Министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, изјави дека е неопходно Косово да добие статус на кандидат, со што би се потврдил рамноправниот пристап на Европската унија (ЕУ) кон сите земји од Западен Балкан. „Подготвени сме да дејствуваме во рамките на процесот заснован на заслуги, но ова подразбира и добивање на кандидатски статус и почеток на преговорите за членство со Европската унија. Првиот чекор е предавање на ...

Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче, лидерот на СДСМ, инсистира, како што велат, Бугарите да влезат во Уставот. „Денес повторно Венко Филипче продолжува со своето инсистирање Бугарите да влезат во Уставот прикажувајќи го како услов без кој не може. Condito sine qua non за нашата интеграција во ЕУ. Откако го прифатија на најдолен предавнички начин за услов водени од заложништвото кон Бугарија поради своите криминални активности, ...

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика и мешан комунален отпад. Иако локацијата беше целосно исчистена на 15 ноември 2025 година во рамки на еко акција организирана од Општина Прилеп и јавното претпријатие, само по неколку месеци состојбата повторно е алармантна. ...

Следејќи ги современите трендови во финансискиот сектор и растечките потреби на клиентите за поголема диверзификација и пристап до глобални инвестициски можности, Халкбанк АД Скопје ја проширува својата понуда со нова услуга, инвестирање во хартии од вредност на странски пазари. Новата услуга претставува уникатна можност на домашниот пазар, клиентите преку една доверлива институција да добијат интегриран пристап до локални, регионални и ...

Изјавата на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, дека, како што изјавила, руското влијание во Европа повторно е во пораст, предизвика остра реакција кај ирскиот новинар Чеј Боус. Калас, доаѓајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека, според неа, руското влијание може да се види во спортските организации, каде што на руските спортисти им е дозволено повторно да ...

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска, 11 до 13 мај 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија. За време на посетата, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи. Во ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, ...

Постигнатиот напредок во спроведување на реформите во областа на Царинската унија, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст, ја покажува нашата силна посветеност во процесот на забрзана интеграција во ЕУ и Република Хрватска цврсто нѐ поддржува во евроинтегративните процеси. Започнува нов циклус на соработка, при што Царинската управа на Република Хрватска на експертско ниво ќе ги пренесе ...

Пентагон објави огромна архива на претходно доверливи документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи децениски описи на видувања пријавени од цивили на Земјата и астронаути. Овие документи, кои опфаќаат повеќе децении, се декласифицирани и објавени на интернет по налог на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно оваа година ја најави нивната објава „со оглед на огромниот интерес“. Соединетите Држави во ...

ГРОМ и коалицијата изминативе шест месеци беше конструктивен во Советот на Општина Карпош. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во претходниот мандат ја блокираше општината, ние не го опструиравме градоначалникот Сотир Лукровски, туку му дававме поддршка кога тоа беше во интерес на Карпош, изјави на прес-конференција Добрила Андоновска, член на Советот на Општина Карпош. „Но, господинот Лукровски уште во првиот месец почна да се жали дека му било ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека започнале состаноците со ресорните министри за подготовка на ребалансот на Буџетот за 2026 година. Таа посочи дека процесот се одвива во услови на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, кои, како што рече, влијаат врз енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на светскиот економски раст. „Остануваме посветени ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,78% во однос на претходната одлука од 4.5.2026 година. Според пресметките, на светскиот пазар има намалување на референтните цени кај повеќето деривати: бензините за 0,444%, дизелот за 6,073%, екстра лесното масло за 6,495%, додека кај мазутот има зголемување од 0,791%. Курсот на денарот во однос на доларот бележи ...

Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 11 мај 2026 година, во 11:59 часот, на територијата на Црна Гора. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 17 километри североисточно од Херцег Нови. Граѓаните велат дека земјотресот бил добро почувствуван, пренесува „Телеграф“. „Се тресеше добро“, „Се тресеше добро, траеше неколку секунди“, „Стаклото на прозорците се ...

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на прес-конференција изјави дека последните настапи на СДСМ, според него, претставуваат обид за ширење апатија и безнадежност кај младите во државата. Тој оцени дека СДСМ, заедно со ДУИ, во изминатите години создале систем на партизација, корупција и недоверба во институциите, поради што голем број млади ја напуштиле државата.  Конески порача дека наместо самокритика, ...

Леон Горецка го напушта Баерн по осум години. 31-годишниот играч од средниот ред ја продолжува кариерата во Милан. Договорот на Горецка истекува на 30 јуни, а клубот уште пред два месеци објави дека нема да му понуди нов. Тој во Милан ќе пристигне како слободен играч. Германскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор со Милан со плата од пет милиони евра по сезона. Сè треба да биде официјално потврдено наскоро. Леон Горецка ...

