По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, Општина Прилеп и ТППЕ Прилеп организираат презентација на дел од противпожарната опрема и показна вежба. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со возилата, опремата и подготвеноста на прилепските пожарникари, како и да проследат показна интервенција. Локација: Плоштад „Методија Андонов – Ченто“ 20.05.2026 среда, од 10:00 – 11:00 часот. Општина Прилеп упатува честитки до ...

Научниците со години се обидуваат да ја решат мистеријата на необичната гравитациска аномалија откриена над Атлантскиот Океан, феномен кој првпат бил регистриран во 2007 година и кој, според истражувачите, можеби е поврзан со драматични процеси што се случуваат длабоко во внатрешноста на Земјата. Француски научници откриле необичен сигнал со огромни размери кој не можел целосно да се објасни со познатите природни процеси како движењето на ...

Експертите предупредуваат дека Chrome ја зафаќа меморијата на вашиот уред без прашање за да заштеди на сопствените трошоци. Дознајте каде се крие контроверзната датотека „weights.bin“ и како да ја оневозможите оваа опција во поставките. Иако можеби немавте намера да инсталирате вештачка интелигенција на вашиот компјутер, можно е таа веќе да е таму. Google Chrome инсталира модел од 4GB без да ве праша или извести. Според Александар Ханф, ...

Обилните дождови што ја погодија јужна и централна Кина предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку десет лица, училиштата и бизнисите беа затворени во неколку провинции, а сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија беа прекинати. Најмалку шест лица загинаа откако пикап со 15 патници падна во надојдена река во регионот Гуангси во југозападна Кина, а во одделни инциденти, три лица загинаа во ненадејни поплави во село во Хубеи, додека ...

Командантот на највисоката воена оперативна команда на Иран, генерал-мајор Али Абдолахи, денес изјави дека секој нов чин на агресија од страна на Соединетите Американски Држави или нивните сојузници ќе биде пресретната од огромната воена сила на Иран, која ќе „ја отсече раката на секој агресор“. Иранскиот генерал рече дека „Исламската Република Иран е посилна и порешителна од кога било да го брани својот суверенитет“, објави иранската ...

Преставникот на руската државна дума од регионот Новосибирск и член на Комунистичката партија на Руската Федерација, Ренат Сулејманов, изјави дека Русија мора „што поскоро да ја заврши специјалната воена операција во Украина“, бидејќи руската економија „нема да преживее долгорочна специјална воена операција“. Сулејманов го изјави ова во интервју за порталот од Новосибирск, Континент Сибири. Според него, дури 40 проценти од федералниот буџет ...

Германија внимателно ја следи посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина, но во Берлин не очекуваат дека тоа ќе донесе фундаментална промена во односите меѓу Москва и Пекинг, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. На заедничката прес-конференција со швајцарскиот претседател Ги Пармелин во Берлин, тој рече дека германските власти го анализираат не само престојот на Путин во Пекинг, туку и пораките претходно разменети за време ...

Воен авион на НАТО денес собори дрон во Естонија, за кој се верува дека е лансиран од Украина, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. Во интервју за порталот „Делфи њуз“, Певкур потсети дека ова е последното во низата повреди на воздушниот простор во земјите што граничат со Русија, објавува Ројтерс. Од март, неколку украински воени дронови залутаа во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО: Финска, Латвија, Литванија и ...

Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка. ...

Во населбата Црниче, Општина Кисела Вода, започна со работа новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“. Овој центар нуди нова, современа и специјализирана социјална услуга, наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни и интелектуални тешкотии, специфични тешкотии во учењето и говорно-јазични потешкотии. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, преку логопедски и дефектолошки третмани. Услугата е целосно бесплатна, а ...

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој вели дека не го поддржале предлогот ...

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, државата успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година, информираат од МНР. Форумот, кој обедини високи претставници на владите, европските институции, регионалните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите, ...

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група што држи прес-конференции како да е комбинација од театар на апсурд и ефтина претстава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Порелевантни се информациите за временска прогноза отколку пресовите на лидерот на СДС. Следно е да излезе со драматична конференција за ...

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците, оценуваат во ДУИ. Проблемот, како што велат, не е во недостаток на законско решение. Според ДУИ, решението веќе постои во самиот Закон за употреба на јазиците, ...

Јувентус по натпреварот со Фиорентина (0:2), по кој „старата дама“ речиси остана без шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, реши парично да ги казни капитенот Мануел Локатели и напаѓачот Душан Влаховиќ. Атмосферата во тимот од Торино ескалираше целосно, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите. За време на натпреварот, имаше и вербален конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, што ...

Фински нуркачи ги пронајдоа телата на четворицата Италијанци кои загинаа во подводна пештера на Малдивите минатата недела. Оваа информација ја потврди портпаролот на претседателот Мохамед Хусеин Шариф. Извлечени се две тела, а извлекувањето наостанатите двајца е планирано за утре, објавува Euronews. Телата на починатите нуркачи беа пронајдени вчера, откако потрагата продолжи по трагичен прекин. Имено, локален воен нуркач го загуби животот во ...

Прилеп започнува со конкретни чекори за решавање на сообраќајниот метеж на најкритичните крстосници во градот – „Кај Чумовчани“, „Кај Интернатот“ и „Нова автобуска“, каде што со години наназад граѓаните се соочуваат со долги колони и застој, особено во шпицните часови. Во рамки на новиот пристап, Општина Прилеп со помош на дронови изврши мерење на протокот на сообраќај на повеќе локации низ градот, со цел да се добијат прецизни податоци и ...

