70 издание на Евровизија 2026 свечено започна во Виена со спектакуларно дефиле на 35 делегации по тиркизниот килим, со што симболично беше крената завесата на најголемиот музички настан во Европа. Тиркизниот килим се протегаше од легендарниот Бургтеатар до Градското собрание во Виена, претворајќи го центарот на градот во огромна евровизиска сцена исполнета со фанови, медиуми и фестивалска атмосфера. Делегациите и уметниците беа поздравени ...

Новата унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, најави пресврт во надворешната политика на Будимпешта. Во пресрет на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, таа изјави дека нејзината земја повеќе нема да го користи правото на вето како инструмент за уцена и дека ќе работи на обнова на довербата кај партнерите во Европската Унија и НАТО, пишува Украинска Правда. Орбан нагласи дека Унгарија „премногу често ...

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. „Сите станбени заедници во Општина Центар кои ...

Шахтјор го освои првенството на Украина во недела, а вечерта ја доби најдобрата можна вест од Грција, бидејќи АЕК од Атина ја освои титулата. Како шампион со најдобар клупски коефициент, Шахтјор се квалификуваше директно за Лигата на шампионите. Украинскиот шампион со турскиот тренер Ардо Туран ја заврши сезоната на најдобар можен начин. Тие официјално станаа 18-тиот тим што избори директен пласман во елитното натпреварување по Интер, ...

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека администрацијата на Доналд Трамп разгледува можност за привремено укинување на федералниот данок на гориво со цел да се намалат цените на бензинските пумпи. Според него, Белата куќа анализира повеќе мерки за стабилизација на пазарот, меѓу кои користење на стратешките резерви на нафта, измени на регулативите за летните мешавини на бензин и барање до рафинериите да го скратат ...

Стогодишниците не ги прескокнуваат: Седум навики што најчесто се поврзуваат со долг и здрав живот Познатиот британски природонаучник Дејвид Атенборо на 8 мај го прослави својот 100-ти роденден, а неговиот животен стил повторно ја отвори темата за тајните на долговечноста и здравото стареење. Иако генетиката игра важна улога, научниците сè почесто нагласуваат дека секојдневните навики имаат огромно влијание врз тоа како старееме и колку долго ...

Иран изјави дека неговиот предлог за мировен договор до Соединетите Американски Држави не е „претеран“, обвинувајќи го Вашингтон дека продолжува да поставува „неразумни барања“. Техеран вчера го отфрли планот на Доналд Трамп за прекин на војната, тврдејќи дека прифаќањето на таков договор всушност би значело „покорување“ на американскиот претседател. Трамп веднаш реагираше на потегот на неговата мрежа Truth Social, каде што го прогласи ...

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот, извести општина Аеродром. „За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност! Општина Аеродром ...

Почитуваниот новинар на „АС“, и хроничар на Реал Мадрид, Томас Ронсеро, во емотивен настап ги анализираше причините за уште една сезона без трофеј за „кралскиот клуб“. Вечерашниот пораз од Барселона на „Камп Ноу“, ја потврди неуспешната сезона, а Ронсеро не поштеди никого во својата анализа – од раководството и тренерот до најголемата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе. Поразот од 2:0, како што рече, не е катастрофа, но ги разоткрил сите ...

Кој е Македонецот што важи за еден од главните фаворити во едно од најгледаните музички шоуа на Балканот? Станува збор за Виктор Димитриевски, шармантниот кумановец кој повторно ја освои публиката и жирито во популарното шоу Никогаш не е доцна. Во најновата епизода Виктор настапи прв и уште еднаш ги воодушеви гледачите со својата емотивна и моќна интерпретација, за која доби бројни комплименти од членовите на жирито. Посебно внимание ...

Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше преплавен од емоции откако го победи Реал Мадрид со 2-0 во Ел Класико и ја освои титулата во шпанското првенство. Барселона го победи Реал во неделата навечер и ја потврди титулата, 29-та во клупската историја. Таткото на германскиот тренер почина на денот на натпреварот, но и покрај огромната трагедија, тој не сакаше да го напушти тимот во еден од најважните натпревари во сезоната. За време на ...

Барел сурова нафта од типот Брент поскапе за околу 4% откако надежите за мирно решавање на конфликтот меѓу Иран и САД повторно паднаа. Цената сега се движи околу 105 долари за барел, ниво кое не е видено од средината на минатата недела. Иако цените на моменти ја надминаа границата од 120 долари за време на самиот конфликт, овој последен скок јасно покажува колку е нервозен пазарот за какви било лоши вести од преговарачката маса. Поголеми ...

Познатиот фризер на светските ѕвезди Крис Еплтон ја шокираше јавноста откако откри дека за еден ангажман заработил дури 200.000 долари, иако претходно тврдеше дека неговиот најголем хонорар изнесувал „само“ 100.000 долари. Во гостување во подкастот „Great Company with Jamie Long“, Еплтон признал дека намерно ја намалил сумата бидејќи се плашел од реакцијата на јавноста. „Всушност беа 200.000 долари. Реков 100.000 затоа што се плашев што ќе ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација составена од потпретседателите на Собранието, Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на работната група за Етичкиот кодекс, Миле Лефков, како и генералната секретарка Марина Димовска, од 11 до 14 мај 2026 година ќе оствари работна посета на ...

