Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обрати на јавноста по средбата со кинескиот претседател Шји Џинпинг, велејќи дека му е приредено добредојде како ниедно друго. Трамп рече дека имал продуктивни разговори со Шји порано денес и дека тоа било драгоцена можност да разговараат за многу работи. „Беше голема чест да бидам со вас“, рече тој. Кинескиот претседател, пак, рече дека Соединетите Американски Држави и Кина треба да бидат ...

Менаџерот на Хартс, Дерек Мекинс, изјави дека неговиот тим е „сам против сите“ откако контроверзниот пенал во 99-та минута му донесе победа на Селтик, против Мадервил и ги остави во игра за титулата во шкотската Премиер лига пред последното коло. Во натпреварот што доведе до драматичен расплет, Мадервил имаше 2:2 во судиското продолжение, но тогаш по интервенцијата на ВАР и одлуката на судијата Џон Битон, Селтик доби пенал за победа. ...

Германската влада го отвори патот за изградба на нови електрани на гас во обид да ја пополни празнината во снабдувањето со обновлива електрична енергија, испраќајќи закон за изградба на електрани на гас до Бундестагот. Целта е електраните на гас да го заменат постепеното напуштање на јагленот како гориво, планирано за 2038 година, и да служат како резерва во иднина за време на периоди на ниско производство на електрична енергија од сончеви ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе се бори против ароганцијата на одредени функционери со сите средства и најави дека наскоро ќе објави како граѓаните ќе можат да му пријавуваат арогантни луѓе од различни делови на власта. Вучиќ одговарајќи на новинарското прашање кога ќе започне борбата против арогантните луѓе, што ја најави, и дали тоа ќе биде предупредување за луѓето во локалната средина бидејќи таму има најмногу вакви ...

Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во ...

Високиот антикорупциски суд на Украина денеска нареди апсење на Андриј Јермак, близок сојузник на претседателот Володимир Зеленски и негов поранешен шеф на кабинет, по обвинение за перење пари. Судот, исто така, одреди кауција од 140 милиони гривни (околу 3,19 милиони долари) за Јермак, кој ги негира обвиненијата, да остане на слобода додека чека пресуда. „Немам толку многу пари, а мојот адвокат сега ќе работи со пријатели и познаници за да ...

Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, што Владата го усвои на последната седница, претставува обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа и отворање на нелегалното обложување по примерот на Албанија, сметаат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Со уривањето на легалната индустрија, од Асоцијацијата предупредуваат дека Владата свесно ја отвора вратата за црниот пазар. „Затворањето на ...

Откако одржа скандалозна прес-конференција пред два дена, каде што објави нови претседателски избори и ги критикуваше медиумите и Барселона, Флорентино Перез синоќа даде ново интервју за „Ел Чирингито“. Во него, претседателот на Реал Мадрид зборува за Чаби Алонсо, Жозе Мурињо, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и претстојните трансфери. Еве ги најважните моменти од интервјуто за кое станува збор: За двете последователни сезони на Реал Мадрид ...

Првата вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп помина во пријатен фестивалски амбиент, со уникатни вкусови, средби и наздравувања на Школка во Градски парк. Фестивалот, кој годинава се одржува од 13 до 17 мај, го отвори своето јубилејно издание во препознатлив дух, со програма што ја донесоа Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Посетителите имаа можност да уживаат во винската понуда, гастрономските содржини и првата ...

Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75 % од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен реузлтат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителсни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски. „Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните ...

Прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг беше одложена за речиси 30 минути поради несогласување меѓу американските и кинеските безбедносни служби во врска со носењето оружје во комплексот, според извештајот од настанот. Доцнењето се случи кога кинеските безбедносни претставници не му дозволија на агентот на американската тајна служба, кој го придружуваше прес-тимот, да влезе во комплексот со огнено оружје, ...

Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ. За Филипче и СДС, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и навредлива придавка, доаѓа ...

Овој четврток носи промена на енергијата и неопходно приземјување по динамичните денови зад нас. Со влегувањето на Месечината во Бик, фокусот се префрла кон стабилноста, финансиите, личните вредности, трпението и долгорочните планови. Денот е поволен за материјализација на идеи, носење практични одлуки, зацврстување на односи и градење нешто што има трајна вредност. Овен денес треба да се насочи кон финансии, приходи и лична сигурност. По ...

Пораките меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и иранската филмска ѕвезда Голшифтех Фарахани наводно довеле до инцидентот во кој првата дама Брижит Макрон му удри шлаканица на својот сопруг, се тврди во нова книга. Настанот што се случи минатиот мај кога претседателскиот авион слета во Ханој, Макрон го опиша како шега. Но, новата книга нуди многу поинакво објаснување за инцидентот што го забележа камерата на „Асошиејтед Прес“, пишува ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот. Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, велат од ЈОРМ. Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира ...

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, изјави дека ништо не зависи од неговиот тим во борбата за титулата. Две кола до крајот, Арсенал има предност од два бода во однос на „Граѓаните“. Шпанецот е свесен дека сè е сè уште отворено, но дека мора да чекаат кикс на ривалот. „Знаеме дека по Брентфорд и ова вечерва ништо не зависи од нас. Сè уште се надеваме. Борнмут е следен. Погледнете што прават тие. Потоа ја имаме Астон Вила. Го знаеме ...

