Маж се приближува до двата автомобила, истура запалива течност врз нив и си заминува без да трча. Мажот што ги палеше двата дипломатски автомобила на бугарската амбасада во Скопјe не е вознемирен и со апсолутна смиреност го извршува инцидентот, додека полицијата не презема ништо – стои во описот на видео снимките кои денеска ги презентираше бугарската агенција БГНЕС. Од медиумот од соседната земја велат „човекот се приближува до двата ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова. Во рамки на разговорот, министерот Муцунски најостро го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Притоа, министерот информираше дека надлежните институции веќе ...

Бугарскиот портал „Бгнес“ попладнево објави снимка од палењето на автомобилите паркирани пред зградата на Бугарската амбасада во Скопје. На видеото се гледа како маж кој носи најлонска кеса и од неа вади пластично шише, истура течност врз колите, по што се гледаат големи пламени јазици, а тој заминува. Снимката се замрзнува во неколку наврати, токму кога напаѓачот наводно ја запалил течноста, и тие моменти не се забележани. „Бгнес“ исто така ...