Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на американскиот претседател пред полетувањето за Соединетите Американски Држави, според написите. „Американскиот персонал зел сè што кинеските претставници ѝ ги предале на делегацијата, вклучувајќи ги и акредитивите, привремените телефони и беџовите и ги фрлиле во корпа пред да се ...
Фиктивните прикази за вештачката интелигенција можат да имаат ефекти во реалниот свет врз AI моделите, според Anthropic. Минатата година, Anthropic изјави дека за време на тестовите пред лансирањето во кои била вклучена фиктивна компанија, Claude Opus 4 честопати се обидувал да ги уценува инженерите за да избегне да биде заменет со друг систем. Anthropic подоцна објави истражување кое сугерира дека моделите на други компании имале слични ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец. Аракчи напиша на платформата Икс дека имал плодни разговори со својот индиски колега, Субраманјам Џајшанкар, и дека во таа прилика појаснил дека Иран секогаш ќе ја исполнува својата историска должност како заштитник на безбедноста во Ормускиот теснец. Тој додаде дека сите пријателски земји можат да сметаат на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по враќањето од Пекинг дека само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум закопан по минатогодишните напади. Зборувајќи со новинарите во претседателскиот авион, Трамп го употреби терминот „нуклеарен барут“ за да се осврне на залихи од 440 килограми високо збогатен ураниум за кој Вашингтон верува дека е под урнатините на нуклеарните постројки на Иран, објави „Скај њуз“. Сателитските снимки ...
Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор. Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна ...
Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во животна опасност, соопштија германските служби за итни случаи. Според баварскиот Црвен крст, едно лице е реанимирано на лице место по истекување на непознати хемикалии во фабриката на улицата Турн-унд-Таксис, во градската населба Шафхоф, објавува „Билд“. Инцидентот се случил околу 11:30 часот, по што на терен биле испратени силни сили од ...
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае на безбедноста на неговата земја. Добив гаранции, што е важно за мене, дека ова се логистички одлуки и дека нема директно да влијаат на способноста за одвраќање и безбедноста на Полска. Полска беше, е и ќе биде најсигурен и лојален сојузник, и за САД и за другите сојузници на НАТО“, рече Туск, кој денес ги ...
Русија ги засилува напорите да ја вовлече Белорусија во војната против Украина, а Москва ја разгледува можноста за напад врз Киев или една од членките на НАТО од белоруска територија, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски откако доби извештаи од воените и разузнавачките служби, пишува „Киев Индепендент“. Притисок врз Минск Зеленски тврди дека Москва го обновила контактот со белорускиот претседател Александар Лукашенко за да ...
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денес изјави дека Пекинг верува оти решението за проблемот во Ормускиот теснец лежи во постигнување траен и сеопфатен прекин на огнот меѓу Техеран и Вашингтон. Ванг рече дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг нагласил во разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп дека „не сите проблеми можат да се решат со сила и дека дијалогот е единствениот правилен начин“, пренесува „Синхуа“. ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство. Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, ...
Фудбалерот Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој стана милијардер, додека браќата Ноел и Лиам Галагер од бендот „Oejzis” за прв пат влегоа на годишната листа на најбогати луѓе во Велика Британија, објавена од Сандеј Тајмс. Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,1 милијарда фунти, додека богатството на браќата Галагер се проценува на околу 357 милиони фунти. На врвот на листата, петта година ...
Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова е јасен сигнал дека системот потфрла, и уште колку инциденти треба да се случат во училиштата за Министерството за образование конечно да признае дека состојбата е алармантна? Кој ќе понесе одговорност?, праша Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука, на денешната прес-конференција. „Кога ...
Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во пресрет на последното коло, Вардар, стекна недостижна предност во однос на сега поранешниот првак, Струга Трим Лум. За да ја обебеди титулата во 32-то коло, на Вардар му беше потребен бод во Струга. Црвено-црните ги освоија трите. Славеа минимална победа со голот на Цетковиќ во петтата минута. Вардар во сезоната 2026/ 2027 ...
Македонија во последната деценија изгубила речиси една третина од новороденчињата, покажуваат најновите демографски податоци презентирани на одбележувањето на „Неделата на женско здравје 2026“, организирана од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО. Според податоците, во 2025 година во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред десет години бројот на новороденчиња изнесувал околу 23.000. Лекарите предупредуваат ...
Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја демонстрира својата сила и да ја убеди руската јавност дека сè уште ја контролира ситуацијата со повторно тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета „RS-28 Sarmat“, попозната како „Сатана II“. Тоа е првенствено пропаганден потег, пишува Хамиш де Бретон-Гордон, британскиот воен аналитичар и поранешен полковник Хамиш де Бретон-Гордон во анализа за „The Telegraph“. BREAKING: Russia ...
Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, ...
Една од правните дилеми што адвокатката Ивана Коцевска ја отвори во интервјуто во „Претрес“ кај Ландов се однесува на начинот на кој обвинението го квалификува уредувањето на објектот „Пулс“. Според неа, во случајот не може да се зборува за реконструкција, туку за внатрешно уредување, односно адаптација на просторот. „Реконструкција не може да се формулира како градежен поим во конкретниот случај, затоа што реконструкција никогаш не постоело ...
Медиумите во ЕУ денес оценуваат дека за светските односи и Европа на средбата меѓу претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп се постигнати исклучително важни договори, особено за смирување на војната во Иран и нафтената криза, но сметаат дека тоа не ја намалува битката на двете суперсили за светска превласт. Францускиот весник „Монд“ оценува дека ќе следи „клучен судир меѓу Кина и САД во освојувањето ...
За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, велат од „Вреди“. Според нив, новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон, како што додаваат, во заштита на албанското семејство и на секој граѓанин кој со ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско ...
Претседателот на Русија Владимир Путин денес изјави дека економските мерки што ги спроведе руската влада во претходниот период почнаа да ги даваат првите резултати во март, додавајќи дека треба да се разгледаат понатамошни чекори. „Би сакал веднаш да истакнам дека мерките и одлуките што неодамна ги спроведе руската влада почнаа да даваат одреден, иако воздржан, но сепак позитивен резултат. Ова го потврдуваат и позитивните статистики за март ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за областа владеење на правото. Италијанскиот амбасадор пред државниот обвинител ги презентираше досегашните активности во таа насока, ...
НВО „Станица 5“ и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп организираа еко акција за чистење на излетничките, шумските и зелените површини околу Вештачкото езеро во Прилеп. Во акцијата учествуваа доброволци и еко активисти, кои го собираа отпадот оставен од посетителите по мајските прослави. Според организаторите, биле собрани повеќе од 5 метри кубни отпад, кој потоа бил транспортиран и одложен на депонијата во Алинци. Од „Комуналец“ и НВО „Станица 5“ ...
Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на Градски стадион во Скопје на 8 септември по повод 35 години независност на Македонија е распоредаден за помалку од 12 часа, соопшти Авалон. „Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“! Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Повеќе од 250.000 луѓе! Голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 15.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.881,02 поени, со дневен раст од 0,34%, односно 33,19 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 12.134.248 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, Македонски Телеком ...
По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што оствари средба и дружење со децата, згрижувачките семејства и тимот на организацијата. За време на посетата беа донирани подароци, но, како што истакна, најголем впечаток оставиле животните приказни, талентот и истрајноста на младите луѓе кои растат во СОС Детско село. „Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на промоцијата на нова современа медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, заедно со директорот на установата, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, пратеници од регионот, како и началници и лекари од болницата. Станува збор за два нови високо-софистицирани медицински апарати: дигитален тавански рентген систем со безжичен пренослив ...
Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) ...
Маркос Сенеси ќе го напушти Борнмут на крајот од сезоната, а неговиот статус на слободен агент веднаш го привлече интересот на гигантите од Премиер лигата. Клубот од јужна Англија официјално потврди дека аргентинскиот стопер нема да го обнови договорот, со што ќе заврши неговата епизода на стадионот „Виталити“ по четири години. Сенеси пристигна во Борнмут во 2022 година од Феенорд и за време на престојот во клубот израсна во еден од ...
Инстаграм воведе нова функција наречена „Instants“, со која платформата прави голем чекор кон поспонтана и помалку „совршено уредена“ комуникација меѓу корисниците. Новата функција овозможува фотографиите да се испраќаат веднаш по фотографирањето, без филтри, сложено уредување или долга подготовка на содржината. Откако примателите ќе ја погледнат фотографијата, таа автоматски исчезнува. „Instants“ е интегрирана во главната апликација на ...