Русија го повлече својот амбасадор од Ерменија на консултации, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Овој потег доаѓа само еден ден откако претседателот Владимир Путин упати остро предупредување до оваа јужнокавкаска земја поради нејзините сè посилни врски со Европската Унија, пренесува The Moscow Times. „Рускиот амбасадор во Република Ерменија, С. Копиркин, е повикан во Москва на консултации поради чекорите што ги презема ...

Ќерката на Џенифер Лопез и Марк Ентони, Ема Марибел Муниз, предизвика големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија информации дека го користи името Оскар Муниз и се идентификува во машки род. Според објавите на Инстаграм профилот на училиштето „Виндвард“, каде што беа претставени матурантите и нивните идни академски планови, 18-годишната Ема е потпишана како Оскар Муниз. Во објавата е наведено дека наесен ќе ги продолжи ...

Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, украински беспилотни летала извршија успешен напад врз воената воздушна база во Таганрог, при што уништија два руски морнарички авиони „Ту-142“ и еден балистички ракетен систем „Искандер“. Веста ја соопшти командантот на Силите за беспилотни системи на Украина, Роберт Бровди, во јавноста познат под прекарот „Маѓар“. Операцијата ја изврши Првиот центар на Силите за беспилотни системи, специјализирана ...

Словенија од јули годинава воведува нов модел за споделување електрична енергија кој може значително да ги намали сметките за струја на граѓаните и да овозможи поефикасно искористување на енергијата произведена од соларни електрани. Според новите правила, домаќинствата кои имаат сопствени фотоволтаични системи ќе можат вишокот произведена електрична енергија да го пренесуваат на други потрошувачи, без разлика дали се членови на семејството, ...

Полскиот премиер Доналд Туск упати сериозен апел до Европската Унија и НАТО итно и со крајна сериозност да ги сфатат зборовите и постапките на руските официјални лица, по новите брутални закани кои пристигнаа од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Реакцијата на Туск следува откако воен дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац, по што Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на рускиот Совет за ...

Фудбалска Европа вечерва ќе го впери погледот кон Будимпешта, каде на „Пушкаш Арена“ ќе се одигра големото финале на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Арсенал. Дуелот носи огромен историски влог за двата клуба, но и судир на две сосема различни фудбалски филозофии – најмоќниот напад против најцврстата одбрана во Европа. За францускиот гигант ова е можност да ја потврди својата доминација и да стане првиот клуб по Реал Мадрид кој ...

Автобус кој превезувал млади спортисти на натпревар во Унгарија, рано утринава излетал од патот, преминал во спротивната коловозна лента и директно се забил во дрво. Во тешката несреќа на местото починал возачот на автобусот, соопшти унгарската полиција. Несреќата се случила околу 5:20 часот наутро по локално време, во близина на местото Хирд во југозападниот дел на Унгарија, информираат од полицијата на Барањската жупанија. Точните причини ...

Само неколку мали промени во секојдневните навики можат значително да го намалат ризикот од срцев и мозочен удар, покажува ново меѓународно истражување објавено во престижното научно списание European Journal of Preventive Cardiology. Според научниците, доволно е да спиете само 11 минути подолго, да пешачите неколку минути побрзо или да внесувате малку повеќе зеленчук во исхраната за да направите значајна разлика за здравјето на срцето и ...

Србија од јуни годинава ќе започне со производство на хуманоидни роботи и со тоа ќе стане првата европска држава која ќе има организирано производство на ваков тип напредни роботи, најави првиот потпретседател на Владата и министер за финансии, Синиша Мали. Во гостување на телевизија Прва, Мали соопшти дека во почетната фаза во Србија ќе се произведуваат меѓу 1.000 и 2.000 хуманоидни роботи годишно, што претставува еден од најамбициозните ...

Украинската армија сè повеќе се потпира на дронови, роботи и далечински управувани системи во борбите против руските сили, создавајќи нов модел на војување кој се одвива без директно присуство на војници на бојното поле, пишува Си-Ен-Ен. Операции со експлозии, напади и извидување на руските позиции сега често се изведуваат од контролни центри под земја, додека на терен дејствуваат автономни или далечински управувани машини. Војна од ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информира дека утрово околу 9:30 часот е пријавен напад од мечка врз стадо овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидросистемот Стрежево, при што една овца настрадала. Како што посочи тој, сопственикот на стадото веднаш го пријавил настанот во СВР Битола, по што полициска екипа излегла на терен, извршила увид и го документирала случајот. Коњановски додава ...

Добрососедските односи се двонасочна улица и не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, која порача дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договорената рамка од 2022 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски изрази ...

„Пушкаш Арена“ во Будимпешта ќе биде местото на последната битка во европскиот фудбал оваа сезона, а во неа Пари Сен Жермен ќе се обиде да го одбрани тронот на кој Арсенал сака да седне за прв пат во својата историја. „Светците“ му покажаа на светот минатата сезона дека ако имате големите ѕвезди не гарантираа и голема титула. Меси, Мбапе, Нејмар, Ибрахимовиќ, Серхио Рамос, Дејвид Бекам поминаа низ „Паркот на принцовите“, но никој од нив не ...

Несекојдневна сцена снимена во Кина предизвика воодушевување на социјалните мрежи, откако маж успеа да премине цел воден канал користејќи ја долната конструкција на мостот над реката. На видеото, кое за кратко време собра огромен број прегледи и реакции, може да се види како човекот се движи под мостот, држејќи се со рацете за металните носачи и притоа скокајќи од една конструктивна точка на друга. Подвигот барал исклучителна физичка ...

Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...