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура. Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на ...

Претседателот на Финска, Александар Стуб, процени дека Соединетите Американски Држави нема целосно да ги повлечат своите војници од Европа, бидејќи им се потребни бази на европскиот континент за да дејствуваат на пошироко глобално ниво. Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Стуб изјави дека не е особено загрижен за евентуалното повлекување на дел од американскиот контингент од Германија, нагласувајќи дека европските бази ...

Со жалење констатираме дека СДС продолжува со истата стара практика – пласирање празни, неосновани и политички мотивирани обвинувања, без суштина и без каква било реална допирна точка со потребите на граѓаните на Општина Аеродром, истакна на прес-конференција Сузана Павловска, претседател на совет на Општина Аеродром. „Со последното соопштение за реконструкцијата на плочниците, СДС уште еднаш покажа дека нема ниту идеи, ниту визија, ниту ...

Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно е главна тема на шпанските медиуми, а сè повеќе извори тврдат дека неговото враќање на клупата на Реал Мадрид е практично завршена работа. По турбулентната сезона без трофеј и бројните проблеми во соблекувалната, Флорентино Перез наводно се одлучил за потег за да ја врати стабилноста и авторитетот во тимот. Изборот паднал на Мурињо. Португалецот на тој начин би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“, по ...

Александар Николоски изјави дека со интензивна динамика продолжуваат градежните активности на автопатските делници што ги реализира компанијата Бехтел и Енка, при што Владата, како што рече, прави сè за да им овозможи на изведувачите што побрзо да ги завршат проектите на Коридорите 8 и 10д. На делницата Гостивар – Букојчани моментално се работи на 11 од вкупно предвидените 31 километар, а реализацијата достигнала околу 60 проценти. На ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на „Belgrade Energy Forum 2026“, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот, инфомрираат од ресорното министерство. На панелот посветен на енергетската ...

Германските медиуми пишуваат за нови правила што се воведуваат за приватно туристичко сместување од 2027 година, а кои би можеле значително да го променат начинот на издавање апартмани и куќи за одмор. Според нацрт-законот, сите приватни издавачи ќе мора да имаат официјален регистрациски број, без кој повеќе нема да можат да ги огласуваат своите објекти на платформи како Booking.com и Airbnb. Веста веќе предизвика загриженост меѓу ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот регион. По нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката, посочуваат од оваа партија. „Како регион чија главна стопанска гранка е ...

Паоло Дибала (32) откри дека Рома сè уште не го контактирала за продолжување на договорот, потврдувајќи дека дербито против Лацио следниот викенд ќе биде неговиот последен домашен натпревар за клубот доколку не се постигне договор. Неговата изјава следеше по драматичната победа на Рома од 3-2 на гости против Парма, која им ги спаси надежите за пласман во Лигата на шампионите, пишува „Фудбал Италија“. По натпреварот, Дибала отворено зборуваше ...

ВЛЕН соопшти дека нивното обединување во единствен политички субјект претставува историски момент кој, како што велат, ја испраќа старата политика во минатото и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците во Северна Македонија. Од коалицијата велат дека ја разбираат „паниката“ кај ДУИ, која според нив произлегува од новата политичка реалност што се потврдила на 9 мај. „Се покажа спротивното од она што се пропагираше две години – ВЛЕН ...

„Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и евтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија“, велат од партијата Левица. „Доколку РКЕ донесе ваква скандалозна одлука тогаш ...

Српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ во Брисел порача дека Србија бара Европската унија да го забрза процесот на проширување и што поскоро да го отвори Шенген просторот за земјите од Западен Балкан. Тој оцени дека „тврдите граници“ низ регионот ја кочат економијата, туризмот и секојдневниот живот на луѓето, и дека нивното олеснување би донело значителен економски раст, проценет на околу 50 милијарди евра, без да се намали ...

Претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, обвини дека младите масовно се иселуваат поради политиките на Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека е лицемерно младите да се повикуваат да останат во земјата, додека, како што рече, државата се соочува со корупција, сиромаштија и блокиран европски пат.  „Со намерното блокирање на европскиот пат најголема штета трпат младите македонски ...

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, се осврна на резултатската криза, протестите на навивачите и иднината на Лука Модриќ. Тимот на Масимилијано Алегри е под голем притисок бидејќи има само две победи во последните осум првенствени кола. Милан во финишот на сеозната влегива со ист број на бодови како четвртопласираната Рома. Во последните три рунди ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите. Ситуацијата е дополнително ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.7
33%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
72%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.78
72%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
44%
1011
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.15
46%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.74
76%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.92
48%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.08
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
1.58
45%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2269.46

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.46

Бакар

13.10

Платина

57324.78