Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Министерот Бесар Дурмиши по денешниот протест на студентите порача дека проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик потекнува од времето кога ДУИ била на власт, обвинувајќи ја партијата за долгогодишна манипулација со ова прашање. Според Дурмиши, студентите денес протестирале против неправда која, како што рече, постоела со години, бидејќи правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик. Тој истакна дека ...
Најмалку пет лица беа убиени денес, а седум беа ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција, според турските медиуми. Според наводите, осомничениот Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Арза О. (32) со огнено оружје, по што избегал со автомобил. Mersin’in Tarsus ilçesinde silahlı saldırı gerçekleştiren şüpheli, 4 kişinin ölümüne, 8 kişinin ise yaralanmasına neden oldu. Şüpheliyi ...
Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик. Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели, велат од „Вреди“. „Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и ...
Русија се бори со растечкиот домашен притисок поради неуспесите на украинското бојно поле и економските тешкотии, изјави Каупо Росин, директор на Службата за надворешно разузнавање на Естонија. Во интервју, Росин рече дека времето не е на страната на Путин, барем додека Западот опстојува со санкциите и помошта за Украина, објави „Киев Индепендент“. Повеќе од четири години по почетокот на целосната инвазија на Русија, Кремљ се соочува со ...
Соединетите Американски Држави и Израел подготвуваат можни нови воени операции против Иран уште оваа недела, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на информирани извори. Двајца функционери од Блискиот Исток изјавија дека САД и Израел спроведуваат интензивни подготовки за можни нови напади врз Иран, најголеми откако стапи на сила прекинот на огнот. Според американски и блискоисточни извори, Пентагон размислува за продолжување на операцијата ...
ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ, истакнуваат од СДСМ. „Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач“ на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица. Партија креирана токму за вакви потреби. Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ. Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се за НАТО. ...
Со цел да се подобри подготвеноста на вооружените сили на Белорусија за употреба на современо оружје, вклучително и специјална муниција, белоруската армија денес започна со спроведување обука за борбена употреба на нуклеарно оружје и нуклеарна поддршка, објави Министерството за одбрана на Белорусија. Целта на обуката е да се подобри нивото на обука на припадниците на белоруската армија, да се провери подготвеноста на оружјето, воената и ...
Вооружен напаѓач отвори оган во јужна Турција, убивајќи четири лица и ранувајќи осум, објавија денес локалните медиуми на Би-Би-Си. Смртоносниот инцидент се случил во округот Тарсус во покраината Мерсин, според турските весници Хуриет и Си-Ен-Ен Турк. Mersin’in Tarsus ilçesinde silahlı saldırı gerçekleştiren şüpheli, 4 kişinin ölümüne, 8 kişinin ise yaralanmasına neden oldu. Şüpheliyi yakalamak için helikopter destekli operasyon başlatıldı. ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари конструктивна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации, Рита Колумбиа, на која беа разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и Обединетите Нации. На средбата се разговараше за проектите што Град Скопје ги реализира со цел обезбедување рамномерен и одржлив развој на сите градски населби, со посебен акцент на подобрување на квалитетот на ...
Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, денес објави дека официјално ќе претстави нова политичка партија на 26 мај, пишува „Прототема“. Во видеото објавено на платформата Икс, две момчиња се појавуваат на фудбалскиот терен со дресови со броевите „26“ и „5“, што симболично се однесува на датумот на лансирање на новата партија. Ούτε νωρίς ούτε αργά, τώρα είναι η ώρα. pic.twitter.com/glgqSsKLlO — Αλέξης Τσίπρας – Alexis Tsipras ...
Уште како 16-годишна девојка, бугарската пејачка Дара пленела со својот шарм, енергија и сценска појава, а денес нејзиното име одекнува низ цела Европа по историската победа на Евровизија 2026 во Виена. На социјалните мрежи повторно стана вирален нејзиниот прв настап од бугарскиот „X Factor“ во 2015 година, кога тогашната 16-годишна Дарина Јотова – денес позната како Дара – успеа веднаш да го освои жирито и публиката. Во видеото кое повторно ...
Темелно се чисти коритото на Вардар, бисерот на Скопје, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Изминатиов период, во тек е голема, координирана акција за расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје, заедно со пешачките и велосипедските патеки долж кејот. Она што со години беше занемарувано и ја нарушуваше сликата за нашиот град, заминува во минатото. Вардар е симбол на Скопје, ...
Грција објави дека новиот систем на ЕУ за земање биометриски податоци на патници кои доаѓаат од земји надвор од Европската Унија (ЕЕУ) е целосно оперативен и ги отфрли извештаите дека Британците ќе бидат ослободени – дека нивните податоци нема да бидат земени. Но, на полицијата ќе ѝ биде дозволено повремено да ги исклучува скенерите кога толпите ќе станат преголеми ова лето, велат официјални лица, пренесуваат медиумите во регионот. „Не ...
Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи. „Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на ...
