Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се ...

Роналд Куман, селектор на холандската фудбалска репрезентација, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Опоравениот Мемфис Депај е на списокот, додека најголемо изненадување е отсуството на играчот на Ливерпул, Џереми Фримпонг. Депај беше еден од тројцата играчи кои неодамна се опоравија од повреди, а Куман ги стави на спиското за планетарната смотра. 32-годишниот напаѓач, кој игра за бразилскиот Коринтијанс, е ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес оствари работна средба со повеќе винарии-членки на Здружението „Вина од Македонија“ . Ристески пред компаниите презентираше дел од тековните активности на Министерството за економија и труд насочени кон подобрување на бизнис-климата и обезбедување конкретна поддршка за компаниите. – Препознавајќи го винарството како гранка која има стратешко економско значење за државата, ...

Европската унија нема да назначи свој специјален претставник за преговори со Русија до понатамошно известување, а засега, наместо да избира личност, ќе се фокусира на стратешко прашање, пишува агенцијата ДПА повикувајќи се на изјави на високи претставници и дипломати на ЕУ. Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, и водечките членови на Унијата сметаат дека таков чекор засега нема да има смисла, изјавија овие извори на маргините од ...

Во период кога многумина бараат брз начин да ослабат пред летото, на социјалните мрежи повторно стана популарна таканаречената „15-дневна диета“, која според тврдењата може да помогне во намалување на телесната тежина и до 15 килограми. Станува збор за строг режим на исхрана со однапред одредено мени, кое се повторува во циклуси, а привлекува внимание поради едноставниот избор на намирници и краткото времетраење. Според планот, појадокот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, што се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска или воена моќ, туку и преку ...

Во последните неколку дена, од Милан доаѓаат две приказни за хаос во клубот. Едната вклучува физичка пресметка меѓу Златан Ибрахимовиќ и Макс Алегри, поголема ескалација на тепачката спречил спортскиот директор Игли Таре, а втората е шокантно тврдење дека клубот се надевал дека нема да успее во борбата за Лигата на шампионите. Иако веќе некое време се шпекулира за големи тензии меѓу тренерот Алегри и специјалниот советник Ибрахимовиќ, ...

Жена за која постои сомнение дека е заразена со ебола е хоспитализирана во Горна Австрија откако била примена во болница со симптоми карактеристични за оваа опасна болест. Пациентката се вратила од Уганда само два дена претходно, каде што неодамна се регистрирани случаи на инфекција, поради што австриските здравствени власти веднаш реагирале и ја ставиле во строга изолација, објавува австрискиот „Хојте“. Првиот примерок од крв покажал ...

Непријатниот мирис што се појавува при вклучување на климата во автомобилот не е само естетски проблем, туку може да биде знак за бактерии, мувла и насобрана влага во системот, предупредуваат експертите. Токму поради тоа, стручњаците советуваат климата редовно да се чисти и дезинфицира, бидејќи загадениот воздух може да предизвика кивање, иритација на грлото, па дури и симптоми слични на настинка кај почувствителни лица. Според техничките ...

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати повик до Владата за распишување референдум. Како што изјави Кузеска, Владата на Мицкоски признала дека нема пари ниту за организирање референдум, обвинувајќи дека пари има само за, како што рече, криминалната група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тендери, додека нема за повисоки плати, минимална плата од 600 евра, мерки и субвенции за ...

Планот на Серхио Рамос (40) да ја преземе Севилја целосно пропадна откако легендата на Реал Мадрид драстично ги промени условите на својата понуда. Преговорите одеднаш пропаднаа доцна синоќа, кога поранешниот дефанзивец се врати на преговарачката маса со намалена понуда, што ги натера клупските челници да се откажат од она што требаше да биде историски договор за андалузискиот клуб, објавува „Goal.com“. Севилја моментално е во сопственост на ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека Унијата мора да го промени системот за пристапување за да одговори на потребите на Украина. Кос оцени за денешниот „Фајненшл тајмс“ дека Брисел мора да биде иновативен, но исто така нагласи дека без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, нема отстапка кога станува збор за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, независноста на судството и ...

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Хрватска, директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, учествуваше на сесијата за економски дијалог и вмрежување меѓу институционалните претставници и бизнис-заедницата, каде што биле разгледани конкретни можности за нови инвестиции и продлабочување на економската соработка. Од МЕПСО информираа дека во рамки на билатералната средба ...

Компанијата Meta лансираше нова апликација која служи како „простор за разговори во рамките на групите на Facebook“. Се вика Форум, и нема официјално соопштение или посебна промоција. Корисниците ќе треба да користат сметка на Facebook за да пристапат до апликацијата, а нивниот профил и активност ќе бидат префрлени по најавувањето. Иако апликацијата не е дизајнирана да биде анонимна платформа како Reddit, корисниците ќе можат да користат ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ се обрати на српската јавност од Шангај, каде што се наоѓа во официјална државна посета на Кина. По средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг и со претставници на 29 компании, Вучиќ најави потпишување на повеќе десетици договори за продлабочување на стратешкото партнерство и најави големи економски инвестиции за градовите Шид и Зрењанин во текот на јуни. Тој истакна дека српската економија во ...

Преговорите меѓу Душан Влаховиќ и Јувентус околу потпишувањето на нов договор се одолговлекуваат, но фудбалерот сè повеќе губи интерес да остане во Торино, пишува „Газета дело Спорт“. Извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, призна дека поради пропуштениот пласман во Лигата на шампионите, во клубот ќе има повеќе заминувања ова лето од планираното, а се чини дека српскиот репрезентативец е на врвот на таа листа. Во февруари и март, ...

