Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Актуелната власт нема кредибилитет и граѓаните се соочуваат со застој и манипулации во однос на европскиот процес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. „Реформите се викаат Уставни измени и почеток на преговори, отворање на поглавјата. Тоа е вистинскиот пат напред. Ниту Христијан, ниту бандата нека не мачкаат очи, нека не лажат. И ако не сакаат, нека си заминат, затоа што ќе одговараат сите“, рече ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Општина Прилеп оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните состојби, развојните процеси и идните приоритети на градот. Во фокусот на разговорите бил новиот Генерален урбанистички план, кој според Проданоски претставува еден од најзначајните документи за идниот развој на Прилеп. Како ...
Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот. Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, Сиљановска-Давкова истакна „канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува ...
„Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа“, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition ...
Разбираме дека Дејвид Гета не му е по вкусот на Филипче кој го преферира Харис Џиновиќ, но разликата помеѓу Дејвид Гета на Стадион, достапен за сите граѓани и Харис Џиновиќ на приватна журка на Филипче и Заев во Дубаи платен со крадени пари од граѓаните е евидентна и огромна, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Во реакцијата се додава дека срамно е што СДСМ е и против прослава на независноста на Македонија, бидејќи очигледно го чекаат славјето на денот за ...
Холивудската ѕвезда Деми Мур повторно беше во центарот на вниманието на Канскиот филмски фестивал, каде што годинава има и специјална улога како член на жирито. Актерката се појави на светската премиера на филмот „Животот на жената“ и уште еднаш ги собра сите погледи на црвениот тепих со своето гламурозно издание. Деми Мур блесна во елегантен фустан во боја на лаванда од модната куќа Џорџо Армани. Раскошната креација, изработена од ...
Папата Лав XIV објави порака на X во која предупреди на свет обележан со војна, јазик на војната и зголемена улога на новите технологии во конфликтите. Тој особено предупреди за вештачката интелигенција, растот на воените трошоци и последиците од војните во Украина, Газа, палестинските територии, Либан и Иран. „Каков свет оставаме зад себе? За жал, тоа е свет искривен од војна и јазик сличен на војна. Ова загадување на разумот доаѓа од ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во ...
Македонската пејачка Лидија Кочовска во искрена и многу емотивна исповед во емисијата „Нешто конкретно“ отворено проговори за најтешките периоди од својот живот, здравствените проблеми, семејните трауми и личната болка со која се соочувала со години. Кочовска откри дека долго време водела тешка борба со килограмите, хормоналниот дисбаланс и таканаречениот „јо-јо ефект“, односно периоди на слабеење и повторно дебелеење. Таа призна дека низ ...
Четири лица се уапсени, а вкупно имало пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти МВР. На 13.05.2026 во 23:15 часот во Штип, полициски службеници од СВр штип го лишиле од слобода Р.С.(39) од Штип,. постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на неговата поранешна 35-годишна сопруга. На 13.05.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја забележа својата 32-ра победа по ред на турнирите од серијата 1.000. Синер го победи Рубљов со 2-0 во сетови, по еден час и 32 минути тенис (6:2, 6:4). Италијанецот го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ по број на победи на Мастерс турнирите по ред, откако Србинот имаше 31 во 2011 година. Most consecutive wins at Masters 1000 level: 32— Jannik ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг им рече на делегацијата на американски бизнис лидери дека Кина ќе продолжи да ги „отвора своите врати пошироко“ кон светот и дека американските компании ќе имаат подобри перспективи на кинескиот пазар, објавија државните медиуми. „Вратите на Кина кон надворешниот свет ќе се отвораат сè пошироко и пошироко“, рече тој за време на состанокот во Пекинг, додавајќи дека американските компании „ќе уживаат во уште ...
Општина Пробиштип продолжува со интензивни инфраструктурни активности и во урбаните и во руралните средини, а во фокусот се реконструкција на локални патишта и обновување на дел од најстарите градски улици. Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, во гостување на ТВ Стар информираше дека во тек е целосна реконструкција на патниот правец помеѓу селата Долни и Горни Стубол, кој со години претставувал сериозен проблем за жителите. „Се ...
Заменик – министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес, со цел да изврши увид во спроведувањето на задолженијата поврзани со постапките за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност за старите лица. Во рамки на активностите, центрите за социјална работа имаат обврска итно и координирано да ...
Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition ...
Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина ќе се одржи многу наскоро, а датумите ќе бидат објавени наскоро, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Наскоро ќе ги објавиме. Оваа посета се подготвува. Можеме да кажеме дека подготовките, последните детали, веќе се завршени. Ќе се одржи многу наскоро“, рече Песков, зборувајќи за времето на посетата на Путин на Кина и подготовките за неа, пренесува РИА Новости. Помошникот на ...
