Инцидентите на прославата на титулата, на ПСЖ, во Париз, продолжија и во текот на ноќта. Низ Франција се уапсени 400 лица. Илјадници полицајци се распоредени за да ги спречат немирите што го нарушија сообраќајот во Париз. Беа запалени факели и огномет, додека неколку полицајци беа повредени во пресметките со хулиганите. Полицијата испука солзавец за да ги растера луѓето во центарот на градот. Ова е втора победа по ред за ПСЖ во Лигата на ...

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите. Намалените акцизи за два денари за литар, кои важат и за бензините и за дизелот, ќе останат во сила. Дополнително, ...

Во текот на изминатата ноќ, украинската војска изврши масовен напад со беспилотни летала врз рафинеријата за нафта во рускиот град Саратов, јавуваат руските медиумски канали на платформата Телеграм. Нападот, кој според извештаите на „Киев Индепендент“ траел во текот на целата ноќ со повеќе бранови дронови, предизвика големи пожари во индустрискиот комплекс. Фотографиите и видеоснимките споделени од локалното население на социјалните мрежи ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во ...

Чешка веројатно нема да успее да ја исполни целта на НАТО за зголемување на одбранбениот буџет на два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за оваа година, изјави премиерот Андреј Бабиш во интервју објавено денеска. Наследството од претходната влада како пречка Премиерот Бабиш во изјава за „Фајненшл тајмс“ истакна дека неговиот кабинет ќе направи сè што е во нивна моќ за да го исполни даденото ветување, но посочи дека земјата во моментов ...

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни христијански празници – Света Троица, познат и како Духовден или Педесетница. Овој голем празник се слави на педесеттиот ден по Христовото Воскресение и десет дена по Вознесението Христово, а во православната традиција се смета за трет најважен празник по Велигден и Божиќ. Според Светото писмо и црковното предание, на овој ден се исполнило ветувањето на Исус ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се обврзал дека нема да развива нуклеарно оружје, што останува клучна точка на спор во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран. Трамп наведе дека добил гаранции оти Иран нема да произведува ниту да набавува нуклеарно оружје, додавајќи дека ова било суштинскиот услов на САД во разговорите. Преговори под засилен притисок и нови предлози Според американски медиуми, во последните денови се ...

Последниот ден од мај ќе биде обележан со силното влијание на Полната Месечина, која носи кулминација на настаните започнати во изминатите недели. Ова е ден кога многумина ќе добијат одговори на прашања што долго ги мачеле, ќе донесат важни одлуки или ќе започнат ново поглавје во љубовта, работата и личниот живот. ОВЕН Неделата ви носи огромна доза самодоверба и желба за акција. Можно е да добиете неочекувана вест поврзана со работа или ...

Две мачки предизвикале голем пожар во стан во повеќекатница во Долна Баварија, откако во текот на играта најверојатно ги активирале прекинувачите од ринглите на шпоретот, соопшти локалната полиција. Пожарот избил во петокот наутро во округот Ландсхут, а густиот чад брзо се проширил низ целиот стан и зградата, предизвикувајќи паника меѓу станарите. Пожарникарите успеале да спасат една од мачките од опожарениот стан. За жал, за второто ...

Прославата на големиот триумф на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал се претвори во вистинско бојно поле. Жестоки судири меѓу навивачите и полицијата избија ширум Франција, резултирајќи со притворање на повеќе од 400 лица и огромна материјална штета. Илјадници припадници на полициските сили беа распоредени на терен за да го спречат дивеењето кое целосно го парализираше автобускиот, железничкиот и градскиот превоз во Париз. ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 33 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ...

Претставена е роботизирана рака за која се тврди дека е најчовечка досега направена, а има за цел да ги унапреди хуманоидните роботи кон поразновидно извршување на задачи низ индустриите. Кинескиот производител на роботика Xynova изјави дека нивниот нов модел Flex 2 има за цел да ја подобри способноста на хуманоидните роботи да извршуваат задачи за манипулација со објекти во реални средини на ист начин како што прават луѓето. Специјално е ...

Папата Лав XIV упати силен повик за мир и прекин на насилството во воените жаришта ширум светот, нагласувајќи дека никој не треба да биде принуден да го напушти својот дом поради закани од војна и бомбардирања. За време на молитвата за мир во Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква порача дека стремежот кон моќ и вербалното насилство мора да отстапат место на правдата, вистината и дијалогот. „Невините повеќе не смеат да пролеваат ...

Навивачите на Пари Сен Жермен ја слават титулата европски шампион на улиците на Париз. Минатата сезона, кога гја освоија Лигата на шампионите, прославата се претвори во вистински хаос на улиците на главниот град. Улиците, плоштадите и булеварите на Париз беа претворени во воена зона, од едната страна полициски одреди, „вооружени до заби“, од другата толпа опиена од прослава (и којзнае што друго) избувна и предизвика сериозни немири на ...

„Имам измешани чувства, возбуда, замор. Сè. Но, ова е најдобриот момент од оваа сезона. Ја одбранивме титулата. И тоа е фантастично“, рече тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, по финалето на Лигата на шампионите. Пари Сен Жермен е шампион на Европа две години по ред. „Го заслуживме ова. Нашите навивачи. Во текот на целата сезона. Го заслуживме ова финале“, додаде тој. „Беше многу тешко и заморно. Честитки до Арсенал, тие навистина ни ...

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, откако по изведување на пенали го победи Арсенал. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови. Каи Хаверц постигна гол во 6-та минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-та минута. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обрати по натпреварот. „Не игравме финале на Лигата на шампионите 22 години. Мораме да ја ...

