Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Фудбалската репрезентација на Србија, која не се квалификуваше за Светското првенство, претрпе тежок пораз во пријателски натпревар. Вечерва во Лисабон, екипата на селекторот Вељко Пауновиќ загуби од Зеленортските острови со убедливи 3:0, што предизвика шок и неверица кај српската јавност. Поразот е уште потежок бидејќи фудбалерите на малата африканска држава се 69-ти на ФИФА листата, додека Србија е на 39-то. Катастрофата за Србија беше ...
Светски познатата пејачка Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер официјално стапија во брак на интимна церемонија во Лондон, опкружени со најблиските членови на семејството и неколку пријатели. Според британските медиуми, двојката го изговорила судбоносното „да“ во градското собрание Олд Мерилебон, каде што била одржана приватна граѓанска венчавка пред големата свадбена прослава што наскоро ќе се одржи во Италија. Дуа Липа на ...
Очајот и тагата поради поразот на пенали во вчерашното финале на Лигата на шампионите денес се претвори во ерупција од прослава, откако голем број навивачи на Арсенал ги преплавија улиците на северен Лондон. Играчите и тренерскиот персонал се качија во отворени автобуси за да ја прослават првата титула во Премиер лигата по 22 години на осумкилометарската рута. Навивачите дојдоа за да ги поздрават своите херои, а многумина ги зазедоа ...
Во градот Каљари, на италијанскиот остров Сардинија, итно се активирани сите медицински и безбедносни протоколи поради сомнеж за случај на опасниот вирус ебола. Едно лице со симптоми кои одговараат на овој вирус е итно пренесено на одделението за инфективни болести, јавува „Еуроњуз“. Акцијата за преземање на пациентот предизвикала голема вознемиреност кај локалното население. На терен излегле полицијата, противпожарната служба и локалните ...
Првото торнадо за оваа година е пријавено во Полска, откако силно невреме попладнево помина низ јужниот дел на земјата, оставајќи зад себе оштетени куќи, соборени дрвја и уништена инфраструктура. Метеоролозите соопштија дека торнадото се формирало како дел од силна грмотевична бура и директно погодило неколку населени места во регионот Ополе. Според прелиминарните проценки на полското Здружение на ловци на бури, брзината на ветерот во самиот ...
Премиерот на Малта, Роберт Абела, прогласи четврта последователна победа на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори кои се одржаа викендов. Лабуристите успеаја да го задржат водството и да обезбедат нов мандат за управување со земјата. Во своето обраќање по објавувањето на првичните резултати, Абела истакна дека добиената поддршка претставува силен легитимитет за продолжување на нивните политики. Абела повика на национално ...
Американската војска соопшти дека нејзините сили со проектил застрелале и погодиле машински оддел на трговски брод кој се обидел да ја пробие поморската блокада на иранските пристаништа. Според информациите од Централната команда на САД, товарниот брод „Lian Star“, кој плови под знамето на Гамбија, во текот на ноќта игнорирал повеќе од 20 официјални предупредувања додека се приближувал кон иранскиот брег. Овој сериозен инцидент се случува во ...
Иран е подготвен да истрела значително поголем број ракети со голем дострел кон Израел и другите блискоисточни земји откако експресно ги откопа своите подземни складишта. Според воените експерти, ваквиот развој на настаните ги нагласува сериозните ограничувања на американската стратегија за бомбардирање, пренесува Си-ен-ен. Користејќи едноставна градежна опрема, како што се булдожери и кипери, Техеран повторно отворил најмалку 50 од вкупно 69 ...
Шар Планина денеска беше во знакот на планинарството, дружењето и љубовта кон природата, откако повеќе од 1.000 планинари од Македонија и регионот учествуваа на 44. традиционално искачување на Титов Врв, една од најмасовните и најпрепознатливи планинарски манифестации во државата. Настанот, кој го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, започна со детска едукативна тура и низа активности за најмладите, а кулминираше со главното ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите во потенцијалниот рамковен договор насочен кон завршување на војната во Иран, враќајќи го текстот со измени на дополнително разгледување, потврдија тројца официјални претставници. Како што пренесува The New York Times, засега не е прецизирано кои конкретни измени се внесени во нацрт-документот. Причините зад одлуката на Трамп Според информации од упатени извори, Трамп бил особено ...
Иран нема да одобри никаков договор со Соединетите Американски Држави сè додека на земјата не ѝ бидат целосно загарантирани нејзините права, порача претседателот на иранскиот парламент и шеф на преговарачкиот тим на Техеран, Мохамад Бакер Галибаф. Најавата доаѓа во момент на зголемени дипломатски тензии и покрај првичните сигнали дека двете земји се приближуваат до усогласување на ставовите. Во видеообраќањето емитувано на државната ...
Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од Европската Унија, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На прес-конференцијата, владејачката партија упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, нарекувајќи го „специјален бугарски пратеник“ и го повика на бугарскиот претседател Румен Радев да му пренесе дека Македонија очекува спроведување на ...
