Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Одлуката на Соединетите Американски Држави да повлечат околу 5.000 војници од Германија нема никакво влијание врз способноста на НАТО да се одбрани, изјави денес во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. „Знаеме дека ќе има прилагодувања, но тоа ќе се прави постепено и на структуриран начин“, изјави Марк Руте пред новинарите. Тој спомена дека наскоро би можеле да бидат претставени „Модел на сили“, збир на воени сили достапни ...
Украина ќе испрати засилување во северните региони на земјата и ќе го зголеми притисокот врз Белорусија со цел да се спротивстави на руските планови за започнување нова офанзива северно од Киев, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Детално ги анализиравме информациите достапни од нашите разузнавачки агенции за руското планирање на офанзивни операции во правец Чернигов-Киев. Нашите сили во овој сектор ќе бидат зајакнати“, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара извинување од Израел за третманот на италијанските активисти уапсени за време на пресретнувањето на флотилата со хуманитарна помош за Газа. Израелските одбранбени сили во неделата пресретнаа флотила од околу 50 бродови, користејќи гумени куршуми, се качија на бродовите и приведоа околу 400 активисти од 40 земји, кои потоа беа однесени во Израел. Мелони објави во средата дека министерот за ...
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека војната меѓу американско-израелските сили против Иран ќе се прошири надвор од регионот доколку агресијата врз Иран се повтори. „Американскиот ционистички непријател, кој не научи од повторените големи и стратешки порази на Исламската револуција, повторно зборува за закани. Иако нè нападнаа со сите можности на двете армии, кои се најскапи во светот, ние не ги ...
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, изјави во средата висок функционер на администрацијата на Трамп, а овој потег означува ескалација на кампањата за притисок на Вашингтон врз комунистичката влада на карипскиот остров, пренесуваат светските медиуми. Обвинението доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок за промена на режимот на Куба, каде што комунистите на Кастро се на ...
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, денеска се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата. Во разговорот, Филипче се осврна на ...
Владите на земјите од Европската Унија ја разгледуваат можноста поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, или поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, да ја претставуваат ЕУ во потенцијални преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, објави денес британскиот весник „Фајненшл тајмс“. Бидејќи Соединетите Американски Држави не успеваат да преговараат со Владимир Путин, ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“, спроведуван од здружението Центар за ресурси во животната средина. На настанот беа презентирани активностите и резултатите од проектот, кој има за цел промовирање и воспоставување на земјоделски практики што ќе го намалат ризикот од пожари, количината на запалливи материјали, како и штетите ...
Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база, единица која претставува носечки столб на логистичката поддршка во Армијата. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заменик-министерот за одбрана, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека обвинувањата на Русија дека балтичките земји го отвораат својот воздушен простор за украински беспилотни летала да ја нападнат Русија се бесмислени. „Ако беспилотните летала доаѓаат од Украина, тие не се таму затоа што Украина сакала да испрати беспилотно летало во Латвија, Литванија или Естонија. Тие се таму поради неодговорниот, нелегален и тотален напад на Русија“, изјави Руте ...
Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование и практична подготовка. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека инвестирањето во младите претставува највреден капитал за успех и напредок на заедницата. Според него, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, порача дека Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат и нагласи дека проширувањето на Европската Унија денес е јасна геостратешка цел и за самата Унија. Филипче истакна дека скептицизмот кон проширувањето е надминат и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му дал на Иран последна шанса да постигне меѓусебен договор, нагласувајќи дека не брза да постигне договор. „Не брзам. Сите велат: „О, среднорочните избори“. Не брзам. Воопшто не размислувам за среднорочни избори и не брзам да постигнеме договор. Мораме повторно да го отвориме Ормускиот теснец“, рече тој. Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, ја пофали ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски процеси во државата. На средбата се разговарало за напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето на преговорите со Европската Унија, како и за активностите во рамки на Реформската агенда и поширокиот ...
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Северна Македонија. Овие средства ги добија сите земји кандидати во регионот како дел од Планот за раст за Западен Балкан, освен Србија. Зошто Србија не ги доби? Затоа што сестринската партија на ВМРО – СНС на Вучиќ – со години ги блокира реформите. Не ја спроведоа реформата на правосудството, туку воведоа закони во целосна спротивност со препораките на ЕУ, велат од СДСМ. Според ...
