Фудбалерите на Барселона пред неколку стотици илјадии луѓе ја прослави титулата шампион на Шпанија. Младиот Ламин Јамал се појави со маица „Фала му на Бога, не сум мадридиста“. Десетици илјади навивачи ги преплавија улиците за да ги поздрават своите херои, кои ја обезбедија својата 29-та титула во Ла Лига еден ден претходно со победа од 2-0 над големиот ривал Реал Мадрид. Во голема парада низ градот беше прославена двојната круна, бидејќи ...

Вечерва во Виена започнува првото полуфинале на Еуровизија 2026, но овогодинешното издание на најголемиот музички спектакл во Европа е проследено со силни политички тензии, бојкоти и засилени безбедносни мерки. Првото полуфинале ќе се одржи на 12 мај во арената „Винер Штадхале“, а за место во големото финале ќе се натпреваруваат 15 изведувачи. Меѓу нив е и израелскиот претставник Ноам Бетан со песната „Мишел“, чие учество предизвика нов бран ...

Заканувачката енергетска криза што наскоро ќе ги погоди Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ги направи преговорите меѓу Европа и Русија неизбежни, изјави денес Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претседателски претставник за инвестиции и економска соработка со странски земји. „Претседателот на Финска, Александар Стуб, верува дека американската политика кон Русија и Украина не им служи на ...

Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината. Според податоците од Градот, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти ...

Фудбалскиот клуб Ливерпул објави фотографии од споменикот во спомен на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Клубот објави дека идејата за споменикот е да се „прослави животот на двајца браќа, нивната врска и љубовта и поврзаноста што ја чувствувале со своето семејство, соиграчите и навивачите ширум светот“. Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во трагична сообраќајна несреќа на 3 јули 2025 година. По смертта на Жота, за прв пат ...

Шишињата за вода за повеќекратна употреба станаа секојдневен аксесоар за милиони луѓе ширум светот, но експертите предупредуваат дека зад навидум здравата навика може да се крие сериозен ризик доколку не се одржуваат правилно. Микробиолози објаснуваат дека во ваквите шишиња лесно се насобираат бактерии и мувла, особено ако не се мијат редовно. Истражување на американската компанија за филтрирање вода WaterFilterGuru покажало дека во некои ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус се сретна во Палатата Монкло со шпанскиот премиер Педро Санчез за да разговараат за операцијата спроведена по епидемијата на хантавирус на крузерот „MV Hondius“. Тедрос оцени дека СЗО побарала помош од Шпанија, бидејќи ситуацијата ги надминала капацитетите на Зеленортските Острови, кои во тој момент биле најблиску до местото на инцидентот, објави „Ел ...

Триесет и петгодишнината од независноста на Македонија ќе се слави еден месец, од 8 август до 8 септември. Централниот настан ќе биде на 8 септември на Градскиот стадион во Скопје со настап на познатиот ди-џеј Дејвид Гета. Од Владата најавија дека ќе има настани низ повеќе градови во Македонија со учество на над 120 македонски уметници, а деталите ќе бидат објавувани од утре, за што ќе биде изготвена и посебна веб-страница. „Оваа година ги ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, на прес-конференција изјави дека конечно ќе може да зборува за својата иднина, поточно дали ќе остане во Бенфика или ќе се врати во Реал Мадрид, од понеделник, 18 мај, по завршувањето на португалското првенство. По нерешениот резултат против Брага (2:2), Мурињо одговори на новинарско прашање дали сè уште планира да остане во Бенфика, како што најави уште во март. Португалскиот стручњак рече дека не сака да ...

Грчката влада претстави програма за ограничување на масовниот туризам во популарните туристички дестинации, откако централната банка објави бројка од речиси 38 милиони посетители во 2025 година. Целта е поодржлив туристички модел со помало влијание врз животната средина, плажите и инфраструктурата, изјави на прес-конференција министерката за туризам Олга Кефалогиани. Министерот за животна средина Ставрос Папаставру ја опиша програмата како ...

На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче, како што рече, ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. „Единствен но и најгласен во државата кој ...

Тео Ернандез (28), левиот бек на Ал-Хилал и француската репрезентација, е во центарот на скандал во Италија. Ернандез, од 2019 до 2025 година, беше клучен играч на Милан, за кого одигра 262 натпревари со 34 гола и 45 асистенции. Фабрицио Корона објави видео од забавата со Ернандез и неколку жени и мажи. Заедно со приложеното видео, Корона наведува: „Тео Ернандез му се јавуваше на некого за да нарача ескорт услуги. Тео беше шеф, организатор ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија подготвува нови регулативи насочени кон бизнис моделите на социјалните мрежи со цел да ги заштити децата и младите од штетна содржина и механизми што создаваат зависност. Зборувајќи во Копенхаген, фон дер Лајен оцени дека негативните ефекти од социјалните мрежи врз младите не се случајни, објави Ројтерс. Таа изјави дека платформите „Тик-ток“, ...

СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по, како што велат, повлекувањето на градоначалникот, Сотир Лукровски. „После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно излегуваат на површина и во ВМРО-ОКГ. Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни ...

Фудбалската репрезентација на Бразил доживеа нов тежок удар пред Светското првенство. Младиот напаѓач на Челзи, Естевао, нема да игра на Мундијалот поради сериозна повреда, а според ESPN, тој не бил вклучен во поширокиот список од 55 играчи испратени до ФИФА од селекторот Карло Анчелоти. 19-годишниот талент го повреди мускулот на десната нога 18 април во поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед. Иако имаше надеж дека ќе се рехабилитира на ...

Тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина завршува не е вистински сигнал за мир, туку политичка тактика, изјави американскиот аналитичар Пол Гобл во интервју за „Киев пост“. „Путин ја изнесува идејата дека војната во Украина можеби завршува не затоа што навистина се случува, туку затоа што сака да смири дел од руското население“, вели Гобл. Аналитичарот верува дека Путин сака да добие дополнително време и да го ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за Euronews вели дека Северна Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција. Во интервјуто, министерот Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во ...

На помалку од еден месец до почетокот на Светското првенство, тежок удар доби репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Американците заедно со Мексико и Канада се ко-домаќини на Мундијалот од 11.јуни до 19.јули. Имено, „Јенкиите“ ќе бидат значително ослабени на Светското првенство, бидејќи најголемото фудбалско натпреварување ќе го пропушти играчот на Атлетико Мадрид, Џони Кардосо. Кардосо го повреди глуждот, поради што ќе биде ...

Многу жени по 40-тата година решаваат да направат промена во изгледот, а новата фризура често е првиот чекор кон освежен и помодерен стил. Со текот на годините косата може да стане потенка, посува и да изгуби дел од волуменот, но експертите велат дека токму тоа е идеален момент за избор на фризура која ќе ги нагласи најдобрите црти на лицето и ќе донесе помладешки изглед. Меѓу најпопуларните избори кај жените над 40 години е косата со средна ...

Шест лица беа убиени во израелски воздушен напад врз Кфар Дунин во јужен Либан синоќа, објави либанската државна новинска агенција (NNA). „Непријателски авиони погодија куќа во Кфар Дунин синоќа, при што загинаа шест, а седумте лица кои беа ранети, беа однесени во болници во Тир“, напиша агенцијата. Во меѓувреме, израелската војска на социјалните мрежи нареди евакуација на жителите на малото гратче Сохмор во долината Бека на истокот од ...

„Пена му фати устата на Филипче од бранење на бугарските позиции, односно велеше Бугарија не го негира македонскиот идентитет, туку дека тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Секако, стигна брз демант од новоформираната влада на Радев, поточно од министерката за надворешни работи која не окарактеризира како ,,северномакедонци”“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За тоа време, како што додаваат во реакцијата, од македонската опозиција предводена од војникот на Румен ...

Дик Адвокат, 78-годиешен холандски тренер, ќе се врати на клупата на Курасао, централноамериканската островска нација која освои настап на Светското првенство, пишува холандскиот портал „НОС“. Курасао обезбеди историски пласман на Светското првенство како најмала земја што некогаш го сторила тоа, а токму 78-годишниот холандски стручњак имаше голема заслуга за тој успех. Адвокат мораше да се повлече од функцијата селектор претходно оваа ...

Лука Дончиќ објави дека нема да игра за словенечката репрезентација летово лето, во квалификациите за Светското првенство во 2027 година. Лука Дончиќ играше одлично во дресот на Лејкерси сè додека не се повреди во финишот од сезоната, што го оддалечи од паркетот во текот на целиот плејоф. Лејкерис во првото коло со 4:1 го победија Хјустон, но во второто добија „метла“ од Оклахома (4:0). Дончиќ сега ќе има време целосно да се рахабилитира од ...

Петуниите со години се меѓу најомилените цвеќиња за балкони, тераси и дворови, благодарение на богатите цветови и впечатливите бои кои веднаш го разубавуваат просторот. Но, иако многумина ги сметаат за лесни за одгледување, градинарите предупредуваат дека токму кај нив најчесто се повторуваат неколку грешки поради кои растението престанува бујно да цвета. Една од најчестите грешки е претераното полевање. Многумина мислат дека петуниите бараат ...

Иранскиот парламент ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи. Резаи, портпарол на парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека ова е една од клучните опции што ќе се дискутираат во Техеран. „Една од опциите на Иран во случај на друг напад би можела да биде збогатување од 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, ...

ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, потенцираат во соопштение од владејачката партија. „Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, ...

Необична снимка од Украина деновиве привлече огромно внимание на социјалните мрежи, откако беше објавено видео од птичјо гнездо изградено од оптички влакна оставени зад FPV дронови што се користат на фронтот. На снимката се гледа гнездо исплетено од тенки стаклени влакна, а фотографиите од украинските полиња дополнително ја покажуваат необичната сцена – површини кои светкаат како огромни пајажини поради остатоците од каблите што ги оставаат ...

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. „Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот ...

Климатските промени доведоа до рекордни пожари во Африка, Азија и на други места оваа година, а се очекува условите да се влошат со приближувањето на летото во северната хемисфера и почетокот на временските обрасци што го придружуваат феноменот „Ел Нињо“, предупредија научниците. Пожарите од јануари до април веќе предизвикаа невидена штета, изгореа повеќе од 150 милиони хектари земја, 20 проценти повеќе од претходниот рекорд, според ...

Врвни невролози и експерти за здравје на мозокот откриваат кои намирници најмногу го загрозуваат функционирањето на мозокот и предупредуваат дека дел од нив секојдневно се наоѓаат на трпезата кај милиони луѓе. Според нив, одредени производи можат да предизвикаат воспаленија, оштетување на крвните садови, когнитивни проблеми, па дури и да го зголемат ризикот од деменција и мозочен удар. На врвот на листата се нашле протеинските прашоци, кои ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
5.51
26%
1010
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
69%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.25
74%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
41%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
5.1
38%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
77%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
39%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.42
41%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.23
42%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.02
43%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.45
51%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Цинк

0.00

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Злато

139690.59

Сребро

2269.46

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44