Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Вишиот јавен обвинител Дарко Јакимовски, на денешното рочиште во Апелациониот суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, остро ја оспори ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој беше обвинет за помагање при грабнувањето. Обвинителството смета дека првостепениот суд не направил анализа на доказите и не се произнел по клучните околности поврзани со улогата на Ѓорчевски. „Нема анализа на доказите. Судот не ...
Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро е во САД откако избегал од Унгарија. Полска најавува барање за екстрадиција и објаснување како влегол без важечки документи. Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зјобро, кој е обвинет за повеќе кривични дела во неговата татковина, потврди дека од Унгарија отпатувал во Соединетите Американски Држави. Изјавата ја даде во неделата за десничарската телевизија „Република“, по ...
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. – Сите станбени заедници во Општина Центар кои ...
Апелацискиот суд во Скопје денеска одржува јавна седница на која ќе се разгледуваат жалбите за пресудата во случајот со грабнувањата и свирепите убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Второстепена постапка: Што бараат Обвинителството и одбраната? Предметот сега е во рацете на второстепениот суд по поднесените жалби од двете страни: Одбраната ги побива изречените казни за осудените. Обвинителството (ОЈО) поднесе ...
Во Основниот кривичен суд денеска почнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту ...
– Деменцијата погодува милиони луѓе ширум светот и претставува огромен предизвик за поединци, нивните семејства и здравството. Иако когнитивниот пад обично се поврзува со староста, првите симптоми се појавуваат уште во средните години. Доколку таквите симптоми бидат детектирани на време, може да се избегнат проблеми со паметењето.Но, покрај сериозноста на болеста, постојат начини со кои може да се заштити мозокот. Новата студија објавена во ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната ...
Во Истанбул денеска започнува ново судење против поранешниот градоначалник Екрем Имамоглу, кој се смета за можен противкандидат на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган. Имамоглу заедно со уште три лица се товарат дека се извршители на кривично дело „политичка шпионажа“. Според обвинението, Имамоглу, неговиот советник за кампањи Неџати Озкан, бизнисменот Хусеин Гун и новинарот Мердан Јанардаг наводно управувале со криминална мрежа ...
Евакуиран американски патник од крузерот „Ем-Ви Хондиус“ бил тестиран позитивно на хантавирус, додека француски државјанин развил симптоми за време на одделен лет. Американските здравствени власти соопштија дека еден од 17-те американски патници е позитивен на вирусот, но засега не покажува никакви симптоми. Претходно, еден од петтемина француски патници добил симптоми за време на летот кон дома, по што останатите патници биле ставени во ...
Шефот на дипломaтијата, во видео обраќање, вели дека Македонија постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, притоа посочувајќи дека земјата е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што наведува, ја потврдува не само посветеноста на државата кон реформите, туку и јасната стратешка ориентација за членство во Унијата Проширувањето е ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес. „Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента на воената соработка што ја имаме“, рече Нетанјаху во емисијата „60 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека пет затвореници од Полска и Молдавија биле ослободени од притвор во Белорусија и Русија. „Штотуку обезбедивме ослободување на тројца полски и двајца молдавски затвореници од белоруски и руски притвор“, напиша Трамп на својот профил на „Truth Social“, припишувајќи ги притоа заслугите на неговиот пратеник Џон Коул. Трамп му се заблагодари и на белорускиот лидер Александар Лукашенко за ...
Апелациски суд Скопје денеска ќе ги разгледува жалбите поднесени од одбраната и од Основно јавно обвинителство во случајот за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Предметот е во второстепена постапка по пресудата што ја донесе Основен кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година, со која на доживотен затвор беа осудени Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за кривичните ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца. На дневен ред на седницата се наоѓаат и повеќе други кадровски и организациски точки. Според документот објавен на веб-страницата на Собранието, прворангирана за нов член на ДКСК е Катерина ...
Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со иранскиот одговор на мировниот предлог „нема никакво значење“. Иран не дава предлози за да го задоволи американскиот претседател, пренесуваат иранските медиуми изјава на неименуван претставник близок до властите во Техеран. Анонимниот извор уште во изјавата го посочил како „пожелно“ незадоволството на Трамп. „Преговарачкиот тим мора да носи одлуки исклучиво во согласност со правата ...
Вкупно 94 патници и членови на екипажот досега се евакуирани од крузерот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус. Како што соопшти шпанската министерка за здравство, Моника Гарсија, станува збор за државјани на 19 земји, кои вчера со осум специјални лета ги напуштиле Канарските Острови. За денеска е најавена евакуација на уште шест лица за Холандија и 18 лица за Австралија. Евакуацијата се случува една недела откако Светска здравствена ...
Американската армија се соочува со сериозно намалени залихи на муниција и ракети, предупреди американскиот сенатор Марк Кели. Пратеникот на Демократската партија во Сенатот во интервјуто за „Си-Би-Ес“ рече дека не е воопшто претерување да се каже дека е „шокантно колку длабоко влеговме во армиските складишта“. Кели уште посочи дека претседателот Доналд Трамп ги вовлекол САД во војна со Иран „без стратешка цел, без план и без временска ...