Сè поголемите климатски промени, екстремните суши и драматичниот пад на нивото на водата во реката Еуфрат повторно ја отворија дебатата за едно од најпознатите библиски пророштва поврзани со „крајот на светот“. Додека научниците предупредуваат на сериозна еколошка и хуманитарна криза на Блискиот Исток, дел од верниците сметаат дека денешните случувања наликуваат на сценарио опишано во Библијата пред илјадници години. Реката Еуфрат, која се ...
Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори. Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на Македонија, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ. Тој вели дека од Владата не го откриле хонорарот и колку тоа ќе ги чини граѓаните. Според него, настап на Дејвид Гета чини ...
Папата Лав денес го критикуваше зголемувањето на европските трошоци за одбрана, кои достигнаа највисоко ниво од крајот на Студената војна минатата година, под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „предавство“ на дипломатијата. Папата, кој го навлече гневот на Трамп во последните недели откако ја критикуваше војната во Иран, им рече на студентите во Рим дека новото наоружување не треба да се нарекува трошење за ...
Италијанските медиуми објавуваат дека тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, цврсто одлучил да го напушти клубот на крајот од сезоната поради наводен конфликт со т советникот во клубот, Златан Ибрахимовиќ. Нивниот однос, како што се тврди, е целосно прекинат, пишува „Фудбал Италија“. Актуелната сезона е турбулентна за „росонерите“. Иако претходно имаа серија од 24 натпревари без пораз, тимот доживеа целосен пад на формата од почетокот на ...
Многумина не можат да замислат филмска вечер без пуканки, но ретко кој размислува што всушност внесува во организмот додека ужива во оваа популарна грицка. Иако често се сметаат за „брза“ и не баш здрава храна, нутриционистите велат дека пуканките воопшто не мора да бидат лош избор – сè зависи од начинот на подготовка и од додатоците што ги ставаме во нив. Пуканките се добиваат од специјален вид пченка чии зрна при загревање пукаат и ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен состав, посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во воспитно-образовниот процес. Седницата била свикана по неодамнешниот инцидент во основното училиште во населба Ченто, при што Локалниот совет за превенција најостро и ...
Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за управување со водниот пат, објави денес агенцијата „Фарс“, повикувајќи се на информиран извор. Извештајот на „Фарс“ дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во државна посета на Кина, се согласи со кинескиот претседател Шји Џјинпинг дека Ормускиот теснец мора да остане отворен за слободен проток ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека е уверен дека ќе остане на чело на клубот следната сезона. Холанѓанецот има уште една година од договорот и, според повеќето извори, клубот ќе го задржи и покрај неговата лоша сезона и фактот дека Чаби Алонсо е моментално достапен. „Не мислам дека самиот ќе одлучам за ова. Имам секаква причина да верувам дека ќе бидам менаџер на Ливерпул и следната сезона. Прво, имам договор со клубот. Второ, тоа ...
Легендарниот македонски рок-бенд Меморија повторно се враќа на големата сцена и најавува спектакуларен концерт во арената Спортски центар Јане Сандански во Скопје на 23 октомври, настан кој веќе се најавува како едно од најемотивните музички случувања во Македонија оваа година. По цели десет години од нивното последно заедничко појавување во 2016 година, членовите на „Меморија“ повторно ќе застанат пред публиката со концерт што ќе биде ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор. „Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа. И што сега се случи? ...
Латвиската премиерка Евика Силина денес ја објави својата оставка, објави Балтичката новинска агенција. Одлуката дојде откако левичарската Прогресивна партија, која е дел од владејачката коалиција, вчера објави дека се повлекува од владата, оставајќи ја Силина без мнозинство. Минатата недела, латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс, од Прогресивната партија, беше принуден да поднесе оставка поради начинот на кој владата се справи со ...
Тренерот на Панатинаикос жестокот го навреди репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс, на полувремето од натпреварот против Валенсија. Валенсија наорави чудот, избори пласман на Завршниот турнир, откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен. Мајсотрката, Валенсија ја доби со 81:64. Од почетокот, и покрај тоа што беше видлива нервоза кај играчите на двата тима, Валенсија играше за нијанса подобро. На полувреме имаа предност ...
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на отворањето на 24-та Регионална ревија на песни, музика и игри „Пробиштип 2026“, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип. Тоневски истакна дека организацијата на ваков настан е доказ дека годините не се пречка за активен и исполнет живот, туку можност за дружење, негување на традицијата и културните вредности. „Вие пензионерите сте пример за мудрост, ...
Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и онлајн достапност на ...