Фудбалската репрезентација на Македонија, во Истанбул, доживеа тежок пораз од Турција (4:0). На „Шукур Сарачоглу“ стадионот, избраниците на Гоце Седлоски беа во подредена положба во текот на целиот натпревар. Во еден момент впачатокот беше дека Турците играат со половина од силите.. Во првиот напад, Узун ја погоди гредата од голот на Димитриевски, а минута подоцна Кокчу го постигна првиот гол. Она што не успеа во првата, Узун го направи во ...

Македонската репрезентативка и член на ВК Енерџи, Дуња Иванова, оствари историски успех на третата рунда од HERO UCI Marathon World Cup, која викендов се одржа во Натурленд, Андора, обезбедувајќи директна квалификација за Светското првенство во планински велосипедизам Маратон (XCM), кое годинава ќе се одржи во Италија. Иванова го освои 20. место во најсилната меѓународна конкуренција, што според правилата на UCI носи директен пласман на ...

Усвојувањето на стратешките документи во енергетиката и напредокот во процесот на правична транзиција претставуваат значаен чекор за Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија, оцени евроамбасадорот Михалис Рокас на отворањето на Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Рокас упати честитки до земјата за постигнатиот напредок во енергетскиот сектор, нагласувајќи дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не го контактирал во врска со медиумските извештаи за прекин на мировните преговори, објави „NBC News“. „Тоа е очекувано, бидејќи тие се подобри преговарачи од борци“, рече Трамп во кратко интервју. „Тоа не значи дека ќе почнеме да фрламе бомби на сите страни. Блокадата останува на сила“, додаде тој, истакнувајќи дека верува дека има „премногу разговори“ и дека „молчењето би било многу ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, потенцира, дека истата ќе биде архивирана утре, и потсети дека во јуни ќе има реконструкцијата на Владата. „Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни нè очекува реконструкција на Владата, ...

Обемот на стратешките резерви на нафта на Соединетите Американски Држави падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да отвори складишта за да го ублажи глобалниот дефицит предизвикан од конфликтот со Иран. Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави (EIA) објави дека залихите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари моментално изнесуваат 1,584 милијарди барели, и ...

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, од „Вреди“, како што велат, изразуваат благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес. „Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се ...

Конкуренцијата на пазарот на ултра-премиум слушалки штотуку стана многу поинтересна. За да ја прослави 10-годишнината од својата позната серија XM, Sony официјално претстави нови слушалки од висока класа наречени „1000X The Collexion“. По недели шпекулации и протекувања, овој модел за јубилеј конечно е тука, носејќи радикални промени во дизајнот и изработката. Сепак, по цена од 650 долари, малку е веројатно дека ќе има многу купувачи. Новите ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој е на турнеја низ Балканот, денес во Сараево изјави дека посветеноста на Европската Унија (ЕУ) кон Западен Балкан е реална, како и можноста за проширување на ЕУ. „Почетокот на изготвувањето на пристапниот договор на Црна Гора е доказ за тоа. БиХ мора да ја заврши потребната работа. Дали ќе ја заврши потребната работа за да ја сподели истата иднина во ЕУ? Вие сте само на неколку чекори од ...

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека одлуката на Владата за враќање на ДДВ за горивата на 18 проценти е уште еден доказ дека власта не води сметка за животниот стандард на граѓаните и дополнително ќе придонесе за нов бран поскапувања. Филипче посочи дека наместо мерки за заштита на граѓаните во услови на растечки цени и економска неизвесност, Владата не понуди никаква конкретна поддршка за ниту ...

Секојпат кога небото ќе се затемни и ќе започне грмежливо невреме, многумина се прашуваат дали мобилниот телефон може да привлече гром или дури да експлодира. Иако ова е едно од најраспространетите верувања поврзани со грмотевиците, експертите објаснуваат дека мобилниот телефон сам по себе не претставува магнет за громови. Според стручните објаснувања, современите мобилни телефони не емитуваат сигнал кој би можел да привлече удар од гром. ...

Американската армија објави дека бомбардирала радари и беспилотни летала во Иран откако Техеран соборил американски дрон за време на викендот. Потоа Иран објави дека испукал ракети кон американски војници во Кувајт, а американските власти тврдат дека ги собориле тие ирански ракети. Централната воена команда на САД изјави дека во саботата и неделата, американската војска извршила напади околу иранскиот град Герук и островот Квешм и дека ...

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на ...

Руската православна црква нуди интересна перспектива за улогата на вештачката интелигенција во толкувањето на Библијата. Вештачката интелигенција може да се користи за толкување на Библијата само ако од невронска мрежа се побараат информации, вклучувајќи анализа и извори, рече Феоктист Игуманов, член на Меѓупарламентарната комисија за јавен живот, култура, наука и информации на Руската православна црква. „Ако поднесете барање со анализа и ...

