Откако од ВЛЕН одговорија дека обвинувањата за партиско фаворизирање при јавен оглас во државната компанија МЕПСО се нови манипулации на ДУИ, од опозициската партија велат дека владејачката коалиција се обидува да го прикрие овој скандал на актуелниот директор на компанијата Бурим Љатифи. Опозициската ДУИ изминатиот период излезе со серија обвинувања за сомнителни договори во МЕПСО, посочувајќи притоа на генералниот директор на државната ...

Приведени се 18 возачи за безобѕирно возење на територија на цела држава од кои 16 биле без возачка, а двајца со активна забрана. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осум возачи се од Скопје (од кои двајца малолетници), тројца се од Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и 1,46 промили алкохол во ...

Мирисот на тазе ископаната пролетната земја, на тукушто искосената предвелигденска трева во дворовите, на оросените пространи полјани преполни со вртипоп, на цветовите на кајсиите, на мирисот на пасиштата, на боите на македонската пролет, резедо во милион нијанси, на мирисот на воздухот измешани со мирисот на крвавите дамки на полјаната покрај Смилковско, на незасирената крв од младите насилно одземени животи, на мирисот на солзите на ...

Адвокатката Маја Ристова на својот Фејсбук профил објави видео снимка на која се гледа насилство врз дете. Таа посочи дека станува збор за врсничко насилство во Штип, а на снимката е прикажано како девојче е удирано со тупаници и шлаканици по главата и телото, но и клоцано додека лежи на земја. „Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. За кривичното дело ‘Насилство врз дете’ обвинителот предложи воспитна мерка ‘Засилен ...

Животот во Македонија станува сè поскап. Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека трошоците на животот во април годинава пораснале за 5.7 % во однос на истиот месец лани. Најголем удар граѓаните почувствувале во секторот транспорт, каде само за еден месец трошоците рипнале за вртоглави 10.1 %. „Зголемување е забележано и кај храната, пијалаците, облеката и обувките. Речиси и да нема сектор каде не се бележи раст на ...

Српскиот вирусолог Миланко Шеклер изјави дека најголем број инфекции со хантавирус се регистрираат во Југоисточна Азија и оцени дека нема причина за паника и сценарија слични на пандемијата со коронавирусот. Тој посочи дека вирусот првпат бил изолиран за време на Корејската војна и го добил името според корејска река. Според него, најмногу случаи има во Кина, Виетнам, Лаос, Тајланд и Камбоџа. Шеклер објасни дека најчесто заболуваат лица кои ...

ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал реализиран е случај на недозволена трговија со оружје сторено од стрелачки клуб од Прилеп. Имено, на 06.05.2026 до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот ...

„Тоа што ние го правиме во здравствениот сектор е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа. Но, исто така мораме да бидеме свесни дека здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон ...

Денко Малески На прашањето на домаќинот на поткастот зошто ЕУ води агресивна и провокативна политика кон Русија, лансирајќи дронови длабоко во територијата на Русија, што може да заврши со вистинска војна меѓу Русија и Европа, соговорникот, истакнат познавач на меѓународната политика, само констатира дека тоа е затоа што европејците не се „политичари“ туку „идеолози“. Не објасни повеќе, но јасно е за што зборува. Европските политичари, ...

Во кругот на МВР денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во своето пригодно празнично обраќање, Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите имаат капацитет одлучно да се справат со криминалот и корупцијата. „Минатата година ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.А.(52) од с. Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Како што стои во полицискиот билтен – на 01. април годинава во основно општинско училиште во с. Радолишта, пријавениот физички нападнал малолетен соученик на неговата ќерка. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга ...

Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, докторите кои се директни учесници во овој процес, апелираат дека токму дарувањето органи е најхуман и најблагороден чин на човекот што може да се направи за продолжување на животот на друг човек. -Со дарување органи ние можеме да спасиме животи и да им дадеме втора шанса на сите кои се ...

МВР информира дека вчера попладне околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Вера Јоциќ“ со ул. „Народни Херои“ во Скопје, патничко возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. ...

На министерската конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски испрати директна порака до младите граѓани и дијаспората. Тој истакна дека државата мора да ја трансформира миграцијата од загуба во можност, претворајќи го „одливот на мозоци“ во „прилив на знаење“. Мицкоски нагласи дека новата Стратегија за 2026-2046 година има за цел да создаде општество во кое младите ќе сакаат да останат и да ...

Европскиот парламент гласаше за пакет нови правила за возачки дозволи што ќе важат низ целата Европска Унија. Реформата носи дигитални возачки дозволи, построги правила за сообраќајните прекршители и пониска старосна граница за професионалните возачи, сето тоа со цел зголемување на безбедноста на патиштата и хармонизирање на прописите. Се очекува целосната имплементација да биде постепена, а клучните промени ќе стапат на сила од 2028 до 2030 ...

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, за време на денешната посета на Скопје рече дека активно работат на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесени против Бугарија. На заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, Берсе рече дека овој процес трае предолго. Берсе рече дека улогата на Советот на Европа не завршува со донесувањето на пресудите, туку е и ...

