Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Шпекулација во медиумите, на две недели пред почетокот на Светското првенство би можела да ја потресе американската фудбалска репрезентација. Според неколку извори, селекторот на САД, Маурисио Покетино (54), веќе размислува за следниот предизвик и би можел да ја напушти репрезентацијата по Светското првенство за да ја преземе клупата на Милан. Аргентинскиот стручњак доаѓа на првенството под зголемен притисок од јавноста. Во последните недели, ...
Фрогмор котиџ, поранешниот дом на принцот Хари и Меган Маркл во Велика Британија, повторно ќе биде реновиран, а британските медиуми тврдат дека целта е целосно да се отстранат сите промени што ги направиле војводата и војвотката од Сасекс додека живееле таму. Според извори блиски до кралското семејство, куќата веќе три години стои празна, откако Хари и Меган беа иселени од имотот во 2023 година. „Стои празна веќе три години. Дури ни принцот ...
Исламската Република нема да се откаже од своите црвени линии, како што се правото на збогатување ураниум, управување со Ормускиот теснец и укинување на санкциите, истакна денес шефот на иранскиот парламентарен комитет за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи. – Јасно е дека еден ден Трамп користи закани за да се спаси од овој стратешки ќорсокак, а следниот моли за договор – напиша Азизи на својот профил на платформата ...
Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои, како што велат, веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи ...
Искусниот италијански тренер Маурицио Сари ја заврши соработката со Лацио по само една година откако беше назначен за шеф на стручниот штаб. Оваа информација ја потврдија од „Олимпико“ со соопштението дека двете страни постигнале договор за меѓусебно раскинување на соработката по разочарувачката сезона на сите полиња. Во инаку лошата сезона, Лацио заврши на деветтото место, а со поразот во финалето на Купот на Италија од Интер, официјално ...
Анемијата е една од најчестите состојби поврзани со недостаток на железо во организмот, а експертите предупредуваат дека симптомите често се развиваат постепено и на почетокот можат да останат незабележани. Замор, слабост, вртоглавица, бледило и недостаток на енергија се само дел од знаците што можат да укажуваат на намалено ниво на железо во крвта. Откако ќе се постави дијагноза, правилната исхрана игра многу важна улога во закрепнувањето, ...
Иранската револуционерна гарда соопшти дека гаѓала американска воздухопловна база откако американската војска извршила, како што официјален претставник на Вашингтон ги нарече напади насочени кон операцијата со беспилотни летала на Иран во близина на Ормускиот теснец Ова се случи неколку часа откако претседателот Доналд Трамп ги отфрли извештаите дека е блиску до компромисен договор со Техеран. Ескалацијата на непријателствата ги истакна ...
Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, вчера оствари средба со Конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави. На средбата се разговараше за политичките случувања во Северна Македонија, значењето од зачувувањето на Охридскиот мировен договор, како и за сериозните загрижености околу неговата ерозија во државните институции. ...
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со ...
Кристал Палас ја освои Конференциската лига, со победата над Рајо Ваљекано 1:0. Финалниот натпревар во Лајпциг, го реши Жан-Филип Матета во 55.минута. Кристал Палас прв пат во историјата освои европски трофеј, но со ова финале заврши златната ера на Оливер Глазнер во клубот. Под водство на овој тренер Палас претходно го освои ФА купот и Суперкупот на Англија. Во првото полувреме се почувствува важноста на овој натпревар. Рајо Ваљекано имаше ...
Шпанскиот шампион Барселона ги договори личните услови со напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Ентони Гордон, а потоа доби зелено светло од англискиот клуб за спроведување на договорот. Оваа информација ја потврдија повеќе релевантни извори. Њукасл, управата на клубот и сопствениците, ја прифатиле понудата на Барселона – 70 милиони евра, плус бонуси. Со бонуси, овој трансфер би можел достигне 80 милиони. Кога ќе биде реализиран, ова ќе биде ...
Првиот човек на Интер, Џузепе Бепа Марота, им соопшти добри вести за навивачите на тој клуб. Во разговор со медиумите, Марота откри дека и покрај понудата на Барселона, Алесандро Бастони дури и не размислува да го напушти Интер, иако медиумите пишуваа поинаку овие денови. „Мислам дека нашите навивачи можат да се релаксираат во врска со ситуацијата со Бастони. Тој никогаш не побарал да си оди, среќен е овде, а Интер не е клуб што живее од ...
Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух, изјави денес претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, коментирајќи ги извештаите дека Иран и Оман постигнале договор за заедничка контрола на Ормускиот теснец. „Теснецот ќе биде отворен за сите. Никој нема да го контролира. Ние ќе го следиме. Но, никој нема да го контролира“, рече Трамп и додаде дека нема да прифати договор меѓу Иран и Оман за ...
По девет години, во кои освои се што можеше да се освои, Енди Робертсон го напушти Ливерпул. Како што стојат работите, Шкотланѓанецот ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем. Тотенхем беше заинтересиран да го доведе Енди Робертсон во зимскиот преоден рок, но Шкотланѓанецот не беше подготвен да се збогува со Енфилд во тој момент. Откако заврши сезоната, Робертон брзо постигнал договор за личните услови со Спарс, кои се спасија од испаѓање од ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес изјави дека разузнавачките информации покажуваат дека блокадата на САД му нанесува голема штета на Иран. Иако САД ги суспендираа повеќето од своите клучни борбени операции поради примирјето со Иран, американските сили продолжуваат да го блокираат пристапот до иранските пристаништа во Персискиот Залив, објавува „Скај њуз“. „Воведовме блокада. Тие не беа во можност да внесат ништо во или надвор ...
