Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...

Силно невреме што зафати делови од БиХ и Сараево во текот на попладнето искрши дрвја, а едно падна врз такси во близина на автобуската станица во Сараево. Таксистот, кој беше во возилото, не беше повреден. Тој за „Аваз“ изјави дека дрвото можело да го убие. „Пред околу два месеци, пишавме до надлежните за да се ослободиме од дрвјата што се надвиснуваат врз такси станицата на автобуската станица, но никој не направи ниту пет проценти и дојде ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 01.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.737,78 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 0,29%, односно за 28,25 поени. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни ...

Куче врзано за камен е оставено во водите на реката Вардар, од левата страна на мостот „Беласица“, во близина на топланата ТЕ-ТО Скопје. Граѓаните кои ги испратија фотографиите до редакцијата на „Макфакс“ алармираат дека кучето ќе се удави. Текстот (Фото) Куче врзано со камен оставено во водите на Вардар е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Куче врзано за камен е оставено во водите на реката Вардар, од левата страна на ...

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти. Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој ...

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските напади во Либан, објави иранската новинска агенција „Тасним“. Преговарачкиот тим на Иран ќе ги суспендира „преговорите и размената на текстови преку посредници“, соопшти агенцијата. „Тасним“ наведува дека ситуацијата во Либан била клучна за прекинот на огнот, што значи дека „тој прекин на огнот е прекршен на сите фронтови, вклучително и ...

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал откри интересен детал од својата кариера надвор од тениските терени, признавајќи дека морал да испие неколку чашки текила пред снимањето на спотот за песната „Gypsy“ на светската музичка ѕвезда Шакира. Откритието го направи во новиот документарен серијал „RAFA“ на Нетфликс, во кој 39-годишниот Шпанец зборува за најважните моменти од својата кариера, но и за предизвиците со кои се соочувал надвор од ...

„Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет ги прими учениците од училишниот бенд и хорот на ООУ „Гоце Делчев“, кои постигнаа значајни успеси на домашни и меѓународни музички натпревари. Учениците Мила, Меланија, Лана, Димитра, Николија и Искра, заедно со нивната менторка Марија Арсиќ, испишаа уште едно значајно поглавје во музичката историја на училиштето, освојувајќи прво место на интернационалниот музички ...

Компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска и оваа година го поддржаа издавањето на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски, која е во издание на издавачката куќа Прозарт, а во која преку главната хероина Тина повторно се зборува за прифаќање на различностите. Со многу насмевки, музика, пеење и танцување на инклузивната промоција се упати гласна порака дека различностите не треба да бидат пречка за остварување ...

Денес во главниот град на Либан владееја сцени на хаос. Километарски редици и сообраќајни метежи се формираа на патиштата, бидејќи жителите паничеа и се обидуваа да ги напуштат јужните предградија на Бејрут пред израелската армија да ги започне најавените воздушни напади. Речиси идентични сцени беа видени во градот на почетокот на март, кога Израел ја започна својата последна офанзива против Хезболах. Да потсетиме, израелскиот премиер ...

Во подножјето на планината Јабланица, помеѓу живописните села Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“, место кое во последните години прерасна во една од препознатливите гастрономски дестинации во овој дел од Македонија. Опкружен со зеленило, природни извори и мирна атмосфера, ресторанот нуди доживување кое ги спојува традицијата, природата и автентичната македонска кујна. Уште при самото пристигнување, посетителите се ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на Парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу, кој учествува на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, која се одржува во Собранието, со наслов „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината. Изразувајќи ...

Русија го забрани извозот на гориво за авиони до крајот на ноември со цел да се обезбедат доволно залихи на домашниот пазар, објави денес руската влада. Според соопштението на владата, забраната важи и за гориво за авиони купено преку стоковни берзи и ќе биде во сила до 30 ноември. „Целта е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на гориво“, изјави руската влада. Сепак, мерката предвидува неколку исклучоци, меѓу кои се пратки кои веќе ...

Јан Облак би можел да го напушти Атлетико Мадрид, во текот на летниот преоден рок. Словенецот, еден од најдобрите голмани во изминатата деценија, 12 години е член на Атлетико. „Марка“, откри дека Атлетико ќе ја почитува секоја одлука на словенечкиот голман, кој заслужи да го избере најдоброто решение за продолжување на кариерата. Овој извор, истакнува дека Облак има договор до летото 2028 година, тој е еден од најплатените со годишна нето ...

Тони Коњановски денеска оствари средба со новиот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Лино Червар, кој и официјално го презема водењето на битолскиот клуб. На средбата беше потврдена соработката со Червар, кој потпиша договор на три години и се враќа на ракометната сцена по петгодишна пауза. Искусниот хрватски стратег, роден во Умаг, важи за еден од најтрофејните тренери во светскиот ракомет, со освоени олимписки и светски титули со ...

