Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување на вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети во земјава. Официјалните ветеринари земаа вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите. Засега се комплетирани ...

Сан Антонио Спарс ги победија Оклахома Сити Тандер со 111:103, ја освоија титулата во Западната конференција и се пласираа во големото финал во НБА лигата. Виктор Вембањама беше прогласен за МВП на финалната серија. Виктор Вембањама и Сан Антонио Спарс го отворија финалето на Западната конференција со победа во Оклахома Сити, а серијата ја завршија на ист начин. Вембањама постигна 22 поени (7/15 од поле) со 7 скока, Џулијан Шампањ постигна ...

Финалето на Лигата на шампионите донесе огромна радост за навивачите на Пари Сен Жермен и голема болка за фудбалерите на Арсенал, но еден момент по завршувањето на драматичниот натпревар ги засени и трофејот и прославата. Откако Арсенал го загуби финалето по изведувањето пенали, најтешкиот момент го доживеа дефанзивецот Габриел, чиј промашен удар од белата точка се покажа како клучен во битката за европската титула. Додека играчите на ПСЖ во ...

Јапонскиот министер за одбрана, Шинџиро Коизуми, најостро досега ги отфрли тврдењата на Пекинг дека неговата земја се впушта во „нов милитаризам“, возвраќајќи со жестоки критики за кинеската воена експанзија и недостигот на транспарентност. Говорејќи на последниот ден од безбедносниот самит „Шангри-ла дијалог“ во Сингапур, Коизуми истакна дека токму Кина и нејзиниот „огромен арсенал“ на оружје претставуваат сериозна загриженост за ...

Венко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ. Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, нови вета и ...

Белгиецот Кевин де Брујне изјави дека е добро за него што Антонио Конте повеќе не е тренер на Наполи. Де Брујне не ги оправда очекувањата во својата прва сезона во клубот во подножјето на Везув. Поради повредата на коленото, отсуствуваше три месеци, одигра само 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше четири асистенции. Тој верува дека тренерот Конте е одговорен што не покжал повеќе повеќе. „Дали сум среќен што си ...

Македонската електронска музичка сцена доби причина за гордост откако младиот диџеј и продуцент Анастас Китановски се пласираше меѓу 25-те најдобри учесници во престижната програма на еден од најголемите музички фестивали во светот – Untold Festival. Успехот е уште поголем ако се земе предвид дека Китановски успеал да се избори за место во финалната конкуренција меѓу повеќе од 11.000 диџеи и музички продуценти од различни земји ширум светот. ...

Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда, велат од СДСМ. „Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски. Тој дојде на власт со лаги. Вети дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. ...

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја освојат својата прва титула во Лигата на шампионите, Во драматичното финале, во Будимпешта, ПСЖ беше подобар од нив по изведувањето на пенали со 4:3, откако по 120 минути играша резултатот беше 1:1. И додека Арсенал и сите негови фанови тагуваа, градскиот ривал Челзи им упати жестока провокација на социјалните мрежи. Двократниот европски шампион Челзи објави порака на своите социјални мрежи во која се ...

Метеор кој се движел со брзина од неколку десетици илјади километри на час предизвика силен тресок и тресење на тлото, кое вчера попладне беше почувствувано ширум американската сојузна држава Масачусетс. Американската вселенска агенција (НАСА) потврди дека над оваа држава, во 14:06 часот по локално време, пролетала огнена топка, односно исклучително сјаен метеор. Според проценките на експертите, тој се движел со брзина од околу 120.000 ...

Македонската поп пејачка Наташа Малинкова се враќа на музичката сцена со новата песна и видео-спот „Vrati Me u Život“, проект кој веќе предизвикува внимание кај нејзините обожаватели и љубителите на поп музиката низ регионот. Станува збор за емотивна поп балада во која Малинкова се претставува во поинакво и позрело музичко издание, комбинирајќи модерен звук, силна емоција и впечатлива визуелна приказна. Песната е испеана на српски јазик, што ...

Се поочигледно е политичкото влијание на СДС во синдикалните структури на ССМ. Последен пример за тоа е организацијата на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, зад кои стои членот на претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За организација на настанот биле потрошени 60.000 евра. Разочарани членови тврдат дека предност при изборот имале лица блиски до СДС. Наместо еднакви можности за сите ...

Инцидентите на прославата на титулата, на ПСЖ, во Париз, продолжија и во текот на ноќта. Низ Франција се уапсени 400 лица. Илјадници полицајци се распоредени за да ги спречат немирите што го нарушија сообраќајот во Париз. Беа запалени факели и огномет, додека неколку полицајци беа повредени во пресметките со хулиганите. Полицијата испука солзавец за да ги растера луѓето во центарот на градот. Ова е втора победа по ред за ПСЖ во Лигата на ...

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите. Намалените акцизи за два денари за литар, кои важат и за бензините и за дизелот, ќе останат во сила. Дополнително, ...

Во текот на изминатата ноќ, украинската војска изврши масовен напад со беспилотни летала врз рафинеријата за нафта во рускиот град Саратов, јавуваат руските медиумски канали на платформата Телеграм. Нападот, кој според извештаите на „Киев Индепендент“ траел во текот на целата ноќ со повеќе бранови дронови, предизвика големи пожари во индустрискиот комплекс. Фотографиите и видеоснимките споделени од локалното население на социјалните мрежи ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во ...