Венчавката на светски познатата пејачка Дуа Липа и актерот Калум Тарнер, одржана на 31 мај во Лондон, привлече огромно внимание во јавноста, но најмногу реакции предизвика модниот избор на невестата. Наместо традиционална венчаница, Дуа Липа се појави во елегантен бел комплет од модната куќа Скијапарели, со што веднаш поттикна споредби со еден од најлегендарните свадбени изгледи во историјата на модата – оној на Бјанка Џегер од нејзината ...

Силно невреме проследено со ветер, грмотевици и силен дожд го погоди подрачјето на Параќин, Крушевац и Чачак попладнево. Силни налети на ветер и интензивни грмотевици беа регистрирани во селото Својново во близина на Параќин. Бурата го зафати и Крушевац и неговата околина. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von 192.RS (@192_rs) „Силна бура го погоди Крушевац и околината, да ве потсетиме, пред само еден час беше ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев. На средбата беше потврдена добрата и континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК, при што соговорниците разменија мислења за актуелните регионални и меѓународни предизвици, како и за улогата на парламентарната ...

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти. Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој ...

Рускиот претседател Владимир Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан денес разговараа по телефон, во услови на зголемени тензии меѓу Москва и Ереван. Пред парламентарните избори во Ерменија на 7 јуни, двајцата лидери договорија средба во живо за да се обидат да ги решат постојните несогласувања, пишува агенцијата ДПА. Путин е особено незадоволен од аспирациите на Ерменија за членство во Европската Унија. Пашинјан, фаворит во предизборните ...

На 1 јуни 2026 година, во Вилнус, се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш. Во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, соговорниците ја потврдија заедничката ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска интензивно се работи на 10 различни локации низ градот, со цел подобрување на инфраструктурата, условите за образование и спорт, како и уредување на јавниот простор. Градежни и комунални активности се реализираат на улиците „Леринска“, „210“, „Панде Кајзеро“ и „Ѓорги Димитров“, како и во СТУ 9 и СТУ 3. Паралелно се изведуваат работи и во повеќе образовни и спортски ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е целосно подготвена да ги поддржи мировните преговори меѓу САД и Иран, по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп синоќа. Макрон се огласи на социјалните мрежи за да каже дека детално разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток со Трамп. „Ги пофалив решителните напори што ги води за постигнување договор меѓу САД и Иран што е можно поскоро. Ова претставува ...

Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи преку социјалните мрежи соопшти дека на премиерот Христијан Мицкоски му ја доставил неговата оставка од функцијата. Фетаи објави дека одлуката била донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. „Драги пријатели и сограѓани, Денес ја поднесов мојата оставка од функцијата вицепремиер задолжен за добро управување до ...

Холивудската актерка Емили Блант откри дека има сериозни резерви кон развојот на вештачката интелигенција и дека токму поради тоа одбила да ја користи оваа технологија за време на снимањето на важна сцена во новиот научно-фантастичен филм „Disclosure Day“, режиран од легендарниот Стивен Спилберг. Во интервју за популарната интернет серија „Hot Ones“, Блант зборуваше за необичниот предизвик со кој се соочила додека го толкувала својот лик во ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“. Во своето обраќање, Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање ...

По израелскиот напад врз Либан, Иран се закани дека ќе „активира други фронтови“, вклучувајќи го и теснецот Баб ел-Мандеб. Тоа е стратешки важен поморски премин, чие затворање би имало далекусежни последици за целата светска трговија, пишува „Скај њуз“. Клучна точка на светската трговија Теснецот Баб ел-Мандеб, чие име на арапски значи „Портата на солзите“ поради историски опасните услови за навигација, го поврзува Црвеното Море со Арапското ...

Ученици и наставници од 15 основни скопски училишта, денеска, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставија своите проекти на тема „Зелената енергија е иднината – а нашата иднина се децата“ на настанот кој се организираше по повод 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето. Користејќи обновливи извори на енергија, учениците и наставниците ги прикажаа своите уникатни идеи, меѓу кои впечатливи макети, ...

Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци, информираат од МВР. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци, најголемиот број, како што посочуваат, се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на ...

Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Еиде, денес изјави дека земјата го преиспитува својот однос со Европската Унија поради променетите глобални околности и растечкото влијание на политиките на Соединетите Американски Држави и Кина, додека притисокот за започнување нова дебата за можно членство во блокот се зголемува по двата неуспешни референдуми. Тој изјави дека околностите значително се промениле од 1994 година и дека ...

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до сите деца и згрижувачки семејства, истакнувајќи ја нивната значајна улога во обезбедувањето сигурна и топла семејна средина за децата на кои им е потребна грижа и поддршка. Проданоски нагласи дека секое дете заслужува да расте во дом исполнет со љубов, разбирање и сигурност, а ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39