Нејмар ќе го пропушти, како што стојат работите, првиот натпревар на репрезентацијата на Бразил претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. На 14 јуни, Бразил ќе игра против Мароко во Групата Ц, а според последните информации објавени од шефот на медицинскиот тим на Бразил, Анчелоти нема да може да се потпре на ѕвездата на тимот за тој дуел. Докторот на репрезентацијата, Родриго Ласмар, ги информираше новинарите за состојбата на ...

Иако важи за една од најголемите светски музички и филмски ѕвезди, Џенифер Лопез повеќепати има нагласено дека најважната улога во нејзиниот живот е улогата на мајка. Пејачката и актерка со години се обидува своите близнаци, Еме и Макс, да ги заштити од притисокот што го носи животот под постојаното внимание на јавноста и медиумите. Децата на Џеј Ло растат пред очите на светот уште од нивното раѓање, но таа внимателно внимава колку ќе бидат ...

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓудругото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...

Капитенот на Манчестер Сити, Рубен Дијаш (29), наводно им рекол на своите менаџери да му најдат нов клуб. Како што објавија некои извори, Португалецот верува дека е време за нови предизвици откако Пеп Гвардиола го напушти клубот. Дијаш дојде како голема желба на Пеп Гвардиола, под чија команда стана еден од најдобрите стопери во Премиер лигата и Европа. Португалецот пристигна во Сити за дури 71.600.000 евра во летото 2020 година, тој испиша ...

Актерката и модел Кармен Електра отворено проговори за бурниот брак со поранешната НБА ѕвезда Денис Родман, откривајќи дека морала да стави крај на врската бидејќи целосно се изгубила себеси. Во гостување на подкастот „Legally Goff“, 54-годишната ѕвезда на „Baywatch“ призна дека животот со Родман бил премногу хаотичен и исполнет со постојани забави и алкохол. „Беше едноставно премногу тешко да се продолжи со неговото темпо и со друштвото ...

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, го пофали невиденото единство во земјата откако САД и Израел започнаа воена кампања против Иран. Во писмена порака објавена денес, тој повика на „уште поголеми напори“ за зачувување на единството на населението. „Вистинската суштина и внатрешната сила на иранскиот народ, во верата, надежта и акцијата, им се докажани и на пријателите и на непријателите“, рече Хамнеи во писмена порака објавена од ...

Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, кажа на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски, ...

Хуан Мануел Серундоло, искористи проблемите на Јаник Синер и избори сензационален пласман во третото коло на Ролан Гарос. Помладиот брат на Франциско Серундоло победи со 3:2 (3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1). Првите два сета, на теренот „Сузан Ленгле“, минаа во целосна доминација на Синер, првиот светски рекот лесно дојде до водство од 2:0. Во исто темпо, Италијанецот продолжи и во третиот сет, на 5:1 сервираше за победа, кога нешто му се случи. ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше дека Владата на денешната седница го усвоила Предлогот за измена на Законот за Царинска тарифа, со кој се предвидува дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките што се применуваат во Европската Унија. Како што посочи Димитриеска-Кочоска, измените претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули ...

Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, напиша книга за своето време во Белата куќа, „Поглед од источното крило: мемоари“, во која, меѓу другото, наведува дека била „исплашена“ кога го гледала својот сопруг, поранешниот претседател на САД, Џо Бајден за време на дебатата во 2024 година, бидејќи изгледало како да има мозочен удар. „Не бев ужасната, туку исплашена, бидејќи никогаш не сум го видела Џо ваков ниту ...

Нова политичка дебата се отвори во јавноста откако поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, преку статус на социјалните мрежи рече дека Законот за матична евиденција предвидувал промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите. Тој повика на консолидација и порача дека огромното мнозинство во партијата овојпат мора да биде на иста страна и да не дозволи ваквите решенија да поминат, со цел СДСМ да се ...

Европската комисија донесе одлука да ја казни кинеската интернет-продавница „Тему“ (Temu) со 200 милиони евра, врз основа на Актот за дигитални услуги (DSA), поради тоа што платформата не сторила доволно за да ја спречи продажбата на нелегални и небезбедни производи. Според Комисијата, „Тему“ сериозно ги прекршил правилата бидејќи неговата процена на ризик за 2024 година не ги исполнува стандардите и сериозно го потценила ризикот од тоа ...

Олга Лозановска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собрание постави три пратенички прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Првото прашање е по однос на обезбедувањето на новото задолжување од страна на Владата и Собранието. „Дали Владата подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра и на кој начин планира да се обезбеди тој износ?“, праша Лозановска. Второто прашање се однесува на ...

Општина Битола заедно со Културниот и информативен центар (КИЦ) денеска организираа отворен ден под мотото „Твој избор – твоја иднина“, наменет за идните средношколци кои се во процес на избор на средно образование. Настанот се одржа на платото пред Офицерскиот дом, каде што беа поставени штандови на средните училишта, младински организации и здруженија кои работат со млади. Идните средношколци имаа можност директно да се информираат за ...