Чешка веројатно нема да успее да ја исполни целта на НАТО за зголемување на одбранбениот буџет на два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за оваа година, изјави премиерот Андреј Бабиш во интервју објавено денеска. Наследството од претходната влада како пречка Премиерот Бабиш во изјава за „Фајненшл тајмс“ истакна дека неговиот кабинет ќе направи сè што е во нивна моќ за да го исполни даденото ветување, но посочи дека земјата во моментов ...

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни христијански празници – Света Троица, познат и како Духовден или Педесетница. Овој голем празник се слави на педесеттиот ден по Христовото Воскресение и десет дена по Вознесението Христово, а во православната традиција се смета за трет најважен празник по Велигден и Божиќ. Според Светото писмо и црковното предание, на овој ден се исполнило ветувањето на Исус ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се обврзал дека нема да развива нуклеарно оружје, што останува клучна точка на спор во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран. Трамп наведе дека добил гаранции оти Иран нема да произведува ниту да набавува нуклеарно оружје, додавајќи дека ова било суштинскиот услов на САД во разговорите. Преговори под засилен притисок и нови предлози Според американски медиуми, во последните денови се ...

Последниот ден од мај ќе биде обележан со силното влијание на Полната Месечина, која носи кулминација на настаните започнати во изминатите недели. Ова е ден кога многумина ќе добијат одговори на прашања што долго ги мачеле, ќе донесат важни одлуки или ќе започнат ново поглавје во љубовта, работата и личниот живот. ОВЕН Неделата ви носи огромна доза самодоверба и желба за акција. Можно е да добиете неочекувана вест поврзана со работа или ...

Две мачки предизвикале голем пожар во стан во повеќекатница во Долна Баварија, откако во текот на играта најверојатно ги активирале прекинувачите од ринглите на шпоретот, соопшти локалната полиција. Пожарот избил во петокот наутро во округот Ландсхут, а густиот чад брзо се проширил низ целиот стан и зградата, предизвикувајќи паника меѓу станарите. Пожарникарите успеале да спасат една од мачките од опожарениот стан. За жал, за второто ...

Прославата на големиот триумф на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал се претвори во вистинско бојно поле. Жестоки судири меѓу навивачите и полицијата избија ширум Франција, резултирајќи со притворање на повеќе од 400 лица и огромна материјална штета. Илјадници припадници на полициските сили беа распоредени на терен за да го спречат дивеењето кое целосно го парализираше автобускиот, железничкиот и градскиот превоз во Париз. ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 33 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ...

Претставена е роботизирана рака за која се тврди дека е најчовечка досега направена, а има за цел да ги унапреди хуманоидните роботи кон поразновидно извршување на задачи низ индустриите. Кинескиот производител на роботика Xynova изјави дека нивниот нов модел Flex 2 има за цел да ја подобри способноста на хуманоидните роботи да извршуваат задачи за манипулација со објекти во реални средини на ист начин како што прават луѓето. Специјално е ...

Папата Лав XIV упати силен повик за мир и прекин на насилството во воените жаришта ширум светот, нагласувајќи дека никој не треба да биде принуден да го напушти својот дом поради закани од војна и бомбардирања. За време на молитвата за мир во Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква порача дека стремежот кон моќ и вербалното насилство мора да отстапат место на правдата, вистината и дијалогот. „Невините повеќе не смеат да пролеваат ...

Навивачите на Пари Сен Жермен ја слават титулата европски шампион на улиците на Париз. Минатата сезона, кога гја освоија Лигата на шампионите, прославата се претвори во вистински хаос на улиците на главниот град. Улиците, плоштадите и булеварите на Париз беа претворени во воена зона, од едната страна полициски одреди, „вооружени до заби“, од другата толпа опиена од прослава (и којзнае што друго) избувна и предизвика сериозни немири на ...

„Имам измешани чувства, возбуда, замор. Сè. Но, ова е најдобриот момент од оваа сезона. Ја одбранивме титулата. И тоа е фантастично“, рече тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, по финалето на Лигата на шампионите. Пари Сен Жермен е шампион на Европа две години по ред. „Го заслуживме ова. Нашите навивачи. Во текот на целата сезона. Го заслуживме ова финале“, додаде тој. „Беше многу тешко и заморно. Честитки до Арсенал, тие навистина ни ...

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, откако по изведување на пенали го победи Арсенал. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови. Каи Хаверц постигна гол во 6-та минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-та минута. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обрати по натпреварот. „Не игравме финале на Лигата на шампионите 22 години. Мораме да ја ...

Фудбалерите на Арсенал не играа фудбал во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен – и затоа не ја освоија титулата. Тимот на Микел Артета му се спротивстави на технички супериорниот ривал со строго дефанзивна игра од која само спорадично развиваа игра со додавања и контранапади. Таква игра, претежно без топка, речиси и не можеше да им ја донесе титулата европски шампион на „топџиите“, кои, на крајот, потклекнаа по ...

Европските земји треба да купуваат француски борбени авиони наместо американски за да можат да имаат корист од новата француска иницијатива за нуклеарно одвраќање, изјави лидерот на француската екстремна десница, Жордан Бардела. „Пред да побараат од Франција да го прошири својот нуклеарен чадор, нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски авиони ‘Ф-35’ и да почнат да купуваат ‘Рафал’“, рече Бардела во интервју за ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Злато

135639.33