Новак Ѓоковиќ по три часа и 44 минути го мина второто коло на Ролан Гарос. Третиот носител го победи Валентан Роаје со 3:1 (6:3, 6:2, 6:7, 6:3). Ѓоковиќ беше на пат да забележи лесна победа, рутински ги доби првите два сета, имаше брејк предност во третиот, но застана откако започнаа проблемите со првиот сервис. Лошо го одигра и тај-брејкот, водеше 3:0, со две грешки го врари противникот во игра, а имаше меч топка која не ја искористи, па ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, вечерва ги прими и се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Според неа, во свет на конфликти, културната дипломатија успева да создаде многу потрајни и подлабоки мостови отколку конвенционалната, традиционална дипломатија. Таа оцени дека културата е ...
Албанија ќе направи сè што е потребно за да стане членка на ЕУ, дури и ако цената на пристапувањето кон Унијата е привремено суспендирање на нашето право на вето за време на пробен период, изјави албанскиот премиер Еди Рама на средбата со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос. „Ја поддржувам експанзијата и креативните и иновативните решенија затоа што Европа има војна што треба да ја води на своја почва“, рече Рама на средбата со Марта ...
Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски присуствуваше на годишниот концерт на Музичкото основно училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, кој се одржа во амфитеатарот во населбата Варош во Прилеп. Настанот беше исполнет со богата музичка програма и силни емоции, а младите музичари со своите изведби уште еднаш го потврдија својот талент, посветеност и љубов кон музиката. Проданоски истакна дека Прилеп може да биде горд на младите уметници и на ...
Силно невреме проследено со силни ветрови ги погоди источните делови на Словенија попладнево, а нови системи на бури се формираат над западните и централните делови на земјата и се движат кон југоисток. Бурата веќе предизвика штети, при што ветерот корнеше покриви и дрвја, што ги остави пожарникарите со полни раце работа. На некои места падна и град со големина на орев, кој дополнително ги оштети покривите, пишува „N1 Словенија“. Во ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Шангај изјави дека српската армија денес е многу посилна, и дека се очекуваат дополнителни засилувања од Франција, Русија, Израел и Кина. Вучиќ за РТС изјави дека сите знаат дека Србија не ја зајакнува својата армија затоа што има какви било агресивни намери кон некого, туку за да ја брани земјата, нагласувајќи дека Србија е воено неутрална земја. На прашањето дали за време на разговорите со ...
Поранешниот полски премиер Лешек Милер остро ја критикуваше одлуката на Володимир Зеленски да ѝ го додели на елитна единица на украинските вооружени сили почесното име „Херој на УПА“, оценувајќи дека Киев намерно ги навредил Полјаците и удрил во споменот на жртвите од масакрот во Волин. Со Уредба бр. 440/2026, Зеленски му го додели посебното име „Херој на УПА“ на Центарот за специјални операции „Север“ на Силите за специјални операции на ...
Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски истакна дека младите имаат капацитет, идеи и енергија да бидат активен фактор во развојот на општината, по реализираната активност „Градоначалник на еден ден“, на иницијатива на Локалниот младински совет. Во рамки на активноста, градоначалничката функција симболично ѝ беше доверена на Михаела Ѓоргиева, ученичка во прва година во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип. Заедно со неа биле одржани ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека, во контекст на американските напади врз Иран, тој постојано ја преиспитува нивната оправданост и морална основа, нагласувајќи дека е обврзан да го стори тоа според христијанското разбирање на праведна војна. „Се прашувам: Дали е ова оправдано, дали е ова морално, дали е ова правилно нешто што треба да се направи“, рече Венс во интервју за „NBC“, од кое делови беа објавени од „ABC“. Тој изјави ...
Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп информира дека во Прилеп е ставено во функција собирно место за селекција на електричен и електронски отпад, текстил и стаклена амбалажа, со цел унапредување на системот за управување со отпад и заштита на животната средина. Новото уредено собирно место им овозможува на граѓаните правилно да го одлагаат отпадот кој претходно најчесто завршувал во комуналните контејнери или во природа. ...
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за преговори за иднината на Европа, но во време кога „Европејците созреваат“. „Сè сфаќаме сериозно. На еден или друг начин, потребно е да се разговара за идната структура на Европа. Ова е невозможно без учество на Европејците. Затоа преговорите ќе бидат неопходни на еден или друг начин“, рече Песков во интервју за каналот „Известија“. ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 27.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.770,34 поени, со дневен пад од 0,23%, односно 22,04 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 12.835.091 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, ВВ Тиквеш АД Кавадарци ...
Белата куќа соопшти дека извештаите на иранските медиуми за можен меморандум за разбирање за завршување на војната се „неточни и целосна измислица“. „Овој извештај на медиумите контролирани од Иран не е вистинит, а Меморандумот за разбирање што го објавија е целосна измислица. Никој не треба да верува во она што го објавуваат иранските државни медиуми. Фактите се важни“, беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на мрежата Икс. ...
Во организација на Јавното претпријатие Индустриска зона „Жабени“, денеска во Битола се одржа работен состанок на тема „Инвестирај во твојата иднина“, на кој присуствуваа владини претставници и стопанственици, со цел размена на идеи и иницијативи за економски напредок на регионот. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека и Владата и локалната самоуправа активно создаваат услови за нови инвестиции и ...
Односите меѓу Европа и Соединетите Американски Држави нема да бидат исти дури ни по завршувањето на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави холандскиот премиер Роб Јетен, пренесува холандскиот портал „Nu.nl“. „Би било наивно да се мисли дека со доаѓањето на нов претседател во Америка, ќе се вратиме на она што беше претходно“, рече Јетен. Холандскиот премиер оцени дека Соединетите Американски Држави постојано им ставале до ...