Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ...
Британската влада денес ја објави првата серија документи за назначувањето на Ендру Маунтбатен-Виндзор за специјален трговски претставник во 2001 година, за време на владата на Тони Блер. По објавувањето следеше парламентарна постапка со која се одложи презентацијата на документите до раните попладневни часови. Утрово, на либералните демократи им беше доделено „итно прашање“ на оваа тема, што ќе го принуди министерот за економија и трговија ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ЕСМ веќе поднела жалба на одлуката на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот поврзан со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски. На новинарско прашање за следните чекори, Мицкоски рече дека очекува Вишото јавно обвинителство да ги разгледа сите факти. „Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно ...
На прашањето кој ќе ја освои Премиер лигата на почетокот на неделата кога се решаваше шампионот, инстинктивниот одговор беше, ВАР. И додека се натрупуваа груби, скандалозни проценки кои директно ги обликуваа резултатите од темната дупка, се појави друга мисла: ако Арсенал по некое чудо прв ја помине целната линија, голема ѕвездичка треба да стои покрај нивното име во светите книги на фудбалот. Како ретко кога, ако воопшто и било така, во ...
Македонија повторно ќе биде дел од најголемиот европски музички спектакл „Евровизија“ во 2027 година, потврди генералниот директор на Македонската радио телевизија, Зоран Ристоски. На јавна седница на Програмскиот совет на МРТ, Ристоски соопштил дека по одржаните средби со претставници на Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ), може со сигурност да потврди дека земјава ќе испрати свој претставник на Евровизија 2027, која според најавите ќе се ...
Албанските студенти најавија организирање протест на 26 мај на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, во знак на солидарност со албанските студенти од Македонија, за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, јавуваат медиумите во Албанија. Според најавата, собирот ќе започне во центарот на албанската престолнина, а потоа ќе продолжи со марш кон Амбасадата на Македонија во Тирана. Организаторите за слоган го избрале „Албанија е со ...
Толку е голем очајот во СДС да навистина веќе ништо не не изненадува, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Во соопштението на СДС се вели дека Србија не добила средства од ЕУ за Планот за раст, затоа што како што велат – не спровеле реформи. Од друга страна пак, велат дека Македонија исто така не ги спроведува реформите, но се ослободија најмногу средства од цел Западен Балкан во висина од над 66 милиони евра. Сега, СДС нека се договори – дали парите кои ...
Силекс, четврти пат во историјата, го освои Купот на Македонија. Екипата од Кратово во финалето ја победи Шкендија со 1:0 (0:0). 33-то издание на финалето, за жал ќе се памети по уште едно скандалозно однесување на навивачите на Шкендија, но и на фудбалерите на тимот од Тетово, по завршувањето на натпреварот. Навивачите на Шкендија, пред почетокот на дуелот, со свирежи го испратија интонирањето на македонската химна. Потоа развија ...
Девет милијарди евра е износот на стариот долг што државата, односно оваа Влада треба да го врати до 2031 година. Според Министерството за финансии износите кои доспеваат, а се однесуваат на главница и камати, во 2026 година се околу 1,5 милијарди евра, во 2027 година 1,4 милијарда евра, во 2028 година 1,9 милијарди евра, 2029 година 1,1 милијарда евра, 2030 година 1,7 милијарди евра и 2031 година 1,2 милијарди евра. Во последното интервју ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил нов пристап за проширувањето на Европската Унија, според кој земјите од Западен Балкан би добиле статус на „набљудувачи“ во институциите на ЕУ, додека Украина би станала „придружена членка“ без право на глас. Во писмо испратено до лидерите на ЕУ, Мерц наведува дека процесот на проширување трае предолго и создава фрустрации кај земјите кандидати. За Западен Балкан и Молдавија, тој предлага ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“ упати повик до власта за заедничко носење на уставните измени. Филипче истакна дека во наредниот период во посета на земјата ќе дојде претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и дека Европската Унија повторно го става проширувањето високо на својата приоритетна агенда. Тој посочи дека веќе ...
Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација: дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот бек на ...
Од 25 до 27 јуни, на кејот во Охрид ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival. Три дена покрај езерото, со вино, музика, гастро понуда и содржина за посетители кои сакаат поинакво летно доживување во градот. Оваа година фестивалот носи нова адреса за дружење, прошетка и вечерно уживање на едно од најпрепознатливите места во Охрид. Ohrid Wine Festival продолжува да ја гради својата приказна како настан што ги поврзува виното, ...
Иран тајно погубил четворица мажи – двајца курдски политички активисти и двајца државјани на Ирак – без да ги извести нивните семејства и без последни посети, јавува организацијата за човекови права Hengaw. Активистите Рамин Зале и Карим Маруфпур биле погубени во затвор во северозападен Иран, а властите тврдат дека биле осудени за „оружана побуна“ и „обид за атентат“. Организациите за човекови права, пак, наведуваат дека процесите биле ...
СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче, кој најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседава Сања Лукаревска од СДСМ. „Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа. Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој ...
Атлетико Мадрид нема намера да го продава Хулијан Алварез, меѓутоа во клубот се подготвени да направат исклучок доколку стигне понуда од 150 милиони евра. Шпанските медиуми, шпекулираат дека токму таква понуда добиле на „Метропилитано“ од Париз. Луие Енрике, тренерот на ПСЖ, го одобрил трансферот, а клубот ја понудил бараната сума. Наводно, Атлетико нема да ја одбие, свесни дека во иднина нема да го добијат она што го бараат. И повоторно на ...
На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ започнаа активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена за сообраќај, а така е во текот на целата година, освен за летниот распуст на училиштата. Овој проект кој беше најавен конечно почнува да се реализира, а плоштадот кој се користи како паркинг простор ќе биде пешачка ...
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор, велат од Народната банка. Најновото соопштение за монетарните ...
Црна Гора одбележува 20 години од референдумот во 2006 година, кога со 55,5 проценти од гласовите ја обнови државната независност, додека 44,5 отсто гласаа за останување во заедничка држава со Србија. Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека референдумот бил само прв чекор во градењето на државата и дека денес Црна Гора ја зацврстува независноста и се движи кон европска интеграција. Тој порача дека државата не ја прават големината или војската, ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека „Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис“. Манасиевски рече дека Венко Филипче и Зоран Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, додавајќи дека сега повторно доколку имаат можност би направиле нова отстапка, ...
Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао заврши уште една сезона за заборав, трета по ред. За проблемите со повредата оваа сезона, Милитао, го обвинува клубот и тренерот Чаби Алонсо. Смета дека премногу бил форсиран. Поради повредата Едер Милитао ќе го пропушти Светското првенство. Милитао ја заврши сезоната пред еден месец, а статистиката е поразителна. Во последните три години, кои беа обележани со сериозни повреди, тој одигра само 52 од 179 ...
Кога ќе се спомне интимност, повеќето луѓе веднаш помислуваат на физичка блискост, но експертите велат дека вистинската поврзаност многу почесто се гледа во секојдневните, навидум неважни моменти. Психолозите објаснуваат дека токму малите навики и гестови можат да покажат дека меѓу две личности постои силна емоционална врска, дури и кога тие не се свесни за тоа. Меѓу најсилните знаци на блискост се издвојува споделувањето храна без двоумење. ...
Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди пошироката област на Неапол рано во четврток наутро. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот бил во заливот Поцуоли, на длабочина од само три километри, објавува Euronews. Потресот бил почувствуван низ целата област на Неапол, а многу жители се огласиле на социјалните мрежи. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Како мерка на ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција изјави дека приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле „непрофесионално и паушално“ во случајот „Мазут“. Милошоски рече дека јавноста е сведок дека постои „официјален приговор од ЕСМ којшто се однесува на неправилно ценење на доказите кои што ги наведе обвинителката Коларевиќ за прекинување на истрагата“. Тој изјави дека ...
НБА ги објави имињата на копаркарите кои ја формираа најдобрата петорка на дебитанти за сезоната 2025/26. Купер Флег од Далас, Кон Кнепел од Шарлот, Ви-Џеј Еџкомб од Филаделфија, Дилан Харпер од Сан Антонио и Седрик Кауард од Мемфис се избрани во тимот на дебитанти. Флег претходно беше прогласен за најдобар „руки“ во НБА пред Кнепел. Двајцата и Еџкомб добија максимален број поени – 200 во изборот за најдобарот тим на дебитанти, Харпер имаше ...
Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије. Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на ...
Најновите глобални анализи за интелигенцијата и образованието во 2025 година повторно ја отворија дебатата за тоа кои се најпаметните држави во светот, но овојпат со значително изменета и попрецизна методологија која комбинира IQ тестирања, образовни резултати, иновации, научен капитал и функционална писменост. Според најновите податоци на „International IQ Test“, кои се базираат на повеќе од 1,2 милиони учесници ширум светот што го полагале ...
„ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума ...
Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во финалето на Лига Европа. Победата на Астон Вила значи дека Премиер лигата може да има дури шест претставници во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Унаи Емери веќе обезбеди место во елитата, со пласманот меѓу првите пет екипи од првенството, но сега Борнмут и Брајтон имаат можност со пласман на шестото, прв пат ...
Македонското друштво „Илинден“-Тирана повторно упати иницијатива 21 мај официјално да биде прогласен за Ден на националните малцинства во Република Албанија. Од друштвото посочуваат дека токму 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, поради што сметаат дека датумот е најсоодветен за одбележување на улогата, придонесот и значењето на националните малцинства во албанското општество. Како што информираат од ...