Дводневните разговори меѓу кинескиот и американскиот претседател, Ши Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, можеби отворија врата кон нова ера во односите меѓу двете светски суперсили. На крајот од посетата на американскиот претседател, Ши изјави дека постигнале „нов билатерален однос“ и вети дека ќе му испрати семе од кинески рози, кои шефот на Белата куќа ги забележал и му се допаднале за време на прошетката во Џонгнанхаи, градината во Пекинг. ...

Сагата околу Мурињо и Реал продолжува. Според шпанските медиуми, Флорентино Перез и актуелното раководство на Реал веруваат дека Мурињо е единствениот тренер кој може да го смири хаосот во соблекувалната и да ја врати контролата врз тимот, кој е сериозно потресен од внатрешни конфликти во последните месеци. Португалскиот стручњак наводно постигнал конечен договор со мадридскиот гигант во четвртокот, а неговата официјална промоција се очекува ...

Македонското друштво „Илинден“-Тирана одбележа 11 години од приемот во Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најголемата и највисока малцинска организација во Европа, каде што е рамноправен член од 15 мај 2015 година. Организацијата потсети дека станала првото друштво од Република Албанија кое било примено како рамноправен член во ФУЕН, на конгресот одржан во Комотини, Грција. Од „Илинден“-Тирана истакнуваат дека во ...

Министерството за надворешни работи на Црна Гора соопшти дека е неприфатливо и политички неодговорно годишнината од обновата на независноста да се прикажува како чин насочен против Србија или српскиот народ. Реакцијата следи по изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој рече дека би „плукнал себеси и на својот народ во лице“ доколку учествува на прослава на отцепувањето на Црна Гора од Србија. Црногорското МНР нагласи дека ...

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со ...

Манчестер Јунајтед е во силна позиција да обезбеди две клучни засилувања во средниот ред ова лето, во вкупна вредност од 152 милиони евра, додека Мајкл Карик е на прагот официјално да биде назначен за нов постојан менаџер на клубот. „Црвените ѓаволи“ планираат да бидат амбициозни во летниот преоден рок. Тие се охрабрени од фактот дека ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, што им олеснува да привлечат врвни играчи. Зајакнувањето ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на прославата по повод Денот на Европа, која се одржа во „Европската куќа“ во Битола, сместена во Офицерскиот дом, во атмосфера исполнета со музика, млади луѓе и позитивна енергија. На настанот, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, бројни битолчани и млади посетители уживаа во музичката програма организирана по повод 9 Мај – Денот на Европа. Под ...

Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, ...

„Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Сега и претседателката Гордана Сиљановска призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано“, велат од СДСМ. „Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Сега е ред да се извинат на граѓаните на Македонија. Да се ...

Килијан Мбапе (27) одлучи дека тензиите во Реал Мадрид не се доволно високи, па затоа започна отворена војна со тренерот Алваро Арбело (43). По победата од 2:0 против Овиедо, натпревар кој го започна како резерва, францускиот напаѓач застана пред новинарите и без „влакна на јазикот“ го изрази своето незадоволство. „Тренерот ми рече дека сум четвртиот напаѓач“, рече Мбапе, со што ја покрена лавината што може да го означи крајот на сезоната за ...

Колку често е „нормално“ паровите да имаат интимни односи е едно од најчестите прашања кога станува збор за љубовните врски и бракот. Иако многумина веруваат дека среќната врска мора да значи и многу чест сексуален живот, експертите велат дека реалноста е многу покомплексна – а статистиките често ги изненадуваат луѓето. Според податоците на познатиот Институт „Кинси“, лицата на возраст од 18 до 29 години во просек имаат сексуални односи ...

Турција и Казахстан потпишаа Декларација за вечно пријателство и проширено стратешко партнерство во Астана во четврток, поставувајќи цел од 13 милијарди евра билатерална трговија. За време на државната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше продлабочена соработката во секторите за одбрана, енергетика, транспорт и дигитализација, објави „Еуроњуз“. „Златен мост“ меѓу Европа и Азија Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт ...

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните. По тој повод, општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани. ...

Кулминира драмата во борбата за шампионската титула во Премиер лигата на Англија. Деновиве, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е во центарот на вниманието. Според англиските медиуми, шпанскиот стручњак наводно им ветил луксузни часовници „Ролекс“ на играчите на Барнли доколку успеат да го сопрат Арсенал во претпоследното коло. Арсенал е на прагот да ја освои својата прва титула во англиската лига од 2004 година. Тимот на Микел Артета ...

Женското тело може да реагира на различни видови стимулација, а интензитетот на оргазмот најчесто зависи од комбинација на физичка и емоционална поврзаност, опуштеност, доверба и добро познавање на сопственото тело. Иако многумина се прашуваат дали постои „најдобар“ женски оргазам, експертите велат дека не постои универзален одговор, бидејќи секоја жена различно го доживува сексуалното задоволство. Сексолозите објаснуваат дека женското тело ...