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, повика на продолжување на разговорите меѓу САД и Иран и го пофали Пакистан за неговата улога во посредувањето меѓу двете земји. Калас ги даде овие забелешки на почетокот на 8-миот стратешки дијалог меѓу ЕУ и Пакистан во Исламабад, каде што се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар. „Ова е конфликт што влијае на целиот свет кога станува збор за цените на енергијата и ...

„Денес на 1 јуни официјално истекува рокот што премиерот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, а тоа е да се исполнат неисполнетите точки од реформската агенда. И се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски – така дојде на власт со лаги, така и владе“, кажа претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „Според официјалната листа на владата, според официјалната листа во рамките на реформската агенда, до јуни ...

Селекторот Хавиер Агире избра 26 играчи кои ќе го претставуваат Мексико на Светското првенство. Најинтересното име на листата е Гилермо Очоа, од АЕЛ Лимасол, за кого ова ќе биде шесто Светско првенство. Голманот ќе има ист број учества на Мундијалите како Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Овие тројца не пропуштиле ниту едно Светско првенство од 2006 година. Домашната репрезентација го отвора Светското првенство со натпревар против Јужна ...

Со порастот на температурите и сè почестиот престој на отворено, на плажи, излетнички места, фестивали и во природа, се зголемува и ризикот од непријатни средби со пчели, оси и стршлени. Овие инсекти особено се привлекуваат од храна и пијалаци, па токму во летниот период нивното присуство станува речиси неизбежно. Иако во најголем број случаи убодот предизвикува само краткотрајна болка, црвенило и локален оток, експертите предупредуваат дека ...

Временскиот прозорец за ефикасни мировни преговори меѓу Киев и Москва ќе остане отворен само до оваа зима, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за CBS News што беше објавено синоќа. Во разговор со водителката Маргарет Бренан, Зеленски истакна дека Украина, благодарение на преземањето на иницијативата на бојното поле во декември 2025 година, се ставила во многу подобра позиција за преговори со Русија. Сепак, таа ...

„Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат за работниците и да се борат за членството, а не да им ги трошат парите на синдикалците за луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Од толкава Македонија и преубавите места за рекреација, на неизживеаниот Трпе Деаноски му текнало да потрошат 60.000 евра или околу половина од годишниот Буџет кој го собираат синдикалците од ...

Столбот на одбраната на Арсенал и француската репрезентација, Вилијам Салиба, би можел да биде надвор од терените неколку недели. Француските медиуми денес открија дека Салиба чувствувал непријатност пред финалето на Лигата на шампионите, но сакал да игра по секоја цена и со тоа ја влошил ситуацијата. Според последните информации, Салиба се соочува со неколку неделна пауза, поради што неговиот настап на Светското првенство е под знак ...

Инфлуенсерката Мишел Хејворд доживеа непријатно изненадување откако видеото од нејзиното капење во океанот во близина на Кејп Таун во Јужноафриканската Република предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Она што започна како безгрижно уживање во морето, брзо се претвори во загриженост откако следбениците почнаа да предупредуваат дека густата морска пена околу неа можеби не е толку безопасна како што изгледа. На видеото се гледа како ...

Рестораните низ Европската Унија повеќе нема да смеат да им служат на гостите кесички со сосови за еднократна употреба како што се кечап, мајонез или соја сос од 12 август. Новите правила се дел од Европската регулатива за амбалажа и отпад од амбалажа (PPWR), која има за цел да го намали пластичниот отпад. Регулативата стапи на сила во февруари 2025 година и ќе се спроведува во сите земји-членки ова лето. Наместо пакување за еднократна ...

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 6,5 денари, додека бензините ќе поскапат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од таму појаснуваат дека во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2 денари за литар кај горивата. Од 2.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените ...

Кремљ соопшти дека го смета француското запленување на танкерот за нафта „Тагор“ за нелегално и дека е на граница на пиратство. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите дека Русија ќе преземе мерки за да ја осигури безбедноста на товарот на бродот како одговор на инцидентот. La Marine nationale a arraisonné hier matin un nouveau pétrolier sous sanctions internationales en provenance de Russie : le Tagor. Notre ...

Денес, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, го означи почетокот на реконструкцијата на улица „Загребска“, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. „Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош, туку и за сите кои гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа ...

Фудбалската репрезентација на Бразил ја декласира Панама со 6:2, во подготвителниот натпревар одигран во Рио де Жанеиро. Домашните поведоа практично од првиот напад. Во првата минута, Винисиус Жуниор го искористи додавањето на Касемиро испрати проектил во голот на Панама. Панама се надеваше на подобар резултат кога, во 14-та минута, Амир Муриљо изведе слободен удар, а топката се одби од Матеус Куња го смени правецот и заврши во голот. До ...

Полицијата во Сплит започна кривична истрага по физички напад во кој млад странски државјанин беше тешко повреден, известуваат хрватските медиуми. Инцидентот се случил ноќеска околу 2:30 часот наутро, кога 18-годишен холандски државјанин побарал медицинска помош во болница во Сплит. Тој тврди дека бил нападнат од странец Според неофицијални информации и изјавата што ја дал претепаниот млад човек во полицијата, тој бил удрен во главата на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09