Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор ...
Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера. Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре. Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако ...
Фински научници открија загрижувачка врска меѓу здравјето на усната шуплина и срцевите удари, а новото истражување покажува дека бактериите од устата можеби имаат директна улога во создавањето опасни наслаги во артериите. Студијата спроведена на Универзитет во Тампере анализирала артериски плаки кај повеќе од 200 пациенти со коронарна срцева болест, при што научниците откриле изненадувачки висок процент на орални бактерии во крвните садови. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски треба да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и зошто не ги продолжува преговорите со Европската Унија. „Зошто не ги става Бугарите во Уставот и другите малцинства и да ги почне преговорите со Европска Унија? Каков е ризикот од Уставните измени? Од што тој се плаши? ...
Во селото Горно Крчиште, во областа Полени – Маќелара, на 23 мај 2026 година ќе се одржи традиционалната Годишна македонска средба по повод големиот христијански празник Спасовден. Настанот ќе започне во 9 часот кај древната црква Свети Спас, која потекнува од 1232 година и претставува значаен споменик на културата и духовното наследство на Македонците во Албанија. Во рамки на средбата ќе се одржи богослужба, а организаторите најавуваат и ...
„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, нагласи дека ...
Нови информации за односите во семејството на Бред Пит и Анџелина Џоли повторно ја брануваат јавноста, откако американските медиуми објавија дека актерот не присуствувал на матурирањето на својата ќерка Захара Џоли, ниту, наводно, контактирал со неа за време на важниот ден. Според извештајот на tmz.com�, Захара ја прославила дипломата на колеџот „Спелман“ опкружена со нејзината мајка и браќата и сестрите, додека Бред Пит не побарал ниту ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан што се одржува во организација на Европравда. На состанокот учествуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази. Само со координирани дејствија, со брза размена на информации, со размена на ...
Врховниот командант на НАТО, Алексус Гринкевич, изјави дека одлуката на САД за повлекување на една оклопна бригада, односно околу 5.000 војници од Европа, нема да им наштети на одбранбените планови на Алијансата на континентот. Гринкевич, кој се обрати во Брисел по состанокот со воените команданти на земјите членки на НАТО, нагласи дека европските сојузници и Канада преземаат поголема одговорност за конвенционалната одбрана во Европа, додека ...
По историската победа на Дара на Евровизија 2026 во Виена со песната Bangaranga, Бугарија веќе влезе во трката за организација на следното издание на најголемиот музички спектакл во Европа. Според информациите што ги објави БНТ, дури четири бугарски градови официјално изразиле интерес да бидат домаќини на Евровизија 2027. Покрај главниот град Софија, во игра за организација се и Пловдив, Варна и Бургас. Бугарскиот претседател Румен Радев ја ...
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави можеби ќе мора повторно да го нападнат Иран. Тој откри дека бил на само еден час од донесувањето на конечната одлука за напад, пред да реши да ја одложи акцијата. „Само еден час денеска ме делеше од тоа да донесам одлука за напад“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа. Американскиот претседател тврди дека иранските лидери во моментов молат да ...
Фудбалска Европа е во шок по најавите дека Жозе Мурињо е пред сензационално враќање на клупата на Реал Мадрид, дури 13 години по неговиот прв мандат во „кралскиот клуб“. Според шпанските и португалските медиуми, Мурињо веќе договорил двегодишна соработка со мадридскиот гигант, а официјалната потврда се очекува во наредните денови. Но, тоа не е единственото што предизвика огромно внимание. Како што пренесуваат медиумите, португалскиот стратег ...
По историската победа на Дара на Евровизија 2026 во Виена со песната Bangaranga, цел Балкан зборува за атрактивната Бугарка која преку ноќ стана европска сензација. Но, додека јавноста се восхитува на нејзиниот глас, харизма и спектакуларен настап, многумина останаа изненадени кога дознаа дека срцето на пејачката веќе одамна е освоено. Зад сцената, далеку од рефлекторите и евровизиската еуфорија, Дара живее вистинска љубовна бајка со својот ...
СДС продолжува со своите лаги и манипулации. Откако седум години власт не направија ништо за студенти и не исполнија ниту едно ветување, сега кога студентите имаат партнер во Владата, манипулираат дека стипендиите се намалени, оценува Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто, вели тој, нема, стипендиите не се намалени со Законот за студентскиот стандард, бројот на стипендиите не е дел од законското решение, туку истите се ...