Денес на дневен ред во Собранието се скандалозни измени на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со кои власта на ДПМНЕ ги елиминира критериумите за професионалност и стручност при избор на директор, очигледно со цел да инсталира уште еден партиски послушник, истакнуваат од Левица. Со предложените измени, власта, како што оценуваат од оваа партија, го брише условот директорот да има претходно работно искуство во ...

Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, ќе го напушти „кралскиот клуб“ по 13 години. Десниот бек освои 27 трофеи со тимот од шпанската престолнина (четири титули во лигата, два Купа на кралот, четири Суперкупа на Шпанија, шест Лиги на шампиони, пет европски Суперкупа и шест светски првенства во клубот). Со заминувањето на карвахал, продолжува една необична традиција на „Сантијаго Бернабеу“. Шеста сезона по ред главниот капитен на Реал ...

Ако ова е она што Samsung Display го подготвува, тогаш сме доста возбудени за иднината на екраните на паметни телефони. Samsung Display е познат по создавањето на некои од најиновативните технологии за екрани во индустријата. „Privacy Display“ на Samsung Galaxy S26 Ultra е само еден неодамнешен пример за многуте технолошки достигнувања на компанијата кај екраните на телефоните. Сега, на SID Display Week 2026 во Лос Анџелес, компанијата ...

Претседателот на СНС и советник на претседателот на Републиката, Милош Вучевиќ, по повод претстојната посета на претседателот Александар Вучиќ на Кина, изјави дека сите дипломатски активности на претседателот на државата и другите претставници на Србија се важни. Како што изјави, ова ја покажува отвореноста на Србија јасно да ги изрази своите ставови и да се бори за своите интереси. „Оваа посета на претседателот на Пекинг е извонредна. Ќе ...

ВЛЕН жестоко реагираше по протестите поврзани со барањето правосудниот испит да се полага и на албански јазик, обвинувајќи дека зад целата „врева“ не стои вистинска грижа за студентите, туку политичка борба за враќање на изгубената власт. Во соопштението, од ВЛЕН порачаа дека протестот е демократско право кое никој не го оспорува, но дека проблемот, според нив, е обидот истиот да се искористи за политички манипулации. „Денес на протестот, ...

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја поздравува одлуката за усвојување на предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој влегува во Собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3% од уплатените давачки од игрите на среќа. „Ваквиот потег на Владата недвосмилено покажува голема поддршка и препознавање на успехот кој години наназад го постигнуваат македонските филмови и покажува силна ...

Португалскиот репрезентативец Витиња откри, дека Кристијано Роналдо продолжува да го инспирира целиот тим пред Светското првенство во 2026 година. Тој рече дека се надеваат дека ќе го освојат турнирот заедно со нивниот капитен, но и за него, пишува „Goal.com“. Во интервју за ФИФА пред претстојното првенство, Витиња нагласи колку големо влијание има Роналдо во соблекувалната. Иако е близу до крајот на својата кариера и моментално игра за Ал ...

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна дека е длабоко загрижен за обемот и брзината на епидемијата на ебола, бидејќи бројот на случаи расте. „Од почетокот на новата епидемија, имало најмалку 500 случаи на инфекција и 130 смртни случаи за кои се сомнева дека се поврзани со ебола“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Исто така, еден смртен случај е потврден во главниот град на Уганда, Кампала, и случај на инфекција ...

Хрватска усвои закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи, потег што се оценува како големо олеснување за транспортниот сектор и за македонските возачи кои секојдневно работат на европските рути. Веста ја соопшти вицепремиерот Александар Николоски, кој посочи дека станува збор за реализација на договор постигнат во јануари годинава со хрватскиот вицепремиер и министер за транспорт Олег Бутковиќ. Според ...

Целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу. Станува збор за отсечка на улицата која се протега од раскрсницата со ул. „Леринска“ до раскрсницата со ул. „Брадфорска“, во должина од 517 метри. Со вкупна инвестиција од околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт, реконструиран е коловозот кој опфаќа ревитализација на асфалтната површина, ...

Русија денеска започна тридневни нуклеарни вежби, вклучувајќи лансирање балистички и крстосувачки ракети, соопшти Министерството за одбрана. Белорусија, исто така, учествува во вежбите, што ги опфаќаат и подморниците, воздухопловните сили и копнените сили, објави Ројтерс. Опсег и цел на вежбите Во вежбите учествуваат 64.000 војници и 7.800 парчиња воена опрема, а целта е да се вежба „подготовка и употреба на нуклеарни сили во случај на ...

Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во летото 2019 година како големо засилување во трансфер вреден околу 100 милиони евра. Белгиецот потпиша петгодишен договор со „кралскиот клуб“, откако го напушти Челзи, но неговиот престој во Мадрид не ги исполни очекувањата. Во неодамнешно интервју за францускиот „Канал+“, Азар откри неколку интересни детали од тој период, вклучувајќи ја и приказната за бројот на дресот што не го сакал. Азар раскажа ...

Холивудската дива Деми Мур повторно ги украде сите погледи на Филмски фестивал во Кан, појавувајќи се на доделувањето на наградите „Керинг жени во движење“ во спектакуларна модна комбинација која веднаш стана тема на социјалните мрежи и светските медиуми. Актерката, која оваа година е член на главното жири на 79-тото издание на фестивалот во Кан, блескаше во впечатлив фустан без прерамки со корсет-крој и необичен виолетов крокодилски дезен, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
74%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
87%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
69%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
84%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.05
86%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15