Фудбалерите на Арсенал не играа фудбал во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен – и затоа не ја освоија титулата. Тимот на Микел Артета му се спротивстави на технички супериорниот ривал со строго дефанзивна игра од која само спорадично развиваа игра со додавања и контранапади. Таква игра, претежно без топка, речиси и не можеше да им ја донесе титулата европски шампион на „топџиите“, кои, на крајот, потклекнаа по ...

Европските земји треба да купуваат француски борбени авиони наместо американски за да можат да имаат корист од новата француска иницијатива за нуклеарно одвраќање, изјави лидерот на француската екстремна десница, Жордан Бардела. „Пред да побараат од Франција да го прошири својот нуклеарен чадор, нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски авиони ‘Ф-35’ и да почнат да купуваат ‘Рафал’“, рече Бардела во интервју за ...

На денот на Задушница, семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на марш, испраќајќи силна порака дека споменот на 63-те жртви не смее да биде заборавен. Во 19:05 часот од спортското игралиште во селото Ратавица започна 44-тиот „Марш за ангелите“, организиран од Здружението „16-ти Март“, кое го носи датумот на трагичниот настан што засекогаш ги промени животите на многу семејства. ...

Неколку илјади луѓе се собраа денеска на планинскиот премин Бренер на протест против сè поголемиот патен сообраќај долж еден од најпрометните европски сообраќајни коридори, кој ги поврзува северна и јужна Европа. Демонстрантите во австриското место Матрај ам Бренер носеа транспаренти со натписи „Доста е“ и „Мир во долината“, повикувајќи на итни мерки за намалување на влијанието од товарниот сообраќај врз локалните заедници во алпскиот ...

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во Лигата на шампионите. Во големото финале во Будимпешта, ПСЖ по изведувањето пенали го победи Арсенал со 4:4. Во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 1:1. ПСЖ е првиот тим по Реал Мадрид што успеал да ја одбрани титулата европски првак. Тренерот Луис Енрике стана еден од петмината тренери со три титули во Лигата на шампионите. Финалниот меч понуди драма само поради пеналите,во ...

Туристички брод под име „Големиот шеф“, кој бил на дневно крстарење во близина на познатото турско одморалиште Мармарис, почнал да се полни со вода и за кратко време целосно потонал во близина на Рајскиот Остров. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат. Како што се наведува во писменото соопштение на гувернерот на областа Мугла, веднаш по пријавата за потонување на бродот, на кој се наоѓале вкупно 148 лица (120 возрасни, 20 деца и 8 ...

Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ соопшти дека украински борбен дрон-камиказа ја погодил нуклеарната централа „Запорожје“, која е најголема во Европа и моментално се наоѓа под руска контрола. Според официјалното соопштение на првиот човек на „Росатом“, Алексеј Лихачов, нападот се случил попладнево и бил насочен директно кон енергетскиот блок број шест. Направена материјална штета, клучната опрема е безбедна Иако ...

Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Австралија најавија заеднички развој на напредна технологија за подводни дронови, со примарна цел заштита на критичните подморски кабли и засилување на одбраната во глобалните води. Овој проект се спроведува во рамките на трилатералниот воен сојуз АУКУС, а официјалната објава пристигна од безбедносниот самит во Сингапур, пренесува Би-би-си. Се очекува новата технологија за беспилотни ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут. На средбата, разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји. „Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на ...

Со исклучително свечена академија во Нови Сад, срцето на Војводина, беше одбележан големиот јубилеј – 80 години од доселувањето и организираниот живот на Македонците во Војводина, Република Србија. На централната прослава се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој пред присутните упати историски пораки за македонскиот идентитет, јазик и континуитет. Мицкоски истакна дека постојат јубилеи кои не се мерат само во години, туку ...

Остатоци од ирански балистички проектил вчера погодија воена база во Кувајт, при што полесно беа повредени неколку американски државјани, а настрадаа и две беспилотни летала од типот „MQ-9 Reaper“, пишува Блумберг. Како што наведува извор запознаен со нападот кој сакал да остане анонимен, кувајтската противвоздушна одбрана го пресретнала проектилот Фатех 110, но остатоците паднале врз базата Али Ал Салем. Околу пет лица, вклучувајќи воени ...

Кога подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Хаапаи еруптираше во Јужниот Пацифик во јануари 2022 година, тој исфрли облак од пепел, пареа и гас на речиси 65 километри висина во атмосферата, изведувајќи една од најсилните вулкански ерупции во модерната историја. Сепак, ново научно истражување објавено во списанието Нејчер Комјуникејшнс покажува дека овој настан можеби откри нов начин за борба против метанот, моќен стакленички гас, бидејќи се ...

Борбениот авион Ф-15, кој минатиот месец беше соборен над југозападен Иран – настан што покрена високоризична операција за спасување – најверојатно бил погоден со кинеска ракета, откриваат три извори запознаени со ситуацијата. Според наводите на еден од изворите и на американски официјален претставник, постојат индиции дека Кина во првите денови од судирот можеби му испорачала на Иран и радар за рано предупредување со голем дострел. Станува ...

Со години, милиони луѓе ширум светот сонуваат за истиот момент – денот кога нивното ливче ќе им донесе животна промена и милионска добивка на лотарија. Додека некои редовно вложуваат големи суми верувајќи во среќата и статистиката, мнозинството сепак игра само повремено, издвојувајќи по неколку евра со надеж дека токму тој мал влог може да им го преврти животот наопаку. Но, иако речиси сите сонуваат за голема добивка, неверојатните приказни ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Калај

53.60

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Платина

55170.68