Арсенал победи кај Вест Хем со 1:0, се доближи дополнително до шампионската титула, но по натпреварот во Англија најмногу се коментира одлуката од 95-та минута кога беше поништен голот на Калум Вилсон за 1:1. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, кој секогаш зборува без „влакна на јазикот“, рече дека одлуката на судиката Крис Кавана е „целосен срам и апсолутен циркус“, тврдејќи дека критериумите во Премиер лигата се менуваат во ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет остро го критикуваше демократскиот сенатор и пензиониран капетан на морнарицата Марк Кели за неговите тврдења дека американските залихи на муниција се „осиромашени“. „Капетанот Марк Кели повторно напаѓа“, напиша Хегсет на мрежата Икс, обвинувајќи го сенаторот дека презентирал лажни информации на телевизија од класифициран брифинг во Пентагон на кој присуствувал. “Captain” Mark Kelly strikes ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека енергетиката денес бара силни, функционални и одржливи партнерства што носат конкретни резултати, нагласувајќи дека регионалниот дијалог е неопходен за иднината на енергетскиот развој. За време на средбите во Белград, Божиновска истакна дека Македонија сè појасно ја зацврстува својата улога како активен и релевантен партнер на регионалните и европските ...

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе ги разгледува жалбите за пресудата во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Жалби поднеле одбраната на осудените, но и Основното јавно обвинителство, кое ја оспорува ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Кривичниот суд во Скопје во јуни минатата година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за грабнување ...

Иран погуби човек кого го обвини за шпионажа за САД и Израел, објави новинската служба Мизан на иранското судство. Erfan Shakourzadeh, a 29 year old Iranian aerospace engineering student and award winning satellite researcher at Iran University of Science & Technology, has reportedly been transferred to Ghezel Hesar Prison after Iran’s Supreme Court upheld his death sentence. Born in 1997,… pic.twitter.com/JGxnStVww8 — Farhad ...

Минеоста го изедначи резултатот во серијата со Сан Антонио Спарс на 2:2, додека Њујорк ја „исметлаа“ Филаделфија и со 4:0 се пласираа во финалето на Истокот. Минесота со 114:109, на домашен терен го победи Сан Анттонио. Дуелот го обележа исклучувањето на Виктор Вембањама, кој дри со лакт играч на Минесота. Поради ова, францускиот кошаркар помина само 12 минути на теренот. Нез Рид и Џејден МекДениелс успеаја да го провоцираат Вембањама, кој ...

Многу луѓе барем еднаш забележале чудни точки, линии или „лебдечки мушички“ пред очите, особено кога гледаат во светла површина или под силна дневна светлина. Иако во најголем број случаи станува збор за безопасна појава поврзана со стареењето на окото, офталмолозите предупредуваат дека понекогаш овие симптоми можат да укажуваат и на сериозен проблем кој бара итна лекарска помош. Лекарите оваа појава ја нарекуваат Задно одвојување на ...

„Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. Ставовите ...

„Протресениот“ британски премиер Кир Стармер денес ќе се обиде да ги преобликува своите политики, бидејќи неговата позиција е доведена во прашање по катастрофалниот настап на локалните и регионалните избори. Во говорот најавен од неговата канцеларија, тој ќе признае дека „постепената промена нема да биде доволна“ за сè понезадоволната јавност и ќе вети „посилен одговор“ во области како што се економскиот раст, поблиските врски со Европа и ...

Одржувањето на телесната тежина по слабеењето е еден од најголемите предизвици за луѓето кои поминале низ диета или програма за намалување килограми. Иако многумина успеваат да ослабат, голем дел од нив со текот на времето повторно ги враќаат изгубените килограми. Сè повеќе научни истражувања покажуваат дека токму секојдневното движење и физичката активност може да бидат клучот за долгорочно одржување на тежината. Според прелиминарен ...

„Остануваат уште само 20 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформската агенда од страна на Мицкоски. Бидејќи нема никакви реформи Христијан Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех и неисполнети ветување“, велат од СДСМ. „Прво намерно заострување на односите со Бугарија, создавање тензии и конфликти, наместо градење позиции за напредок на државата. Второ напад ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вчера немало масовни руски напади, но нагласи дека руските сили на бојното поле воопшто не го почитуваат договореното примирје. Како што објави Украинска правда, Зеленски рече дека Украина одговара на секој таков потег со еднакви мерки. „Охрабрувачки е што до овој момент денес немаше напади од големи размери – ниту ракетни напади, ниту воздушни напади. Сепак, во населбите по должината на ...

Пронајдени се телата на двајца планинари од Сингапур кои исчезнаа по ерупцијата на вулканот Дуконо во Индонезија. Двојката беше пронајдена прегрната под одрон на карпа на островот Халмахера. Шефот на индонезиската агенција за спасување, Иван Рамдани, рече дека извлекувањето на телата е исклучително тешко поради тешкиот терен и дождот, и дека телата се носат во локалната болница за обдукција. Операцијата за спасување е отежната и од тековните ...

Резервите на муниција и тактички ракети на американската војска се сериозно исцрпени, предупреди вчера американскиот демократски сенатор Марк Кели. „Мислам дека е фер да се каже дека е шокантно колку длабоко сме навлегле во тие резерви“, изјави сенаторот за американската телевизиска мрежа CBS News. Кели рече дека американскиот претседател Доналд Трамп ги вовлекол САД во војна со Иран „без стратешка цел, без план, без временска рамка и како ...

Министерството за надворешни работи на Кина потврди дека Доналд Трамп ќе ја посети Кина од задутре до петок на покана на претседателот Кси Џинпинг, што е прва посета на американски претседател на земјата од 2017 година. Иако Трамп претходно ја најави посетата, Кина ја потврди само кратко пред нејзиниот почеток, како што е вообичаено во вакви случаи. Трамп првично планираше да патува во Кина кон крајот на март, но Вашингтон побара од Пекинг ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.7
33%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.78
72%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
44%
1011
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.15
46%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.74
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.92
48%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.08
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
1.58
45%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Платина

57324.78

Бакар

13.10

Злато

139690.59

Паладиум

42535.44

Сребро

2269.46

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Алуминиум

3.46