Научниците сè повеќе предупредуваат дека последиците од хантавирусот не завршуваат со преживување на инфекцијата. Новите истражувања покажуваат дека многу пациенти и неколку месеци по болеста продолжуваат да страдаат од сериозни физички, невролошки и психолошки проблеми, поради што експертите почнаа да зборуваат за можен „долг хантавирус“, сличен на долгиот ковид. Особено внимание привлекува вирусот „Анда“, кој може да предизвика ...

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје ...

Во Филипинскиот сенат одекнале истрели, откако во зградата влегле воени сили за време на обид за приведување на сенаторот Роналд дела Роса, кого го бара Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради наводна улога во „војната против дрогата“. Дела Роса, поранешен шеф на полицијата и близок соработник на поранешниот претседател Родриго Дутерте, се обидува да избегне апсење и веќе неколку дена се крие во зградата на Сенатот. Тој е обвинет за ...

Капитенот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри е блиску до потпишување на нов договор со англискиот клуб. Оваа вест ја објави новинарот Матео Морето, кој тврди дека нема да има разговори меѓу Реал Мадрид и Родри, бидејќи Шпанецот влегува во финални преговори со Сити. Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година, па Сити мораше да дејствува за да избегне да го пушти во летниот преоден рок, за симболична оштета или ...

Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија, обвини денеска портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, власта нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните.  „Вистинските предавници на македонските национални интереси се во Владата на Мицкоски. Половина од оваа тендер-коалиција има бугарски пасоши. Министри, пратеници, директори, функционери – сите со црвени ...

Најавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека ќе разговара за продажба на американско оружје на Тајван со кинескиот лидер, Си Џинпинг, за време на состанокот во Пекинг, предизвика тревога во Тајпеј и меѓу азиските сојузници. Пред да замине од Вашингтон за својата прва посета на Кина од 2017 година, Трамп потврди дека ќе го отвори прашањето со Си, со што ќе го прекине десетгодишниот преседан според кој Вашингтон не се консултирал со ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Копман, како и други ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посетата на Црна Гора ја пофали посветеноста на земјата кон Алијансата и истакна дека Подгорица издвојува повеќе од два отсто од БДП за одбрана. По средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Руте изјави дека Црна Гора активно придонесува за мир и стабилност на Западен Балкан, регион што го оцени како стратешки важен за НАТО. Тој порача дека сојузниците мора повеќе да вложуваат во ...

Студени стапала, трнење, пецкање и чувство како „задебелени перничиња“ под стапалата можат да бидат сериозен знак за оштетување на нервите кај луѓето со дијабетес, предупредува д-р Аница Бадањак, интернист, ендокринолог и дијабетолог од Загреб. Според неа, овие симптоми не секогаш значат проблем со големите крвни садови, туку често укажуваат на дијабетична невропатија и оштетување на ситната циркулација. Повод за предупредувањето е случај на ...

Европската комисија денес предложи нови правила што треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено со воз. Комисијата објави три предлози што го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионални, меѓуградски и прекугранични патувања, особено за железнички патувања што вклучуваат повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на нивното патување. „Европејците ќе можат да планираат, ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со лоши услови за живот, вклучително недостаток на топла вода, несоодветна храна и нехигиенски услови. Тој ја обвини власта за, како што рече, злоупотреба на јавни средства преку тендери и партиски вработувања, додека младите живеат во лоши услови. „Наместо европски студентски стандард, модерни кампуси и услови какви што ...

Евровизија 2026 повторно предизвика бурни реакции, но овојпат не поради настап или политичка контроверзија, туку поради момент што многу гледачи во Австрија воопшто не успеаја да го видат. За време на првата полуфинална вечер во Виена, водителката Victoria Swarovski сакаше јавно да ѝ испрати емотивна порака на својата мајка, но австриската телевизија ORF токму во тој момент го прекина преносот и пушти реклами. „Бакнете ја мајка ми“, изјави ...

Француската влада соопшти дека нејзините стратешки резерви на маски се доволни за најмалку три месеци во случај на епидемија, додека властите се обидуваат да ја смират јавноста поради загриженоста поврзана со хантавирусот, пренесува „Анадолија“. Од кабинетот на премиерот Себастијан Лекорну наведуваат дека државните резерви се доволни за заштита на земјата најмалку три месеци во случај на епидемиски бран, и дека дополнителни приватни и јавни ...

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата „8-ми Септември” во Скопје. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на ...

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите разговори за ребалансот на буџетот. Министерке, ги започнавте состаноци за прекројување на државната каса за 2026 година. Кои ставки ќе претпат измени, односно каде може да се очекуваат кратења? Да, од почетокот на оваа недела ...

Црногорска државјанка која била член на екипажот на бродот „MV Hondius“, по пристигнувањето на Тенерифе била префрлена во карантин во Холандија поради сомнежи за хантавирус. Епидемиологот Марија Божовиќ изјави дека жената моментално е во добра состојба и нема симптоми. „Таа нѐ извести дека се чувствува добро и досега нема никакви знаци на болеста“, рече Божовиќ, пренесува „Б92“. Таа додаде дека при транспортот биле спроведени строги ...

По последните информации кои доаѓаат од Град Скопје дека жичницата на Водно нема да работи цело лето и не се знае кога ќе проработи, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, потсети на алармот од пред една година, кога се утврди дека жичницата работела без дозвола. „Не сме Ванѓа ама укажувавме уште пред 1 година (16.08.2025), тогаш ни се потсмеваа, денес алармот кренат… Не сакам да замислам што ...

