше првата кабелска суперстаница, популарни филмски и цртани канали и професионални спортски клубови како Atlanta Braves, пишува CNN. Тарнер беше и филантроп, активист кој се залагаше за ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната средба со директорите на сите осум центарски основни училишта ги прецизираа клучните политики од областа на образованието што ќе се реализираат во наредната учебна година. На средбата беше договорен сеопфатен план, со конкретни мерки насочени кон подобрување на условите за учениците. Една од најзначајните новини е воведувањето бесплатна храна за сите ученици во целодневната ...

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата. За Судот во оваа фаза од постапката, како што информираат од Уставен, клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот – дете чии родители се државјани на Република Северна Македонија стекнува државјанство по потекло и по таа основа мора да ги ужива истите ...

С. Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Сметам дека е потребно малку прагматизам и политичко обединување – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на конференцијата „30 години на европскиот пат: односите С. Македонија – ЕУ и патот напред“, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. – Во изминатите ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска откри сериозни нерегуларности во работата на Славјанскиот универзитет, кои резултирале со поништување на две дипломи. Според неа, утврдени се случаи каде биле полагани по 14 или 17 испити во само една сесија, како и правење на несоодветни еквиваленции на кредитите. Еден од највпечатливите пропусти е пронајдена диплома од 2016 година, која содржи печат со новото уставно име на ...

СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во с.Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му упатувал ѝ закани со автоматска пушка. Извор: press24.mk СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од ...

Обвинителството денеска во судницата изнесе серија материјални докази од увидот по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со фокус на пиротехниката како причина за пожарот и улогата на запаливите материјали во објектот, меѓу кои и полиуретанскиот сунѓер. На рочиштето беа презентирани пронајдени предмети од лице место – изгорен ресивер за активирање пиротехника, ранец со дополнителни ресивери, батерија од девет волти и ...

СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во с.Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му упатувал ѝ закани со автоматска пушка. Извор:fokus.mk СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остро предупредување кон Иран преку својата мрежа Truth Social, наведувајќи дека иднината на конфликтот зависи од тоа дали Техеран ќе ги прифати договорените услови. Тој порача дека, доколку Иран се согласи со барањата, ќе заврши операцијата „Епски гнев“, а ограничувањата за пловидба низ Ормутскиот теснец ќе бидат укинати, со што би се овозможил слободен премин и за ирански бродови. Трамп ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја пушти во употреба новата шалтер сала во Одделението за управни работи – Скопје, сместено во зградата на МТВ, со што, како што рече, се овозможуваат побрзи и поефикасни услуги за граѓаните. Со завршувањето на втората фаза од реконструкцијата, целосно е ставен во функција модерно уреден простор со над 10 шалтерски позиции, како и дополнителни канцеларии, санитарни простории, кујна и ...

Од МВР информираат дека жена од Прилеп пријавила во ОВР Прилеп дека била физички нападната во семејниот дом од страна на нејзиниот сопруг. Според МВР, на 5 мај во 14:00 часот, таа пријавила дека сопругот С.К. употребил тврд предмет при нападот и ѝ нанел повреди. По пријавата се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот. Извор: skopje1.mk Од МВР информираат дека жена од ...

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти. Криминалната шема ...

Синоќа во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кејот на реката Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. Во полицискиот билтен се наведува дека за настанот биле известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

Министерот за труд и социјална политика Фатмир Лимани денеска призна дека веќе извесно време не е министер на ВЛЕН, објави 4news.mk “Веќе некое време завршивме јас и ВЛЕН“, рече Лимани. Односите на Фатмир Лиман со ВЛЕН ескалираа во последните месеци, додека се забележува зближување со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Фатмир Лимани учествуваше во Тирана заедно со Али Ахмети во два различни прилики во последните месеци. ВЛЕН веќе најави дека ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1. Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и ...

Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува кривична пријава против ДКСК. – Јас си стојам на Зборот. Затоа, денес поднесов кривична пријава за „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ против членовите на Прекршочната комисија при Антикорупциска, за кои надлежен стручен орган утврди дека извршиле директна дискриминација врз мене (со ускратување на уставно загарантираното право на учество во постапката и правото на правен лек), ...

Јавното обвинителство денеска презентираше материјални докази од увидот во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани. Меѓу пронајдените предмети се изгорен ресивер за активирање пиротехника, црн ранец со дополнителна опрема, батерии и неискористени пиротехнички средства. Пред Судот беше прикажан фотоалбум од 92 фотографии кои ја документираат затекнатата состојба, вклучувајќи ја внатрешноста на објектот, поставеноста на бината и решетките на ...

Премиерот Христијан Мицкоски децидно изјави дека во текот на оваа година нема да се одржат избори. Според него, 2026 година е предвидена како период за клучни реформи и внатрешна консолидација на државата, додека редовниот изборен циклус се очекува во пролетта 2028 година. „Мојот став е дека оваа година избори нема, објави 4news.mk Оваа година е реформска и година на консолидација. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат во ...

Градоначалникот на Тајпеј, главниот град на Тајван, Чанг Ван-ан, изјави дека градската управа спроведува сеопфатен проект за уништување на глодарите на ниво на целиот град, при што ќе се реализира чистење во сите 12 окрузи најмалку еднаш, по пријавени два случаи на инфекција со хантавирус. Повикувајќи се на податоците од Министерството за здравство и социјална заштита, Центрите за контрола и превенција на болести и Министерството за животна ...

Четири безживотни тела на мигранти и двајца тешко повредени беа пронајдени во местото Доње Прилишќе, на самата граница меѓу Хрватска и Словенија. Истрагата на хрватската полиција насочува на тоа дека жртвите се задушиле во тесен простор на комбе додека биле транспортирани од шверцери. Според информациите до кои дојде „Јутарњи лист“, во возилото немало 19 лица како што првично се мислело, туку бројката била многу поголема. „Имаше повеќе од ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски инсистира на предвремени избори поради страв од меѓународни истраги. Според него, со политичките промени кај нашиот северен сосед, почнува распадот на регионалната „криминална мрежа“. „Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан, почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот. Во ...

Откако судот изрече условни казни за злоупотреба на службената должност поврзани со трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, реагираа семејствата на жртвите. Александар Наунов од Кочани, преку силно и емотивно обраќање до јавноста и институциите, остро го критикува правосудниот систем, обвинувајќи дека наместо правда, се штитат функционерите. Во реакцијата, Наунов укажува на сериозен јаз меѓу законската рамка и судската ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.7
33%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.78
72%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
44%
1011
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.15
46%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.74
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.92
48%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.08
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
1.58
45%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Бакар

13.10

Калај

53.60

Платина

57324.78

Алуминиум

3.46

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Паладиум

42535.44

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Цинк

0.00