Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности. „Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на член 126 став 2 од Деловникот, претседателката на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...

Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати, оценуваат од „Вреди“. Европската комисија, додават од ...

Раководството на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ кое е организатор на Малиот Битолски Монмарт денеска имаше прием кај градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Тие го информираа градоначалникот за подготовките на 45-то издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ на која ќе бидат присутни 18 делегации од 15 држави од светот, како и тоа дека на овогодинешниот конкурс на 44-то издание на Светската детска ...

Времето утре, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и ...

Младиот музички феномен Јаков Јозиновиќ повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не само поради спектакуларните концерти, туку и поради мистериозната русокоса на која ѝ подари црвена роза пред илјадници луѓе во Сава Центар. Јаков деновиве направи вистински музички бум во Белград, каде одржа дури десет последователни концерти во преполната сала на Сава Центар, а за секој настап се бараше билет повеќе. Сепак, еден момент од деветтиот ...

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денес оствари одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата, министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во ...

Михаел Лидерс, заменик-претседател на германската партија Сара Вагенкнехт – За разум и правда и експерт за Блискиот Исток, остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, обвинувајќи го дека нема разбирање за дипломатијата и дека дејствува со двојни стандарди во големите меѓународни кризи. „Самопрогласениот канцелар за надворешни работи Фридрих Мерц не разбира ништо од дипломатијата“, рече Лидерс во интервју за „Берлинер Цајтунг“, ...

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, соопшти дека Советот за етика во медиумите на Македонија утврдил прекршување на професионалните и етичките стандарди во текстот објавен на веб-страницата на ТЕРА ТВ со наслов „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола?“. Димитровски информира дека поднел жалба до Советот за етика, поради, како што наведува, тенденциозни напади насочени кон него, КУД „Илинден“, „Трчај бе“ и ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека европските политичари кои јавно го критикуваат за разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, во исто време се зад затворени врати обидувајќи се да дознаат што рекол рускиот лидер. Фицо оцени дека таквото однесување е доказ за лицемерие во европската политика, наведувајќи дека јавно секој обид за дијалог со Москва е осуден, додека во приватните разговори се покажува голем интерес за ставот на ...

Во ерата на стриминг платформите и дигиталната музика, старите аудио касети повторно доживуваат вистински бум меѓу колекционерите и љубителите на аналогниот звук, а некои примероци денес достигнуваат неверојатни цени од неколку илјади евра. Касетите, кои беа симбол на музичката култура во 80-тите и 90-тите години, повторно стануваат популарни поради носталгијата, автентичниот звук и реткоста на одредени изданија. Експертите предупредуваат ...

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат од Министерството за правда. На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел ...

Во светот каде среќата и знаењето се спојуваат, еден бренд со години ја држи лидерската позиција и тоа не е измислица туку податоците тоа го потврдуваат. „Mozzart дава најмногу“ не е само маркетиншки трик и повик – туку статистички податок поткрепен со рекорди кои се нижат еден по друг во спортското обложување. АПСОЛУТНА ДОМИНАЦИЈА ВО СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ Кога говориме за најголемите добивки во спортското обложување од 2025 година па до денес, ...

ВЛЕН со остри критики кон Демократска унија за интеграција и лидерот Али Ахмети, обвинувајќи ја партијата дека „нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“. Во партиското соопштение, ВЛЕН наведува дека ДУИ е „партија на милионери создадени преку ноќ“, која, според нив, две децении ја користела власта за лични и партиски интереси, додека граѓаните добивале „измами, пропаганда и лажен патриотизам“. Од ВЛЕН тврдат дека политиките ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ја претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 21.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.808,35 поени, со дневен пад од 0,18%, односно 17,29 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 8.247.875 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и НЛБ ...

На денешниот брифинг со претставниците на медиумите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, се осврна на актуелните состојби, реформските процеси и идните приоритети на Фондот, при што ја информираше јавноста и за одлуката на Владата со која е именуван за директор на ФЗО со полн четиригодишен мандат. Во своето обраќање, директорот Клековски истакна дека укажаната доверба претставува голема ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, им даде зелено светло на клупските челници да го откупи договорот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед. Германскиот стручњак им потврдил дека сериозно смета на Рашфорд и сака да го задржи и следната сезона. Ова значи дека каталонскиот клуб ќе ја активира откупната клаузула, според која на Јунајтед треба да му плати 30 милиони евра, сума која клубовите ја договорија минатото лето, кога Рашфорд пристигна ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека успешно е реализиран првиот ден од концертите на отворено во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, на кои младите музички таленти настапија на три различни локации низ градот. Според објавата, прилепчани имаа можност да уживаат во музички настапи на отворено, а учениците уште еднаш покажале дека Прилеп располага со млади луѓе со исклучителен талент, креативност и љубов ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се стреми да го ескалира конфликтот. Обвинувањето доаѓа во контекст на долгогодишната инвазија на Русија врз Украина и следи шема на сè поостра реторика што Москва ја користи кон другите земји во регионот, првенствено кон балтичките држави. Зеленски: Русија би можела да ја прошири агресијата Од друга страна, ...

Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот. Општина Битола денеска организираше настан на кој се обрати градоначалникот Тони Коњановски, а беше присутен и претседателот на Советот Бојан ...

Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман, го објави списокот на играчи на кои смета на Светското првенство во Канада, Мексико и САД ова лето, каде што „Панцерите“ ќе атакуваат на петтата титула. Она што се претпоставуваше, претпладнево доби потврда, дека Мануел Нојер ја прекина репрезентативната пензија и ќе биде број 1 во националниот тим. Списокот изгледа вака: голмани: Мануел Нојер, Оливер Бауман и Александар Нибел; ...

Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот. Општината денеска организираше настан на кој се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а беше присутен и претседателот на Советот Бојан ...

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура. Во фокусот на Firestarter 2026 беше ...

Француската полиција ја прошири својата истрага за сексуално насилство и злоупотреба во париските училишта откако притворот на 16 вработени беше продолжен за време на испрашувањето. Осомничените, на возраст од 18 до 68 години, работеле во јавното основно училиште „Сен Доминик“ во Париз, а истражителите ги испрашуваат под сомнение за силување и друго насилно или несоодветно однесување кон деца. Истрагата се прошири на десетици училишта и ...

Претсемиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на фактот што Македонија доби највеќе средства од ЕУ за реформската агенда и ставот на опозицијата, изјави: „Па видете, мислам дека тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар. Така што тој дел ќе го прескокнам. Но, сакам само да ги предупредам македонските граѓани дека, претпоставувам атмосферата во опозицијата е една специфична. И како резултат на ...

Нејмар го прослави своето вклучување во составот на Бразил за Светското првенство, а потоа ја загрижи нацијата со нова повреда. Поради оток на листот, тој не играше за Сантос против Сан Лоренцо, туку го гледаше натпреварот со својата ќерка од трибините. Според вестите од Бразил, тој нема да биде на претстојните клупски натпревари бидејќи мора да одмара седум до 10 дена. Репрезентацијата на Бразил се собира на 27 мај, а селекторот Карло ...

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Калај

53.60