Кинескиот претседател, Ши Џинпинг, и американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржаа средба во потесен состав во Пекинг, при што, според кинескиот лидер, биле постигнати важни заеднички договори за одржување стабилни економски и трговски односи меѓу двете земји. Средбата се одржа еден ден откако Ши разговараше со Трамп, кој престојува во државна посета на Кина од 13 до 15 мај. Нагласувајќи дека посетата на Трамп била историска и ...

Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ. ...

Францускиот селектор Дидие Дешан, прв целосно ги откри картите и го објави конечниот список од 26 играчи за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Дешан, кој ја предводеше Франција до титулата на Светското првенство во 2018 година и финалето четири години подоцна во Катар, ќе се повлече по Светското првенство во 2026 година, не направи многу изненадувања во изборот на тимот. Мбапе веројатно ќе биде капитен и покрај повредата на ...

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, вчера сведочеше во тужбата поднесена против него од страна на Илон Маск, која со недели ја зафаќа Силиконската долина. Сведочењето на Алтман даде неколку интересни детали, а најзначајно е обвинението дека Маск имал навика да ги тера сите да гледаат мемиња на неговиот телефон за време на важни состаноци, објавува Futurism. Дискусија за преземање додека се прикажуваат мемиња Според извештајот на New ...

Здравата крвна слика е еден од најважните показатели за состојбата на организмот, бидејќи директно влијае врз енергијата, имунитетот, циркулацијата и целокупното здравје. Ниското ниво на железо, хемоглобин или црвени крвни зрнца често предизвикува замор, слабост, вртоглавици и недостаток на концентрација, а експертите предупредуваат дека исхраната игра клучна улога во подобрувањето на овие параметри. Меѓу најмоќните природни сојузници за ...

Руските сили извршија напад со беспилотни летала врз возила на хуманитарната мисија на Обединетите нации во Херсон. Автомобилите на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања беа оштетени, а информациите за можни жртви сè уште се проверуваат. Нападот беше објавен на Телеграм од Олександр Прокудин, началник на Регионалната воена администрација на Херсон, пренесе Укринформ. Напад врз хуманитарна мисија „Кршејќи ги сите норми на ...

Македонија во следните денови ќе биде под влијание на променливо и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд, локални грмежи и засилен ветер, предупредуваат метеоролозите. Според најавите, времето често ќе се менува, па покрај сончевите периоди ќе има и услови за развој на нестабилна облачност, особено во попладневните и вечерните часови. Температурите низ земјата ќе се движат од 18 до 25 степени, со посвежи утра и умерено ...

Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев што се случи во текот на ноќта од среда кон четврток се искачи на 24, вклучувајќи три деца. „Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица. Прогласен ден на жалост Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи ...

САД им обезбедуваат на Обединетите нации 1,8 милијарди долари хуманитарна помош, изјави во четврток генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, додавајќи дека парите ќе помогнат да се стигне до „милиони луѓе со поддршка што спасува животи“. Средствата ќе помогнат во доставувањето помош на луѓето погодени од најлошата хуманитарна криза во светот, рече Гутереш. САД сè уште им должат милијарди на ОН Во декември, САД веќе дадоа 2 милијарди ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, ...

Украинската војска синоќа изврши голем напад со беспилотни летала врз воената и енергетската инфраструктура во неколку руски региони. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа огромен пожар во рафинерија за нафта во Рјазан, а руските медиумски канали на Телеграм објавија напади на други локации, објавува The Kyiv Independent. Пожар во рафинеријата Рјазан Фотографиите и видеата објавени на интернет се чини дека покажуваат она што изгледа ...

РЦУК Скопје известува дека денеска од страна на ЈП Водовод и канализација, ќе се изведуваат неколку приклучоци на територија на Град Скопје и тоа: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата 2 бр.19 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности. – Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 14.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.847,83 поени, со дневен раст од 0,10%, односно 9,50 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 17.410.955 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, Макпетрол Скопје и ...

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки на балканската програма „Gönülden Gönüle“. Како што посочи Меџити, на конференцијата се разговарало за зајакнувањето на улогата на жената во општеството и политиката, достоинственото претставување на жените во ...

Дури и Meta нема да има пристап до она што го пишувате. WhatsApp воведува револуционерна заштита за AI кореспонденција. Meta објави дека воведува нова функција „Incognito Chat“ за својот асистент за вештачка интелигенција (AI) во апликацијата WhatsApp, со цел зајакнување на заштитата на приватноста на корисниците. Американскиот технолошки гигант наведува дека опцијата ќе користи технологија за обработка на приватни податоци, поради што ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

42535.44

Цинк

0.00

Алуминиум

3.46

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Злато

139690.59

Иридиум

253540.09

Платина

57324.78

Бакар

13.10

Сребро

2269.46