Борбени авиони на НАТО се испратени да пресретнат дрон што леташе во близина на Вилнус, објави министерот за одбрана на Литванија, додека властите упатија итен повик до граѓаните веднаш да се засолнат. Литванија издаде предупредување за „воздушна опасност“ и привремено го прекина сообраќајот на аеродромот во главниот град поради страв од нарушување на воздушниот простор од страна на беспилотни летала. Предупредувањето беше укинато кратко ...
Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног првпат јавно откри дека во 2021 година повторно ѝ бил дијагностициран рак, повеќе од 15 години по нејзината прва битка со ракот на дојка. Пејачката за досега непознатата здравствена состојба зборува во новиот документарен филм „Кајли“, кој од денес е достапен на Нетфликс. „Мојата втора дијагноза на рак беше на почетокот на 2021 година. Успеав тоа да го задржам за себе… Не како првиот пат“, изјави Миног, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија. На средбата, Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со ...
Во заедничката изјава по самитот во Пекинг, кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин остро ја осудија американската нуклеарна политика и планираниот ракетен одбранбен систем „Golden Dome“ на претседателот Доналд Трамп, оценувајќи го како закана за глобалната стабилност. Тие, исто така, го критикуваа Вашингтон за истекувањето на последниот нуклеарен договор во февруари, откако Трамп не одговори на рускиот предлог ...
Софија во еуфорија ја пречека ДАРА: Илјадници Бугари славеа историска победа на Евросонг Главниот град на Бугарија приреди спектакуларен пречек за бугарската пејачка ДАРА, која ја донесе првата победа за земјата на Евросонг со песната „Бангаранга“. Со црвен килим долг 60 метри, огромна толпа луѓе и атмосфера каква што Софија одамна не памети, илјадници граѓани од цела Бугарија излегоа на улиците за да ја поздрават новата европска музичка ...
Утре поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.(општина Центар) Текстот Утре прекинато водоснабдување на дел од улицата „Дане Крапчев 26“ е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Утре поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане ...
Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека по минатомесечниот напад врз Чернихивската област биле пронајдени руски ракети опремени со боеви глави со осиромашен ураниум. Зголемени нивоа на радијација биле откриени кај неексплодирана ракета воздух-воздух „Р-60“, која била монтирана на модифициран дрон „Геран-2“ и користена за напади врз украински летала вклучени во воздушната одбрана. Според СБУ, изворот на радијација се изотопите ...
По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, кој им оддаде признание на пожарникарите за нивната посветеност и професионалност. Во своето обраќање, Проданоски ја нагласи важноста на нивната улога во општеството. „Професијата пожарникар ...
Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, денес учествуваше на панел-дискусијата на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година. Конференцијата се одржа под наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици ...
Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, изјави дека таксистот и сериски силувач Џон Ворбојс би можел да има „до илјада, ако не и повеќе“ жртви. Џонсон, која самата беше една од неговите цели и помогна да се изведе пред лицето на правдата, го коментираше случајот откако барањето на Ворбојс за условна слобода беше одбиено минатата недела, што таа рече дека е „огромно олеснување“ за преживеаните, објавува The ...
Поранешниот модел и сопруга на македонскиот ракометар Мартин Манасков, Кристина Манасков, во интервју откри детали од своето секојдневие, модниот стил и животот како мајка на две мали деца. На 31-годишна возраст, Кристина успешно балансира меѓу професионалните обврски во „Леро шпедиција“ и семејниот живот со синовите Максим и Матео. Иако јавноста ја памети по модните ангажмани, денес таа е целосно посветена на семејството и динамичниот ритам ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 20.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.825,64 поени, со дневен пад од 0,65%, односно 64,15 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 12.166.148 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, Македонски Телеком ...
Новиот ирански врховен водач, Мојтаба Хаменеи, упати писмена порака по повод две години од погибијата на поранешниот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Во изјавата што ја пренесе новинската агенција „Фарс“, тој порача дека земјата пружа „единствен историски отпор на две глобални терористички армии“, мислејќи на Израел и САД. Хаменеи призна дека реалноста на војната наметнува потежок товар на одговорност врз плеќите на ...
Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст. Според вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето и можностите за вклучување на младите во институциите. На средбата се дискутираше за конкретни теми поврзани со работата на Општина Битола, функционирањето на институциите градоначалник и Совет, ...