Трофејниот хрватски тренер Лино Червар (75) се враќа во Македонија, тој ќе го преземе Еурофарм Пелистер. По сезона во која клубот од Битола, смени дури три тренери и по три години остана без шампионска титула, во Пелистер се одлучија за проверено решение. Червар е во контакт со раководството во врска со составот на тимот за следната сезона, а клубот верува дека тоа ќе донесе стабилност и резултати. Пелистер оваа сезона остана без трофеите ...

Елон Маск и Сем Алтман влегоа во жестока правна битка околу иднината и сопственоста на OpenAI, компанијата зад популарниот ChatGPT. Судењето во Калифорнија веќе привлекува огромно внимание во технолошкиот свет, а меѓусебните обвинувања меѓу поранешните соработници стануваат сè пожестоки. Маск, кој беше еден од основачите и раните финансиери на OpenAI, тврди дека Алтман и претседателот на компанијата Џорџ Брокман ја злоупотребиле непрофитната ...

Американскиот онколог Стивен Корнфелд, кој бил патник на бродот „MV Hondius“, е позитивен на хантавирус и моментално се наоѓа во биолошка изолација во медицински центар во Небраска. Корнфелд изјавил дека за време на крстарењето почувствувал ноќно потење, треска, замор и благи респираторни проблеми, а симптомите првично личеле на грип. „Тогаш мислевме дека е само некаков вирус“, изјавил тој за Си-Ен-Ен. Кога бродскиот лекар се разболел, ...

Деновиве во општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. „Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на општина Аеродром. Дератизацијата ја врши ...

Сезоната е завршена за дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, потврди клубот. Бен Вајт се повреди на натпреварот против Вест Хем, а Микел Артета беше принуден да го замени во 28-та минута. „По натпреварот во недела со Вест Хем, деталните прегледи потврдија дека Бен Вајт претрпел значителна повреда на медијалните лигаменти на коленото. За него, сезоната е завршена. Нашиот медицински тим ја води програмата за закрепнување и рехабилитација на Бен, ...

Агнеса отвора ново поглавје во својата кариера и официјално влегува во светот на модата со лансирањето на својата прва колекција наречена „ОА“. По успехот на малите екрани и дигиталните платформи, каде нејзиниот подкаст бележи голема гледаност, Агнеса сега реши својот креативен израз да го преточи во моден дизајн и естетика. Новата колекција, која официјално започнува од денес, ќе биде претставувана постепено, модел по модел. Според Агнеса, ...

Германската автомобилска индустрија ќе изгуби 225.000 работни места до 2035 година, околу 35.000 повеќе од претходно предвиденото, предупреди денес шефот на Германското здружение на автомобилска индустрија (VDA). VDA претходно предвиде дека 190.000 работни места ќе бидат изгубени во автомобилскиот сектор помеѓу 2019 и 2035 година. „Врз основа на сегашните пресметки, сега за жал мора да претпоставиме дека 225.000 работни места ќе бидат ...

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, објави на платформата X дека планира да воведе значајни промени во протоколот на својата канцеларија. Тој објави фотографија со порака дека ќе го користи истиот „Шкода Суперб“ како официјално возило на премиерот што го користел за обиколка на земјата за време на изборната кампања. Покрај поскромниот возен парк, Маѓар објави и дека нема да се пресели во официјалната владина резиденција, со што нагласува ...

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во СВР Скопје, потврди МВР. Според информациите, се работи за наводна, злоупотреба на јавна набавка во вредност од повеќе од 800.000 евра, спроведена додека бил министер. Николовски преку Фејсбук објави дека станува збор за „монтиран случај“ со кој, како што наведува, актуелната власт се обидува да ја покрие сопствената ...

Нема мир во Англија, по неделниот натпревар меѓу Вест Хем и Арсенал (0:1) и поништениот гол на Калум Вилсон во 95-та минута. Оваа одлука на главниот судија Крис Кавана, предизвика жестоки реакции во јавноста, бидејќи дополнително го доближи Вест Хем до испаѓање од Премиер лигата, а Арсенал до шампионската титула. Во јавноста се појави снимка од ВАР собата во која седеше Дарен Ингланд и главниот судија Кавана. Она што привлекува внимание е ...

Шведска повторно привлече огромно внимание на Евровизија 2026, но овојпат не само поради песната, туку и поради неочекуваната незгода што се случи за време на настапот во првата полуфинална вечер во Виена. Шведската претставничка Фелиција доживеа проблем со костимот среде настап, но и покрај тоа успеа професионално да ја изведе песната до крај и да обезбеди пласман во големото финале. Фелиција на сцената се појави со енергичната песна „Мај ...

Голем пожар избувна синоќа во туристички комплекс во Москва, како што објавија руските медиуми на Телеграм. Според првичните информации, пожарот го зафатил комплексот Измаиловски Кремљ на истокот од градот, пишува „Киев Индепендент“. Really sad scenes in east Moscow tonight after a huge fire broke out near the Izmailovo complex, an entertainment park styled like an old Russian fortress. The blaze reportedly started in a quest room before ...

Општина Тетово и Синдикатот на работниците потпишаа договор за зголемување на платите на општинската администрација. Според договорот, почнувајќи од следниот месец, основната плата на вработените во администрацијата ќе се зголеми за 7%, додека ова зголемување ќе продолжи и во наредните три години. Општината нагласува дека оваа одлука е во функција на подобрување на условите за вработените и мотивирање на општинската администрација, ценејќи ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.41
27%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.1
77%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.61
42%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.67
36%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
78%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.02
41%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.67
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
40%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.83
52%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.46

Платина

57324.78

Цинк

0.00

Бакар

13.10

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Сребро

2269.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44