Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Ергин Атаман не сакаше да зборува за својата иднина по болниот крај на сезоната во Евролигата. По поразот на Панатинаикос против Валенсија во петтиот натпревар од плејофот, 81:64, тој го впери прстото во судиите. Поранешниот европски шампион остана без пласман на Завршниот турнир, а турскиот тренер го нагласи огромниот дисбаланс во слободните фрлања по натпреварот. „Ја проверив статистиката и видов дека шутевите за два, за три, сè е ...
Сезоната на полен повторно им создава сериозни проблеми на милиони луѓе ширум Европа. Кивање, насолзени очи, затнат нос, чешање и проблеми со дишењето стануваат секојдневие за лицата кои страдаат од алергиски ринитис, познат и како поленска треска. Експертите предупредуваат дека климатските промени дополнително ја влошуваат состојбата, бидејќи сезоната на полен трае сè подолго, а концентрациите во воздухот се сè поголеми. Поради глобалното ...
Повисоките цени на авионските билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на трошоците за авионско гориво, предупреди генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), Вили Валш. Во интервју за Би-Би-Си, Валш рече дека авиокомпаниите не можат да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво на долг рок, иако некои европски компании неодамна ги намалија цените на билетите поради послабата побарувачка. ...
„ВЛЕН уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој раст на платите ќе продолжи и во наредните три години“, велат од ВЛЕН. „Оваа ...
Вечерва во Виена се одржува второто полуфинале на Евровизија 2026, со што продолжува музичкиот спектакл што деновиве е во центарот на вниманието на Европа. Директниот пренос од арената „Винер Штадхале“ започнува во 21 часот, а гледачите во Македонија ќе можат да го следат преку МТВ и Македонското радио. Во второто полуфинале настапуваат 15 земји кои ќе се борат за едно од преостанатите 10 места во големото финале закажано за сабота, 16 мај. ...
Иран погуби уште едно лице уапсено за време на масовните протести што ја потресоа земјата претходно оваа година, објави новинската агенција Мизан. Мохамед Абаси беше погубен откако Врховниот суд на Иран ја потврди пресудата. Абаси беше обвинет за избодување до смрт на полицаец за време на немирите во предградие на Техеран во јануари. Неговата ќерка е исто така во затвор. On one side: A father, Mohammad Abbasi, sentenced to execution. His ...
Истакнатите американски директори, вклучувајќи ги Илон Маск, Тим Кук и Јенсен Хуанг, изразија задоволство од средбите во Пекинг за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, опишувајќи ги како позитивни и продуктивни и изразувајќи надеж за понатамошна соработка. Некои од најистакнатите американски бизнис лидери, кои се дел од делегацијата во Пекинг, беа видени како ја напуштаат Големата сала на народот додека Трамп и ...
Во голем руски напад врз Киев во текот на ноќта кон четвртокот едно лице загина, а се 16 повредени. Спасувачките екипи извлекоа десет лица од урнатините на делумно срушена зграда. Масивниот дневен напад врз Украина продолжи и во текот на ноќта. Ноќни напади врз главниот град Непосредно пред 1 часот наутро, украинските воздухопловни сили прогласија воздушен тревог за целата земја, предупредувајќи дека Русија испратила бомбардери МиГ-31 и дека ...
Семејството на британски пар осуден на 10 години затвор во Иран по обвинение за шпионажа изјави дека изгубиле контакт со нив и се плашат за нивната безбедност. Линдзи и Крег Форман, 53, од Источен Сасекс, беа уапсени во јануари 2025 година додека патуваа со мотор низ светот, поминувајќи низ Иран. Парот е притворен во озлогласениот затвор Евин во Техеран, а обвиненијата за шпионажа ги негираат. Нивното семејство стравува дека иранските власти ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Кинескиот лидер Ши Џинпинг го покрена чувствителното прашање за Тајван за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „најважното прашање“ во односите меѓу двете земји, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа. Според Ши, правилното справување со прашањето ја обезбедува стабилноста на односите меѓу Кина и САД. „Сепак, ако не се справи правилно, двете земји би можеле да се судрат или дури и да ...
Кошаркарите на Валенсија преку Панатинаикос се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, нивен прв во историјата. Валенсија дојде од 0-2 на 3-2 на најтешкиот можен начин, откако ги загуби првите два натпревари на свој паркет. Ова е втор пат во историјата, екипа по 0-2 да го добие следните три натпревари и дас избори пласман на Завршниот турнир. Претходно ваков подвиг направи Реал против Партизан во 2023 година. Интрересно и тогаш и сега, на ...
Фрлањето подвезица е еден од најпознатите свадбени обичаи, но малкумина знаат какво значење всушност се крие зад оваа традиција. Денес многумина го доживуваат како забавен и опуштен момент од свадбената веселба, но неговото потекло е многу подлабоко и поврзано со интимниот живот на младенците. Обичајот најчесто се случува подоцна во текот на свадбената вечер, кога младоженецот симболично ја вади подвезицата од ногата на невестата, најчесто ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Кристал Палас со 3:0 (2:0) во натпревар од 31-то коло од англиската Премиер лига. Тимот на Пеп Гвардиола го држи чекорот со водечкиот Арсенал и во последните две кола се очекува вистинска драма во трката за титулата. Победата вечерва ја постигнаа головите на Антоан Семењо во 32-та минута и Омар Мармуш во 40-та минута, односно Савињо кој постигна гол во 84-та минута. Во моментов, состојбата на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го покани својот американски колега Доналд Трамп да го покрене прашањето за прекинување на руската инвазија на состанокот со кинескиот претседател Шји Џјинпинг. „Во постојан контакт сме со нашите американски партнери. Благодарни сме им и се надеваме дека прашањето за војната што Русија ја води против Украина ќе биде покренато и во оваа пригода кога американскиот претседател ќе биде во Кина“, ...
Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2:0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва по 2010 година, кога актуелниот тренер Кристијан Киву, беше командант на одбраната, Избраниците на Кристијан Киву ја потврдија својата доминација на „чизмата“, а Лацио речиси и да не беше конкурентен во финалето на својот стадион. Иако беа гости, „нероазурите“ целосно го надиграа Лацио и поведоа во 14-та минута со автогол ...
Иран веројатно се подготвува за обновени непријателства со САД и Израел, соопшти во вторникот Институтот за проучување на војната (ISW), како што објави „Euronews“, наведувајќи серија воени движења и безбедносни вежби во земјата како знаци на активни подготовки за нова војна. Тинк-тенкот со седиште во Вашингтон, кој објавува дневни воени анализи, изјави дека иранскиот режим ги гледа подготовките за обновен конфликт како неразделни од ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека светот влегува во период на продлабочување на геополитичката нестабилност, оценувајќи дека меѓународните односи влегуваат во „почеток на голема бура“. Зборувајќи на 12-от Меѓународен поморски конгрес, Сикорски рече дека настаните што до неодамна се сметаа за речиси незамисливи станаа дел од секојдневниот живот. „Живееме во време на повеќекратни кризи. Темни ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата шампион на Франција со победа над Ленс на гостински терен со резултат 2:0 (1:0). Со овој триумф, шампионот на Европа и финалистот на новото издание на Лигата на шампионите ја обезбеди титулата во директен дуел со првиот конкурент. ПСЖ сега има 76 бода, дури девет повеќе од Ленс, кој со евентуална победа можеше да внесе драма во трката за трофејот во пресрет на последното коло. Првиот гол ...
ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на потегот од споменикот „Прилепски бранители“ до мостот во населбата, биле откорнати старите зимзелени растенија и ружи, по што на нивно место се засадени нови садници. Од претпријатието информираат дека активностите ќе продолжат ...
Полицијата во Лондон денес објави дека ќе спроведе „невидена“ операција овој претстоен викенд за да спречи насилство и сериозни нарушувања за време на антиимиграциските и пропалестинските протести во британскиот главен град. „Обемот на операцијата е невиден во последните години“, изјави заменик-помошникот комесар на лондонската полиција, Џејмс Харман, на прес-конференција, според Ројтерс. Харман рече дека околу 4.000 полицајци ќе ...
Соединетите Американски Држави се обидуваат со санкции да ги истиснат руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ од меѓународниот бизнис, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Во интервју за „RT India“, Лавров, одговарајќи на прашање за американските санкции против овие компании, рече дека целта на Вашингтон „не е скриена“. „Ги споменавте „Лукоил“ и „Роснефт“, а целта е – и ова не е скриено – да се отстранат овие компании од целиот ...
Пoтпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека верува оти се постигнува напредок во преговорите со Иран, и покрај тоа што претседателот Доналд Трамп го отфрли најновиот предлог на Техеран, сметајќи го за неприфатлив. „Мислам дека постигнуваме напредок. Фундаменталното прашање е, дали ќе постигнеме доволен напредок за да ја исполниме црвената линија на претседателот?“, изјави Венс пред новинарите во Белата куќа. „А црвената линија е многу ...
Полска ја активираше својата воздушна одбрана околу 13 часот откако беше пријавен голем руски напад со беспилотни летала врз Украина. Полските борбени авиони и хеликоптери се во воздух, а копнените системи се исто така во состојба на готовност. Полска и претходно беше сведок на вакви превентивни активирања на воздушната одбрана. За време на нападот, Словачка, исто така, привремено ги затвори граничните премини со Украина. Поради голем руски ...
Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата средба со кинескиот лидер Шји Џјинпинг се сведени од објавување на „голем договор“ на апел за помош за повторно отворање на Ормускиот теснец и притисок за помали трговски договори. Претседателот Доналд Трамп пристигнува во Пекинг во улога на која не е навикнат – како молител кој бара услуги, пишува „Политико“. Белата куќа соопшти дека средбата меѓу Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг во ...
Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во ...
Мадрид повторно ќе стане центар на европската музичка сцена со новото издание на „Мед Кул Фестивал“, кое ќе се одржи од 8 до 11 јули 2026 година во фестивалскиот простор „Ибердрола Мјузик“ во шпанската престолнина. Годинава фестивалот го одбележува своето јубилејно десетто издание и најавува четири дена исполнети со рок, поп, инди и електронска музика, со повеќе од 70 светски познати изведувачи. Организаторите најавија подобрена ...
Педијатар во болница во близина на Берлин е обвинет за 130 сексуални прекршоци, вклучувајќи сексуална злоупотреба и силување на деца, од кои многу се случиле во болницата, соопштија обвинителите, објави германската новинска агенција ДПА. „Ова вклучува, меѓу другото, обвинувања за сериозен сексуален напад врз малолетници и силување“, кое наводно се случило во период од 12 години што завршува во ноември 2025 година, соопшти канцеларијата на ...
Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот. „Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес на самитот во Букурешт (Б9) во главниот град на Романија изјави дека Русија останува главна закана за НАТО и ги повика сојузниците да продолжат со зајакнување на одбраната, особено на источното крило на Алијансата. Тој рече дека НАТО поминува низ промени што би значело дека европските членки преземаат поголема одговорност. „Русија останува директна закана за НАТО. Мораме да направиме сè за да ги ...