Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Легендарниот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро доживеал голема непријатност бидејќи неговата куќа во родниот Тандил била ограбена, објавија аргентинските медиуми. Според извештаите, крадците одзеле трофеи, медали, накит и бројни вредни предмети од домот на поранешниот тенисер, вклучувајќи и го и неговиот венчален прстен што му припаѓал на неговиот татко. Најголемиот момент во неговата кариера е секако освојувањето на Отвореното ...
Тежок инцидент инцидент ја прекина Мото ГП трката во Барселона. На половина од трката, во 12-от круг се случи инцидент, поради што дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме. Моторот на Педро Акоста, во тој момент водечки во поредокот, откажа на правецот, Алекс Маркез, возач на Гресини Дукати, се обиде да го заобиколи, но имаше контакт со моторот на КТМ, по што се удри во оградата. Дукатито одлета, тркало удри во моторот на Фабио Ди ...
Вистинска драма се случува на познатата плажа Махо Бич на карипскиот остров Синт Мартен, каде туристите буквално се оттурнати од силниот удар на моторите на авионите при полетување. На видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа авион на авиокомпанија Insel Air како ги вклучува моторите со полна сила, по што на плажата настанува хаос – луѓе паѓаат, песок и предмети летаат низ воздухот, а моќниот „jet blast“ создава и силни ...
Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 2:0 во „Дерби дела Капитале“. Најголем губитник во претпоследното коло е Јувентус, загби дома од Фиорентина 0:2 и сега има минимални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите. Градското дерби, на „Олимпико“ во Рим, го реши дефанзивецот на Рома Џанлука Манчини. Ги постигна двата гола – првиот во 40-та минута и вториот во 66-та минута од играта. Три минути подцна двата тима останаа со фудбалер ...
Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, во рамки на престојот во Атина оствари работна средба со Кимберли Гулфојл, за време на дводневниот Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe. На средбата, која поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, двете соговорнички разговарале за билатералните односи меѓу Македонија и САД, со посебен фокус на енергетската соработка, енергетската ...
Хрватската полиција објави фотографија на Кристијан Алексиќ, роден 1976 година, за кого интензивно се трага од синоќа. Тој е осомничен за убиство на 19-годишен доставувач на пица вчера околу 23:05 часот во Дрниш. Во потрагата се вклучени сите расположливи полициски сили и техника. Полицијата ги предупредува Полицијата ги предупредува граѓаните да не му се приближуваат доколку го забележат. „Ги предупредуваме граѓаните, доколку наидат на ...
Министерот за транспорт и врски и вицепремиер на Владата Александар Николоски информираше за повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат во Виница и околните населени места, нагласувајќи дека Владата продолжува со силна поддршка за општините. Николоски присуствувал на отворањето на новиот градски пазар во Виница, проект кој, како што посочи, бил долгогодишно ветување кон граѓаните. Покрај отворањето на пазарот, тој наведе дека во тек ...
Кристијано Роналдо (41) три и пол години откако се приклучи на Ал Наср, се уште не освоил важен трофеј. Во финалето на Азиската Лига на шампиони 2, што е пандан на Лига Европа, Ал Наср загуби од Га,мба Осака со 0:1. И покрај доминацијата на Ал Наср во првото полувреме, јапонскиот тим поведе во 30-тата минута. Стрелец на голот за победа беше Турчинот Дениз Хумет. До крајот на натпреварот, Осака ја задржа предноста и стана првиот јапонски клуб ...
Коалицијата ВЛЕН обвини дека дел од студентските протести се злоупотребуваат за политички цели на ДУИ и дека зад нив стојат функционери и структури блиски до партијата. Од ВЛЕН соопштија дека, според нив, дел од студентите кои протестираат не ги претставуваат реалните студентски барања, туку, како што велат, „агендата на ДУИ“. „Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ. Станува збор за политички инструмент на партија која по 20 ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...