Атлетико Мадрид имаше саркастичен коментар за Барселона на својот официјален профил на социјалната мрежа „X“. Тие објавија три иронични предлози за трансфер за Ламин Јамал, Педри Гонзалез и Рафиња, како одговор на интересот на каталонскиот клуб за Хулијан Алварез и наводната понуда што Атлетико негира дека некогаш ја добил. Сериозна позадина на хумористичните објави Иако пораките беа напишани со опуштен и хумористичен тон, тие се навистина ...

Поп-ѕвездата Бритни Спирс повторно се најде во центарот на вниманието откако јавно проговори за своите емотивни предизвици по неодамнешното апсење поради возење под дејство на алкохол и престојот во центар за рехабилитација. Во објава на Инстаграм, која подоцна беше избришана, пејачката искрено зборуваше за своите чувства, признавајќи дека зад себе има „навистина интересна година“. Во долгата порака, 44-годишната пејачка откри дека токму ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените на нафтените деривати во земјава и најави сериозно поевтинување на дизел горивото за 6 до 6,5 денари по литар. Тој најави дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата на која ќе се разгледуваат мерките за формирање на новите цени, нагласувајќи дека Македонија и понатаму ќе остане држава со убедливо најниски цени на горивата во регионот. Како ќе се формираат новите цени? ...

Бакингемската палата уште пред шест години добила архива со илјадници електронски пораки кои укажуваат дека Ендрју Маунтбатен-Виндзор делел доверливи владини информации додека бил трговски претставник, откриваат судски документи објавени во Велика Британија. Според Би-би-си, архива од околу 30.000 електронски пораки, поврзани со негови финансиски и деловни активности, била доставена до Лорд Чембрленот – највисокиот функционер во Кралското ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник ќе се најде на владина седница, откако денеска во Владата беше заокружен институционалниот и консултативен процес со сите засегнати страни. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу порачаа дека новото законско решение е резултат на заеднички компромис, чија единствена цел е заштита на јавното здравје и намалување на бројот на ...

Новиот тренер на Наполи, Масимилијано Алегри, сака да го донесе Душан Влаховиќ и да го направи централна фигура во нападот, во проект што треба да означи почеток на нова ера на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Според италијанските медиуми, раководството на клубот веќе интензивно работи на реализација на овој трансфер. Во клубот се свесни, дека доаѓањето на српскиот репрезентативец би бил еден од најголемите потези во Серија А ова лето. ...

Ботоксот со години е еден од најпопуларните естетски третмани во светот, познат по тоа што ги измазнува брчките и му дава помлад изглед на лицето. Но, најновите истражувања покажуваат дека неговото влијание можеби не завршува само со естетиката. Научниците сè повеќе истражуваат дали оваа процедура може да има позитивен ефект и врз психичкото здравје, особено кај луѓе кои се соочуваат со депресија и негативни емоции. Теоријата зад оваа идеја ...

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен утрово беше привремено прекинат поради сомнеж за појава на дрон во близина на пистите, по што беше спроведена безбедносна проверка со засилено полициско присуство. Според информациите, двајца пилоти нешто по 9 часот пријавиле можен дрон во близина на аеродромот. По пријавата, во координација со германската контрола на летање, надлежните служби донеле одлука привремено да ги затворат пистите. ...

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ. Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ ...

Рахим Стерлинг беше уапсен во четврток под сомнение за возење под дејство на дрога. Тој е обвинет и за опасно возење, поседување дрога од класа Ц и одбивање да направи тест за дрога. Полицијата го запре Стерлинг бидејќи го удрил своето Ламборџини во заштитна ограда. Полицијата во соопштението го наведе следново: „Непосредно пред 9 часот наутро, добивме извештаи дека Ламборџини се удрил во заштитна ограда на автопатот М3 во близина на ...

Нови дилеми се отворија во судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако адвокатот Владимир Туфегџиќ посочи дека еден од доказите презентирани од Јавното обвинителство се однесува на сосема друг објект и друга локација, а не на објектот во кој во март 2025 година загинаа 63 лица, а 222 беа повредени. Туфегџиќ на својот профил на Фејсбук објави дека Обвинителството како доказ во постапката ја извело лиценцата за ...

Германската воена морнарица е погодена од се поголем број сомнителни инциденти кои будат аларм во безбедносните кругови. Од почетокот на 2025 година откриени се вкупно десет можни саботажи на воени бродови, а во јавноста сè погласно се поставува прашањето кој стои зад овие координирани напади, пишува Еуроњуз. Последниот во низата инциденти се случи на крајот на февруари годинава во Вилхелмсхавен, кога на фрегатата „Рајнланд-Пфалц“ беше ...

Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, ...

Аргентинскиот фудбалер Николас Отаменди (38) потпиша договор со Ривер Плата како слободен агент откако ја напушти Бенфика, објави аргентинскиот клуб. Искусниот 38-годишен стопер, член на репрезентацијата на Аргентина која го освои Светското првенство во 2022 година, потпиша договор до крајот на 2027 година, а ќе се приклучи на тимот по претстојното Светско првенство. Отаменди пристигна во клубот за кој навива уште од детството, по шест ...

Српската фолк-пејачка Мина Костиќ искрено проговори за своите први љубовни искуства, откривајќи детали од младоста кои ретко ги споделува со јавноста. Во едно емотивно интервју, пејачката се наврати на школските денови и на првата симпатија која долго време го окупирала нејзиното срце. Мина раскажа дека уште во основно училиште била силно заљубена во свој соученик, а чувствата кон него не можела да ги сокрие. Како што открива, речиси целото ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Цинк

0.00