Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Грчки државјанин е обвинет во Велика Британија за помагање на странска разузнавачка служба, за која се верува дека е иранска, во активности насочени кон новинари за телевизиската станица „Иран Интернешнл“ со седиште во Лондон, објави „Ројтерс“. Полицијата за борба против тероризмот го идентификуваше како Јоанис Ајдинидис, 46, жител на Минхен. Тој беше уапсен на 16 мај и обвинет според Законот за национална безбедност на Велика Британија. Се ...
Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче. На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. „Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот ...
Еден од најпознатите и најомилените интерпретатори на македонската народна и изворна музика, Влатко Миладиноски, деновиве има посебна причина за славење. Познатиот фолк-пејач го одбележа својот јубилеен 40-ти роденден, а социјалните мрежи беа преплавени со честитки, убави желби и пораки од неговите бројни обожаватели, пријатели и колеги. Роденденот беше повод за многумина да му упатат зборови на почит за неговата долгогодишна музичка кариера, ...
Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“. Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално ...
Една од најатрактивните и најзгодни дами на македонската јавна сцена, Марјана Станојковска, деновиве ужива во заслужен одмор на црногорското приморје, а дел од прекрасната атмосфера сподели и со своите бројни следбеници на социјалните мрежи. Познатата водителка и модел повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста со фотографиите што ги објави од своето патување. Марјана покажа како ги минува сончевите денови покрај море, уживајќи во ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, испрати остра порака до граѓаните на Европската Унија, тврдејќи дека нивните влади еднострано влегле во војна со Русија. „Граѓани на земјите од ЕУ, мора да разберете дека вашите власти еднострано влегле во војна со Русија. Затоа бидете внимателни и не дозволувајте ништо да ве изненади. Готово е со мирниот сон. И знаете кого да прашате зошто!“, рече Медведев. ...
Единствена Македонија соопшти дека прифаќа референдум за ЕУ, но под услов да има две прашања. „Единствена Македонија внимателно ја следи дебатата со најновиот предлог на СДСМ за референдум за членство во ЕУ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси? Единствена Македонија прифаќа нов референдум, но, само и единствено под услов со следните прашања: 1. Дали сте за ...
Автопатот Охрид–Кичево, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата, влегува во својата завршна фаза, а бројни возачи и туристи веќе ги споделуваат своите впечатоци од патувањето по новите делници. Видео објавено на социјалните мрежи, снимено од странски турист, прикажува дел од трасата по која овој продолжен викенд ќе поминат илјадници патници на пат кон Охрид и охридскиот регион. Со пуштањето во употреба на поголем дел од ...
Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен – ништо, велат од ВЛЕН. „Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. ...
Парламентот на Исланд гласаше за одржување референдум на 29 август за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, поддржувајќи го двостепениот план на владата што би можел да доведе до членство во блокот од 27 земји подоцна оваа деценија. Рејкјавик ги напушти преговорите во 2013 година по четири години разговори кога евроскептична влада ја презеде власта, но растечките трошоци за живот и војната во Украина оттогаш го разгореа интересот за ...
Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи дека само така ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, присуствуваше на отворање на новиот трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија. „За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој би рекол прекрасен настан, овде во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние коишто ќе ...
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски, за економските успеси на Владата, не се реална економска слика, туку игра со статистика и бројки кои граѓаните воопшто не ги чувствуваат во секојдневниот живот, велат од Левица. „Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува економски успех, туку ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза. „Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на ...
Руски дрон се урна синоќа во десеткатна зграда во центарот на романскиот град Галац, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на горниот кат. Во инцидентот има повредени, но за среќа нема жртви. – ROMANIA Another angle shows the moment a drone reportedly struck a residential building in Galați, Romania. https://t.co/CWSPX9yXmY pic.twitter.com/zKBsRW1XBe — NEXUSx (@Nexus_osintx) May 29, 2026 Се верува дека дронот, кој влегол во романскиот ...
Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај кружниот ...
Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта од 2018 година, добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува заштита од можна екстрадиција во Македонија, објави истражувачкиот портал ВиСквер, повикувајќи се на извори од владата на Унгарија. Порталот пишува дека Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се ...
НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, откако беспилотно летало удри во станбена зграда во Романија, членка на Алијансата, за време на синоќешниот руски напад врз соседна Украина. „Неодговорното однесување на Русија претставува опасност за сите нас. Синоќа уште еднаш покажа дека последиците од нелегалната агресивна војна на Русија не запираат на границата“, напиша ...
Кога летните горештини достигнуваат екстремни вредности, многумина спасот го бараат во ладно парче лубеница. Освежителна, сочна и богата со вода, лубеницата со децении важи за симбол на летото и една од најконсумираните намирници во топлите денови. Но, иако на прв поглед изгледа како совршено и безопасно овошје, нутриционистите предупредуваат дека не е подеднакво погодна за сите луѓе. Лубеницата содржи повеќе од 90 проценти вода, поради што ...
Трајче Стојчевски, претседател на СДММ, ја повика владата да распише референдум за членството во Европската унија. „Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина. Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО. Ние младите не прифаќаме таков изговор. Кога ...
НАТО се огласи откако руски дрон удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галац. Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“. Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата. Early this morning, an apartment building in Romania was struck by a drone as ...
Повеќе од 14.500 средношколци во државата од идната сабота ќе го започнат полагањето на матурските испити за учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), годинава за полагање се пријавени вкупно 14.587 ученици, кои ќе полагаат државна матура, државна стручна матура или државна уметничка матура. Од вкупниот број пријавени кандидати, 12.184 ќе полагаат државна матура, 2.276 ученици се пријавени за државна ...
Полицијата денеска приведе четворица државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро. Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагираше откако руски дрон падна врз станбена зграда во Галац, Романија. „Руската агресивна војна премина уште една црвена линија. Напад со руски дрон погоди густо населена област во Романија, при што беа повредени цивили. На територијата на Европската Унија. Ние целосно стоиме зад Романија и нејзините граѓани. Додека продолжуваме да ги зајакнуваме нашите безбедносни и одвраќачки ...
Поранешната членка на легендарната поп-група „Спајс Грлс“, Melanie Chisholm, откри интересни детали од деновите кога бендот владееше со светската музичка сцена во 90-тите години. Во гостување во емисијата „Cosmopolitan’s Blind Date“, Мел С беше запрашана која членка на групата била најопседната со момчиња во периодот кога „Спајс Грлс“ ја достигна својата најголема слава. Пејачката без двоумење ја посочи својата колешка Melanie Brown, ...
Војната во Иран и затворањето на Ормутскиот теснец, клучен превозен пат низ кој минуваа околу 20 проценти од светската трговија со нафта пред конфликтот, предизвикаа шок во снабдувањето што не е виден со децении. Поради овој притисок, земјите ширум светот брзо бараат алтернативи за да го надоместат недостатокот, а многу влади, особено во азиските земји, исто така воведоа мерки за намалување на побарувачката. За да се обезбеди доволно ...
Двете лица повредени откако дрон се урна во станбена зграда во Галац, Ромаинија, и експлодираше се 52-годишна жена и нејзиното 14-годишно дете. Жената претрпела изгореници од втор степен, но е во добра состојба и без повреди опасни по живот. „52-годишна жена беше хоспитализирана со изгореница од прв до втор степен, а 14-годишно дете беше хоспитализирано во Детската болница. И двете се свесни и стабилни“, изјави за News.ro д-р Корина Попазу, ...
Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома со 118:91 и се изборија за мајсторка во финалето на Западната конференција. Домашните Спарс цело време ги контролираа настаните на теренот. По првиот дел имаа плус 13 – 35:22. До крајот на полувремето, актуелните шампиони од Оклахома губеа со седум поени, 60:53. Тандерите се држеа до 72:64, а потоа следеше потопот. Гостите не постигнаа кош повеќе од осум минути, а Сан Антонио направи серија од ...
Семејната драма меѓу холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли доби ново продолжение, откако нивниот најстар син Медокс и официјално побарал да се откаже од презимето на својот татко. Според информациите објавени од американските медиуми, 24-годишниот Медокс поднел барање за законска промена на името и отсега ќе се вика Медокс Чиван Џоли, без додавката „Пит“. Како причина за промената навел само дека станува збор за „лични причини“. Овој ...
Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓа буџетот и долгот. И потоа избега, обвини СДСМ. Од партијата велат дека долгот на државата надминал 11 милијарди евра. „Ниту вчера ја немаше во ...