Славната римска Фонтана ди Треви повторно стана место на инцидент кој ја збесна италијанската јавност. И покрај постојаните полициски патроли и неодамна воведениот систем за наплата на билети, 30-годишен турист од Нов Зеланд скокнал целосно облечен во фонтаната и пливал, игнорирајќи ги предупредувањата на полицијата. Казната што ја добил изнесува 500 евра, заедно со забрана за враќање на тоа место. Um turista foi detido e multado em 500 ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 19.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.889,79 поени, со дневен раст од 0,12%, односно 12,17 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 21.457.522 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ...
Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството. -Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. Апелирам ...
Рубен Аморим е првиот кандидат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, пишуваат португалските медиуми. Поранешниот играч на великанот од Лисабон моментално е надвор од терените откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед оваа сезона. Се очекува двете страни брзо да постигнат договор. Аморим играше за Бенфика од 2008 до 2017 година. Интересно е што Аморим забележа брилијантни резултати како тренер на градскиот ривал Спортинг. Во ...
19 мај 2026 година, Скопје– Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија, кажа во интервју за Алфа телевизија министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска. Како што потенцираше министерката за Законот за задолжување кај странски банки кој ...
Владата на Нов Зеланд ќе отпушти речиси 14 проценти од вработените во државната администрација до средината на 2029 година, како дел од стратегијата за масовно намалување на трошоците, изјави денес министерката за финансии на земјата, Никола Вилис. Вилис им рече на бизнисмените во Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд, дека нејзината администрација ќе ги намали и буџетите на повеќето владини агенции во следните три години, ќе го намали ...
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални ...
Да не беше трагедијата во Кернадиља минатото лето, името на Диого Жота сигурно ќе беше на списокот на португалскиот селектор, Роберто Мартинез. Сакајќи да му оддаде постхумна почит на фудбалерот кој прерано нè напушти, Роберто Мартинез го прочита неговото име на списокот на учесници на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Диого нема да биде физички таму, но неговиот дух продолжува да живее меѓу играчите на Португалија кои, една ...
Милена Антовска-Станковска повторно успеа да ги воодушеви своите следбеници и да стане една од најкоментираните личности на социјалните мрежи, откако објави нови фотографии во впечатливо црвено модно издание кое веднаш привлече лавина реакции. Познатата водителка, која со години важи за едно од најубавите и најнегувани ТВ лица во Македонија, позираше во кусо црвено фустанче кое совршено ја истакна нејзината фигура, додека целокупниот ...
Кина ги отфрли обвинувањата на западните медиуми дека претседателот Шји Џјинпинг, во разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, изразил проценка дека рускиот претседател Владимир Путин на крајот би можел да зажали за одлуката за започнување воена операција во Украина. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џакун, како одговор на прашањето на ТАСС за написот на „Фајненшл тајмс“, рече дека ваквите обвинувања ...
На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени повеќе значајни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, информираат од Град Скопје. Како една од клучните мерки, Управниот одбор донел одлука за формирање кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел поефикасна координација меѓу општините и институциите во справувањето со евентуални ...
Шпекулациите за можното враќање на Мануел Нојер во германската репрезентација пред Светското првенство беа главна тема во локалните медиуми во последните денови, а сега пристигна потврда од добро информирани извори. Според познатиот германски спортски новинар Флоријан Плетенберг, селекторот Јулијан Нагелсман донел одлука да ја врати легендата на Баерн во националниот тим. Плетенберг тврди дека Нагелсман му се јавил на Оливер Бауман и му ...
Антонио Конте ќе го напушти Наполи по две години, во кои му ја донесе на клубот четвртата титула во италијанското првенство во историјата, пишува „Скај Италија“. Се очекува клубот официјално да го потврди збогувањето со тренерот на последниот домашен натпревар од сезоната на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Информацијата дека Конте заминува, иако има важечки договор до летото 2027 година, доби големо внимание во јавноста. Според ...
Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена. За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. „За нас ова ...
Иако многумина за време на интимноста вниманието го насочуваат само кон најочигледните ерогени зони, експертите велат дека целото тело може да игра важна улога во создавањето блискост, возбуда и чувство на поврзаност. Сексуалната терапевтка Jenni Skyler објаснува дека човечкото тело има многу чувствителни точки кои често се занемаруваат, а токму тие можат значително да ја зголемат емоционалната и физичката поврзаност меѓу партнерите. Меѓу ...