Русија подготвува нов голем напад врз Украина, објави претседателот Володимир Зеленски денес на Телеграм, повикувајќи се на разузнавачки информации. Подоцна во својата вечерна видео порака, Зеленски рече дека украинската страна има „разузнавачки информации дека Русија подготвува нов голем напад“. „Нашите служби реагираат брзо и се подготвени. Воздухопловните сили и другите бранители на воздушниот простор ќе работат 24/7, како што секогаш ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека Ерменија треба што е можно поскоро да одлучи дали сака да се приклучи на Европската унија или да остане во Евроазиската економска унија, додавајќи дека верува оти е невозможно да се усогласат двете опции. „Самиот премиер Пашинјан рече дека смета дека е исправно да се одржи референдум за ова прашање, за тоа каде треба да биде Ерменија: во Евроазиската унија или во Европската унија. Би ...

Сè поголемо внимание во светските медиуми предизвикува претстојната свадба на поп-суперѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ ѕвездата Тревис Келси, а според најновите информации, церемонијата би можела да стане еден од најексклузивните настани во светот на славните оваа година. Иако претходно се шпекулираше дека свадбата ќе се одржи за време на викендот околу американскиот Ден на независноста во Њујорк, извори блиски до двојката за „Пејџ Сикс“ тврдат ...

Иран денеска соопшти дека сè уште не е постигнат договор со Соединетите Американски Држави за прекин на војната, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе донесе конечна одлука. „Разговорите продолжуваат, но сè уште не е постигнат конечен договор“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, според државните медиуми. Американскиот претседател објави дека се подготвува да донесе ...

Грчките власти најавија пакет нови мерки со цел олеснување на сообраќајот и намалување на долгите задржувања на граничните премини Евзони и Кипи, кои се појавија по имплементацијата на новиот европски систем за влез и излез (ЕЕС). Одлуката е донесена на состанок во Солун, свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за Македонија и Тракија, Константинос Гулекас, на кој присуствувале претставници на надлежните институции, ...

Претседателот на Романија, Никушор Дан, изјави од Галац дека рускиот дрон што удри во станбена зграда ја сменил траекторијата откако веројатно бил погоден над украинскиот град Рени. Дан нагласи дека Русија сноси одговорност за инцидентот и рече дека жителите, освен семејството директно погодено од експлозијата, можат да се вратат во своите домови. Тој, исто така, потврди дека две хоспитализирани лица претрпеле полесни повреди и добро се ...

Дигиталниот свет одамна престана да биде место каде што децата повремено поминуваат дел од своето слободно време. Денес интернетот е простор во кој учат, комуницираат, се забавуваат, градат пријателства, но и се соочуваат со ризици кои стануваат сè посериозен глобален предизвик. Токму поради тоа, Обединетите нации и бројни меѓународни институции предупредуваат дека заштитата на децата на интернет повеќе не смее да се сведува само на ...

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека тврдењата за наводни руски беспилотни летала што летаат над Европа се неосновани и дека, како што тврди таа, не се презентирани никакви докази за нив, објави руската агенција РИА Новости. „Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотните летала во земјите од Европската Унија, се целосно неосновани, не е презентиран ниту еден факт, ...

Некои од најголемите имиња на светската рок и алтернативна музичка сцена ќе настапат на новиот фестивал „Моќта на народот“ („Power to the People“), кој на 3 октомври ќе се одржи во Колумбија, во американската сојузна држава Мериленд. Според најавите објавени од „Форбс“, фестивалот е замислен како еднодневен музички и општествен настан посветен на мирот, правдата, солидарноста, граѓанскиот активизам и демократијата. Зад организацијата стои ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Кремљ е подготвен да ги продолжи разговорите со Украина. Во опширни изјави за состојбата на војната, која Москва продолжува да ја нарекува исклучиво „специјална воена операција“, Путин тврдеше дека конфликтот завршува, но одби да даде конкретен временски рок, објави Sky News. Според него, руските сили напредуваат во сите правци на бојното поле. Путин, исто така, рече дека Русија не ја ...

ВЛЕН соопшти дека по одржувањето на Конгресот на Обединувањето со засилен интензитет продолжува со политичките и организациските активности на терен, во целосна координација со партиските структури низ државата. Од ВЛЕН информираат дека во изминатите денови биле реализирани бројни средби со активисти и локални структури, на кои се разговарало за теренските активности, внатрешната организација и следните чекори на политичко делување. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на Truth Social низа услови што Иран, според него, мора да ги прифати во евентуален договор со САД. Тој рече дека Техеран мора да се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје и дека Ормускиот теснец мора веднаш да се отвори за непречен бродски сообраќај во двата правци, без никакви такси за премин. „Иран мора да се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје или бомба. Ормускиот теснец мора веднаш да се ...

Она што некогаш беше неколкунеделна пролетна непријатност, денес за милиони луѓе прераснува во долготраен здравствен проблем. Научниците предупредуваат дека климатските промени, потоплите зими, подолгите периоди на цветање и загадениот воздух значително ја менуваат поленската сезона, правејќи ја подолга, посилна и сè потешка за предвидување. Според експертите, сезонските алергии веќе не се ограничени само на пролетните месеци. Поленот се ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, го коментираше инцидентот со беспилотното летало кое удри во зграда на романска територија, критикувајќи ги реакциите од Европската Унија и нудејќи спроведување руска истрага под одредени услови. Путин тврди дека Европската Унија автоматски го покажува прстот кон Русија по секој таков инцидент. „Првата реакција во ЕУ на кое било беспилотно летало е да се прогласи за руско, а потоа се покажува дека не е“, ...