Франсис Нгану, по две годишна пауза, синоча конечно се врати во кафезот и не губеше време, брутално го нокаутира Филипе Линс во првата рунда. Борбата се одржа на настанот MВП MMA 1 во Инглвуд, Калифорнија, кој беше емитуван од „Нетфликс“. Последен пат во кафезот, Нагану беше во октомври 2024 година, кога се бореше против Ренан Фереира. На другата страна беше поранешниот победник на ПФЛ турнирот и предизвикувач на УФЦ, Филипе Линс. Бразилецот ...
Дејан Проданоски денеска присуствуваше на одбележувањето на денот на осветувањето на црквата Света Петка, каде заедно со жителите на Ново Лагово и бројни гости и пријатели го прославија големиот празник. Во својата објава, Проданоски истакна дека е особено важно што традицијата продолжува да се негува и пренесува низ генерациите, нагласувајќи дека ваквите празници ги зближуваат луѓето и носат мир, заедништво и надеж. „Убаво е да се види како ...
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со предлог-законот за игрите на среќа изјави дека новите законски решенија имаат цел да воведат ред и ограничувања во оваа дејност, нагласувајќи дека државата мора да се заштити од негативните последици на неконтролираната експанзија на казината и објектите за коцкање. „Имаме чувство дека државата наликуваше на Лас Вегас. Буквално, на секој чекор гледавме дуќани, кои со силни светлечки реклами се ...
Челзи официјално го назначи Чаби Алонсо за нов тренер на клубот, а Шпанецот потпиша четиригодишен договор што стапува на сила на 1 јули. Алонсо беше надвор од терените откако го напушти Реал Мадрид во јануари, помалку од осум месеци откако седна на клупата на „кралскиот клуб“. Пред тоа, тој го водеше Баер Леверкузен три години и ја напиша историјата на германскиот клуб со освојувањето на првата титула во Бундеслигата во 2024 година, заедно ...
На прв поглед, безжичниот глушец изгледа како совршенство на модерната технологија, нема заплеткани кабли, а движењата се слободни. Кога ќе се земат предвид неговите недостатоци, сликата е помалку идилична. Секое безжично глувче емитува радио бранови за комуникација со компјутерот, обично на фреквенција од 2,4 GHz или преку Bluetooth. Иако ова зрачење е нејонизирачко и минимално, неговото постојано присуство во вселената – понекогаш само ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори. Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните ...
Баерн ја затвори сезоната со „петарда“ против Келн, во победата 5:1, три гола постигна Хари Кејн. Британската машина за голови е новиот германски рекордер по број на голови во една сезона, моментално има 58 гола, а треба да го одигра и финалниот меч во Купот на Германија против Штутгарт. Кејн за три гола го надмина достигнувањето на Роберт Левандовски (55 гола) од сезоната 2019/20. На 50 натпревари, англискиот напаѓач постигна 58 гола и ...
Од девојче кое пеело народни песни во Варна до новата евровизиска сензација на Европа – Дара преку ноќ стана најголемото музичко откритие по победата на Евровизија 2026. Со експлозивната песна „Бангаранга“, спектакуларниот настап и енергијата што ја освои и публиката и жирито, бугарската претставничка ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на Евровизија. Зад сценското име Дара се крие Дарина Јотова – пејачка која во својата ...
Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Овој коалициски тандем, ...
Властите од 15 земји разбија голема криминална група која измамувала жртви низ Европа и пошироко, продавајќи лажни додатоци во исхраната и лекови за сериозни болести, соопшти агенцијата на ЕУ „Евроџаст“. Заедничката операција на 12 мај резултирала со собирање важни докази, притворање на дел од клучните членови на групата и запленување големи количини додатоци во исхраната. Се сомнева дека групата остварила најмалку 240 милиони евра промет. ...
Иако претходно оваа недела за време на церемонијата на доделување награди на Унијата на професионални фудбалери на Франција, изјави дека сака да остане во Марсеј, иднината на Гринвуд во Франција останува неизвесна. „Лига 1 е одлично првенство. Играме неверојатни натпревари и за мене ова е една од најдобрите лиги во кои сум играл. Се надевам дека ќе останам“, рече Гринвуд. Сепак, сега е речиси сигурно дека Марсеј нема да игра во Лигата на ...