Холивудската ѕвезда Бред Пит повторно се најде во центарот на вниманието поради нов развој во односите со своето семејство. Само еден ден откако неговиот најстар син Медокс поднесе барање законски да го отстрани презимето „Пит“ од своето име, актерот беше фотографиран насмеан и расположен за време на романтична вечер со својата партнерка Инес де Рамон во Париз. Двојката беше забележана како се држи за раце додека се шета низ француската ...
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за 2 денари на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на директните преговори со најголемиот домашен снабдувач „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар, кој стапува на сила од утре (понеделник, 1 јуни). Со комбинирањето на овие две мерки, се очекува значително поевтинување на горивата на бензинските пумпи ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли тврдењата од Киев дека Украина идентификувала околу 500 потенцијални воени цели во Белорусија, нарекувајќи ги таквите најави „обични бесмислици“ и празна реторика. На маргините на самитот на Евроазиската економска унија во Астана, Лукашенко упати директно предупредување до украинските власти дека секој евентуален напад врз неговата земја драстично ќе го промени карактерот на војната. ...
Во Општина Могила во тек е значителен инвестициски циклус вреден околу 700.000 евра, преку кој се реализирани и се подготвуваат повеќе инфраструктурни проекти финансирани од општинскиот буџет, државниот буџет и преку програмите на Светска банка. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила. „Навистина ми е драго што денеска во Општина Могила ќе посетиме ...
Необична сцена беше забележана за време на финалето од Лигата на шампионите, каде сопругата на рускиот голман на ПСЖ, Матвеј Сафонов, пронашла креативен начин да ја истакне руската поддршка од трибините. Според објавите на социјалните мрежи, на навивачите не им било дозволено да внесуваат руско знаме на стадионот за финалниот натпревар. Поради тоа, сопругата на Сафонов решила сама да изработи импровизирано руско знаме користејќи пластични ...
Дали Македонија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, која очигледно нема желба да го направи тој чекор, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој останува на цврстиот став дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет, јазик или која било друга национална одредница. Во изјава за медиумите пред почетокот на Конгресот на НСДП, лидерот на ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 26.05.2026 до 28.05.2026 година, вкупниот промет на сите пазари изнесуваше 23.919.260 денари. Во неделниот извештај се евидентирани 124 трансакции и вкупна количина од 16.763 хартии од вредност. Најголем промет во текот на неделата беше остварен со акциите на Македонски Телеком Скопје, Комерцијална банка Скопје и НЛБ Банка АД ...
Вашингтон со месеци стратешки распоредува воени трупи и тешко вооружување во близина на Куба, создавајќи ги сите неопходни услови за евентуален американски воен напад. Според медиумските извештаи, плановите за операцијата се веќе подготвени, а за нивно активирање се чека единствено финалното одобрение од претседателот Доналд Трамп. Оваа воена мобилизација доаѓа во момент кога Куба се соочува со тотален економски колапс, проследен со ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола напредува според планираната динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат пуштени во употреба веќе следната пролет. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Општина Могила. Николоски оцени дека работите на терен се одвиваат со одлично темпо и изрази уверување дека предвидените рокови ќе бидат целосно испочитувани. ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...
Кога израелските и американските борбени авиони на 28 февруари годинава извршија заеднички напад врз Иран, американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху славеа „историски одлуки“. Сојузот меѓу двете земји, му порача тогаш Нетанјаху на својот народ, никогаш не бил поцврст. Три месeци подоцна, она што започна како заедничка воена кампања, се чини дека завршува како американски дипломатски процесот во кој ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, а особено родителите, дека поради очекуваниот зголемен обем на барања за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (за деца до 14 години), воведено е ново, продолжено работно време на соодветниот шалтер во Скопје. Како и во текот на минатата година, оваа мерка се спроведува со цел ефикасно да се одговори на потребите на граѓаните во пресрет на претстојниот ...
По повод големиот христијански празник Духовден – Света Троица, Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денеска го посети манастирот во селото Костомар, каде заедно со бројни верници присуствуваше на светата богослужба и учествуваше во одбележувањето на празникот. Преку објава на социјалните мрежи, Тоневски порача дека Духовден е празник кој ги потсетува верниците на важноста на духовните вредности, заедништвото и почитувањето на ...
Ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, повторно се вжештува по најновиот инцидент за кој Москва и Киев меѓусебно си ја префрлаат вината. Украина категорично ги отфрли обвинувањата на Русија дека извршила напад со дрон врз централата, кој според руските власти предизвикал оштетување на една од зградите во комплексот. Украинското Министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое остро ги осуди, ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. „Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...
Половина од мандатот на премиерот Христијан Мицкоски поминува без ниту едно остварено ветување во економијата, а народот живее полошо и со помалку пари, обвини Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција. Според неа, економската политика на Владата доживува целосен дебакл, додека извршната власт се обидува да ја сокрие реалноста преку секојдневна пропаганда и дефокусирање на јавноста. Алармантни ...
Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде што се наоѓа историскиот замок Бофор – утврдување од ерата на Крстоносните војни. Како што соопшти израелската армија, ова го претставува најдлабокиот продор на либанска територија во изминатите повеќе од 25 години. Заземањето на тврдината, лоцирана во близина на градот Набатија, уследи по неколкудневни жестоки борби и воздушни напади врз ...