Поп-иконата Мадона повторно го привлече вниманието на јавноста со искрено признание за својот љубовен живот, откривајќи дека Џон Ф. Кенеди Џуниор бил најдобриот љубовен партнер што некогаш го имала. Пејачката зборуваше за ова за време на промоцијата на својот нов албум „Confessions II“, каде што одговараше на прашања во друштво на неколку познати личности. Кога беше прашана кој бил нејзиниот најдобар партнер, Мадона најпрво постави интересно ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. ...

ВЛЕН упати остри критики кон поранешниот министер за правда Блерим Беџети, обвинувајќи го дека за време на неговиот мандат не направил ништо за полагањето на правосудниот испит да биде овозможено и на албански јазик. Од ВЛЕН посочуваат дека Беџети бил на чело на Министерството за правда 1058 дена и, како што велат, имал целосни надлежности и можности да го реши ова прашање, но не презел никакви чекори. „Денес се обидува да се претстави како ...

Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, денес потпиша договор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на речиси сите средства за закрепнување и кохезија наменети за Унгарија. Ова ѝ даде на владата пристап до износот од 16,4 милијарди евра што беше замрзнат за време на претходната влада, пишува Euronews. Фон дер Лајен ја пофали Унгарија за формирањето на владата во рекордно време и за само неколку недели за ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот и секретарот на општината, даде поддршка за фудбалерите на ФК „Пелистер“ пред претстојниот бараж натпревар за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Како што истакна Коњановски, станува збор за еден од најважните натпревари во сезоната, во кој битолскиот клуб ќе се соочи со екипата на Шкендија Арачиново во Кавадарци. Тој упати повик до навивачите, ...

Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра луксуз во Црна Гора, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо ваков настан да биде организиран во домашен туристички центар, со што средствата би останале во македонската економија, Деаноски одлучил синдикалните пари да завршат во странство, во луксузен туристички комплекс на ...

Австриски суд го осуди 21-годишникот кој призна дека планирал исламистички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во 2024 година на 15 години затвор, прогласувајќи го за виновен за разни кривични дела, претежно поврзани со тероризам. Беран А., чие презиме не е објавено во согласност со австриските правила за приватност, беше уапсен еден ден пред првиот од трите планирани концерти на американската поп-ѕвезда во австриската престолнина. ...

Кога ќе се спомене хмељот, повеќето луѓе веднаш помислуваат на пивото и неговиот препознатлив горчлив вкус. Но, ова растение крие многу повеќе од својата улога во пиварската индустрија. Последниве години хмељот повторно го привлекува вниманието на европските гурмани, и тоа поради своите млади пролетни изданоци кои денес се сметаат за една од најскапите сезонски деликатеси во Европа. Станува збор за нежни изданоци кои по изглед потсетуваат на ...

Грчки државјанин е обвинет во Велика Британија за помагање на странска разузнавачка служба, за која се верува дека е иранска, во активности насочени кон новинари за телевизиската станица „Иран Интернешнл“ со седиште во Лондон, објави „Ројтерс“. Полицијата за борба против тероризмот го идентификуваше како Јоанис Ајдинидис, 46, жител на Минхен. Тој беше уапсен на 16 мај и обвинет според Законот за национална безбедност на Велика Британија. Се ...

Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче. На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. „Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот ...

Еден од најпознатите и најомилените интерпретатори на македонската народна и изворна музика, Влатко Миладиноски, деновиве има посебна причина за славење. Познатиот фолк-пејач го одбележа својот јубилеен 40-ти роденден, а социјалните мрежи беа преплавени со честитки, убави желби и пораки од неговите бројни обожаватели, пријатели и колеги. Роденденот беше повод за многумина да му упатат зборови на почит за неговата долгогодишна музичка кариера, ...

Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“. Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално ...

Една од најатрактивните и најзгодни дами на македонската јавна сцена, Марјана Станојковска, деновиве ужива во заслужен одмор на црногорското приморје, а дел од прекрасната атмосфера сподели и со своите бројни следбеници на социјалните мрежи. Познатата водителка и модел повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста со фотографиите што ги објави од своето патување. Марјана покажа како ги минува сончевите денови покрај море, уживајќи во ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, испрати остра порака до граѓаните на Европската Унија, тврдејќи дека нивните влади еднострано влегле во војна со Русија. „Граѓани на земјите од ЕУ, мора да разберете дека вашите власти еднострано влегле во војна со Русија. Затоа бидете внимателни и не дозволувајте ништо да ве изненади. Готово е со мирниот сон. И знаете кого да прашате зошто!“, рече Медведев. ...

Единствена Македонија соопшти дека прифаќа референдум за ЕУ, но под услов да има две прашања. „Единствена Македонија внимателно ја следи дебатата со најновиот предлог на СДСМ за референдум за членство во ЕУ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси? Единствена Македонија прифаќа нов референдум, но, само и единствено под услов со следните прашања: 1. Дали сте за ...

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата, влегува во својата завршна фаза, а бројни возачи и туристи веќе ги споделуваат своите впечатоци од патувањето по новите делници. Видео објавено на социјалните мрежи, снимено од странски турист, прикажува дел од трасата по која овој продолжен викенд ќе поминат илјадници патници на пат кон Охрид и охридскиот регион. Со пуштањето во употреба на поголем дел од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Бакар

13.01