Водно денеска е центар на спортот, рекреацијата и масовното искачување, каде се одржува 14-тото издание на Sparkasse Life – Прв до врв – една од најмасовните спортско-рекреативни манифестации во земјава. Илјадници љубители на природата, велосипедисти, тркачи, рекреативци и компании и оваа година ќе се обидат да стигнат до врвот на Водно преку неколку различни дисциплини. Настанот се одржува во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри ...
Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава го одбележува своето 11-то издание во Скопје, како дел од светското движење кое ги обединува љубителите на класични мотоцикли и елегантен стил со цел подигнување на свеста за машкото здравје. Како што информираат организаторите, денеска се очекува на улиците на главниот град да продефилираат повеќе од 220 „дотерани“ моторџии со своите класични ...
Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни договори за царините, за земјоделските производи и за авионите. Кинеското Министерство за трговија вчера соопшти дека понатамошните преговори за деталите се во тек. Во соопштението на кинеското Министерство за трговија се наведува дека е договорено Кина да купи американски авиони и САД да го снабди ...
Мохамед Салах (34), испрати остра порака до менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, во изненадувачка објава на социјалните мрежи. По девет години, легендата на „Црвените“ го напушта клубот за кој одигра 441 натпревар, постигна 257 и забележа 122 асистенции, и ги освои сите трофеи. По поразот од Астон Вила (4:2) во претпоследното коло, што под знак прашалник го става настапот на Ливерпул во ЛШ следната сезона, само една година по освојувањето на ...
Џон Траволта доживеа еден од најемотивните моменти во својата кариера на Кански филмски фестивал, откако беше изненаден со почесна Златна палма за животно дело. Легендарниот холивудски актер пристигна во Кан по повод светската премиера на неговиот прв филм како режисер – Propeller One-Way Night Coach, но вечерта се претвори во вистинско изненадување кога организаторите му ја врачија престижната награда. Видно емотивен, 72-годишниот Траволта ...
Австралискиот „Квантас“ беше принуден да го пренасочи летот кон Соединетите Американски Држави поради немирен патник, а локалните медиуми објавија дека човекот каснал член на екипажот. Лет од Мелбурн до Далас беше принуден да слета во Папете, главниот град на Француска Полинезија, во петокот поради проблематичен патник. Човекот беше совладан од други патници, а локалните медиуми, вклучувајќи го и националниот радиодифузер ABC, објавија дека ...
Две кола пред крајот на сезоната во втората лига на Шпанија, играчите на Расинг од Сантандер го обезбедија враќањето во елитната конкуренција на шпнскиот фудбал. Последен пат во елитата, клубот од „Ел Сардинеро“ стадионот, играше во 2012 година. Расинг го победи Ваљадолид со 4:1 пред своите навивачи во саботата, но за конечен триумф и потврда за враќањето во Ла Лига 1 го чекаа исходот до дуелот меѓу Алмерија и Лас Палмас – и добија најдобра ...
Додека многу тинејџери работат сезонски работи за да заработат џепарлак или да заштедат за факултет, 17-годишната Суландри Котзе од Јужноафриканска Република избрала сосема необичен бизнис – чистење и обновување запуштени гробови. Денес, од таа идеја не само што заработува за своето идно школување, туку нејзиниот мал семеен бизнис прераснал во успешна работа која предизвикува силни емоции кај клиентите. Суландри сонува да стане медицинска ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан оцени дека Унгарија влегла во период на политички промени по изборите и рече дека опозицијата и десницата ќе мора да се реорганизираат во силно политичко движење. Во интервју за унгарскиот „Немзет“, Орбан рече дека претходните 16 години од владеењето на неговата партија претставуваат „најуспешен период на унгарската изградба“, вклучувајќи економски раст, зголемување на платите и зајакнување на ...