Куба има апсолутно и легитимно право да се брани од американската воена агресија, предупреди денес кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, велејќи дека секој напад врз островот би довел до крвопролевање со непроценливи последици, пренесува „Анадолу“. „Заканите за воена агресија врз Куба од страна на најголемата светска сила се добро познати“, напиша Дијаз-Канел на социјалната мрежа Икс. „Самата закана е веќе меѓународен злостор“, додаде ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека горивата во Македонија се најевтини во регионот и воедно ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет. Во своето видео-обраќање на 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија, кој се одржува во организација на ОКТА, Божиновска истакна дека државата посветено работи на целосно усогласување со ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, опишан од „Тајмс оф Израел“ како политичар со антиизраелски ставови, наводно одбива да одобри назначување на нов израелски амбасадор во Загреб веќе седум месеци, поради конфликт со хрватската десничарска влада околу надворешната политика, пренесуваат медиумите. Според израелскиот портал „Ynet“, Нисан Амдур, кој беше одобрен во ноември како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен, ќе пристигне во ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ...
Цветните фустани оваа пролет повторно се во центарот на модните трендови, а флоралните дезени дефинитивно доминираат во колекциите на познатите модни брендови. Од романтични миди модели до впечатливи макси креации, оваа сезона носи комбинација од женственост, удобност и свежина што тешко може да остане незабележана. Модните експерти велат дека цветниот фустан повеќе не е резервиран само за романтични комбинации, туку станува парче што лесно ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел оцени дека сегашните европски политичари треба сами да водат разговори со рускиот претседател Владимир Путин, доколку има преговори за Украина и идната безбедносна архитектура во Европа. Зборувајќи на форум организиран од германската телевизиска станица WDR, Меркел потсети на преговорите за договорите од Минск и истакна дека тогашните лидери можеле да разговараат со Путин затоа што имале ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер. Средбата се одржа во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави, со фокус на унапредување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси. Во центарот на разговорите беа реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во јавниот ...
Европа ја очекува драматичен временски пресврт, откако по повеќедневниот бран студ и арктички температури, во наредните денови се прогнозира нагло затоплување низ голем дел од континентот. Според пишувањето на theguardian.com�, температурите во земји како Франција и Англија би можеле да пораснат и до 15 степени во споредба со минатата недела, додека во Шпанија и Португалија се очекуваат температури над 30 степени Целзиусови. Изминатата ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската нафтена индустрија е сериозно погодена од украински далекусежни напади и санкции. Според него, Русија го намалила бројот на активни нафтени бунари и капацитетите за рафинирање. Зеленски предупреди и на знаци на растечка банкарска криза во Русија и зголемен федерален дефицит. Тој тврди дека една руска нафтена компанија затворила околу 400 бунари. Според него, капацитетот за ...
Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде македонска, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Реакцијата на лидерот на СДСМ доаѓа откако денеска во Собрание не поина предлог – законот министрите да имаат само македонско државјанство. „Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Доста е со вашите лаги. ...
Офанзивниот играч за врска на Барселона, Фермин Лопез, заработи сериозна повреда на стапалото поради која ќе го пропушти Светското првенство. Поради повреда, Фермин го напушти теренот на натпреварот против Бетис (3:1) во недела, а по денешните прегледи беше утврдена фрактура на метатарзалната коска. Тој ќе мора да биде опериран, по што ќе следи пауза од неколку недели, и се очекува да биде подготвен за почетокот на летните подготовки со ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ заедно со ЈП „Комуналец“ денеска ја чистеа дивата депонија кај еден од објектите на универзитетот. Таму беше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој апелираше до граѓаните да бидат одговорни кон средината во која живееме. Ректорот Игор Неделковски изрази благодарност до градоначалникот на Битола и ЈП „Комуналец“ бидејќи одговорија на нивната молба околу чистењето на дел од објектите на ...
По подолг период на студено време што зафати голем дел од Европа, во следните денови се очекува нагол пораст на температурите. Потопол воздух од југ ќе навлезе кон западна и централна Европа, па во Франција и Англија температурите би можеле да се зголемат и до 15 степени. Претходната недела студен бран од Арктикот ги спушти температурите значително под просекот, а мразот предизвика штети во земјоделството. Во Франција лозарите дури палеа ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на којa беше нагласено традиционалното пријателство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка меѓу двете земји. Тој ѝ посака на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во ЕУ и истакна дека за жал, нашиот пат кон ЕУ е попречен од билатерален спор со соседна Република Бугарија, но нагласи ...
Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), го напушта клубот на крајот од сезоната. „По 23 години, од кои 13 во првиот тим, клубот и играчот се согласија да ја прекинат соработката, затворајќи едно од најуспешните поглавја во историјата на клубот“, објави Реал Мадрид. Во официјално соопштение, Реал Мадрид изрази благодарност и восхит кон, како што велат, една од најголемите легенди на клубот и светскиот фудбал. Карвахал е еден од само ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 18.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.877,62 поени, со дневен пад од 0,03%, односно 3,40 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 15.507.907 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ...