Јубилејното 15-то издание на Виноскоп донесе една од највпечатливите фестивалски слики досега – Градски парк исполнет со публика, наздравувања, насмевки и музика што ја претвори вечерта во вистинско заедничко доживување. Настапите на DJ Carlito, Здравев Music, Огнен Здравковски и Пауза за ракија создадоа вечер во која Виноскоп уште еднаш покажа зошто низ годините прерасна во препознатлива градска приказна. Еден од најпосебните моменти беше ...

Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација до жителите на девет села во јужен Либан, пред, како што наведоа, планираните воздушни напади врз Хезболах. Според воените најави, на жителите на селата Какајет ал-Шубара, Каутариет Ел Сајада, Меруанија, Гасанија, Тефахта, Ирзај, Баблија, Инсар и Ал-Баисари им беше наредено да се повлечат најмалку еден километар од нивните населби, објави „Тајмс оф Израел“. Портпаролот ...

Необичен и комичен момент во живо ја насмеа Аргентина, откако водителите на телевизиска емисија посветена на НЛО и вонземјани по грешка поканиле уролог наместо уфолог за експертска анализа. Во текот на емисијата, водителите сериозно му поставувале прашања на гостинoт за неговото „искуство со вонземјани“, па дури и го прашале каде студирал и како стекнал толку големо знаење за НЛО-феномените. Ситуацијата станала уште понеобична кога збунетиот ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска соопшти дека обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ намерно ги изоставиле извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во случајот поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во вторникот соопшти дека ја запрело постапката за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ бидејќи во истрагата, која траеше една година, ...

Американскиот актер Џон Траволта доби почесна „Златна палма“ на овогодинашниот Кански филмски фестивал, пред светската премиера на неговиот режисерски деби филм „Ноќен лет до Лос Анџелес“ (Propeller One-Way Night Coach). Почесната награда му ја врачи директорот на фестивалот Тиери Фремо за време на церемонијата одржана во Кан. – Не можам да верувам во ова. Ова е последното нешто што го очекував. Рековте дека ова ќе биде посебна вечер, но не ...

По вчерашната прес-конференција на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, од партијата велат дека не добиле одговор од раководството на СДСМ, па денес повторно упатуваат прашања до Венко Филипче и СДСМ во врска со наводни фирми и деловни релации во Бугарија. Од ЗНАМ наведуваат дека молкот на СДСМ, според нив, „ги засилува сомнежите во јавноста“ и отвора прашања за тоа дали зад политиките стојат принципиелни ставови или бизнис и лични интереси. ...

Затоа новото истражување не се задржува само на прашањето „колку часа спиеме“, туку гледа како тоа траење се поврзува со таканаречените биолошки часовници на стареењето. Во студијата се користени 23 различни „часовници“ добиени од снимања, протеински и метаболички податоци, со цел да се процени дали органите и системите стареат побрзо или побавно од хронолошката возраст на човекот. Истражувањето се потпира на податоци од UK Biobank, една од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во заедничка операција на нигериските и американските сили „елиминиран“ е Абу Билал ал-Минуки, заменик-лидерот на Исламска држава во Африка, јавува ДПА. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека војниците го отстраниле Ал-Минуки, кого го опиша како „најактивниот терорист во светот“ на терен. „Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка, ниту да помага во планирањето операции ...

Опозициската Левица реагира дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа со ограничување од 500 метри од образовни и верски објекти, кое, како што наведуваат, претходно било критикувано од сегашните владејачки структури како недоволно. Во соопштението на Левица, се посочува дека во 2023 година тогашниот опозициски функционер Изет Меџити изјавувал дека растојанието од 500 метри е „смешно“ и најавувал ...

Деменцијата е прогресивен синдром кој погодува милиони луѓе, предизвикувајќи постепено губење на когнитивните способности, проблеми со меморијата и промени во однесувањето. Иако генетиката може да игра значајна улога во развојот на болеста, научниците веруваат дека речиси 45 отсто од случаите на деменција можат да се спречат со одредени промени во начинот на живот. Меѓу најважните препораки се откажување од пушење, намалување на внесот на ...

Маж (38) загина по напад од ајкула во близина на островот Ротнест, во близина на Перт и брегот на Западна Австралија, соопштија светските медиуми. Според наводите, мажот се наоѓал во близина на заливот Џорди околу 10 часот по локално време кога бил нападнат од ајкула, пренесе австралискиот портал 9news. Полицијата на Западна Австралија соопшти дека итната медицинска помош не успеала да го реанимира откако бил извлечен од водата и пренесен ...

Старо-новиот предлог-закон за игри на среќа во Македонија сè повеќе личи на веќе виденото албанско сценарио, кое, поради корист на поединци, отвори широка врата за нелегалното обложување, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија. Кога владата на Еди Рама во Албанија во 2018 година помпезно најави целосна забрана на спортските обложувалници и казината, официјалниот наратив беше „крај на лудилото“ и „заштита на ...

ФИФА го отстрани холандскиот судија Роб Диперинк од својата листа на судии за претстојното Светско првенство, откако беше уапсен во Лондон во април под сомнение за сексуален напад врз малолетник. Иако лондонската полиција во меѓувреме ја прекина истрагата против него, светската фудбалска организација остана зад својата одлука. Диперинк, кој требаше да служи како видео асистент судија (ВАР) на турнирот, се најде под истрага по пријавата во ...