Официјален Вашингтон три месеци по почетокот на воените операции против Иран се соочува со сериозни стратешки проблеми и растечко домашно незадоволство, објавува „Дојче Веле“. Иако претседателот Доналд Трамп уште на почетокот тврдеше дека воената ситуација е одлична и дека победата е практички осигурана, воените тактички успеси сè уште не се преточени во стратешка победа. Војната, која Трамп ја започна повикувајќи се на сопствената „интуиција ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна. Битиќи потенцираше дека има дополнителни најави за нови задолжувања и неплатени обврски кон стопанството и предупреди дека ваквата фискална траекторија, заедно со дефицит кој веќе го надминува законски утврдениот праг и достигнува околу 3,5% од ...

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денес изјави дека НАТО се подготвува за голем вооружен конфликт на Исток и дека Велика Британија, „злиот и циничен гениј на Европа“, ги охрабрува своите европски партнери да се судрат со Русија. Наришкин, на Првиот меѓународен форум за безбедност што се одржа под покровителство на Советот за безбедност на Русија, рече дека „НАТО де факто се подготвува за голем вооружен ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред фронтранерите, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати. „Се разбира дека не само јас и граѓаните, ...

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски упати остар одговор до пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, обвинувајќи ја поранешната власт за двојно зголемување на јавниот долг и слаб економски раст, додека актуелната Влада, како што рече, обезбедува стабилност и економски напредок. Јанкуловски истакна дека Владата била подготвена за дебата во Комисијата за финансирање и буџет, но, според него, опозицијата ја бојкотирала седницата. ...

Со присуство на повеќе министри во технички мандат и со асистенција на полицијата од регионот Север, косовските власти утрово ги презедоа просториите на железничката станица во Звечан, во близина на комплексот „Трепча“. Притоа, од објектот беше отстранета таблата на кирилица и беше поставена нова на латиница, како и косовско знаме – и сето тоа на првиот ден од официјалната предизборна кампања за вонредните парламентарни избори во Косово. ...

Левица ќе поднесе втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за саботирање истраги, селективна правда, непрофесионално работење на полицијата и судир на интереси, најави денеска лидерот на партијата Димитар Апасиев. Тој кажа дека состојбата во МВР дополнително се влошила, а институцијата наместо професионален сервис, станала „приватна партиска полиција“. „Сметаме дека оваа година проблемите во ...

Капитенот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, проговори за инцидентот на тренингот во кој беше вклучен неговиот соиграч Орелијан Чуамени, признавајќи дека физичката конфронтација била тешко, но и корисно искуство. Уругвајскиот репрезентативец, кој моментално се подготвува за Светското првенство во 2026 година, изрази благодарност за поддршката што ја добил од навивачите на Реал во тој период. За потсетување, инцидентот стигна до светските ...

Холивудскиот актер Џони Деп повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради голем финансиски скандал што ја потресе јавноста. Унгарската полиција уапси 27-годишен државјанин на Јордан под сомнение дека ги украл податоците од банкарската картичка на славниот актер и потрошил повеќе од половина милион фунти од неговата сметка. Според информациите објавени од британски „Дејли Меил“, Деп наводно не забележал дека некој му ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се ...

Роналд Куман, селектор на холандската фудбалска репрезентација, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Опоравениот Мемфис Депај е на списокот, додека најголемо изненадување е отсуството на играчот на Ливерпул, Џереми Фримпонг. Депај беше еден од тројцата играчи кои неодамна се опоравија од повреди, а Куман ги стави на спиското за планетарната смотра. 32-годишниот напаѓач, кој игра за бразилскиот Коринтијанс, е ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес оствари работна средба со повеќе винарии-членки на Здружението „Вина од Македонија“ . Ристески пред компаниите презентираше дел од тековните активности на Министерството за економија и труд насочени кон подобрување на бизнис-климата и обезбедување конкретна поддршка за компаниите. – Препознавајќи го винарството како гранка која има стратешко економско значење за државата, ...

Европската унија нема да назначи свој специјален претставник за преговори со Русија до понатамошно известување, а засега, наместо да избира личност, ќе се фокусира на стратешко прашање, пишува агенцијата ДПА повикувајќи се на изјави на високи претставници и дипломати на ЕУ. Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, и водечките членови на Унијата сметаат дека таков чекор засега нема да има смисла, изјавија овие извори на маргините од ...

Во период кога многумина бараат брз начин да ослабат пред летото, на социјалните мрежи повторно стана популарна таканаречената „15-дневна диета“, која според тврдењата може да помогне во намалување на телесната тежина и до 15 килограми. Станува збор за строг режим на исхрана со однапред одредено мени, кое се повторува во циклуси, а привлекува внимание поради едноставниот избор на намирници и краткото времетраење. Според планот, појадокот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, што се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска или воена моќ, туку и преку ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.04
48%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
42%
1008
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
40%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
35%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
58%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39