Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема, велат од Социјалдемократиот сојуз на Македонија. Во соопштението СДСМ посочува дека инсистирале состанокот да биде јавен и отворен за медиумите, со цел, како што велат, пред граѓаните да се објаснат податоци поврзани со ...
Оклахома Сити Тандер ги победија Сан Антонио Спарс со 127:114 во ноќта зад нас. Во петтиот натпревар, актуелните шампиони го одбранија својот домашен терен, спречија брејк. До победата ги предводеше актуелниот MВП, Шеј Гилџес-Александер со 32 поени, 2 скока и 9 асистенции. Шеј имаше само 39% од поле, односно 7/19 од игра, од кои шутираше 5/16 за два поени, а исто така реализираше 17 слободни фрлања и беше прецизен 16 пати. Следниот ...
Денешниот ден ќе донесе претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност низ поголемиот дел од земјата. Според најновата прогноза, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одделни региони. Температурите ќе бидат типично летни и ќе достигнат високи вредности. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот ...
Смртта на 33-годишната манекенка и актерка Твиша Шарма, која на 12 мај беше пронајдена мртва во семејната куќа во Бопал, предизвика големо медиумско внимание во Индија и отвори истрага за тоа дали станува збор за убиство или самоубиство. Твиша Шарма била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг. Нејзиното семејство тврди дека сопругот и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја малтретирале за мираз и дека таа е убиена. ...
Вашингтон ги извести сојузниците дека постепено ќе го намали бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови наменети за НАТО. Со овој потег продолжува притисокот врз Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Одлуката била соопштена минатиот петок на состанок зад затворени врати од страна на советникот во Пентагон, Александар Велез-Грин, потврдуваат двајца анонимни дипломати ...
Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината. „Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот. ...
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има ...
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој следниот месец полни 80 години, изјави дека „сè е совршено“ откако изврши лекарски преглед во Националниот воен медицински центар „Валтер Рид“ (Walter Reed). Американскиот претседател не наведе никакви детали во кратката објава на својата социјална мрежа „Трут Сошал“ (Truth Social), во која само соопшти дека прегледот е завршен. Трамп често се претставува себеси како поенергичен и во подобра форма ...
Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола конечно станува „вело град“, нагласувајќи дека секојдневно голем број граѓани ги користат велосипедските патеки и реконструираните тротоари на булеварите „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, а најави ...
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, изјави дека Пекинг очекува договорот за прекин на американско-израелската војна против Иран да биде упатен до Советот за безбедност на ОН на потврда, пренесува агенцијата „Анадолија“. Американските и другите меѓународни претставници во последните денови изразуваат претпазлив оптимизам поради напредокот во преговорите за завршување на овој конфликт. Ванг истакна дека Кина се надева оти сите ...
Евровизиската еуфорија очигледно стигна и до семејството Ѓоковиќ, а српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека и покрај рекордите, титулите и турнирите, најголемата улога во неговиот живот останува – улогата на татко. Додека деновиве е фокусиран на настапите на Ролан Гарос, Новак секој слободен момент го користи за време поминато со своето семејство. Токму едно такво семејно видео стана вистински хит на социјалните мрежи, откако ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави денеска дека Израел ја проширува својата воена офанзива во Либан со учество на „значајни копнени сили“, и тоа и покрај прекинот на огнот што беше договорен со посредување на Соединетите Американски Држави, а кој е на сила до почетокот на јули. Оваа изјава беше дадена на почетокот на состанокот на израелскиот безбедносен кабинет, соопштија од неговиот кабинет, пренесува агенцијата „Анадолија“. ...
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го осуди предупредувањето на рускиот колега Сергеј Лавров упатено до американскиот државен секретар, Марко Рубио, за идни напади врз Киев. Лавров му порачал на Вашингтон дека треба да ги повлече дипломатите од американската амбасада, што Сибиха го оцени како „дрска провокација“ и јасна потврда дека Русија сака да ја продолжи војната. „Каква е таа дрскост директно да ѝ кажеш на ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша уредба со која им се нуди отпис на долговите на новите воени регрути, како дел од континуираните напори на Москва да ги засили своите вооружени сили за инвазијата врз Украина. На регрутите кои ќе потпишат договор по 1 мај оваа година ќе им бидат отпишани долгови во износ до 10 милиони рубљи (околу 120.000 евра), пишува ДВ. Уредбата, потпишана во понеделникот, се однесува на регрутите, но и на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и г-а Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“. Заблагодарувајќи им се за посетата, претседателката истакна дека ...