Нови детали од љубовниот живот на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер повторно го привлекоа вниманието на регионалните медиуми. Откако неодамна се појавија информации дека Ана наводно има нов партнер, српските медиуми сега пишуваат дека и врската меѓу Швајнштајгер и Бугарката Силва, за која се тврдеше дека била причина за разводот, завршила. Според пишувањата на „Курир“, ...

Чаби Алонсо и се враќа на тренерската работа. Шпанскиот стручњак, по завршувањето на сезоната ќе стане нов менаџер на Челзи. По краткиот и неуспешен престој во Реал Мадрид, шпанскиот стручњак Чаби Алонсо реши да ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“. Според англиските медиуми, Челзи и 44-годишникот напреднале далеку во преговорите и се очекува сè да биде завршено по денешниот натпревар од финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. ...

Вечерва Европа ќе го добие новиот победник на Евровизија, откако во Виена ќе се одржи големото финале на јубилејното 70-то издание на најгледаниот музички спектакл на континентот. По двете полуфинални вечери исполнети со драматични настапи, емоции и изненадувања, познати се сите финалисти кои ќе се борат за престижниот трофеј. Австриската престолнина вечерва ќе биде центарот на европската музичка сцена, а организаторите најавуваат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА. Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција. „Зависи од Кина“, изјави Трамп за радиодифузерот „Фокс Њуз“. ...

Сан Антонио Спас се пласираа во финалето на Западната конференција, откако ја добија серија против Минесота со 4-2, додека на Истокот, Детроит со победат во Килвленд избори мајсторка. Сан Антонио ја прегаси Минесота во шестиот меч со 139:109. Мечот беше решен во третата четвртина кога Спарс дојдоа до предност од 36 поени. Тимот од Тексас го одигра можеби најдобриот натпревар во плејофот, а херој на вечерта беше Стефон Касл со 32 поени и 11 ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 16 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Денеска фокусирајте се повеќе на работата. Не ги одложувајте обврските, потребни ви е фокус и концентрација. Ќе имате романтично и позитивно искуство со вашата сакана личност. Посветете се на физичка активност. Бик Денеска вашето поле на финансии ќе биде добро. Очекувајте нова деловна понуда. Ќе уживате во љубовта со партнерот, а ...

Потрагата по кобрата која пред четири дена била забележана во близина на Тулуз продолжува и денес, но без успех, соопштија локалните власти. Според префектурата на департманот Горна Гарона, отровната змија сè уште не е пронајдена, и покрај интензивната потрага во која учествуваат пожарникари, жандармерија и локална полиција, пренесува RTL. Жителите претходно биле предупредени за присуство на кобрата, по што превентивно биле затворени ...

Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДС, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“. СДС и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не нарекуваат со ...

Популарниот засладувач еритритол, кој во последните години стана речиси неизбежен дел од „фит“, „кето“ и производите без шеќер, повторно е во фокусот на научната јавност поради ново истражување кое отвора сериозни прашања за неговото влијание врз здравјето. Експертите предупредуваат дека овој чест заменик за шеќер можеби не е толку безопасен како што долго време се сметаше. Еритритолот денес се наоѓа во протеински плочки, енергетски ...

Исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој последен пат бил виден на 12 мај 2026 година во ресторан на Сењак, покрена обемна истрага и доведе до апсење на дури 10 лица. Приведени се осомничени за нападот, нивни помагачи, вработени во локалот, како и тројца полицајци и досегашниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ. Вишото јавно обвинителство ја продолжува истрагата, додека судбината на Нешовиќ сè уште е ...

Македонија утре ќе биде под силно влијание на нестабилна воздушна маса која ќе донесе променливо и нестабилно време низ речиси целата држава. Според најновата прогноза за 16 мај 2026 година, се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат значително поинтензивни и ќе има услови за невреме. Метеоролозите предупредуваат дека на повеќе места се можни обилни врнежи со над 20 литри дожд на метар ...

Граѓанската војна во Судан создава една од најтешките хуманитарни кризи во светот, а милиони луѓе се соочуваат со глад и недостиг од основни услови за живот. Агенции на ОН предупредија дека условите во Судан дополнително ќе се влошат, бидејќи продлабочувањето на кризата со глад се совпаѓа со почетокот на сезоната на дождови. Условите во оваа источноафриканска земја, разорена од тригодишна граѓанска војна, се оценети како „крајно ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со ...

И покрај кревкото примирје во Газа, постигнато со посредство на САД, Израел изврши напад насочен кон врвниот воен лидер на Хамас, според заедничката изјава на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац. Израел го смета Иза ал-Дин ал-Хадад за одговорен за тоа што е еден од „архитектите“ на нападот предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година и за држење заложници по нападот. Израел, исто така, го обвини ал-Хадад дека ...

Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека британскиот премиер Кир Стармер ги обвини организаторите за ширење омраза и поделби. Британски крајнодесничарски активист, познат по основањето на Англиската лига за одбрана (EDL) во 2009 година, Робинсон, чие вистинско име е Стивен Јаксли-Ленон, стана познат преку антиисламските и ...

Директорката на Одделот за подготвеност и превенција на епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денес изјави дека во Соединетите Американски Држави е потврдено дека едно лице кое имало нејасен резултат од тестот подоцна било негативно на хантавирус, што го намалило вкупниот број на случаи во светот од 11 на 10. Ван Керхове изјави дека претходниот извештај на агенцијата вклучувал едно лице кое ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Паладиум

42535.44

Цинк

0.00

Сребро

2269.46

Алуминиум

3.46

Платина

57324.78

Кобалт

45.39

Злато

139690.59

Родиум

257205.97

Калај

53.60