Многумина се соочуваат со истиот проблем при подготовка на похувано месо – корката наместо крцкава станува мека, мрсна и натопена со масло. Но, според кулинарските експерти, решението е многу едноставно и се крие во една состојка што речиси секој ја има дома. Станува збор за густин, односно пченкарен скроб, кој се додава директно во смесата со јајца. Готвачите советуваат во две разматени јајца да се додаде една рамна лажица густин, заедно со ...

Зголемувањето на глобалните температури би можело да ги прошири областите погодни за живеење на комарците и да го зголеми ризикот од ширење на вирусот „чикунгуња“ низ целиот свет, според нова студија објавена во научното списание „Frontiers in Cellular and Infection Microbiology“. „Бидејќи овој комарец е потолерантен на постудени услови, затоплувањето би можело да му овозможи да колонизира области кои претходно биле премногу ладни“, објасни ...

Еван Геасан, напаѓач роден во Франција, кој игра за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, влезе во фудбалската историја како прв играч кој освоил две различни европски натпреварувања со два клуба во иста сезона. Овој 24-годишник е официјално победник на Лига Европа со Астон Вила и на Конференциската лига со Кристал Палас, пишува „Марка.“ Овој необичен потфат се случи благодарение на зимскиот преоден рок. Во јануари, Астон Вила го ...

Холивудскиот актер Адам Сендлер повторно предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, откако се појави во своето препознатливо лежерно издание на премиерата на новиот филм „Office Romance“, во кој глуми неговата сопруга Џеки Сендлер. Додека Џеки блескаше на црвениот тепих во елегантен црн мини фустан од „Скиапарели“ и високи потпетици, Адам Сендлер се појави во сини тренерки и портокалов дуксер на Њујорк Никс, со што уште еднаш остана ...

Европа брзо старее. Најновите податоци од Евростат за 2025 година покажуваат дека разликата помеѓу најмладите и најстарите европски земји е речиси 15 години, што покажува колку изразени се демографските промени низ целиот континент. Средната возраст е возраста што го дели населението на два еднакви дела. Картата на Евростат покажува дека во Македонија населението е со просечна старост од 42,1 години, во Србија 45,4 години, што е повисоко од ...

Претставниците на англиската Премиер лига ќе бидат најбројни во европските натпреварувања и следната сезона. И не само тоа – клубовите од Островот ќе го срушат претходниот рекорд по број на клубови во натпреварувањата на Стариот континент, во сезоната 2026/2027 ќе настапат со девет клубови. Во најпрестижното натпреварување, Лигата на шампионите, Англија ќе има дури пет претставници, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и ...

Европа деновиве е погодена од силен топлотен бран што веќе урна температурни рекорди во повеќе држави, а научниците предупредуваат дека екстремните горештини наскоро би можеле да станат „нова нормалност“ на континентот. Рекордно високи температури се регистрирани во Велика Британија, Ирска и Франција, додека метеоролозите најавуваат дека жештините дополнително ќе се засилат во наредните денови. Според експертите, зад овој феномен стои ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска на ден 28.05.2026 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.30 часот корисниците лоцирани на раскрсница меѓу улиците Борис Сарафов и Кузман Шапкарев. ( општина Ѓорче Петров ) Текстот Без струја делови од Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска на ден 28.05.2026 година ( четврток ) ...

Северна Кореја никогаш нема да се согласи на денуклеаризација, и покрај барањата на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, објави портпаролот на Министерството за надворешни работи на ДНРК, реагирајќи на заедничката изјава на министрите за надворешни работи на земјите од безбедносниот дијалог, познат како Квадрилатерален. Индија, Австралија, САД и Јапонија учествуваат во овој формат, а во заедничката изјава по состанокот во Њу ...

Фудбалскиот клуб Монако, зад себе има (не)успешна сезона. Клубот едбај избори пласман во ввропските купови, а тоа е сигнал за промени. Нов шеф на стручниот штаб ќе биде Бразилецот Филипе Луис. По две поврзани учества во Лигата на шампионите, „кнезовите“ ќе се натпреваруваат во Конференциската лига следната сезона. Ова секако не ги задоволува амбициите на клубот. Цехот го плати тренерот. Во „малото кнежевство“ ќе биде Филипе Луис. Бразилецот ...

Заменик градоначалничката на Општина Битола, Марина Крстиќ, заедно со заменик министерот за здравство Јовица Андоновски, присуствуваше на пуштањето во употреба на нова здравствена услуга во Хоспис „Сју Рајдер“ – Битола. Станува збор за воведување ехосонографски преглед на абдомен за надворешни пациенти, услуга која ќе биде достапна преку системот „Мој термин“ со претходно закажување. Од Општина Битола информираат дека новата услуга ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, предупреди дека САД мора да спречат какви било случаи на ебола да влезат во земјата од Демократска Република Конго, каде што веќе се пријавени 220 сомнителни смртни случаи и 900 заразени. „Не можеме и нема да дозволиме ниту еден случај на ебола да влезе во САД. Стејт департментот и другите агенции претставени овде, Центрите за контрола на болести, HHS и други, работат многу, многу напорно за да ја ...

Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина, истакнуваат од СДСМ. Прашуваат, кога буџетот е во „одлична форма“? Ова, според нив, е уште една потврда дека во буџетот нема пари. „Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 ...

Шпекулација во медиумите, на две недели пред почетокот на Светското првенство би можела да ја потресе американската фудбалска репрезентација. Според неколку извори, селекторот на САД, Маурисио Покетино (54), веќе размислува за следниот предизвик и би можел да ја напушти репрезентацијата по Светското првенство за да ја преземе клупата на Милан. Аргентинскиот стручњак доаѓа на првенството под зголемен притисок од јавноста. Во последните недели, ...

Цезар салата

51 минута - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Платина

55170.68