Холивудскиот актер Расел Кроу имаше напната средба со обожаватели и таканаречени „ловци на автограми“ пред хотел во Париз, а видеото од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Ѕвездата на култниот филм „Гладијатор“ бил снимен додека го напуштал хотелот и се упатувал кон аеродромот, кога бил опколен од група луѓе кои барале фотографии и автограми. Во видеото се гледа како актерот се обидува да воведе ред и ...
Американската морнарица тајно им помага на трговски бродови да минуваат низ Ормутскиот теснец, објави „Волстрит журнал“. Според американски воени извори, морнарицата неодамна следела грчки супертанкер со околу 2 милиони барели нафта додека минувал низ стратешкиот воден пат кај Оман. Бродот претходно бил блокиран во Персискиот Залив и сега се упатува кон Индија. САД претходно се обиделе да организираат заштитен премин за бродови во рамки на ...
По 23 години чекање, одложувања и неисполнети ветувања, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон и веќе е ставена во собраниска процедура, реагираат од ВЛЕН. Од коалицијата оценуваат дека станува збор за историски момент за Албанците, но и за концептот на институционална еднаквост во државата. Посочуваат дека законот добил позитивна оценка од Комисијата од Венеција, е целосно усогласен со Уставот и ги поминал сите домашни и ...
Денес на дневен ред, по скратена постапка, имаме закон за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијални банки. И уште на самиот почеток би сакал да истакнам дека најодговорниот човек во државата, кој треба денеска да биде тука во Собранието и да објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани по однос на овој заем – денеска го нема тука во Собранието, рече Митко Трајчулевски од СДСМ. „Тоа е ...
Нико Паз не сака да брза со враќањето во Реал Мадрид и по пласманот на Комо во Лигата на шампионите, сака да остане уште една година. Џанлука Ди Марцио денес откри дека Аргентинецот нема ништо против да остане уште една сезона во Комо, со кого ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, наместо да биде во пеколна конкуренција на клупата на Реал Мадрид. Реал Мадрид има опција да го откупи за само 9.000.000 евра, но таа клаузула важи само уште ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 26.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.792,38 поени, со дневен пад од 0,10%, односно 9,66 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 3.039.556 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во ...
Во текот на изминатиот викенд се чинеше дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, но американскиот претседател Доналд Трамп им порача на двете страни да не брзаат со постигнување на договорот. „Или ќе постигнат одличен договор или нема да има никаков договор“, изјави Трамп вчера. Недолгo потоа, во текот на ноќта, САД изведоа нови напади кои ги опишаа како делување во „самоодбрана“. ...
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт ...
Израелската војска ги прошири своите копнени операции во јужниот дел на Либан надвор од таканаречената „жолта линија“, јавуваат израелските медиуми. Станува збор за подрачје долж заедничката граница кое Израел го држи под окупација во рамките на, како што наведува, борбата против проиранската милитантна група Хезболах. Поимот „жолта линија“ го воведе Израелската војска (ИДФ), иако таква граница не беше спомената во првите договори за ...
Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава. На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери. Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционално ...
Денес во Киев се одржува самит на 24 земји, претежно европски, каде што учесниците ги поддржаа аспирациите на белорускиот народ да се ослободи од руското влијание и истакнаа дека Русија се обидува подлабоко да ја вклучи Белорусија во војната против Украина, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Денес во Киев се одржува самит на кој учествуваа 24 земји, претежно од Европа. На состанокот беа претставени сите земји од регионот: ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница, нагласи дека Владата премиерот Мицкоски и министерката за финансии Кочоска ја туркаат државата во опасна должничка спирала, со постојани нови кредити со високи камати кои ќе ги плаќаат граѓаните и без реален економски ефект. Талески посочи дека наместо економски развој, Владата создава политика на постојани задолжувања и финансиска зависност. „Денес не зборуваме само за ...