Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку социјалните мрежи ги демантираше изјавите на неговиот министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, за „Еурактив“ дека договорот за миграција меѓу Италија и Албанија нема да биде продолжен по 2030 година, бидејќи дотогаш Албанија очекува да се приклучи на ЕУ. Оваа изјава предизвика политичка дебата во Италија. Овие негови зборови беа широко коментирани од италијанскиот печат, од „Ла Стампа“ до „Кориере ...
Откако во јавноста и на социјалните мрежи се проширија информации дека во скопската населба Козле е пронајден волк, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе со официјално појаснување. Според првичните наоди, не станува збор за диво животно, туку за домашно милениче. Клучни детали за случајот: Животното е чипирано: Проверките покажале дека животното има микрочип, што потврдува дека станува збор за куче. Сопственикот е идентификуван: ...
Италијанското Министерство за здравство соопшти дека сите досега направени тестови на хантавирус кај лицата кои се ставени под медицински надзор се негативни, додека вкупно шест луѓе и понатаму се под надзор поради потенцијална изложеност на вирусот. Според соопштението, надзорот се спроведува над патници кои биле поврзани со низа летови и контакти со лица кај кои постоел сомнеж за инфекција, вклучувајќи го и случајот со жената која подоцна ...
Граѓаните повеќе од 30 дена постојано прашуваат: Дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не? Одговор? Тишина. Молчење. Премолчување, се вели во соопштението од СДСМ. Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ. Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски. Зошто? Затоа што Груевски не е обичен бегалец. Тој е ...
Внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарските медиуми изрази длабока загриженост и гадење од актуелната ситуација на Балканот и односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој вели: „На моите 63 години не сум видел полоши односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.“ „Секако дека е возможен искрен дијалог ако има нормални луѓе. Кога светските војни се завршиле, значи и недоразбирањата ќе завршат. Потребни се вистинските ...
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше откако МВР потврдило за „Скопје1“ дека против него се води предмет и дека бил повикан на информативен разговор во полициска станица. Николовски тврди дека станува збор за „монтиран случај“, со кој, според него, актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството и од актуелни скандали. „Еден монтиран случај. Толку им ...
Градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази во емисијата „Дијалог на Лајми“ изјави: „Самир Мане е еден од главните претенденти кои сакаат да направат инвестиција и да го реактивираат езерото ‘Треска’. На состанокот, покрај премиерот Мицкоски, присутни беа и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, генералниот секретар на владата, господинот Меџити и јас, како и тимот на г. Самир Мане. На состанокот ни беше презентирано како ...
Регулаторна комисија за енергетика соопшти дека потрошувачката на бензини во 2025 година е зголемена за 8,34 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на институцијата. Раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот за 5,17 проценти, екстра лесното масло за 2,23 проценти и течниот нафтен гас – ТНГ за 3,55 проценти. Од друга страна, пад е забележан кај млазното гориво за 53,29 проценти, ...
Според табелата на српскиот Фонд за здравствено осигурување од 6.798.809 осигуреници регистрирани се 41.306 на возраст од 100 години и повеќе. Најстар осигуреник меѓу нив е жена која има 158 години, соопшти српската партија Србија Центар (СРЦЕ). Потпретседателот на партијата СРЦЕ и пратеник Слободан Петровиќ истакна дека во Србија е соборен светски рекорд бидејќи во Белград во општината Палилула, живее најстарата личност на планетата, а таа ...
И во Северна Македонија прават сè што е можно автентичниот глас на семејството Делчеви да не се слуша. Прават сè што е можно да нè маргинализираат, но ние сме живи и немаме намера да умираме, изјави за бугарски Факти Христо Христов, внук на Гоце Делчев. – Г-дине Христов, како директен потомок на семејството Делчеви, која е најважната семејна приказна или спомен за Гоце Делчев што се пренесува низ генерациите? – Не давајте го народот ...
Докторот анестезиолог Ваљтон Дервиши кој незаконски снимаше и емитуваше пациенти и колеги во живо на „Тик Ток“, со нова судска пресуда и со пет пати помала казна, се враќа на работа во Клиничката тетовска болница, пренесе ИРЛ. Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата на 7 години како што одлучи претходно. ИРЛ открива како преку серија процесни механизми, повторени постапки, преквалификации на делата и формални правни ...
Французинка, заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузер, е во критична состојба и се лекува со апарати за вештачки бели дробови, соопшти синоќа лекар од париската болница во која се лекува заразената патничка. Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени, пренесе БТА. Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа, вклучувајќи ја и холандската двојка за која здравствените власти веруваат дека ...
Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. Проектот, кој повеќе од една деценија се реализира во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, преку Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, добива институционална потврда за значењето и улогата во ...
Соопштение на Сакам да работам: Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми. Очекуваме политичка ...
Мексиканските власти и американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ги отфрлија наводите на „Си-Ен-Ен“ дека оперативци на ЦИА директно учествувале во смртоносни напади извршени минатата година врз нарко-картели во Мексико. Во извештајот објавен на американската телевизија која се повикува на анонимни извори, се тврди дека ЦИА со елитни единици ги засилила тајните операции во Мексико, вклучително и со непосредно учество во акции за ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“. Објавената слика ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на ...