Понекогаш не е потребна ниту првата голтка кафе за човек да почувствува подобро расположение. Доволен е само мирисот. Аромата на свежо подготвено кафе кај многумина веднаш создава чувство на топлина, мир, сигурност и почеток на нов ден. Науката денес потврдува дека тоа не е случајно, бидејќи мирисите имаат директно влијание врз мозокот, емоциите и психолошката состојба на човекот. Кога чувствуваме некој мирис, информацијата многу брзо патува ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, ја негираше јавната изјава на претседателот Доналд Трамп за влијанието на растечките трошоци за живот врз одлуките за надворешна политика. Венс, одговарајќи на прашања од новинари во САД еден ден по говорот на претседателот, тврдеше дека зборовите на Трамп биле погрешно претставени во јавноста. „Јас дури и не размислувам за финансиската состојба на Американците“ Додека заминуваше на службено патување, ...

Со свечена централна манифестација што се одржа во Домот на култура „Илинден“, Општина Илинден го заокружи тридневното културно збиднување „Денови на културата 2026“, кое и оваа година обедини бројни љубители на литературата, уметноста и културното творештво. На завршната вечер, пред многубројната публика, се обрати покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека локалната ...

Големо тестирање на квалитетот на маслиновите масла во Германија откри сериозни проблеми кај дел од производите што се продаваат како „екстра девствено маслиново масло“. Анализата опфатила 30 различни масла, меѓу кои конвенционални и органски производи, а резултатите изненадиле и експерти и потрошувачи. Само две масла успеале да ја добијат највисоката оцена „многу добро“. Најдобро рангирани биле екстра девственото маслиново масло „Рапунзел“ ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се закани со одмазда за она што го нарече соработка на Обединетите Арапски Емирати со Израел, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдеше дека тајно ги посетил Емиратите. Арагчи предупреди дека тоа е „непростлив чин“ и рече дека сите вклучени ќе бидат „одговорни“. Тој додаде дека земјите што соработуваат со Израел во непријателски потези против Иран учествуваат во она што тој го ...

Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата претставува продолжение на успешната есенска акција, велат од Општината. Во соработка со ЈП за Комунални дејности на општина Аеродром на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и ...

Кошаркарите на Кливленд победија во Детроит по продолжението со 117:113 и дојдоа до до меч топката, во полуфиналето на Источната конференција. Кавалирс ја забележаа трета последователна победа ќе имаат можност да го потврдат своето место во финалето на Истокот пред своите навивачи. Иако домаќините стигнаа до големи плус 15 во средината на втората четвртина, тимот од Охајо успеа да ја преполови таа негатива до полувремето. Потоа поведоа ...

Свршеницата на фудбалската мегазвезда Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, повторно успеа да го запали интернетот со својата најнова летна кампања за познатиот моден бренд Калцедониа, во која позира во провокативни бикини и најавува жешко, гламурозно и сензуално лето. Фотографиите и видеата од кампањата за само неколку часа се проширија низ социјалните мрежи, а фановите буквално ја преплавија со комплименти. На Инстаграм, објавите собраа ...

Норвешка планира да одржи разговори со Русија со цел да се зачува безбедноста и стабилноста во арктичкиот регион, изјави портпаролот на норвешките вооружени сили, Руне Харстад, според медиумите. Тој изјави дека дијалогот треба да се одвива и на оперативно и на стратешко ниво, нагласувајќи дека главната цел е да се спречат инциденти во областите каде што норвешкиот и рускиот персонал, како и бродовите, можат да се најдат во непосредна ...

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДС и ДУИ. „Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ“. Според нив, скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам ...

Роберт Левандовски (37) е се поблиску до сензационално заминување од Барселона откако доби понуда од Саудиската професионална лига која, како што се вели, би му го променила животот. Според полскиот „WP Sportowe Fakty“, Ал-Хилал е решен да го доведе 37-годишникот за да го засили нападот со уште една икона на светскиот фудбал. Клубот од Ријад му ги презентирал финансиските детали од договорот. Иако неколку клубови беа поврзувани со полскиот ...

Кардиолозите и нутриционистите повторно предупредуваат дека многу намирници кои луѓето ги сметаат за „здрав избор“ всушност можат сериозно да влијаат врз здравјето на срцето и крвните садови. Меѓу производите што добиле таканаречен „црвен картон“ се нашол и путерот од кикирики без маснотии, кој често се рекламира како фитнес и диетален производ. Докторката Рене Бетејн, авторка на книгата „The One One Diet“, објаснила дека исхраната здрава за ...

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави, откако беше пронајден дрон во близина на островот Лефкада во Јонското Море, дека ширењето на војната во Украина кон Медитеранот „нема да се толерира“. Герапетритис, по средбата во Атина со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман, рече дека Медитеранот мора да остане „зона на мир“ дури и без воени операции, објави Катимерини. „Секое претворање на Медитеранот во театар ...

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на 29-тиот Евроазиски економски самит организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа од 11 до 13 мај 2026 година во Истанбул, Република Турција. Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Глобален дијалог на лидери“, на тема „Европската Унија во светлина на променливите глобални и економски вредности: Поствоен свет со војни, терор, конфликти и присилни ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.95
33%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.29
82%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.48
79%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.7
40%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.24
36%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
75%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.47
49%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.62
37%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
56%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.46

Рутениум

48965.59

Платина

57324.78

Сребро

2269.46

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Бакар

13.10

Калај

53.60

Злато

139690.59