Основниот кривичен суд Скопје објасни дека казната од 12 години затвор за Стојанче Јовановски е донесена согласно правилата за одмерување казна кога постои стек на повеќе кривични дела. Од Судот посочуваат дека за делата кои му се ставаат на товар на обвинетиот биле изречени максимални казни за секое поединечно дело – пет години затвор за телесни повреди во семејно насилство, три години за загрозување на сигурноста и уште пет години за ...

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 7 мај 2026 година, ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во Кварталниот извештај на Народната банка. Во Извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4% во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, којшто би се свел на 3,1% во 2026 година, додека светската инфлација е нагорно ...

Овој систем не превенира. Овој систем казнува, но толку е расипан, лош и злобен што казнува дури кога казната станува бесмислена и безвредна. Извини, Катја, што ние самите, граѓаните, создадовме образовен систем кој не можел да забележи дека едно дете е под постојана психичка тортура. Извини што создадовме образовен систем кој има очи само за децата на побогатите и помоќните родители. Извини што дозволивме да ја гледаш мајка ти како некој ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека доколку Украина ги спроведе своите криминални планови во текот на деновите на прославата на Големата победа, руските вооружени сили ќе започнат одмазднички удар, вклучително и врз центрите за донесување одлуки. Ова го соопшти прес-службата на руското Министерство за надворешни работи. Според Захарова, Министерството за надворешни работи испратило нота до ...

Француската влада подготвува финансиска помош за авиокомпаниите погодени од зголемените цени на млазното гориво, потврди министерот за транспорт Филип Табаро. Тој на платформата X соопшти дека владата и авио-превозниците на состанок во средата постигнале напредок околу пакетот мерки за поддршка. Мерките би вклучувале одложување на плаќањето придонеси за социјално осигурување, продолжени рокови за даночни обврски и поголема флексибилност во ...

Во 2025 година, вкупно 17 мерни станици низ Европа регистрирале концентрации на честичките ПМ 2.5 над тековната годишна гранична вредност на ЕУ. Иако е мала земја, во Македонија се наоѓале дури девет од тие 17 критички мерни точки низ стариот континент, што само по себе е загрижувачки колку македонските граѓани се трујат со разни отрови, сврзани со најситните честички, кои навлегуваат длабоко во белите дробови и во крвотокот, а доаѓаат од ...

Во овој момент има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката спрема нас како држава, така што нема услови за уставни измени и Владата не е подготвена да преземе било каков чекор кон уставни измени – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во одговор на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе кој е во прва ...

Додека граѓаните бараат конкретни одговори на клучните прашања, законот за двојно државјанство, исполнување на реформската агенда до јуни, екстрадиција на Груевски, внесување на Бугарите во Уставот, укинување на техничката влада без консензус и меѓународна поддршка, новите задолжувања, економскиот колапс, растот на инфлацијата, поскапувањето на горивата и основните животни намирници, падот на животниот стандард, распространетата сиромаштија ...

Дванаесет години затвор му изрече судијата Ивица Стефановски на Стојанче Јовановски обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана чиј живот оконча на 2 март годинава со пад од балкон заедно со шестгодишната ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар. За првпат во Македонија е изречена казна за наведување на ...

Компанијата “Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот на државната МЕПСО, која е без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите. Ова го изнесува партијата ДУИ, според која, тоа се сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари. -Она што ...

На конференцијата за транспарентноста во работата на Советот на јавни обвинители, вниманието покрај темите го привлече и стилот на државниот јавен обвинител Ненад Савески. Со елегантен изглед и впечатлив моден детаљ – дезенирани чорапи, Савески испрати порака за модерен и префинет институционален имиџ. Државниот обвинител Савески на конференцијата истакна дека Советот на јавни обвинители направи големи чекори за да ја зајакне ...

Лажна закана за лична придобивка Бугарски народен претставник во 2015 година самиот си испратил заканувачко писмо со цел да добие официјална заштита од државните служби. Овој фрапантен случај го откри криминалистот Иван Савов за време на гостување во емисија на „Нова телевизија“, каде што се дебатираше за реформите во безбедносните служби и обезбедувањето на функционерите. Според Савов, ваквиот чин е пример за злоупотреба на државните ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај. На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во ...

Вкупната добивка на 100-те најпрофитабилни компании во 2025 година изнесувала 881,1 милион евра, профитот се зголемил за околу 119,5 милиони евра, објави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. – Најголемите 100 работодавачи во 2025 година имале 84.753 работници. Од друга страна некој ноншалантно ќе рече работниците не биле продуктивни, немало простор за зголемување на минималната плата и на останатите плати. – објави Трендафилов. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.7
33%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.78
72%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
44%
1011
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.15
46%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.74
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.92
48%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.08
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
1.58
45%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Паладиум

42535.44

Сребро

2269.46

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.46

Злато

139690.59

Платина

57324.78

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Бакар

13.10