Голем одрон го блокираше патот на влезот во туристичкото село Радожда, а жителите предупредуваат дека опасноста не е помината и бараат стручна проценка на теренот. Голема карпа се одронила на влезот во туристичкото село Радожда, на една од најфреквентните патни делници кон селото. Во инцидентот нема повредени лица, но жителите велат дека била избегната сериозна трагедија, бидејќи по овој пат секојдневно поминуваат возила, пешаци и семејства ...
Левица преку соопштение соопшти дека до партијата пристигнале, како што наведуваат, вознемирувачки сведоштва од пациенти кои се лекуваат на Универзитетска клиника за хематологија, а кои укажуваат на сериозни проблеми во функционирањето на установата. Според партијата, пациентите се соочуваат со недостиг од терапии, како и со недостиг од основни медицински материјали, меѓу кои шприцеви, стерилни ракавици, средства за дезинфекција и кеси за ...
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како двајца млади момчиња крадат велосипед пред теретаната „Атлета“ во Општина Аеродром. Видеото го објави Бојан Скендеровски во групата „Општина Аеродром – граѓанска патрола“, каде напиша: „Украден точак пред Атлета… Ако ги познава некој идиотиве нека исконтактира. Следува парична награда“. На снимката може да се забележи како едното момче го зема велосипедот, додека другото стои во ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевче Јакимовски во гостувањето на 4ТВ упати серија остри критики кон актуелната локална и централна власт, оценувајќи дека Карпош се наоѓа во „лимбо ситуација“ поради, како што тврди, политичко тактизирање околу оставката на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Според Јакимовски, во политичките кругови веќе било познато дека Лукровски поднел и втора, конечна оставка, но дека целата ситуација ...
СДСМ преку соопштение упати остри критики кон владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, обвинувајќи ги дека ја држат државата изолирана од европските интеграции заради, како што наведуваат, заштита на криминални интереси. Во партиското соопштение, од СДСМ велат дека „најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија се наоѓа токму во нивните редови“, посочувајќи дека дел од функционерите на власта поседуваат бугарски пасоши. ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати нови критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, како што велат, „ги спроведува бугарските интереси“ и користи ист речник како официјална Бугарија. Во партиското соопштение се наведува дека Филипче, според ВМРО-ДПМНЕ, „тргнал по стапките на“ Зоран Заев и дека бил подготвен да ги прифати бугарските барања поврзани со евроинтегративниот процес. Од владејачката партија тврдат дека Филипче ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека во Пекинг ќе има долг разговор со кинескиот претседател Шји Џинпинг во врска со војната во Иран, но, исто така, нагласи дека не мисли дека му е потребна помошта од кинескиот претседател. „Не мислам дека ни е потребна никаква помош со Иран. Ќе победиме на еден или друг начин, мирно или на друг начин“, им рече Трамп на новинарите додека ја напушташе Белата куќа за да отпатува за ...
Канцерогени азбестни салонитни плочи се фрлени до контејнер во населбата Козле, на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 149, алармираат граѓани. Според пријавата, опасниот отпад се наоѓа на околу 50 метри од детски лулашки и простор каде секојдневно поминуваат и престојуваат деца и жители од населбата. Азбестот се смета за сериозно опасен материјал, а неговите честички при распаѓање и вдишување можат да предизвикаат тешки заболувања, ...
Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во ...
Српската армија и НАТО од вчера ја почнаа првата заедничка воена вежба што ќе трае до 23 мај на која ќе се вежбаат тактики, техники и процедури што се применуваат во операциите за поддршка на мирот. Вежбата се одржува во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Вежбата е во организација на Командата на армијата на Србија и Командата на здружените сили од Неапол, а во неа ...
Ракетниот одбранбен штит предложен од американскиот претседател Доналд Трамп би можел земјата во следните две децении да ја чини повеќе од еден трилион долари, се наведува во извештај на Канцеларијата за буџет на американскиот Конгрес (CBO) објавен синоќа, јави ДПА. Независен буџетски надзорник ги процени вкупните трошоци за „Златната купола“ на околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, вклучувајќи приближно еден трилион долари само ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од ...
Екс пратеникот Илија Димовски фејсбук објави емотивна порака до внукот на Гоце Делчев, Христо Христов. Почитуван маестро Христо Христов: Ви се обраќам со чувство на длабока одговорност, со искрено пријателство, поддаена рака, но пред сè со огромна почит и кон Вашите години и кон Вашите уметнички достигнувања како диригент кој цел живот го скротува звучниот хаос во хармонија. Но, најмногу од сè, се обраќам кон Вас како кон внук на великанот ...
Волкот шетал по булеварот Теодосиј Гологанов. (Фото: СДК.МК) Волк е фатен на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле. Вечерва граѓани од населбата пријавиле во полиција дека забележале волк како шета по булеварот Теодосиј Гологанов и веднаш пријавиле во полиција. Полицајците го фатиле волкот и сега тој е врзан на бандера на паркинг. Како што велат за САКАМДАКАЖА.МК граѓани кои живеат во околните згради, волкот имал ланец долг 2 ...