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо ...
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи упати закана поради можноста Велика Британија и Франција да распоредат воени бродови во Ормускиот Теснец. „Секое распоредување и стационирање разурнувачи околу Ормускиот Теснец, под изговор на ‘заштита на поморскиот сообраќај’, не е ништо друго освен ескалација на кризата“, напиша тој на социјалните мрежи. Тој додаде дека присуството на британски и француски воени бродови, кои би можеле да ...
Папата Лав XIV денес ги осуди неодамнешните терористички напади извршени од џихадистички групи во регионот Сахел, особено во Мали и Чад, каде што загинаа десетици луѓе. „Со загриженост ги примив информациите за зголемувањето на насилството во регионот Сахел, особено во Чад и Мали, како и за неодамнешните терористички напади“, изјави папата по молитвата „Регина Коели“ на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Тој порача дека се моли за жртвите и ...
За американскиот претседател Доналд Трамп иранскиот мировен предлог е „целосно неприфатлив“. „Само прочитајте го одговорот од таканаречените „претставници“ на Иран. Не ми се допаѓа – ЦЕЛОСНО НЕПРИФАТЛИВО!“, напиша Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social. Според извештајот на полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, текстот на предлогот испратен до преговарачите претходно денеска ја нагласува потребата од прекин на ...
Повеќе од 100 патници и членови на екипажот се заразиле со норовирус на крузерот „Карибијан принцес“, но патниците велат дека атмосферата на бродот и понатаму е речиси нормална. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, заразени се 102 од вкупно 3.116 патници, како и 13 членови на екипажот. Главните симптоми биле повраќање и дијареја. Норовирусот е многу заразен и лесно се шири во затворени простори, како што се ...
Со специјален лет на авион на военото воздухопловство, грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“ на кој се појави хантавирусот, кој е во добра здравствена состојба и без симптоми, ќе биде префрлен во атинска болница, каде што ќе биде 45 дена во задолжителен карантин. Од Министерството за здравство на Грција информираа дека планирано е во текот на денешниот ден, грчкиот државјанин првично со холандски авион да биде префрлен во Ајндховен од ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека, и покрај прекинот на огнот, војната против Иран не е завршена сè додека не се отстрани збогатениот ураниум од земјата. Во интервју за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Нетанјаху го услови крајот на конфликтот со отстранување на високо збогатениот ураниум од иранска територија и демонтирање на објектите за збогатување во земјата. -Оштетивме голем дел од нивните капацитети – ...
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, поднесе оставка од таа позиција по речиси пет години на чело на Канцеларијата на високиот претставник, беше потврдено за Н1 Сараево. Германскиот дипломат веќе го информирал Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (PIC) за својата намера, од кој побарал да се започне постапката за избор на нов висок претставник. Шмит ќе продолжи да ги извршува сите редовни должности со ...
Адвокатот Шкодран Алили, кој на последните локални избори беше независен кандидат за градоначалник на Кичево, присуствуваше на вчерашниот Конгрес за трансформација на коалицијата ВЛЕН во единствена политичка партија, во чии редови немаше место за се уште актуелниот министер Фатмир Лимани. Независниот кандидат за градоначалник на Кичево на ланските локални избори, адвокатот Шкодран Алили, присуствуваше на вчерашниот Конгрес за обединување ...
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави дека ќе бидат поставени камери и засилени контроли, а сите што фрлаат шут и отпад на недозволени локации ќе бидат санкционирани и казнети согласно со законските прописи. Како што истакна тој, во рамките на акцијата се расчистувале диви депонии и големи количини отпад, кои повторно се создаваат поради несовесното однесување на поединци и на компании. Според Јорданов, механизацијата и во ...
Почетокот на пролетта во зоолошката градина во Орегон беше одбележан со сцени полни со радост, откако две спасени младенчиња црна мечка за првпат оваа сезона уживаа во капење во базен. Мечињата, кои ги добиле имињата Тимбер и Торн, весело трчале околу базенот, скокале во водата и си играле, а снимката брзо стана хит на социјалните мрежи. Тимбер и Торн биле пронајдени како сирачиња во дивината на Алјаска, по што биле спасени и пренесени во ...
Техеран официјално им испрати на пакистанските медијатори одговор на најновиот американски предлог, кој има за цел да стави крај на, како што се наведува, воената агресија против Иран. Според предложениот план, како што е потврдено за иранската агенција ИРНА, сегашната фаза на преговорите е насочена исклучиво кон прекин на непријателствата во регионот. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи претходно изјави дека ставовите ...
Драмскиот театар и КПУ Затвор Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел отворање нови можности за ресоцијализација на осудените лица преку културата и уметноста. Како што информира Управата за извршување санкции, меморандумот го потпишале директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, и директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски. Според институцијата, соработката има за цел преку театарски претстави и културни активности да ...